Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Back to the Future
    [​IMG]

    Епа најбоље филм мора да се признае. Како мала доста се радував кога ги даваа на телевизија, иако некои делови не ми беа баш јасни. Инаку вториот дел ми е најинтересен и кога би имала повеќе слободно време повторно би ги изгледала. :)
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Under Suspicion

    [​IMG]

    Се имам изјаснето дека Лиам Нисон нема лош филм, и сеуште сум на тој став.

    http://www.imdb.com/title/tt0105691/


    New Year's Eve

    [​IMG]

    Знам дека сум тапа што гледам Новогодишен филм за време на Велигденски празници, ама филмов го чекав буквално 6 месеци да излезе на асална blu ray снимка за да го изгледам на раат. И не ме разочара. Преубав, топол филм, со многу животни приказни сите меѓу себе испреплетени и споени. Моменти за солзи, моменти за смеа, моменти за се по нешто. Мене срцето ми го освои.
    Овие оцениве на IMDb веќе не знам ни како ги даваат, по кои критериуми, ама тапа се, не им верувајте. Барем не за овој филм. ;)

    http://www.imdb.com/title/tt1598822/
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    [​IMG]

    Интересна блесава комедија, ќе ве насмее добро 8/10

    Тројца блесави или мутави да не речам глупави другари од бебенца ќе бидат оставени во сиропиталиште. Таму остануваат да живеат и после многу години ... Но се случува пресврт, а каков видете од филмот. Еве ви и трејлер

    http://www.youtube.com/watch?v=s1R4b04mxOs&feature=fvst
     
  4. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    5.085
    Butterfly on a whell

    Го изгледав и јас. И богами едно големо WoW
    Еден од подобрите филмови изгледани во последно време.
    А да...
    Камо сите жени да имаа ваков добар план за одмазда. Им симнувам капа и на двајцата
    Сите неверници го заслужуваат ова и многу повеќе
    9/10
     

    Прикачени фајлови:

    На Peppermint, tinkerbelll и JuLleE им се допаѓа ова.
  5. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    The Dilemma

    [​IMG]


    И пак оценка од IMDb што не ја разбирам. Филмов може преку духовит начин да ви одржи таква лекција за пријателството што верувајте не се заборава лесно. Апсолутно задолжително препорачувам.


    http://www.imdb.com/title/tt1578275/
     
  6. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    The vow! Го обожавам Channing Tatum :inlove: Преубав филм!
     
  7. Jessie-J

    Jessie-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    61
    Последен филм што го гледав е Артур и невидливите. Многу интересно филмче :)

    Кога треба да му ја земат куќата на дедото на Артур, Артур решава да го најде дедото. Тој истражува и наоѓа дека дедо му е кај невидливите па решава и тој да оде и за 36 часа да го спаси дедото, и тој таму станува невидлив и се заљубува во добрата принцеза и, и ветува дека пак ќе ја посети за 1 месец :)

    [​IMG]
     
  8. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Colombiana
    [​IMG]
    Уф, колку добар филм. Женскава е гром.
    9/10
     
    На sanjalica и booba им се допаѓа ова.
  9. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Добар филм :up:

    [​IMG]

    “Spread” ја раскажува приказната за искусниот женскар Ники (Ештон Качер) кој успеал да влезе во светот на привилигираните благодарение на своите бројни авантури. Тој ни ги открива своите тајни додека прави забави, спие со десетици жени и во исто време живее луксузно во холивудскиот дом на Саманта.
     
    На Elennaa, Bozica1980, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Duplex
    Овој го гледав неколку пати последниве недели, секаде го дават на телевизија. Инаку многу интересен и смешен филм за млад брачен пар кој се вселува во стан и живее со една напорна бабичка која ќе им го направи животот пекол. Препорачувам.

    [​IMG]
     
    На Elennaa, MotherMonsterI и martinuska им се допаѓа ова.
  11. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Coraline
    [​IMG]
    Многу интересен филм, препорачувам. :)
    Се работи за едно девојче по име Коралајн која со нејзиното семејство се преселува во "розовата палата".Во куќата има една мала врата во која таа ќе влезе, од таа врата таа оди во друг свет.Со истите луге,во истата куќа.Нејзината мајка во другиот свет е многу добра спрема неа но не е така.Таа сака да ја зароби во куќата и засекогаш да остане таму.И тоа се случи,но Коралајн со помош на едно маче и три духови успеа да избега од куќата...

