The Fall Дејствието се случува во болница во Лос Анџелес, во почетокот на 20тиот век. 5 годишната Александра која има скршена рака, се здружува со Рој - каскадер кој има сериозни повреди на телото и е неподвижен. Тој почнува да и раскажува приказна за пет херои, а секогаш кога ќе дојде до најинтересниот дел од приказната, ја прекинува. Па и поставува услов - ако сака да ја продолжи приказната, мора да украде и да му донесе морфиум од аптеката.
Trust Филм кој дефинитивно треба да се погледне, пред се поради тоа што филмот обработува еден од најчестите проблеми на денешницата - интернет зависноста и злоупотребата на деца од интернет педофили. Оценка 8/10 Prom Night Филмот се води како хорор, а не е хорор, барем мене не ми беше воопшто страшен. Семејството на Дона е брутално убиено од нејзиниот професор кој е опседнат со Дона. Убиецот е фатен и ставен зад решетки, а Дона продолжува да живее во кошмари бидејќи е сведок на убиствата. Поминуваат три години од масакарот, Дона се спрема за матурска вечер, но .... Останатото погледнете го Мене лично не ме воодушеви филмот, па затоа му давам оцена 5/10. Crazy, Stupid, Love Уживав во филмот. Интересна приказна, убава глума и Ryan Gosling - да го грабнеш и да бегаш Го препорачувам. Оцена 9/10
Цел ден гледам филмови, акција - трилер Man on Fire (2004) Colombiana (2011) Deja Vu (2006) Дензел Вашинтон вечерва ќе го сонувам!
Thank You for Smoking (2005) Aaron Eckhart во улога на лобист на компанија за цигари, т.е. во центарот за развој и истражување со тутун. Негова задача е да ги “брани“ цигарите во големиот број јавни напади кон компанијата, но и кон него, со неговиот неоспорен талент за говорење. Во меѓувреме, на деловните патувања го носи совјот син, пробувајќи да му остане добар пример и репер за иднината. Темата на филмот е многу интересна, има многу зборување, но воопшто не е досаден. Го препорачувам. 8/10
Trust И те како носам позитивни впечатоци од филмов, но навистина не знам што мода стана да филмовиве немаат завршеток. Ова е 4ти филм месецов кој го гледам и кој нема крај, туку истолкувај како сакаш. Ќе толкувам јас, ама неќам бре. Дајте крај, како што и треба. Има филмови кои навистина се за толкување и кои се целите наша фантазија. Ама па во последно време дал комедија, дал акција, дал трилер, дал драма ги оставаат недовршени приказните и завршува филмот одеднаш. Сижето на филмот е перфектно, девојчето игра феноменално, таткото е и повеќе од добар, мајката е лош избор на глумица. Тоа е реалноста да, интернет превари на недораснати девојченца. Ве прочитав на темава глупо било девојчето. Не се согласувам. На 14 години многу лесно може да потклекнеш под туѓо влијание посебно на некој поискусен, кој ќе ти го испере мозокот со други зборови. Свати која е реалноста, но за жал прво беше искористена. И кога треба се да заврши и да се фати педофилот и оп крај! Ни педофил, ни фатен, ни објаснување до крај е истрагата ништо. Само девојчето свати дека е наивно и енд оф стори. Јас знам дека и во реалноста ретко се наоѓаат овие интернет преваранти, ама бар на филм дајте убав крај бе. Е така тоа сакав да си го кажам не дека тоа ми има големо влијание вкупниот впечаток на филмов, ама кога гледам 4ти филм во низа без крај се нафурав За овој оценка 8/10
Urban Legend (199 1 i 2 JAS До сам край на 2та филма не го погодив убиецот )) не се лояи и интересни се за гледаше ....но нели се постари и тоа доста и така да пронајдов достаа мнн мнн грешки ( она од типот на БАУ БАУ) лесно и не мнн стасно филмче - вечер ке е 3тиот и последен дел на мо0јот репертуар... хихи 5/10
The Prince and Me Романтично лигаво филмче, интересно на моменти, малку нереално бидејќи зборуваа на Англиски јазик, а не на Дански.
The Reeds Хм, па дефинитивно оригинална локација за снимање хорор филм, тоа мора да кажам, уште не сум гледала филм со убивања во трски. Е сеа, фино ќе беше и идејата за филмот да била исто толку автентична, но за жал тоа не може да се каже, бидејќи кој го гледал Triangle (http://www.imdb.com/title/tt1187064/) ќе доживее ко дежа-ву со гледање на овој, само се разбира со друг кастинг. А да, и локацијата е многу битна тоа мислам дека спомнав веќе. http://www.imdb.com/title/tt1327200/
Прекрасен филм,баш да те орасположи, Гуливер но малку во посовремена верзија Не би да прераскажувам,зошто цело време се многу интересни случувања,погледне те го...
