Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    La herencia Valdemar (The Valdemar legacy) [2010]

    [​IMG]

    Ми тргна со Шпанскиве. И не престануваат да ме воодушевуваат.
    Иако е класифициран како хорор/мистерија/драма, нема баш некои хорор елементи, но оние што ги има потсетуваат на "The woman in black", а се многу подобри, секако.
    Луиза ќе биде испратена на имотот на Валдемарови, за да ја процени неговата вредност. Навидум прекрасна куќа во Викторијански стил, но со своја трагична приказна. Таму, таа ќе дознае дека нејзиниот колега кој се води за исчезнат, исчезнал токму во таа куќа. Разгледувајќи ја куќата, на таванот ќе го најде телото на исчезнатиот колега и ќе биде прогонувана од чудовиште, но ќе биде спасена од градинарот и неговиот пријател и однесена „на сигурно“ каде што нема пристап до средства за комуникација. Поради тоа што 4 дена нема трага од неа, и таа е ставена на листата на исчезнати.
    Николас е детективот ангажиран за случајот. Тој се среќава со жена која ја знае целата историја на куќата, и тука филмот се враќа во 19ти век за да ја раскаже приказната на Валдемарови.
    Тешко давам десетка на филмови, ама овој заслужува чиста.
    Предобро склопен филм. И повторно, со неизвесен крај.
    Гледам и втор дел имало, сега ќе го најдам, па ќе пишам импресии.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.397
    Допаѓања:
    22.527
    Пол:
    Женски
    The vow го гледав и јас. Одамна чекав да излезе убава снимка, едно време го немаше на Замунда. Ама сега го дочекав :D И ми се допадна, башка што е според вистинска приказна ;) Топло препорачувам :)
     
  3. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    THE READER


    Жена ке помогне на болно момче на пат од училиште до дома. Момчето ке појде да се заблагодари но набргу ке започнат тајна врска. Kate Winslet - заслужен оскар за улогава. Драма за животот ... 8.5/10
     

    Прикачени фајлови:

    • the reader.jpg
      the reader.jpg
      Големина на фајлот:
      11,8 KB
      Прегледи:
      260
    На 1209, Phyramide и Shery им се допаѓа ова.
  4. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Го изгледав и вториот дел.

    La herencia Valdemar II: La sombra prohibida (The forbidden shadow) [2010]

    [​IMG]

    Импресивно.
    Ништо во првиот дел не е онака како што изгледа. Пресврти, тајни, предавства, култови, религија и sci-fi. За нецела година да снимиш два вакви филма...Холивуд може нозе да им мие.
    Мајндфак!
    Барем крајот не беше лош. Освен ако не планираат трет дел. :D
    Уште една десетка.
     
    На figgiMK му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    The Dark Knight
    [​IMG]
    Го изгледавме уште еднаш синоќа :)

    Јас воопшто не сум фан на научна фантастика, супер моќи, Бетмен, Супермен, Спајдермен, Бананамен или ватевер... ама морам да признаам дека овој е одличен!
    Едвај чекам да излезе и вториот дел.
    Хит Леџер е актер кој го имам гледано во најразноразни улоги, и сите добро му лежат.
    Фантастичен беше!
     
  6. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    City of Angels


    [​IMG]


    Не постоеше друг начин да го натерам дечко ми да го изгледа филмов, освен со мене. Па така морав и јас да го гледам по не знам кој пат. Ама ако, не жалам, жалев во филмов, и солзички си пуштив.
    За мене ова е epic филм, со незаборавни сцени, филм кој прв пат кога го гледав останав со подотворена уста и сеуште после толку години ме фасцинира. Класика!
    Мене во еден филм многу битна улога ми играат глумците, односно ако е со некои за мене несимпатични ликови воопшто не го ни гледам. Тука не можеле да направат подобар избор на глумци и да не претерам со фалење ама стварно, најстварно филмов е must see. Некако останува во вас.

    [​IMG]

    http://www.imdb.com/title/tt0120632/
     
    На veronikaveronika, 1209 и Phyramide им се допаѓа ова.
  7. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Wedding Daze
    [​IMG]
    Филмчево е типична комедија.Го симнав пошо видов дека е со Ајла Фишер.Онака,за смеење,смешно е,ама нереално по малку.Мислев до пола филм сум кога гледам до крај. :o :D
    Иначе,се работи за дечко на кој девојка му умира кога ја запросува.Запросува келнерка,туку така на сред јадење,оваа прифаќа и после има разни случки.За смешно,смешно е реков,ама по малку досаден филм е. :)
     
  8. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.397
    Допаѓања:
    22.527
    Пол:
    Женски
    No reservations - случајно налетав на филмов со Кетрин Зета Џонс. И ми се допадна. Се работи за семејна драма, девојчето останува сираче и мора да живее со нејзината тетка(Кетрин). Таа е главен кувар во еден ресторан, но доаѓа моментот кога својата кујна, а и кревет, ги дели со некој сличен на неа. Препорачувам ;)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    The Adjustment Bureau

    10/10

    Па некој од горе демек му ја пишува судбината на машкото(малце повеќе фантастика да речиме,но сепак е добар),а тој се обидува да го смени тоа,се бори против тоа и на крајот ,со помош на женската успеваат :) Убав филм,ме остави без спиење :)

    А јас се замислив...навистина треба да се бориме,колку и работи да ни се испречат на патот...Некогаш и кога изгледа дека си се откажал,сепак не се откажувај,остави ги работите во мирување... И во филмов така,поминуваа по неколку години додека сеслучи нешто.Но на крај работите се сменија.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.825
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Интересно филмче за релаксирање. Морам да кажам дека глумата на главните актери ми беше некако слаба, на невестата посебно. Ама сепак не беше лошо, се посмеав малку. :)
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    [​IMG]

    Трилер, интересна приказна, 8/10.

