Драма со комични елементи ... За тоа како настанал вибраторот и како ги лечеле жените од наводната хистерија ... 7/10 Ок е
И јас го гледав овој, ми се допадна иако не сум љубител на филмови со премногу глумци бидејќи најчесто завршуваат катастрофално, ама овој е задоволителен да се утепа време.
The Boy in the Striped Pajamas За време на Втората светска војна осум годишниот Бруно, син на командант во логор, во потрага по другарче се спријателува со Еврејче. Тоа не е дозволено, но и покрај тоа Бруно и понатаму успева да се прикраде и да помине време со другарот. Многу добар филм, со неочекуван крај. 10/10
In the Land of Blood and Honey Прво приказната, која треба да биде љубовна пред се, е толку слабо реализирана, а веројатно и смислена и напишана, што до самиот крај се прашував дали воопшто треба да има љубов меѓу ликовите, или не? Србите како срби, националисти до максимум, што е сосема во ред. Меѓутоа, има такви брутални секвенци и слики, што воопшто не е чудно како србин да се најдеш малку повеќе поднавреден. Ликот на Ајла, дефинитивно најслабо дефиниран. Можда е и до самата глумица, ама не се гледаат никакви карактерни црти, а ниту е убедлива. Плус, морам да додадам, дека во тие 2 и кусур часа, многу извештачено ми беше да ги слушам српските глумци како зборуваат англиски. Морам да кажам, дека од негативните кометари за филмов, очекував многу полошо од тоа што го видов. Филмот е просечен, на некоја граница, и мислам дека покрај таков негативен фидбек, Анџелина ќе научи дека со 6 месечно читање историја, не може да се направи филм и да се прикажат стварите, на начин на кој она мисли дека е најверодостоен!!! Од мене има 5/10
Два фини филмови на менито овие 2 дена. Carnage Многу интересно филмче, не сум гледала слично на ова до сега. Цел филм 70сетина минути дијалог кој се остварува само во една соба. Може ова навидум ќе ви изгледа досадно, но не сте ја слушнале конверзацијата на двата пара сопружници. Прво видување, разговор за проблемите и тепачката на нивните синови и од таа тема целиот дијалог менува 100 теми до крајот, од брак, женско проблеми, работа, караници, смеја, пијанство. Одлични дијалози и одлично одглумено од актерската екипа. За да биде овој филм интересен мора тие целосно да се соживеани со дијалогот, а и те како се. 8/10 Incendies Oооо мааај гад! Каков филм. Не ми се верува сеуште. Ова е еден од филмовите кои ме оставиле без збор, да зјапам во екранот уште неколку минути во неверување. Филмов е доказ што може да направи една војна. Сеуште сум во неверување. Не ми е јасно како толку добар филм има реално мала гледаност и речиси никаква популарност. А тоа е се бидејки нема американска продукција, да беше нивно дело ова ќе беше мегапопуларен филм. А и актерската екипа е и повеќе од добра. Одлична приказна која се одвива паралелно минатото со сегашноста, за на крај соединувањето да ве остави без здив. Да да 1+1 понекогаш се само 1. Го препорачувам филмов и бидете спремни во еден здив да го изгледате, овие 130 минути летнаа како 3 минути. 10/10 без зборови сум Убаво си го препорачуваше Шана на темава 2-3 пати. Филмов вреди секоја секунда... јас немам навика да ви раскажувам што се случува, бидејки оваа тема е рецензија на вашиот последен гледам филн, рецензијата е ваше гледиште за филмов, не прераскажување на филмот од А до Ш како што многумина пишуваат тука на темава без притоа никаков впечаток свој да пренесат. Така да нема ништо да спомнам за филмов освен дека војната е најголемото зло во светот а филмов е уште еден доказ за тоа. А вие погледнете и видете.
