http://www.youtube.com/watch?v=x1aNIOIAiUk&feature=fvst незнам ни како го догледав 1/10, катастрофа, не сум обожавател на фантастика може за тоа
Кој е љубител на воени филмови, дефинитивно овој ми е No.1 Прекрасен филм, исполнет со акција,оружје...и борба за спасување на пријателот до поседна сила.
Freedom Writers Млада професорка оди да предава во средно училиште во клас каде што владее нетрпение, омраза и насилство меѓу учениците поради расните разлики. Се обидува да ги зближи, да ги научи и да ги насочи во вистински правец во понатамошниот живот. Навистина одличен - 10/10
What Women Want Ми тргна денот уште посабајле со смеење Прво станување, си го пуштив одма, за да заборавам на тоа како и зошто станав толку рано денес Интересно филмче како за опуштање. Што ќе се случи кога еден маж може да ги чита мислите на жените
Dream house (2011) Критиките околу филмов беа поделени. Едни беа „ВТФ, не знам што се случи“, други беа воодушевени. Јас сум некаде во вторите. Вил има прекрасна жена и две ќеркички поради кои решава да го напушти работното место и да се пресели во нов дом за да има повеќе време за семејството, како и во мир да ја напише новата книга. Но нешто чудно се случува во куќата. Децата постојано гледаат човек на прозорецот, и тие набргу дознаваат дека нивната приватност и животи се во опасност. Но дали? И од кого всушност пробува да ги заштити? Дирлив психолошки трилер. Борбата со самиот себе е најтешкото нешто што може да ја снајде човековата психа. Маки и пресврти. Жални моменти. Одлична глума на Даниел Крег и Наоми Ватс. Девојченцата се исто преслатки. 8.5/10
http://www.imdb.com/title/tt0438315/ Строго ПРЕПОРАЧУВАМ сите да го изгледате!!!! 10/10 Бори се за она што вистински го сакаш без разлика на се. Само ЕДНА од поуките што ги дава филмот.
Меѓу последните што ги гледав беа Young adult 37 годишна жена на која кариерата и оди во надолна линија и како единствен начин да си го оправи животот е да се врати во роденото градче и да ја освои повторно старата љубов. Но...тој штотуку доби дете Многу реална приказна, но да го гледам повторно НЕ Премногу монотонен за мој вкус 5/10 Just wright Spoiler Значи преку К*р ми е од вакви спонзоруши, кога има пари го сакам, после не сакам да бидам сопруга на пропаднат спортист. И кога пак се крена на нозе, леле извини те сакам итн. Па и машково во филмов ми беше премногу смотан, онака да го вртиш како сакаш Единствена светла точка беше глумецот и трикови како да свртиш машко 6/10 The rum diary На моменти да се смееш, на моменти да прертуваш со очи Џони Деп може многу подобро Само заради него 7/10
Perfect opposites 2004 Тазе заљубен пар, после дипломската, се селат во Лос Анџелес да живеат заедно, и ја тестираат својата љубов за првпат. Приказната е сосема секојдневна, реална, нешто со кое секој би можел да се поврзе. Ама има фалинки, од глумата на машкиот водечки лик, до некој излитени сцени. Иако е од 2004 се изнагледав мода типична за 90-тите, така фин времеплов ми направи. Фин за тепање време, ништо спешл. 5/10
Tangled Го изгледав цртанчево по втор пат, сум се изнасмеала и никогаш нема да ми стане досаден колку пати и да го гледам
Прекрасен филм, кој покажува дека љубовта секогаш победува и дека не секогаш човек е важно како изгледа колку пари има,туку каков е во душата. А за спонзорушата што се појавува во филмот, штеша но во реалниот живот тие имаат многу повеќе среќа
The Babysitters (2007) Drama Извртена драма. Интересно. Глумата на девојките беше солидна, но на моменти ќе сакате да им ги треснете главите од ѕид. http://www.imdb.com/title/tt0796302/
Shattered Butterfly on a Wheel (original title) Се заебав со вечерашниов избор, филмов да ми бил гледан. Не дека не е добар далеку од тоа, али ист филм два пати не практикувам да гледам. За сите што не го знаат, препорачувам. http://www.imdb.com/title/tt0489664/
Офицер и џентлмен Случајно го начекав на телевизија и кога видов кој е во главна улога, не ни помислив да го променам каналот. Spoiler Еве дел од филмот: http://www.youtube.com/watch?v=nXJxxahi ... ure=topics Покрај Ричард Гир, тука глуми е Дебра Вингер, лепотица права, се заљубив во девојкава. Љубовна приказна помеѓу девојка која работи во фабрика и кандидат за иден авијатичар. Топло го препорачувам. Јас повторно би го гледала.
Не толку страшен хорор, ама со добра приказна. Има и америчка верзија, ама шпанскава е пореална... П.С. Ако решите да го гледате, гледајте ги двата дела еден по друг.......
Ratatouille Никогаш нема да пораснам за да одбијам анимиран филм на Дизни! Овој дефинитивно го сместувам меѓу моите омилени. Под мотото Anyone can cook, филмот зборува за глувчето Реми кое има талент за готвење. Откако ќе дознае за смртта на најпрочуениот готвач во Франција, а воедно и негов идол, Реми решава да ги следи рецептите од неговата книга и да научи нешто повеќе за готвењето. А неговиот талент ќе го искористи за да му помогне на едно изгубено момче по име Лингвини кое работи како хигиеничар во најпознатиот ресторан. Па од хигиеничар, Лингвини добива можност да биде готвач. Интересниот дел следува потоа Многу топла приказна, која изобилува со поучни мисли и прекрасни слики од Париз. Го препорачувам! :up:
Ме врати малку назад со времето филмов,точно една година назад...многу сакав да го гледам. Се работи за девојка-гркинка која има 30 години и сите мислат дека нема да се омажи,а условот е тој да биде грк.Но таа се заљубува во американец,прво сите се против но после се случува и нивната свадба.
Miss Congeniality 1 & 2 Бидејки ни двата ги немав целосно гледано, а имав вишак време и кога му седнав...