Mirror, mirror http://www.imdb.com/title/tt1667353/ Го гледав на кино пред една недела, ептен ми се засвиѓа.Како помодерна приказна за Снежана е, со повеќе акција и смешни моменти. :up:
Never Let Me Go Несекојдневна љубовна приказна која мора да ја видите. http://www.imdb.com/title/tt1334260/
Sister Act 1 и 2 дел Незнам што ми текна да ги гледам филмовиве, порано ги тупеа на телевизија на памет ги знаев, посебно вториот дел Добар филм, интересна комедија абе класика е филмов нема што
http://www.imdb.com/title/tt0118892/ од мене фимлот има 10/10 станува збор за куртизаните во венеција, филмот е по вистинска приказна, и навистина вреди да се гледа, тие што не го гледале не го пропуштајте....
Вчера бевме во Кино 3Д на The Avengers. Филмот е закон, освен што има добри ефекти, интересн е, има јаки сцени и смешни. Ако ги имате гледано филмовте : Capten America, The Thor, Irno man 1/2 , Hulk не пропуштајте да го гледате овај филм. Сите 4 лика од 4 филма се збират и водат војна против Луки (полубарт на Тор) . http://www.youtube.com/watch?v=NPoHPNeU9fc
Сценарио и режија Мадона ... скептик бев ама се покајав. Ме изненади позитивно. Филмов е добар, мене ми се допадна. 8/10 Ја опишува врската и бескрајната љубов на војводата и војвотката од Виндзор. Ама е склопено така што паралелно се прикажува преку соживувањето на млада жена со податоците и реалните факти од животот на војвотката ... Испреплетено но навистина содржајно. Љубители на историски драми гледајте го филмов.
Spread http://www.youtube.com/watch?v=_akR9vhcDHg Интересно филмче.Од мене има 9/10. Поучна приказна дека во животот се се враќа.Kонкретно во филмот е опфатена љубовна тематика. Го препорачувам. А и глумецот е пресекси.
A time to kill Spoiler Се работи за еден млад и недоволно искусен адвокат кој е бранител на црнец, убиец на двајца белци, силувачи на неговата 10-годишна ќерка. Одличен.
Like Crazy Преубаво претставена една љубов, едно заљубување, еден занес, една љубов на далечина, една поврзаност, посакување, недостасување, нервози, проблеми, брак, неверства, тага, радост, успеси на деловно поле, падови на љубовно ииии.... неочекуван крај. Навистина неочекуван, бидејки со сестра ми се кладевме дал ќе останат или нема да останат заедно. И на крај АШ. Оди истолкувај како ти сакаш. Spoiler А јас по последната сцена каде прегратката се одвојува го разбирам како разделба, за жал, покрај се што поминаа не заслужија да се разделат. Затоа си оставам една мала веројатност дека можеби ќе успејат да го вратат сјајот на нивната љубов. Филм кој прочитав на многумина им го намали бројот на паломи низ дома, јас не бев плачка, но затоа се наежив од таа љубов едно 503 пати Препорачувам да се гледа. Пред се од причина да се види реално како функционира таа голема љубов на далечина и какви проблеми може да направи. Воедно некои се оптимисти, некои песимисти на ваквите врски. А и крајот ќе зависи токму од вас. 9/10
Dinner for Schmucks (2010) Епа конечно го гледав. Мислев дека цело време се работи за некоја досадна вечера. Но! Сум се лажела. Филмов е многу добар, на неколку наврати се насмеав, и тоа асално. Го препорачувам. :up:
Frailty Ретро трилерче. И можност да го видите Метју Меконахи млад, на почеток на својата кариера. http://www.imdb.com/title/tt0264616/ Arthur Комедиите не ми се омилен жанр, и не ги гледам баш многу, ама филмов тотално ме воодушеви. Значи овој Расел Брент колку и да ви е одвратен и се тоа, во филмов ќе ви биде симпатичен на некој чуден начин. Или барем он како Артур. Ако сакате 120 минутно смеење до солзи, не го пропуштајте. http://www.imdb.com/title/tt1334512/
Rabbit Hole - Drama Прекрасна драма. Животот на маж и жена после смртта на синот. Чудно колку реално и болно е опишано и одглумено! http://www.imdb.com/title/tt0935075/
Angus,thongs and perfect snogging http://www.imdb.com/title/tt0963743/ Го гледав зашто и книгата ја читав сега брзо, па да споредам. :geek: Онака, слатко филмче, типично тинејџерско, иако книгата е 10 пати подобра. 6/10.
Foster (2011) Преубав филм. Стварно преубав. Плачев како мало дете. Многу убав филм, вреди да се погледне. Го препорачувам. :up: А ова душичево, ти иде да го изедеш. Spoiler
Riders (2002) Spoiler Слим, Отис, Френк и Алекс се група на млади ограбувачи на банки, познати се како „махери за бегство“. Прават план со кој ке си ја обезбедат иднината и по кој планираат да се „пензионираат“, тој се состои од 5 кражби во рок од 5 дена, со кој добиваат над 20 мил. долари..... Филмот го фатив случајно на ТВ, и одма ми го привлече вниманието. Има не многу позната но добра актерска екипа, многу акција и интересни моменти -> За секој по нешто.... Премногу ме бендиса, ви го препорачвам да го гледате НЕМА ДА ВЕ РАЗОЧАРА !! Оцена 9/10
Stone За филм со глумци како Роберт Де Ниро, Едвард Нортон и Мила Јовович па баш и не ми се допадна. И морам да ја пофалам Алфа Тв зашто колку толку пак се труди да даваат асални филмови за разлика од другиве што трујат со турски серии. http://www.imdb.com/title/tt1423995/
Contraband Интересно филмче, брзо ми помина времето додека го гледав не ни сетив. Иначе на женава брат и е замешан со дрога, и сега маж и ќе му помогне да најде пари за да им даде на мафијашите, има рок 2 недели, иначе ќе му го убијат семејството. Па гледајте дечково како се снаоѓа Оценка: 7
Mr. Popper's Penguins Многу добар, со Џим. Spoiler Се работи за еден човек, чиј татко како сувенир од последното патување му остава 6 пингвини. Најпрво ги мрази, но подоцна се спријателува. Глума: 10 од мене. За пингвините се 10. Срцки мали бесни. Најслатко ми е Loudly. Spoiler Жарн : Комедија Впечатоци : Се утепав од смеење.