Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Вчера го видовме со сестра ми.
    [​IMG]

    Филм од 2005, кој го немав видено порано.
    Сега сфаќам од каде инспирацијата на Лил Уејн за ски маската на спотот. |(

    Интересно беше тоа што не е типична приказна. Лошиот човек на крај ќе се фати и сите ќе преживеат. Лош човек дури не постои ! Измислен е за некои лични одмазди. Филм кој цело време ме држеше во неизвесност и прашалници. Крајот е најинтересен.
     
  2. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    The Help
    [​IMG]

    Уф добар филм незнам зошто не го гледав порано. Добра глума и доста ми беше жал за слугинкиве и нивното место во самото опшество.

    She's out of my league
    [​IMG]

    Филм за смеење и релаксација во овие денови. Го имам гледано 5 пати и секогаш се смеам на некои сцени :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.550
    Допаѓања:
    3.145
    Eurotrip

    Една од најдобрите комедии што сум ги гледала, и тоа не знам по кој пат. :D
    10/10


    Morning glory

    Повеќе го гледав ради актерите, посебно Рејчел МекАдамс. Али е стварно доста интересен филм, инспиративен и живнав по гледањето на филмот. :D
    Рејчел е фантастична ко секогаш, исто и Китон, а Харисон Форд многу некако остарел, али супер е во улогава. Се на се, филм што вреди да се погледне.
    10/10


    Jack and Jill

    Не ми е јасно оти филмов доби Златна малина. :?: Јесте да е малце глуп на моменти, али јас се смеев на некои делови и ми беше стварно интересен. :D
    Така да, не е нешто најспектакуларно, али има многу полоши филмови дефинитивно.
    6/10


    Guess who

    Филмов е од пред неколку години, али не ми беше гледан досега. Интересно филмче, слична тематика ко за Meet the parents, али овој не толку добар. :D
    Сепак, добар за тепање време.
    8/10
     

    Прикачени фајлови:

  4. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    [​IMG]

    Машки филм со одличен англиски хумор :lol: :up:

    Unscrupulous boxing promoters, violent bookmakers, a Russian gangster, incompetent amateur robbers, and supposedly Jewish jewelers fight to track down a priceless stolen diamond.
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    South Park: Bigger Longer & Uncut

    Не знам зошто пак ми текна да го гледам, ама убаво си се насмеав.
    Тие што ја пратат серијата знаат, а тие што не, им го препорачувам ако сакаат малку ироничен хумор, пцовки и благ ремет на американската нација.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.075
    Допаѓања:
    66.893
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Забавно филмче, Квин Латифа зрачи со позитивност. :) Иако овој другиов некако не ми беше баш со глумењето како што треба. Сепак, интересно филмче за опуштање.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    [​IMG]
    Reservation Road
    Емотивен филм за болката низ која поминува едно семејство откако малиот син ќе загине во сообраќајна несреќа. Виновникот го напушта местото на несреќата, а таткото ја презема истрагата во свои раце. Одличен филм.

    [​IMG]
    Nine Months
    Дечкото го фаќа паника откако девојка му останува неочекувано трудна, иако не се мали. Симпатичен филм :)
     
  9. Hellen

    Hellen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    In Time so Justin Timberlake i Amanda Seyfried


    Fилмот е сместен во жанр на дистопија науцно фантастичен акционен филм. Vо 2161 год.генетските промени им овожможуваат на луѓето да стареат до 25та година. Oд нив се бара да заработуваат време или ќе умрат кога ќе им истече времето кое го имаат. времето е новата валута, луѓето живеат поделени во градови наречени временски зони. Zони на сиромашни каде доминираат млади луѓе кои мора секојдневно да работат за да преживеат и да имаат време со кое ќе ги плаќаат секојдневните потреби. Vо зоните на богатите доминираат стари луѓе кои живеат луксузно, возат брзи коли и можат да живеат вечно.
    погледнете што ќе се случи кога еден од богатите ќе се најде во гетото и на еден припадник на гетото ќе му ја открие тајана на така поставениот општествен ситем....
     

    Прикачени фајлови:

    • in time.jpg
      in time.jpg
      Големина на фајлот:
      59 KB
      Прегледи:
      402
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Choi-jong-byeong-gi Hwal
    (се наоѓа како War of the Arrows или Arrow, the ultimate weapon)
    [​IMG]

    Одличен филм! Мотивите се настани од историјата на Кореа, војните и суровите освојувања.
    Актерската екипа и глумата е супер, ефектите многу реални, приказната потресна. Препорачувам за љубители на азиски филмови. А да, и за љубители на историски филмови - исто така препорачувам.
     
  11. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Duplex
    -Comedy

    Ох Боже од кога не сум се смеела вака, со дечко ми си ги растегнавме устите! :D
    Дури и јас почнав да си правам филмови на кој начин може да се убие изродот од бабичето.
    Задолжителен е оу да.

    [​IMG]
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    [​IMG]

    Го изгледав. Навистина ќе ве допре. Колку е тешка борбата за опстанок свој и за опстанокот на своето дете, во едно сурово општество како што е америчкото ... За тоа колку човек може да се бори и да го достигне својот сон после толку маки, толку понижувања, толку негативни одговори, толку премрежија ... Ама упорноста и се исплати.
    Вил Смит во главна улога е одличен, а малиот кој е неговиот реален син е пресладок.
    Oд мене 8.5/10
     
    На MotherMonsterI му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    We Need to Talk About Kevin

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]


    Филмов отвара многу филозофски прашања. И ептен е таков психолошки со трилер елементи.
    Дали некој се раѓа злобен или таков го прави животот (како што ја мислев)...

    http://www.imdb.com/title/tt1242460/
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Sherlock Holmes: A Game of Shadows
    [​IMG]

    Премногу детали, приказната многу раштракана, отсуствуваше познатиот Шерлоковски метод на дедукција и објаснување.
    Ми се допадна режијата и фотографијата, но не и приказната.
    Гај Ричи вклучил претерано боречки вештини, малтене Шерлок бил невиден тепач.
    Приказната е многу слаба.
    Не ми се допадна и фактот што Ајрин Адлер ја имаше толку малку во филмот, а и кастингот за Мориарти лично мене ми беше утнат.
    Мало освежување беше главната глумица од шведската верзија на Девојката со тетоважа на земј - Noomi Rapace во улогата на Madam Simza Heron.
    [​IMG]
    Првиот дел е далеку подобар и поинтересен.
    Тука само малку вредеше крајот.
    6/10
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  15. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    [​IMG]
    Приказната е за 17 годишната Натали која е во средно школо и е многу популарна. Мисли дека го има разберено животот и се и е добро, се додека не се здружи со Кеит.
    Кеит е нејзин партнер по хемија во лабораторијата. Полека полека таа ќе се вљуби во него и ќе дознае дека Кит е болен и е во депресија поради тоа....

    [​IMG]
    Хорор филм
    Прво ми беше интересен, за да на крај забега малце |(
    Дени Слоан е студент кој оди во болница на посета кај другар зависник од дрога. Пред да си замине од кај него, другар му Били му вика да оди и да го види Бајрон Волп - сериски убиец кој го чуваат во специјална келија, заврзан со ланци и со покриена глава.
    Бајрон Волп ја хипнотизирал жена му и ја натерал да скокне од зграда....

    До собата на Волп сместена е Лаура Бекстер која боледува од парасомнија и поголемиот дел од времето таа го поминува спиејќи.....
    Дени се вљубува во Лаура и по некое време ќе се сети дека тие двајце се познаваат и од детството....
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    [​IMG]

    Конечно го гледав и од мене 9/10

    Одлична сторија, актерите солидни ... Хмм, добра порака носи Be careful, trust no one, trust no man. And be afraid of a woman's revenge ;)
    Се препорачува секој да го гледа
     