Комичен и со силна порака .......за определбата ( сексулана па и било каква)........... на секој од нас . Некоја оценка на средина би дала
Chronicle (2012) - Го заборавив преска во списокот кој го имав со предните 2 филма ...со еден збор ке кажам дека е веч видено ... само со нови фацулиња....4/10 за плус детали Spoiler http://www.imdb.com/title/tt1706593/
The Notebook Обично не ги сакам филмовите и книгите на Спаркс, не дека немам гледано некои од нив, имам, чисто од љубопитност и да тепам досада.Ќе кажам дека ми се доста патетични, скоро со иста содржина, актерите во повеќето ми се лоши...но овој го издвојувам од таа група, го имам двапати гледано до сега и ми оставил силен впечаток, некако како првенче(барем мислам дека му е), како да си ги оставил, душата емоциите, сета инспирација во ова дело, па според него направиле добар филм.Актерите се одлични, јас го обожавам Рајан, како поради одличната глупа,така и поради шармантноста со која зрачи, а Рејчл немам зборови, таа е одлична актерка, а воедно и прекрасна жена.Во улогите и двајцата се снашле доста добро и сосема си одговараат, делуваат како вистински вљубен пар. Мислам дека нема потреба да кажам за што се работи, пошто повеќето го имаат гледано.Според мене ова е единствен добар филм кој излегол од екранизација на делата на Спаркс, книгите не ги имам прочитано се надевам подобри се од филмовите. Значи убава топла приказна, со порака дека ако се сака се се може.Исто така одлична романтика и голема љубов се прикажани во филмот.
Според книгата Делувај како жена, мисли како маж ( Act like a lady, think like a man) ... онака стандардна романтична драма со правила и лекции за машко женските односи. Не ме воодушеви нешто баш, ама не е лош. 7/10
Shrooms Филмов го постирам само за да не трошите за џабе нет, а камоли време да го гледате. Тешко срање у боја. Јас да се оградам дека ваквите ``хорорски,, лимонатки сум приморана да ги гледам, така е кога деца бираат филмови. Ај барем ви кажувам што да не гледате. http://www.imdb.com/title/tt0492486/
Spoiler Филмов можда и не беше кизнае што, ама јас го гледав поради глумицата, и обожавам филмови со било какви спортови. *Haley Graham е поранешна гимнастичарка, која, откако беше на погрешна страна на законот, е испратена во juvy - VGA - Vickerman's Gymnastic's Academy (Гимнастичка академија на Викермен ). Кога се појавува, се соочува со многу пречки.Заедно со нејзиниите луди скејтер пријатели, Frank и Poot, го свртува гимнастички светот наопаку, со нејзиниот бунтовен начин.
Интересна романтична комедија која беше дежа ву но сепак ја изгледав во еден здив.Одлична глума, /заплети расплети и многу комични ситуации.Го препорачувам на сите 7/10
Bride Wars Со мојата омилена Ен. Spoiler Се работи за две најдобри другарки Ема и Лив, кои цел свој живот го поминале заедно. Решаваат да се мажат на Плаза, нивиниот хотел од соништата. Но, сектретарката од хотелот ги помешува датите и двете испаѓаат на ист ден. Никоја од нив несака да го смени датумот. Па, не е за џабе наречен филмот Војна на невестите. Глума : Двете имаат 10 од мене. Преубаво одглумено. Коментари : Препорачувам на секого, супер за опуштање. Многу смешки. You don’t alter Vera to fit you, you alter yourself to fit Vera. Do you think there is something better than Vera Wang? I’m sorry do they keep that next to the something that is better than chocolate? Сликици во споилер : Spoiler
Николас Спаркс и се ви е јасно. Филм за релаксирање. 7/10 Не кажувам што е приказната, верувам оние кои ги сакаат овие романтични стории сигурно ќе го гледаат.
http://www.google.com/imgres?q=nine+and ... 0,s:0,i:85 Spoiler Еротска приказна за жена,асистент во уметничка галерија,која се заплеткува во афера со непознат маж.Таа малку знае за неговиот живот,единствено за секс игрите,па врската станува комплицирана. интересен филм а мики рурк е мн згоден :geek: