Последен филм што го гледав е Frozen.За филмов читав многу негативни критики, а и другарки кои претходно го имале гледано ми имаа кажувано дека ич не бил убав, па затоа јас го гледав без многу очекувања.Кога почна филмов беше по малку досаден.Но малку потоа стана премногу интересен и мислам дека го изгледав во еден здив.Авантура, неизвесност кои ве држат до самиот крај.Го препорачувам на сите.од имдб има 6.3 од мене чиста 7
Парада Не сум голем љубител на српски филмови но овој топло го препорачувам. Комедија со фина порака и стомачни од смеење!
The Descendants (2011) 115 min - Comedy | Drama Очекував многу повеќе од филмов, ме разочара. Освен преубавите пејсажи од Хаваи и Џорџ Клуни кој сеуште ми е секси , ништо друго не ме бендиса. Многу развлечен и досаден. 2/10 The Muppets (2011) 103 min - Comedy | Drama | Family Преубаво филмче, ме потсети на Muppet Babies кои отсекогаш ги обожавав. Добар хумор има. Предобро е изработен, ме изненади. Не ми се допаднаа само деловите со пеење и играње, бидејќи не сум некој љубител на мјузикли. И многу, ама многу ми е чудно да ги гледам омилените ликови од сериите во други филмови. Посебно ме изненади појавувањето на Џим Парсонс(Шелдон). Се' на се', супер филмче за обожавателите на Мапетите. Препорачувам! 9/10
IMMORTALS За сите љубители на грчката митологија, верувам дека филмов ќе им се допадне, иако има неколку работи сменети од оригиналната приказна. Филмот ги прикажува богот Зевс, кој го одбира Тезеј, човекот кој треба да се бори против суровиот крал Хиперион, кој сака да ја покори Грција и да го пронајде оружјето кое може да го уништи целиот човечки род. Филмот не е лош, но сепак на одредени делови мене лично ме потсетуваше на видео игра. Има многу крвишта, нормално, и кастингот за Зевс беше прилично утнат. Очигледно сите пари ги потрошиле за двете главни ѕвезди Мики Рурк (кралот Хиперион) и Фрида Пинто (Пророчицата). Се' на се' интересно и го задржува вниманието. 6.5/10 JOYFUL NOISE Квин Латифа и Доли Партон во главните улоги. Очекував да биде поголема катастрофа, но беше прилично добро за мрзливо неделно попладне и за опуштање. Црковен хор, две ривалки, Латифа толкува моќна улога на ригорозна и религиозна мајка, додека хорот се труди да освои награда на националниот натпревар. Има и една романса, неколку клише предвидливи сцени, сепак не толку патетично. Доколку сте љубител на филмчиња со госпел песни ќе ви се допадне. Има навистина пеење, и тоа не одредени делови, туку буквално цели песни, од А до Ш. 6/10
Или го има и под наслов Lying to be perfect За опуштено попладне е ок. 7/10 Со порака бидете она што сте и прифатете се себе онакви какви сте. Spoiler Нола која работи во магазин поради својот изглед(фино пополнета) си измислува уште еден идентитет на "совршена" писателка и колумнистка, на тој начин ги советува жените и им помага во проблемите и под ова име е обжавана и популарна. Но за нејзиното второ јас не знае никој ... Дали ќе се дознае и како ќе и се смени секојдневието ако ве интересира гледајте го.
Премногу ми се допадна. Глумата на Бијонсе е неверојатна. Навистина ја обожувам, ама дека волку добро глуми... Малку се притресував додека го гледав, на некои нагли движења, но најважно на крајот ми беше најинтересен кога се тепаа.
Trust 2010 Тинејџерка четува со еден дечко подолго време, а кога ќе одлучи да се сретне со него, излегува дека е 30+ годишен манијак, педофил, кој на крајот од средбата ја силува. На девојчето ќе му треба многу време и сила да се соочи со тој факт и повторно да ја врати нормалната комуникација со родителите. Liana Liberato е во улогата на тинејџерката, и пријатно се изненадив од нејзината глума. Clive Owеn, во оваа улога, на татко на злоставувана тинејџерка, некако не ми се покажа најсјајно. Филмот е реален, а приказната е потресна, но за жал не ретка во денешно време. Би било добро да го погледнат тинејџерките.