    На JuLleE, bittersweet и Hellen им се допаѓа ова.
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.763
    Допаѓања:
    25.076
    Пол:
    Женски
    The Vow
    [​IMG]
    Конечно се натерав да го гледам.
    Што би рекол еден другар,се објаснува во една реченица - се работи за двајца што се сакаат. И толку. :lol:
    Не, значи - девојкава го губи сеќавањето при сообраќајна несреќа и воопшто не се сеќава на цела врска со сегашниот маж, не знае апсолутно ништо од времето поминато заедно и триста чуда после тоа.
    Јас лично, би сменила многу работи кои не ми беа логични, но не можам да кажам лош збор бидејќи ја обожавам Рејчел и секој филм со неа ми е автоматски убав.
    Плус фактот што е вистинска приказна...
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hellen

    Hellen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Mммм супер добро филмче, сум го гледала и би го гледала уште многу пати. Nавистина добра приказана
     
  19. Miss-Angie92

    Miss-Angie92 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Изминатава недела се изнагледав еден куп филмови:

    1. Greta (2009) (романтична драма)

    -Млада бунтовна тинејџерка Грета (Хилари Даф) е пратена од својата мајка да седи во малото гратче кај нејзините баба и дедо за време на летниот распуст, каде нејзиниот живот зема неочекуван пресврт.

    Солидно филмче. Моја оцена: 7/10

    2. Memoirs of a Teenage Amnesiac (2010) (романтична драма)

    -За да ја спаси дигиталната камера додека паѓа на школските скали, средношколката Наоми Сукусе, доживува несреќа и ги заборава последните 4 години од нејзиниот живот. Во текот на филмот таа постепено се обидува да се сети која била и каква всушност сака да биде во оваа приказна за љубовта и вторите шанси.

    Прекрасен филм, особено ми се допадна фактот што е јапонски филм :) Моја оцена: 8/10

    3. Beauty & the Briefcase (2010) (романтична комедија)

    -Хонорарна писателка, барајќи ја својата сродна душа, која ги исполнува сите услови од нејзината листа на совршен дечко/маж, ја продава приказната на магазинот Космополитан, за пронаоѓање на љубовта на работното место и работи тајно во една компанија за Финансии.

    Уште еден филм со Хилари Даф :lol: Моја оцена 8/10

    4.Nancy Drew (2007) (авантура | комедија | драма)

    -Тинејџерскиот детектив, Ненси Дру (Ема Робертс), се преселува со нејзиниот татко во една мистериозна куќа во Лос Анџелес, каде таа се обидува да ја разоткрие мистеријата за убиството на една позната актерка.

    Многу интересно филмче. Моја оцена 8/10

    5.Aquamarine (2006) ( комедија | фантазија)

    -Две тинејџерки откриваат сирена во базенот на нивниот летен клуб.

    Моја оцена: 6/10

    6.Wild Child (2008) (романтична драма | комедија)

    - Бунтовна Малибу принцеза (пак Ема Робертс :)) е пратена во строг интернат во Англија од својот татко, за нејзиното буновно однесување.

    Уште едно типично тинејџерско филмче, кое многу ме потсеќа на St. Trinians. Моја оцена: 7/10

    и конечно последниот:

    7.Mission: Impossible - Ghost Protocol (2011) (акција| авантура| трилер)

    -Итан Хант заедно со неговиот нов тим се во една нова невозможна мисија да го расчистат "валканото" име за Организацијата IMF, која се смета за виновник на бомбардирањето на Кремлин во Русија.

    Одличен филм со незаменливиот Том Круз, но сепак првите делови на серијалот се сепак подобри. Моја оцена 9/10
     
  20. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    [​IMG]
    Па интересен е. Едно дете по име Џош сака да сними филм за девојчето Дилан.
    Таа е многу богата и позната. Сите ја знаат како себична но не е. Го има најубавиот дечко, најубавото друштво. Џош ќе сними филм за неа за да им покаже на сите дека не е себична, лоша и дека не ја интерисира тоа што е позната. Дилан ќе го изгуби дечкото, другарите но потоа се ќе се смени таа ќе биде со Џош и пак сите ќе ја сакаат и бла бла
    :talk:.

    8/10 :wasntme: