Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    [​IMG]
    По препорака на феминка,ми стоеше во папка :) 7/10
     
  2. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    29.331
    Пол:
    Женски
    Abduction(2011)
    [​IMG]

    Од дамна ми стоеше во лаптопов и никако не можев да се натерам да го изгледам, ама ете и на него му дојде ред.Онака океј трилер, не беше нешто посебно, а и некако ме иритираше Тејлор.Од мене 5/10.

    Приказна за средношколец, кој случајно открива слика од него на страната за исчезнати деца, и нормално се случува пресврт.
     
  3. Marcey

    Marcey Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    944
    The other Boleyn girl - 115 min - Biography | Drama | History

    Одличен филм, моја отценка 10. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На BoaVista и 1209 им се допаѓа ова.
  4. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Последно нешто што изгледав е Butterfly on a Wheel, мн добро филмче,со многу неочекуван крај. Се работи за навидум среќно семејство, кое брутално ке биде уништено од страна на киднаперот.... доколку имате време изгледајте го филмот. Во продолжение ке ви го постирам трејлерот
    Жанр: мистерија акција
    Моја оценка за филмот е 8/10

    http://www.youtube.com/watch?v=H0W2LCesfu8
     
  5. trendafil1

    trendafil1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    20
    v for vendetta многу добро
    [​IMG]
     
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Schindler's List (1993)
    Трогателна приказна за Оскар Шиндлер, германецот, кој спасува 1100 евреи како своја работна сила, откако ќе се загрози од теророт што тие го трпат во полските кампови.
    Филмот е прекрасен, има многу трогателни, и многу сурови сцени, но на крајот толку ме допре што не се ни пожалив за трите часа седење во лоша позиција.
    Кој не го гледал, обавезно да го погледне.
    10/10
     
  7. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    High lane
    [​IMG]
    90 min - Adventure | Horror - 24 June 2009 (France)
    Мене ми беше интересен филмов и го препорачувам, не беше некој јак хорор ама ми се свиѓаше.
    Група пријатели ќе отидат во Хрватска (не ми текнува како се викаат тие места) на место коешто е затворено одамна да се качуваат по карпи и еден по еден ќе умираат ..

    Over the hedge
    [​IMG]
    83 min - Animation | Adventure | Comedy - 19 May 2006 (USA)
    Убаво цртанче, интересно.

    Disturbia
    [​IMG]
    105 min - Drama | Mystery | Thriller - 13 April 2007 (USA)
    И овој интересен :)
    Кајл ќе биде во домашен притвор и од досада ќе си најде занимација да ги набљудува соседите и ќе открие нешто.
     
  8. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Revolutionary Road


    [​IMG]


    Второ гледање по игра на случајот. Мене овој филм воопшто не ми се свиѓа и покрај фантастичните глумци.


    http://www.imdb.com/title/tt0959337/
     
  9. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    The Vow (2012)

    [​IMG]

    Гледајќи дека секој втор пост е за филмов, и многубројните позитивни коментари што ги доби, решив и јас да го гледам :)
    Не ме разочара, прекрасна романтична приказна, реална, и со реален крај. И јас сум романтичарка и си леам солзи на филмчиња, ама на овој посебно и не се трескав нешто многу...барем мене не ми беше до толку потресителен.. Но сепак убаво филмче е :)
    А и парот е совршен, Рејчел е прекрасна, Татум такоџе :inlove:

    Препорачувам!
    9/10
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Прекрасно, релаксација на мозок....сметам дека поубаво нешто од ваквите анимирани цртани нема.
    А објаснување нема да должам многу,бидејќи претпоставувам дека повеќето од вас го гледале, се работи за трка на коли, каде што доаѓа до кавга помеѓу најдобрите пријатели .... што ќе се случи понатаму,погледнете го цртанот ако не сте го гледале :)
    [​IMG]
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    We Bought a Zoo
    [​IMG]
    Релаксирачко филмче за љубителите на животните, човек навистина да посака да купи ваков дом. Приказната на моменти се одоговлекува и без нив со час и половина траење на филмот би бил подобaр. Скарлет ми е меѓу најнеомилените глумици, не ја сакам нејзината глума, па така и тука, но затоа малото девојченце Maggie Elizabeth Jones е срценце :) 7/10

    The Vow
    [​IMG]
    Ахам одлично филмче, романтична драма која на моменти ме наежуваше, љубовта е поголема од се, а животната судбина ќе биде онаква каква што е зацртана, не може да се измени, посебно не поединци. Мора да кажам очекував класичен енд стори, но ме изненади крајот, од една страна позитивно, но од друга страна малку жал ми падна што сепак една меморија е засекогаш изгубена. И приказнава е поткрепена со вистинска приказна, тоа е она што секогаш ценам. Прекрасен актерски пар, и со Рајан Гослинг беше совршена Рејчел и тука со Татум. И одговараат едноставно овие романтични филмови.
    Станувам дел од толпата што го препорачувам филмов 9/10
     
    На IvanaIvanchica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
  13. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Lemony Snicket's A Series of Unfortunate Events
    [​IMG]

    Вчера го гледав филмов, сум се изнасмеала на некои сцени посебно на злобата на Џим Кери и на малото бебенце. Добар филм, интересна приказна, би го гледала и повторно :)
     
  14. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Eurotrip



    Одлично филмче за релаксирање.Добро комедија. 9/10

    http://www.youtube.com/watch?v=4tj8zn3X ... re=related

    Во пакет со многу едноставна и проста песна, но многу заразна :D
     

    Прикачени фајлови:

    • ertrip2010.jpg
      ertrip2010.jpg
      Големина на фајлот:
      244,4 KB
      Прегледи:
      212
  15. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    [​IMG]
    Guilty by Suspicion
    Филмски режисер ја губи својата работа и репутација бидејќи одбива да ги каже членовите на Комунистичката партија. Постар филм за тоа како биле третирани сите членови на КП и оние кои ги криеле.

    [​IMG]
    The Help
    На сите им е веќе познат филмов, јас бев воодушевена :clap:

    [​IMG]
    Man on a Ledge
    Додека бивш затвореник го свртува вниманието со тоа што се заканува дека ќе скокне од зграда, се случува обид за кражба на скапоцен дијамант. Каде ја најдоа плавушана, на живци ми одеше :devil:

    [​IMG]
    The Bucket List
    Мојот фаворит викендов.
    Двајца мажи болни од рак, се запознаваат во болница. Откако ќе дознаат дека имаат уште неколку месеци живот, прават bucket list-нешта што сакаат да ги направат пред да го гушнат букетот :D
     
  17. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Man on a Ledge (2012)
    Crime | Thriller

    Тематиката на филмот е добра, но малку досаден ми беше, очекував дека ќе биде некое трилиште, ама ноу, и таа женската (Genesis Rodriguez), абе ајде, цицките цел филм надвор, таа ќе оди да ограбува дијамант. Значи се се врти околу цицките сепак, не дека не можеле некоја поасална да најдат, барем со приберени цицки, е тоа на нерви ми одеше нонстоп искрено.
    Општо филмот е онака, не ми остави нешто посебно впечаток.

    [​IMG]
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    102 пати го имам гледано, не не ми се има здосадено, содржината не ја објаснувам,зошто сите ја знаат
    [​IMG]
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    [​IMG]

    Beyond - 2011 трилер, драма

    Не е лош. Типична приказна за киднапирање на девојче и како тече цела истрага со измешани и нејасни сценарија за кој е всушност кривецот ... 8/10 Да, има неизвесност иако може да се предвиди крајот.
    Солиден.
     
  20. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266