Последен филм шо го имам гледано Sweeney Todd: The Demon Barber of Fleet Street (2007) По втор пат го гледам и по втор пат не можам а да не и се изначудам на генијалноста на Tim Burton. Spoiler Злогласната приказна зa Benjamin Barker , ака Sweeney Todd, кој отвара берберница во Лондон, која во исто време претставува и база/основа за злобно партнерство со неговиот закупец, г-ѓа Lovett. Базирано од хит Бродвеј мјузиклот. 9/10
Striptease Со Demi Moore. Ми го привлече вниманието за да го изгледам до крај. Башка и прекрасни движења од нејзина страна. Мислеа дека е само обична и глупа стриптизета која ќе ја залажат на глуп начин, но не испадна баш така.
Четвртиот дел од Твајлајт. Ми се допадна многу. Можеби не е толку детално како во книгата ама има толку убави сцени што едвај чекам да го видам и последниот дел.
Mirror Mirror Само што го изгледав во кино. Не сум љубител на ваков жанр воопшто, ама ова за некое чудо ептен ми се допадна. Џулија Робертс станадард си ја сакам. http://www.imdb.com/title/tt1667353/
Men on a ledge Пријатно ме изненади филмов, ми се допадна самата приказна која што според мене е добро осмислена Трилер кој повторно би го гледала
RUSSENDISKO Приказна за тројца најдобри пријатели кои во 1990 имигрираат од Русија во Германија, и нивното секојдневие после стасувањето во Берлин. Очекував малку повеќе комедија, па би му дала 7 од 10, но сепак го препорачувам. Елементи на драма, комедија и романтика. Главниот актер Matthias Schweighöfer е
И јас го изгледав синоќа Интересно филмче како за исполнување на саботната вечер. Баш ме интересираше како настанал вибраторот
И јас го изгледав Man on a Ledge Добар е, го препорачувам. Има добар избор на глумци и солидна приказна и заплет, а дејствието во филмот започнува веднаш. Нормално, има некои моменти "како на филм", ама општиот впечаток е дека е интересен и држи внимание цело цреме. Ник Кесиди е полицаец кој е обвинет на 25 години затвор поради кражба на дијамант вреден 40 милиони долари. Дали е виновен или не, и како ќе го докаже тоа, погледнете. 8/10 Raising Helen Овој го немав погледнато воопшто, се некако ми се провлекуваше низ годините, ама конечно го изгледав. Ми се допадна, од типот за тепање време и досадно попладне, но скалило погоре. Кејт Хадсон никогаш не ми била класична убавица, ама има некој шарм на екранот. И дечињата беа преслатки. Откако нејзината сестра и зет ќе загинат во сообраќајна несреќа, Кејт ќе стане старател на нивните 3 дечиња. Нејзиниот живот ќе започне да се менува. Лесно и забавно. 6.5/10
Hiroshima mon amour Нарација што ми го поткреваше секое влакненце по телото уште на почетокот, без да знам зошто, а потоа со секоја одмината сцена, кога душите на ликовите се повеќе се разголуваа пред мене, јас се повеќе тонев во една чудна состоба, доживувајќи агонични емоции, како последица на силното соживевање со ликовите. Mногу ме погоди, останав занемена и со заробен плач во градите. Одамна немав гледано толку поинаков филм. Поинакво добар.
Shame 2011 Животот и навиките на зависник од секс, почнуваат да се менуваат откако неговата сестра се сели во неговиот стан. Премногу експлицитни сцени, најавени уште од самиот почеток. Долги, бавни и развлечени мометни, потоа одвратни сцени, па потоа буквално цели односи од почеток до крај.... Премногу голи тела за во еден филм, кој патем, не прикажува никаво посебно дејствие или приказна, освен опседнатоста на ликот со сексот. Се чудам, буквално, од каде таа солидна оцена на imdb, кога јас немав трпение, а ни желба да го догледам. Не препорачувам. Ама стварно НЕ!
Couples Retreat Интересно филмче,лесна комедија. Ме опушти и релаксира,има доста смешни сцени. Многу познати глумци,80% беа познати и се зачудив дури. Би препорачала да го гледате,ако сакате ваков тип на комедии. Иначе давам оценка 9/10 . Spoiler Се се работи за 4 брачни пара кои се одлучуваат да одат на остров за подобрување на врската и разни активности. Но делот "подобрување на врски" некако го забораваат и очекуваат само уживање. Откако на еден од нив ќе избега партнерката сите тајно ќе отидат на другиот остров,островот за самци каде има само журки и секс. На крајот,сите се наоѓаат и се смируваат токму на тој остров,островот за самци. На крајот им се дозволени сите активности и така среќно завршува филмот.
Инсомниа - Ал Пачино, Робин Вилијамс и Хилари Свонк Акција - Ал Пачино е детектив од Лос Анџелес кој е пратен во мал град за да го реши убиството на млада девојка.
Colin Firth e млад професор хомосексуалец во 6о тите години во Америка кој и после смртта на неговиот партнер неможе да се вклопи во секојдневието
American Reunion За тепање време арен е. Стандард актерски тим и добро позната содржина, му давам 7/10
The Elephant Man http://www.imdb.com/title/tt0080678/ Премногу болен филм, срцево ми се стега само што се присетив. Се работи за Човекот - Слон, кој е целосно деформиран и прекриен со тумори преку цело тело, па го користат во циркуз како изрод за кој луѓето плаќаат да го видат. Фредерик е хирург кој ќе се заземе за Џон и ќе го земе во болница. На почетокот се надеваат дека е идиот и не разбира ништо, затоа што така помалку би страдал, но всушност Џон е еден прекрасен човек со манири, интелигенција и уметнички таленти чие страдање поради својот изглед и однесувањето на другите кон него е невозможно да се замисли. Она што е најтажно е што филмот е снимен по вистинска приказна, а Џон Мерик навистина постоел и во филмот е прикажан сосема исто како на оригиналните фотографии. Веројатно и затоа филмот е црно-бел, за да се долови точно како што било, а не се знае каква боја примила неговата кожа од деформитетите. Режијата на Дејвид Линч е феноменална, глумата на Ентони Хопкинс докажана. Приказната во филмот не кажува ништо за детството на Џон, кој всушност бил роден како нормално дете и почнал да добива симптоми на пет-годишна возраст, а како пристигнал во циркузот е испуштено, но тој страдал и претходно. Ви препорачувам да го погледнете, филмот е одличен. 10/10 има од мене. Реален приказ на тоа колку може еден човек да биде нежен и чувствителен а сметан за монструм, додека оние што се вистински монструми во ситуацијата имаат сосема нормален човечки лик.
Во последните два дена ги гледав Les Misérables и The Reader. Гладна бев за добар филм, а со овие два се нахранив. И на двата му давам 9/10. На првиот затоа што можеле да вметнат уште неколку битни детали од книгата, но јасно е дека нема никаква шанса да се сними се од неколку тома така да...може и 10/10. Мислам дека за првиот нема потреба од рецензија. Во вториот филм глумата е извонредна, оскарот на Кејт заслужен, исто така многу ми се допадна како David Kross го изнесе ликот на младиот Мајкал Берг, што не се однесува и на Ralph Fiennes. Се на се одличен филм. Spoiler Мајкал е 15 годишно дете кое е болно и му помага една постара жена Хана. Откако тој ќе оздрави по неколку месеци оди кај неа за да и се заблагодари, потоа почнува да ја следи, започнуваат љубовна врска, но кога еден ден ќе оди кај неа како што вообчаено правеше неа ќе ја нема. Од тука почнува вистинската приказна која мислам дека вреди сите да ја погледните.