Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    THE HIDDEN FACE (La cara oculta)


    Откако ке го напушти девојката, млад диригент по краток период на тагување ке најде нова девојка. Полицијата го смета за осомничен бидејки неможе да ја лоцира поранешната девојка, која ја нема напуштено државата.
    Европски филм - нема утка :) Неизвесен од почеток до крај, 9/10.
     

    Прикачени фајлови:

    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    3.313
    Пол:
    Женски
    ''The help'' со Emma Stone, Viola Davis, Octavia Spencer..
    Млада, бела новинарка пишува контроверзна книга за животот на црните слугинки од нивна гледна точка. Дејството се случува во раните 60ти години во Мисисипи. Прикажана е една трогателна приказна за расизмот, стереотипите, од страна на белите фамилии за кои што црните жени работат.
    Octavia Spencer го доби оскарот за најдобра споредна женска улога, на годинешните оскари.
    Преубав филм, преубава глума, нешто поразлично од се друго што сум видела од филмови во последно време, вреди да се погледне во секој случај.
     

    Прикачени фајлови:

    • the_help01.jpg
      the_help01.jpg
      Големина на фајлот:
      251,6 KB
      Прегледи:
      384
  3. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ноќеска го гледав филмот за животот на Натали Вуд.Која според мене е една од најдобрите на сите времиња.Филмот го гледам по 4ти пат и ми е убав.
    [​IMG]
    А прееска го гледав овој.Интересен филм.Се работи за пар,венчани се и добро им оди се додека девојката не дознае дека нејзините родители се разведуваат.Таа е брачен советник и ќе наоѓа многу начини за да им помогне.Ќе го запостави својот брак за да го спаси бракот на родителите...
    [​IMG]
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    One day -2011

    После дипломската, секоја година, во текот на 2о години, на истиот ден, се прикажуваат ликовите на Ема и Декстер. Низ годините некогаш се заедно, некогаш се одделени, во зависнот од тоа како напредуваат и како тече времето.
    Ен Хетавеј ми е страшно симпатична, покрај тоа што глуми одлично.
    Филмчето е интересно, супер за понеделничко пладне. На љубителите на романтични филмови ќе им се допадне многу. 7/10
     
    На Mimi123, teddybear и A-j-a им се допаѓа ова.
  5. Andemona

    Andemona Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    2.496
    Пол:
    Женски
    http://kat.ph/american-pie-reunion-2012 ... 97111.html
     
  6. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    El espinazo del diablo (The Devil's backbone) [2001]

    [​IMG]

    Првиот од воената трилогија на Гиљермо Дел Торо.
    Дејството е сместено во детско сиропиталиште за време на граѓанската војна во Шпанија.
    На ноќта кога граната паѓа во дворот на сиропиталиштето, малиот Санти исчезнува.
    Гранатата е деактивирана, па никој не настрадува, но Санти сеуште го нема.
    Малку подоцна, во сиропиталиштето доаѓа Карлос, дете кое го добива креветот на Санти, и тука почнува комуникацијата помеѓу нив двајца. Пораката е „Многумина од вас овде ќе умрат.“
    Сите стравуваат од ширењето на војната или експлодирањето на гранатата во дворот, но опасноста всушност е многу поразлична од тоа то го мислат.
    Прекрасен филм. Тажна приказна за деца чии родители загинале во војната. Обзема чувство на тага кога ќе ги видиш сите такви малечки и сплотени едно со друго и во радост, и во тага, и кога треба да бидат храбри. Едноставно вреди да се погледне. 10/10
    Во контекст на трилогијава, го препорачувам и El laberinto del fauno (Pan's Labyrinth), за тие што го немаат гледано. Третиот дел уште не е излезен.
     
  7. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    3.313
    Пол:
    Женски
    Од оскароскиве филмови (и оние со номинација само) ми се допаднаа и: My Week with Marilyn, The Artist, The Iron Lady, и доста позитивен впечаток ми остави и Тhe descendants со Џорџ Клуни-http://www.imdb.com/title/tt1033575/
     
  8. sarkazam

    sarkazam Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    13
    На Salfetka и Trendafilka им се допаѓа ова.
  9. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Nine Dead

    [​IMG]

    Препорачувам. Да не го гледате.
    Лоша копија на Пила. Девет луѓе затворени во иста просторија поврзани меѓу себе, умираат еден по еден на неинвентивен начин.

    http://www.imdb.com/title/tt0959329/


    Three Steps Above Heaven
    Tres metros sobre el cielo (original title)

    [​IMG]

    Дури сега. Филм што не сакаш да заврши. За глумецот се е кажано. :)

    http://www.imdb.com/title/tt1648216/
     
  10. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Последен филм што го гледав е After the sunset со Селма Хајек.Ми стоеше неколку месеци и некако не ми се гледаше но се решив да го погледнам и не зажалив.Добра акција и глума. 6.5/10
    http://www.imdb.com/title/tt0367479/
     