    Сите имаме случки и некакви трауми од детството кои претворени во кошмари подоцна влијаат на нашиот живот и животот на нашите најблиски ... Некои ги запишуваат како приказни ... Нешто вакво е темата на филмов
     
  12. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Шишање



    Дури сега се решив да го гледам филмот.И можам да кажам дека пријатно ме изнедади.Поучен е :!:

    9.5/10

    Новица (Никола Ракочевић) је млади математички геније који мисли да ће све своје снове, поштовање и љубав остварити уколико се придружи једној од навијачких група. Вођен харизмом навијачког вође Реље (Виктор Савић) и заљубљеношћу у своју комшиницу Мину (Бојана Новаковић), Новица постаје скинхед. Филм говори о томе колико је мало погрешних корака потребно младом човеку да уништи свој и животе својих најближих. Ово је прича о одрастању, љубави и погрешним изборима.
     

    Прикачени фајлови:

    • Sisanje 2010.jpg
      Sisanje 2010.jpg
      Големина на фајлот:
      19,5 KB
      Прегледи:
      263
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    [​IMG]

    Препорачувам ... 9/10
     
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Le Concile De Pierre (The Stone Council) [2006]

    [​IMG]

    Едно поинакво издание на Моника Белучи.
    Започнува со убиството на родителите на Луи-Сан, двомесечно бебе кое по убиството ќе биде згрижено во сиропиталиште.
    Дајен (Моника), соочена со фактот дека не може да има деца, го посвојува Луи-Сан.
    Тие живеат нормално се’ додека на градите на малиот не се појави таинствен белег кој ќе им го смени целиот тек на животот, за на крај да биде откриена големата тајна позади кошмарите кои и двајцата истовремено ги сонуваат.
    Препорачливо 8.5/10

    И за пасење мозок, си гo пуштив првиот дел на Rush Hour [1998]

    [​IMG]

    Ги обожавам Такер и Чен како тим. Обожавам и акциони комедии.
    Едни од ретките Американски комедии кои навистина ме насмеале.
    Имено, ќерката на Кинески дипломат е киднапирана веднаш по нивното преселување во Америка.
    Картер, вработен во ЛАПД, никогаш не работал на случај со партнер, но овој пат ја добива задачата да работи на случајот со Ли, Кинески детектив кој е од доверба на дипломатот.
    Понатаму е јасно. Не се живи ако не ги утнат работите.
    Сосема доследно на жанрот и преполно со смешки и глупави досетки 10/10
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    julie77, да пишеше нешто за филмов, што, како? Ич не сум убедена да го гледам само од зборот
    препорачувам...



    [​IMG]

    The Vow
    По сообраќајната несреќа, Пејџ паѓа во кома и поради сериозни повреди на мозокот губи дел во сеќавањето, во кој е и нејзиниот сопруг. Тој пробува да ја врати...
    Морам да кажам дека пријатно ме изненади крајот, не беше како што очекував, а и не е клише. Плус приказната е базирана на вистинска приказна, што е баш фин елемент.
    Channing Tatum пријатно изненадува, а Rachel McAdams е стандардно симпатична и мила.
    Филмчето е во ред, ништо премногу. 7/10
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
     
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски

    invalid url
    Не ми го отвара линкот.
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.159
    Допаѓања:
    112.898
    Пол:
    Женски
    И јас го гледав скоро овој филм. Ме поремети ептен. Многу добра приказна, го препорачувам.

    http://www.youtube.com/watch?v=7xYyCCjLpZs
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    John Carter
    [​IMG]

    Сценаристот малку забегал со фантазијата. Малку повеќе. :^)
    Имаше и премногу клише сцени.
    Дејствието од 1881 година од Вирџинија, Америка се сели на Марс, кога главниот јунак е телепортиран со помош на направа во облик на ѓердан.
    Таму налетува на неколку народи/племиња кои војуваат и попатно се вљубува во принцеза, која е приморана да склучи брак со непријателот за да го задржи мирот на планетата.
    Филмот го задржува вниманието, иако е претерано долг, 2 часа и 5 минути, |( авантура и би го препорачала и за дечиња, со оглед на фактот дека е во продукција на Дизни.
    Ако ви се допаднал Принцот од Персија или Аватар ќе ви се допадне и овој филм.
    Во секој случај, за едно гледање е.
    Типот е најдобар во целиот филм, ако ништо друго изгледа прекрасно.
    6/10... за филмот.
    :)

    Brothers е драма во вистинска смисла на зборот.
    Мегваер и Гиленхал се браќа, спротивни по својата природа и карактер.
    Дејствието вистински започнува да се одвива кога Мегваер, маж на Портман ќе биде испратен во Ирак.
    Гиленхал, проблематичниот и неодговорен брат останува да се грижи за семејството од брат му, постепено да се вљубува во Портман и да го менува својот карактер.
    Откако Мегваер ќе се врати од Ирак, започнуваат многуте прашања - дали сопругата го изневерила, дали се' уште е вљубена во него и најважното - како всушност успеал да се извлече оттаму?
    Многу суров и потресен филм.
    8/10
     
    На 1209, bittersweet, Mayyya и 2 други им се допаѓа ова.
  20. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    [​IMG]


    Опуштено женско филмче, Кејт има она за што секоја жена сонува, совршена кариера и искрено семејство. Покрај сите патувања поврзани со работата, таа секогаш наоѓа начин да го задоволи семејството.