    [​IMG]
    [​IMG]

    Оцена: 10/10
     
    На Trendafilka и Chocolate.me им се допаѓа ова.
  12. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Значи после подолго време конечно седнав и повторно го изгледав Girl, Interrupted со Анџелина Џоли и Виона Рајдер.Значи прекрасен филм кој неможе да се опише со зборови.Го изгледав во еден здив, а и кој не би? Одлична глума посебно од Анџелина(која има освоено и оскар), приказната уште подобра се на се прекрасен филм.Оние што го гледале знаат колку е добар филмов а на оние кои го немаат(иако мислам дека секој го има гледано филмов) топло им го препорачувам. 10/10
     

    Прикачени фајлови:

  13. 1-loveyou-1

    1-loveyou-1 Активен член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    Последно го гледав "Dumb and Dumber" (Глупавиот и поглупавиот) :D
    Дефинитивно најинтересен ми бил. Многу ми се допадна :rofl:
     
  14. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Peacock (2010)
    [​IMG]
    90 min - Drama | Thriller
    По загубата на својата мајка, еден банкарски работник(Cillian Murphy) наоѓа начин да се справи со самотијата, живее во еден свој свет избегнувајќи контакт со околината.. Но, една несекојдневна случка ќе го промени неговиот монотон живот..
    Необичен филм, не сум гледала нешто слично досега. Не се разјаснуваат работите одеднаш, па цел филм го гледав со внимание и воопшто не ми беше досаден.
    Одлична глума од страна на Cillian Murphy, друг актер не можам ни да замислам за улогава.. :?:
    6/10



    The Illusionist (2006)
    [​IMG]
    110 min - Drama | Mystery | Romance
    Многу успешен илузионист(Edward Norton) се среќава со неговата прва љубов од детството(Jessica Biel). Двајцата сфаќаат дека сеуште имаат чувства еден спрема друг и се борат против сите да бидат заедно..
    Многу ми се допадна. Ја обожавам Виена, со восхит ги гледав кадрите.. :$
    Интересна приказна, ни за момент не ми беше досадно. И глумата е на завидно ниво.
    Цело време се надевав дека ќе заврши така како што заврши, ама ми се чинеше неизводливо.. :D
    8/10


    A Better Life (2011)
    [​IMG]
    98 min - Drama
    Иселеник од Мексико работи како градинар во Америка, трудејќи се да му овозможи подобар живот на својот син. Судбината лошо ќе си поигра со него и ќе им се искомплицираат животите..
    Многу реален филм за животот на доселениците во Америка. Имаше моменти кога ништо посебно не се случуваше, но сепак добро прикажана врска татко-син која допира и тоа многу. Ми се насолзија очите на неколку сцени.
    7/10
     
  15. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Последните два филма што ги гледав во кино :)
    Многу се добри и двата.Американска пита е смешки,воопшто не е досаден,многу интересен и забавен филм.
    Игри на гладта мене многу ми се допадна,нешто поинакво и дефинитивно интересно.

    10/10 и за двата.

    The Hunger Games
    [​IMG]
    http://www.imdb.com/title/tt1392170/


    American Reunion
    [​IMG]
    http://www.imdb.com/title/tt1605630/
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Trust

    [​IMG]

    Многу поучен филм. Нешто што за жал се повеќе се случува окулу нас и докажува колку социјални мрежи можат да бидат штетни. Приказна за девојче кое се запознав преку интернет со момче т.е. маж и ја стекнува неговата доверба. Премногу ми се допадна глумата на девојчето.

    10/10
     
    На Elena69221, chocolate.chick и sanjalica им се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Green Hornet
    Претставен како комедија, но мене повеќе ми личи на акција...интересен филм,се работи за разгалено дете на богаташ,кој по смртта на татка си бара начин животот да си го направи повозбудлив...понатаму гледајте :)
    [​IMG]
     
  18. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Предобар филм! Го препорачувам на сите тинејџерки кои на ваков ист начин се затрескуваат наоколу, во луѓе, нудејќи им се’! Ова се последиците :)

    Јас последен филм што го гледав е

    [​IMG]

    Јас обично не сакам филмови каде што има многу главни ликови кои се испреплетени, како на пример Love Actually кој мене не ми е ни малце интересен. Ама овој филм ме изненади, убава приказна, весели и тажни моменти и реален крај.
    Моја оценка 8/10, заради многуте актери :)
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    *Sherlock Holmes
    *Sherlock Holmes: A Game of Shadows
    [​IMG]
    Шерлок Холмс е познат детективски лик од роман, за кој се направени повеќе серии и играни филмови.
    Па си реков, кога веќе почнав да ја гледам британската серија Sherlock, да ги изгледам и двата дела игран филм во режија на Гај Ричи.

    Ако сте љубители на детективски филмови - сигурно би ви се допаднале.
    Од крајот на првиот дел, веднаш ќе заклучите дека ќе има и втор. Вториот дел се надоврзува на првиот, па би било препорачливо да отиде по редослед, за да не се изгубите во настаните.
    Ова не е филм со кој ќе се опуштите пред телевизор. Ова е филм кој бара целосна перцепција на настаните и добро паметење на случките кои се поврзани една со друга. Ова е еден одличен авантуристички филм кој ќе ве натера да размислувате.
    Додека го гледав вториот дел, за момент се разочарав од крајот кон кој водеа сите настани. Ама само за момент :wasntme: А веднаш потоа бев воодушевена од начинот на кој Гај Ричи го завршува второто продолжение и најавува трето.
    Третиот дел би требало да излезе во 2014, и едвај чекам да го гледам :)
     
    На Shery и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  20. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Dumb and Dumber
    [​IMG]
    [​IMG]

    Легенда, легенда е филмов. Морав да го гледам по 100 пат :) Сега само чекам да видам како ќе испадне и вториот дел од филмов. :)
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.