What women want После една незгода, Мел добива способност да слуша што жените размислуваат. Како тоа ќе му помогне со жените, во работата и односите со ќерката. Интересен филм од 2000тата со квалитетна глума. Само Мел Гибсон може да е лигаво романтичен без да е лигав
The Hunger Games Претпоставувам (иако се' уште ја немам прочитано) дека книгата е многу подетална, поинтересна и повозбудлива од филмот. Филмот не е лош. Јас би му дала солидна 8/10, со тоа што најмногу бев разочарана од костимографијата. Spoiler Патем, паралелно го гледам реалното шоу Face Off, за визуелни и мејк ап ефекти и шминка, и откако видов дека Ve Neill и победникот од првата сезона биле одговорни за овој дел, благо се разочарав. Очекував многу повеќе инвентивност, знаејќи што може се да сторат. Крајот е исто така малку беден и блед. Мене ме фати смеа. Се надевам и останатите ќе го забележат моментот на пресврт, во рок од 5.8 секунди. Капитол е на некој начин главниот град, опкружен со богатство, луксуз и сјај. Секоја година се избираат по едно момче и девојче на возраст од 12-18 години од околните 12 области - дистрикти. Принудени се да учествуваат во т.н. Игра на гладните, борба за опстанок, будно следена од окото на целиот свет, се додека не се испоубијат меѓу себе и не остане само еден победник... Не велам дека филмот не го задржува вниманието. Кастингот е солиден, девојката ми се допадна, момчето исто, Елизабет Бенкс одигра одлична улога и Лени Кравиц беше награда за суви очиња. Прашањето ми е - како може да се крева општо толкава фама, и за книгата и за филмот, кога ова воопшто не е нов концепт? Приморани да се испоубиваат меѓу себе, додека остатокот гледа и се забавува? Видено и чуено веќе илјада пати. Тегне конци од времето на гладијаторите, па се до Death race, Battle Royale, The Running Man, Escape from New York... значи не нуди апсолутно ништо ново, стара тематика, обликувана со тинејџери, за да стане следната моќна франшиза за печатење пари, ко Хари Потер и Твајлајт. Многу кадри беа лошо снимени, веројатно намерно, филмот е првенствено наменет за помлада публика, па со цел да бидат лишени од сето касапење и bloodbath, и да си дозволат PG-13. Еве и торент за заинтересираните, многу добра (9/10) кино снимка. Поднослива, звукот е добар, се гледа значи без проблем, со исклучок на еден мочко од публика за некоја секунда. http://thepiratebay.se/torrent/7137693/ ... XViD-sC0rp
Jodaeiye Nader az Simin ( A Separation) http://www.imdb.com/title/tt1832382/ Брачен пар во Иран донесува одлука за се раздели поради несогласување. Сопругата сака да замине од државата а мажот несака да го остави својот болен татко. Филмов е добитник на Оскар годинава за филм од неанглиско говорно подрачје. Има освоено уште 52 други награди. Драма која мене ми се виде како да е снимана во мојот град.... 10/10.
The Roomate. Језив. Алал да и е Лејтон што може да одигрува вакви улоги. Искрено, не би го гледала повторно. На моменти досаден. 6/10
Последни филмови шо ги гледав се сите делови на Scary Movie.Иако ги имав гледано многу одамна сепак знаев шо ќе се случи во секој дел, но сепак се измочав од смеење значи предобра комедија.Од мене има чиста 10.
The Hunger Games Како голем фан на книгите, можам да кажам дека филмот тотално ме изненади...и то позитивно За прв пат кога го видов кастингот мислев дека ке биди тотален промашај, особено со Џош Хачерсон како Пета Маларк (зато шо мислев дека ке ми го запусти омилениот лик од книгата) и Џенифер Лоренс како Катнис Евердин (за која шо искрено незнаев ни дека постој и дали воопшто знај да глуми), ама кога седнав да го гледам тотално се воодушевив од предобрата глума во филмот (на сите не само на тие двајца). Исто многу ми е мило шо во 95% се држат до физичкиот изглед на ликојте, настаните и воопшто до приказната, а и то шо на многу добар и интересен начин е прикажано. И е единствен филм кој 2 сати и 10 минути успеа целосно да ми го задржи вниманието. - Овај е еден од РЕТКИТЕ филмој, праени според книга, кој е всушност ПРЕДОБАР за гледање и НЕ РАЗОЧАРВА ! (заедно со: Lord Of The Rings, The Help и Tomorrow When The War Began) Оцена 9.99/10 xD
^И јас сакав да го гледам, ама сепак ќе почекам асална снимка, сигурно ќе излезе кај и да е. Овој го гледав, ама некако глупичок ми беше, а и веќе видена приказна. Башка некако ич не му прилегаше улогата на Марк Волберг, толку некако ми беше едноличен... 5/10 за филмов.
Тема чисто клише, амнезија вечна филмска инспирација НО емоциите се така доловени што јас се утепав од плачење. Супер филм
И јас го изгледав конечно Парада и и благодарам на Трендафилка за линкчето... Јас мислам дека имав преголеми очекувања за него и дека мојата оценка е 6-ка Spoiler Малку покасно ке си ја пишам мојата седмична база на филмови - ги заборавив имињата а дома усште ми се на ПЦ
^^ Само што го догледав филмов Парада. Од мене солидна 8/10 ... Само поради одличните глумци како Којо, Тони, Горан итн. И добро познатиот српски хумор. Некако приказната и не ми направи ќејф ... Имаат многу подобри филмови.
Се опуштив со филмов. Лежерно, лесно и приемчиво филмче, но и ќе ве допре на моменти. Музиката релаксира... Солидна 8/10 Стандардна приказна за богат магнат кој има се од совршен живот но не е среќен. И под некои поинакви околности запознава млада жена која секој ден едвај го преживува со својата ќерка ... Е, како се одвива приказната ќе дознаете од филмот ако го гледате.
http://www.imdb.com/title/tt1389137/ Вчера го гледав... We bought a Zoo... Драма, лабава... по смртта на мајката во фамилијата, таткото прави се за да ги задоволи децата и да се справи со настанатата ситуација. Дејностите се секако инспирирани и од неговиот авантуристички дух... Емотивен филм. Морам да напоменам, дека девојченцето ми остави најсилен впечаток...
Ме немаше на темава бидејки Трендафилка и одлични коментари на други членови ме заразија со: Sherlock Модерната адаптација на Шерлок Холмс на 21 век. Двете сезони ги симнав, па долг период не го гледав филмов бидејки мислев час и половина се предолго за епизода. Али штом ги пуштив дефинитивно не се покаав Фантастична серија. Овој лик на Шерлок ме воодушевува. Mногу интересен избор на глумци. При првите 30 минути се смеев дома и викам од кај нашле ваков распар. Но убаво рекле не давај предвреме заклучоци, совршено си одговараат и многу ми се интересни двајцата. Посебно Бенедикт т.е. Шерлок многу многу интересен и специфичен глумец. Првите 2 епизоди од првата сезона беа просечни. 3тата епизода која продолжи со 1вата епизода од втората сезона беше одлична. Втората епизода од втора сезона ме остави без спиење, до последен момент навистина не знаев што се случува навистина. А последнава епизода ме остави во илјада прашалници. Најдобра епизода без двоумење. Моријати е одличен лик. Но што навистина се случи. Сеа чекам 3та сезона. Неможам да најдам информации кога ќе започне таа? Иако на некои моменти се претерува во серијава, јас си мислев CSI претерувале, ама тие биле топ Една од подобрите серии во последно време во секој случај. Одличен тим работи на серијава, алал да им е.
TRANSPORTER 1 Третиот дел го имав глеано,но првиве два не,незнам зошто,па си реков сеа да ја исправам таа грешка Оцена 8/10 ,ќе го изглеам уште вториот,па ќе можам да заклучам кој е најдобар од трите
The Wicker Man 2006 Го фатив случајно на тв од почетокот, па решив да го гледам. Полицаец оди на еден остров, отцепен од цивилизација, по покана од неговата бивша свршеница. Таму треба да го разоткрие исчезнувањето на едно мало девојче.... Искрено, залажувајќи се дека Николас Кејџ нема утка, истрпев час ипол до крајот. Филмов е глупав, дури и за 2006. Заплетот е лош, и некако целата замисла има дупки. Не го препорачувам, за мене најлош филм со глумецов, кој инаку ми е одличен. 3/10