Последен филм што го гледав е Despicable Me (2010) Прекрасно фамилијарно анимирано филмче кое верувам на секој ќе му се допадне. (иако сите веќе сигурно сте го гледале, јас секогаш каснам ) Филмот има порака на крајот. А тие жолтките се преслатки, како и дечињата секако Препорачувам! 10/10
Mirror Mirror- толку е глупав, досаден, и со многу лоша глума римејк на Снежана и 7-те џуџиња, што само прашање на време беше кога ке заспијам од досада. Џулија Робертс е одлична актерка ама ова и е голем промашај. Не препорачувам, залудно губење на време. Глупости до глупости. 0/10
http://www.youtube.com/watch?v=rnm61GN2O8w&feature=BFa&list=SP73E786B499A54A18 знам дека е на руски но МАША и МЕДВЕД се супер во овој дел ... топла препорака за слатка насмевка од 7 мин
Triangle (2009) 99 min - Horror | Mystery | Thriller Група пријатели сакајќи да поминат мирен ден на море, ги фаќа невреме кое им го уништува бродот. Барајќи спас се качуваат на првиот брод што наидува, несвесни за тоа што ги чека.. Интересен филм, не ти дава да трепнеш. Бара многу размислување, сконцентрираност и запазување на сите детали. Повеќе прашања отколку одговори имав на крајот, остава место секој да си даде свое објаснување и гледање на работите.. 7.7/10 Like Crazy (2011) 90 min - Drama | Romance Британска студентка се заљубува во Американец. Започнуваат врска која ќе биде ставена на тест после забраната за влез во Америка поради злоупотребување на визата.. Многу ми беа погодени актерите за улогите, не само главните туку сите. Хемијата помеѓу студентите ми разбуди желба за романса. Пуштив и по некоја солза на неколку наврати.. 8/10 If Only (2004) 92 min - Comedy | Drama | Fantasy Иан(Paul Nicholls) е многу посветен на работата и не и' обрнува доволно внимание на својата девојка Саманта која ја глуми Jennifer Love Hewitt. Една трегедија ќе го натера да ја стави љубовта пред работата и да ги смени своите приоритети во животот.. Ме потсети на Premonition. Многу добра изведба на Џенифер, прекрасна беше. Поучен е филмов ептен, поттикнува на размислување за вистинските вредности во животот и правилното искористување на времето. Си поплачав и на ова филмче.. 8.5/10
Spoiler Taтко му на Том (Џим Кери)..Бил капетан,и по неговата смрт му ги испрака пингвините што ги уловил,и само збрки му прават дома.. Па тураше снег низцела кука за нив ладно да му бидело..
Последно го гледав Rum diary се израдував кога излезе зошто Џони Деп ми е омилен ама искрено ме разочара . Имаше моменти кога стварно ке се изнасмееш до плачење ама во се кој случај од 1 до 10 - 6 http://www.youtube.com/watch?v=0YUx36yLLug
Love actually 2003 Во Лондон, на месец пред Божиќ, 8 различни парови, поминуваат низ секакви различни ситуации. Има преубави сцени, тажни и неколку смешни, и доста солидна глума, која нема шанси да разочара некој. Просто го обожавам Хју Грант, не постои филм со него што не ми се допаднал! Иако го утнав малку тајмингов за гледање, го препорачувам. 8/10
Леле филмчево ќе ве разнежни и расположи. 8/10 Брачен пар се решава да посвои дете ... И случајно или не доаѓа пред врата 7 годишниот Илај. Каква е приказната гледајте ... Малиот има да ве растопи од што е сладок.
На македонски незнам како се вика,го гледав преѓе во автобус,ама не го догледав.Почетокот ми се бедиса и сега си го симнувам.Се работи за група млади танчери што ќе се решат да си ги пробаат шансите и ќе се склопат како група за да играат на Бродвеј.Знам само дека преубаво танцуваа,а јас такви филмови сакам,иако се знае како завршуваат Пак е како со битки и победа сигурно Кој што сака танцување и мјузикли го препорачувам