  11. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    You Again (2010)
    [​IMG]
    105 min - Comedy | Romance
    Слабо, многу слабо, траги-комедија е филмов.
    Многу дебилни ликови со уште подебилни случки. Актерите си глумат солидно - неспорно е тоа, само не ми е јасно како се согласиле на улогиве.. :x
    2/10


    Shattered (2007)
    Butterfly on a Wheel (original title)

    [​IMG]
    95 min - Crime | Drama | Thriller
    Многу добар филм. Динамичен, интересен и непредвидлив.
    Совршено семејство се распаѓа после еден киднаперски напад..
    Не сум одмаздољубива личност ич, ама привлечно ми е сценариово.. ]:)
    6.5/10


    The Silence of the Lambs (1991)
    [​IMG]
    118 min - Thriller
    Млада детективка(Џоди Фостер) е вклучена во истрага против сериски убиец на жени. За да го открие ќе мора да контактира со многу опасен затвореник(Ентони Хопкинс), кој воедно е психијатар и е многу манипулативен и бескрупулозен...

    Бев сигурна дека мора да постои тема за филмов, а кога разгледав се изненадив дека никој уште не отворил. За филмов имав слушнато одамна, многумина ми го препорачуваа, ама не знам зошто си имав умислено дека е многу страшен хорор и го избегнував.. Пред некој ден решив конечно да го изгледам и имаше што да видам.. Убедливо најдобриот трилер што некогаш го имам гледано, заслужено си има добиено 5 Оскари. Приказната е навидум обична - потрага по сериски убиец, но е многу успешно реализирана. Крајот е предвидлив, ама сцените се доволно возбудливи да го задржат вниманието во целост. Одличен кастинг, Ентони Хопкинс има стандардно добра изведба, а ништо полоша не е ни Фостер. Дефинитивно препорачувам за љубителите на трилери кои досега не го гледале обавезно да го погледнат.
    9/10
     
    На Mrs.Cuper, Trendafilka и femina90 им се допаѓа ова.
  12. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    High Lane
    Vertige (original title)


    [​IMG]


    Многу филмови се снимени на оваа тематика. Група млади желни за авантури. Овие се Французи и се наоѓаат во Хрватска. Понатаму не ви кажувам. :)
    Не е лош, ниту нешто спектакуларно добар. Златна средина.


    http://www.imdb.com/title/tt1433562/
     
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Crazy stupid love

    После разводот, еден средовечен човек, ќе добие помош од млад дечко за да го промени својот живот.
    Лабаво филмче, интересно, со доста смешни сцени и многу фини ликови.
    7/10
     
  14. Andemona

    Andemona Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    2.496
    Пол:
    Женски
    мислам дека е италијански :?:
     
  15. VbetiV

    VbetiV Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    3
    парада и баш ми се допадна :)
     
  16. BV87

    BV87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    81
    Not Forgotten http://www.imdb.com/title/tt1127221/ трилер оцена од мене 8/10 ма да имдб има само 4,3
    Џек Бишоп живее мирен живот со жена му и ќерка му во едно мало гратче на границата меѓу Мексико и Тексас. Еден ден ќерка му ја киндапираат. Дали е жртва на трговија на со луѓе, или пак е киднапирана од страна на педофил, или е пренесена преку граница да стане проститутка? Џек ке биде спремен на се само да си ја пронајде ќерка си, па дури и ако треба да се откријат некои тајни од неговото мрачно минато. Но тој не е единствениот кој има тајни...
    Улоги: Simon Baker, Paz Vega i Chloë Grace Moretz
     

    Прикачени фајлови:

  17. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    THE HELP.

    Што и да кажам излишно е, филм, филмиште, преубаво. Дел од моите топ 5 дефинитивно. :o
     
  18. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Последен филм шо го глеав е "Good luck Chuck". Комедија , добро филмче и би го гледала уште 1000 пати. И да.. Џесика Алба многу ме насмеа ,ја обожавам. :inlove:
     
  19. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Шпански е. И предобар е :D
     
    На mysterious му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    What Women Want
    [​IMG]
    Три дена по ред го гледав филмов, а само два саата трае :x Не дека беше досаден или незнам што, битно е секој ден по малку па здравје до догодина ќе го изгледам :D
    Интересна приказна има филмов, али лошо смислена според мене...

    Disturbia
    [​IMG]
    Предобар филм, барем овој го изгледав од одма, иако го имам гледано веќе 5 пати :D

    Cool Runnings
    [​IMG]
    Епа чао ќе кажам за филмов само. Многу интересен и смешен ме враќа во детството :)