Парада Типичен српски филм кој не може да помине без Никола Којо кој ми е Бата Живоиновиќ на новово време со ова задолжително појавување во секој филм ко да немаат други глумци. Да нема забуна он ми е екстра супер лик само да не почне да иритира од што го има премногу тоа ми е. http://www.imdb.com/title/tt1784575/
Confessions of a Shopaholic (2009) 104 min - Comedy | Romance Морав да погледнам нешто вакво за да ја скротам напнатоста во мене. Очајно ми треба добра комедија која ќе ме насмее, очајно! Е ова не беше нешто посебна комедија но ме насмеа добри неколку пати, филмот е предвидлив но сепак не е досаден. http://www.imdb.com/title/tt1093908/
The Watermen Филмот е чиста катастрофа.Глумата сведена на нула исто ко и приказната.Филмот го глеав само заради убавите момци што ги имаше. 2/10 (заради згодните момци ) Дефинитивно не го препорачувам
Денес ги изгледав овие два филма.Првиот е одличен,на моменти многу тажен на моменти да прснеш од смеење. Spoiler Дечко и девојка се запознаваат преку заеднички пријатели и не се поднесуваат многу.По некое време нивните пријатели имаат несреќа и умираат,па нивното бебе го оставаат на овие двајца.Од првин ќе полудат од самата помисла дека ќе живеат заедно,но на крајот се заљубуваат и остануваат заедно.
X-Men: First Class Не сум фан на X-Men, ама заради одредени актери/актерки се нафатив да го гледам, и шо е најдобро НЕ ЗГРЕШИВ ! Па освен Бетмен (новите филмој) незнам друг вака според стрипој шо е да ме бендиса... Spoiler Филмот се враќа назад, на почетокот на приказната за мутантите, како и формирањето на двете страни X-Men и Brotherhood of Mutants. Започнува во 1962 година кога владата на САД бара помош од луѓето со надприродни моќи [Xavier (dr. X), Mystique, Magneto, Beast, Angel, Havok, Darwin и Banshee] за да го запрат диктаторот кој што сака да почне трета светска војна.... Препорачвам ! (за фанојте на comic-to-movie филмојте) Оцена 8.7/10
Не ми се свиѓаше филмчево Ана оди во видеотека да ги провери најновите изданија на еротски филмови. Таму ја услужува еден од вработените кој всушност е вљубен во неа. Се обидува да развие разговор со неа и и нуди други поинтересни филмови. Таа го одбива и ги зема само тие што ги побара. Тој оди кај неа и носи филмови и се обидува да ја освои но тешко му оди. Тој всушност живее во кола. Нема стан. По некој ден и кажува дека тетка му умрела и нема каде да живее. Таа го остава да преноќи кај него и полека се зближуваат....
Martha Marcy May Marlene Како што прочитав ова е прв филм на една од близначките Олсен - Елизабет, за кои искрено не знаев претходно со што се занимаваат. Како и да е одлична глума на Елизабет. Марта запаѓа во една изолирана хипи комуна и таму поминува две години како Марси Меј. Филмот паралелно го прикажува периодот на Марта во комуната и периодот по нејзиното заминување, нејзината конфузност и потрага по идентитет во буквална смисла. Колку светот во кој живееме ни ги диктира правилата на игра и колку и да се наречеме слободоумни сепак живееме по некои пишани и непишани правила диктирани од заедницата. Мислам дека не на секого би му се допаднал филмот, но јас сепак го препорачувам. http://www.imdb.com/title/tt1441326/ Заборавив да спомнам дека музиката е одлична и веднаш ја симнав, а и John Hawkes кој го глуми водачот на комуната: http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... NGQD63qAOw
I Don't Know How She Does It (2011) 89 min - Comedy Ахххх Џесика, Џесика, иста е во секој филм, некогаш освојува со насмевка и паметни гестикулации а некогаш ме вади од контакт кога ќе фати да повторува некои зборови или букви како АААААААААА ИЛИ ОУУУУУУУУУУУУ Боже жено од првата сезона на сексот и градот иста си, ни едно процентче не си сменета со глумата шо не е очајна, ама делови од неа се! Филмот..добар бе, ми се допадна искрено, лесен, предвидлив, и добро се насмеав. Сцената со вошките во канцеларија ОМИЛЕНА! Момо (Olivia Munn), мома прекрасна, ја обожавам нај нај! Просечен се на се, ама гледајте, ко за лаку ноч ако не за друго http://www.imdb.com/title/tt1742650/
From Dusk Till Dawn Не можам да ви кажам дали филмов го гледам по петти, десетти или петнаесетти пат, зашто не знам. Знам само дека за мене е култен филм од култен режисер со култна филмска екипа. Продолженијата за К не ги бива, ама ова може да се гледа одново, и одново, и одново... http://www.imdb.com/title/tt0116367/
Закони на привлекување (романтична комедија од час и половина со Пирс Броснан и Џулиен Мур) Spoiler http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=hHAiEXvZ6js#! Laws of Attraction (2004) Делови од филмот се снимани во Ирска. Прекрасни пејсажи и интересни традиции. Се работи за двајца адвокати од Њујорк, застапници на двајца кои сакаат да се разведат. Жанрот на филмот, како што веќе спомнав, е романтична комедија, па сигурно претпоставувате дека адвокативе ќе се вљубат еден во друг. Но дали ќе можат проблемите од работа да ги остават таму во судницата, а не да ги донесат дома? ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ * Актерката која во филмот ја игра мајката на Џулиен Мур, во вистинскиот живот е постара од неа само осум години. * Познат весник од Даблин посвети цела страница за тоа колку навредлив бил овој филм за Ирскиот народ и тоа на истиот ден кога овој филм бил промовиран во Ирска. Лајт филмче, ама преглупаво ми е да го гледам Пирс Броснан во вакви прости улоги.
La vita e bella (Life is beautiful) Вчера го гледав. Останав без зборови, мислам дека ова е мој ол-тајм омилен филм. Се гледа дека се разликува од американските филмови. На крајот почнав солзи да леам..исто и по филмот Нема да ви го раскажувам иако за раскажување нема многу... кој го нема гледано, мора да го гледа Препорачувам 10+++/10
Го гледав филмот што го препорача Росонерка-Incendies. Кажа дека 1 и 1 не се секогаш 2 и си мислев цел ден на што мисли со тоа и морав да го симнам Многу добар филм , како што кажа и таа, не се осеќа кога поминале тие 2 саати.
X-Men (2000), X2 (2003), X-Men: The Last Stand (2006) После "X-Men: First Class" вчера шо го изгледав, тотално се навлеков на филмојте. Денес во рок од 6 сати сите дела ги изгледав. Ме остаја без збор. Иако постарички а со многу ефекти беа предобри и пререалистични,актерската екипа предобра и предобра реализација - со еден збор СУПЕР ! На кратко : Првиот дел (X-Men): Spoiler Два мутанти, Вулверин и Роуг, одат во академијата на Професор Х (за мутанти) чиј тим на суперхерои треба да се соочи со терористичка група со слични моќи... Вториот дел (Х2): Spoiler Тимот на Х-мен се здружува со Братството на мутантите, за да се спречи убиец кој проба да направи атентат на Претседателот а во меѓувреме академијата е нападната и окупирана од воените сили на владата... Третиот дел (X-Men: The Last Stand): Spoiler Најден е лек за лечење на мутациите, а тоа повлекува линија во светот на мутантите и се јавуваат две поделени групи Братството на Мутантите (предводена од Ерик/Магнето) и Х-мен (предводена од Чарлс/ Проф. Х).... Оцена 9/10 (за сите дела важи) Препорака: Ако се решите да ги гледате, почнете од најновиот X-Men: First Class (кој ја раскажва приказната од самиот почеток) за полесно да ги сватите врските помеѓу ликојте