Iam a legend Луѓе појак филм, здравје! Spoiler Во филмот се разкажува за еден вид вирус што ќе се рашири во градот Њујорк т.е целиот свет.Сите луѓе кје се претворат во еден вид на чудовишта незнам како се викаат, излегуваат само навечер кога е темно. Во градот останува само еден човек кој живее со своето куче.Кучето ќе биде гризнато од тие лугето и ќе умре за него тоа ќе биде голема загуба и ќе остане сосема сам.Една вечер кје остане во колата и ќе ги чека да дојдат лугето.Тие ке го нападнат, но во градот имаше уште една жена таа ќе дојде и ќе светне со светилата од колата и ќе го зеде кај неа дома.На крајот лугето ќе им влезат во куќата.Жената и детето тој ќе ги засолни а тој ќе се убие сам со бомба.На крајот детето и жената ќе се спасат и ќе заминат од градот. Оцена: 10/10.
Малце оффтопик сум ама дали ќе може да ми пратиш торент од филмови 6852668156 дена го барам... секаде камера снимка се... најде подобра?
^ peperutka20 овде можеш да го гледаш онлајн без да се регистрираш http://www.extracafe.rs/publ/filmovi_uz ... -1-0-13305
Indecent Proposal http://www.imdb.com/title/tt0107211/ Незнам како можев досеа да го испуштам.Филмот е прекрасен. Значи ти дава голема слика на работите околу љубовта... Џабе ти се парите,ако немаш љубов.И стварно е така. И уште нешто, жена како што може да те заебе не може ништо друго.Е тоа е тоа. Мора да го изгледате филмот.За тие што не го гледале.СТРОГО ПРЕПОРАЧУВАМ Кратка рецензија: Дечко и девојка т.е после стануваат маж и жена наидуваат на финански проблем...и тоа голем финански проблем и мажот добива идеја да одат во казино...На среќа таму добиваат доста пари а женава додека се шета по продавниците запознава еден билионер кој што подоцна им дава понуда 1 милион за една вечер со Дијана(жената) ... И видете понатаму што ќе се случува... Оцена од мене 10/10 Други филмови што ги изгледав се Before Sunrise i Before Sunset. Премногу очекував пошто имаше добри оцени на имдб. Првиот дел Before Sunrise ај да речам океј беше ама очекував стварно нешто да се деси... а вториот дел жива катастрофа...За џабе загубени 4 саати за двата филма... Никакво дејство... Тоа па тоа... Не препорачувам 3/10
Влегуваат од сон,во сон, сонот го претвораат во реалност.Но што и кога ќе стане сонот реалност? Интересно, и го препорачувам на секој да го гледа! 10/10
Spoiler Девојката има рак и времето за живеење и е ограничено. Прво таа мисли дека тој е идиот , но потоа се запознаваат подобро и се заљубуваат ,но таткото на девојката не сака да бидат заедно бидејќи и преостануваат 2 години живот.Таа не сака да го послуша ,па така дечкото ја запросува знаејќи дека е болна и треба да умре.Стапуваат во брак и една година подоцна таа умира. Многу убав а и тажен филм по вистинска приказна, вреди да се погледне.
What Happens in Vegas Убаво, баш смешно, опуштено релаксирачко филмче. http://www.imdb.com/title/tt1033643/
Srekicka фала ти многу ама сепак торент ми треба,пошто за да го гледам онлајн филмов треба гледам да инсталирам нешто... а што чачкам се и инсталирам свашта лап топов лом си го направив и на крај вирус фанав што ме удри во глава коа го видов...добра варка им беше... и затоа сеа не чепкам ништо.Сепак фала ти а некој што знае да ми прати торент со добра снимка од филмов.Поздрав феминки
Прекрасен филм, буквално филмов треба да се гледа два пати, намерно не го прераскажувам зошто ќе се загуби смислата. Причината поради која треба да се погледне два пати е тоа што завршетокот одговорот што ќе го добиете, ќе треба потоа да го гледате пак за да ги сватите причините на постапките на актерите
The Bucket List (2007) Еден од најдобрите филмови што ги имам гледано. Со длабока содржина за животот. Ме расплаче ептен Те тера да размислуваш многу за смислата на животот, за смртта.. Гледајте го, навистина прекрасен филм Препорачувам 10/10
- 1997 г. Приказна за руската принцеза Анастасија Романов, последниот преживеан член од фамилијата Романов при погубувањето од страна на Распутин, покрај нејзината тетка. После десет години поминати во сиропиталиште таа одлучува да замине во потрага по своето семејство за кое не знае ништо поради амнезијата со која се здобива при егзекуцијата. Единствениот знак според кој ќе се води е синџирчето од тетка и' на кое пишува Заедно во Париз. На патот ќе и' се испречи кученцето Пука кое ќе и' ја покаже патеката која треба да ја следи, а тоа е Санкт Петербург, каде ќе се запознае со Димитри итн. (верувам дека поголемиот дел од вас го знаат продолжението на овој прекрасен анимиран филм, а за оние кои не го знаат навистина вреди да се погледне). Семејна, љубовна драма со историска заднина надополнета со уште поубава музика, прилагодена за малите детски срца и љубопитност. Што поубаво? Но, тоа не значи дека и повозрасните нема да поминат едно убаво време, навраќајќи се на безгрижното детство . http://www.youtube.com/watch?v=bYWWZjjBtKY
I Don't Know How She Does It (2011) Интересно е филмчево. Само некако незнам.. како Сара да е по-стара за улогава.
колку болеста може да го смени човекот,и сепак нормално да живее ама морници ме лазат од поклопувањата за бројот 23
Дојде ред и на овај филм Changeling 9 /10 Spoiler Приказната се одвива во Лос Анџелес во 1928 г. кога Кристин Колинс се враќа од работа дознава дека нејзиниот син е исчезнат. Почнува истрага и по неколку месеци деветгодишното момче е вратено дома. Таа му дозволува да остане дома иако знае дека тој не е нејзиниот син. Таа ги притиска властите да ја продолжат истрагата, и тогаш сваќа дека во време на Прохибицијата, жените не смеат многу да се истакнуваат и да го креваат својот глас, туку едноставно да го живеат животот онака како знаат и умеат. Ќе ја сместат во психијатриска болница и таму ќе се сретни со повеќе случаеви како нејзиниот кој им се спротивставиле на властите. Таа се запознава со отецот Бријглеб, кој ќе реши да и помогне да го најде детето и да се бори против системот и оние што сакаат да ја замолчат. Многу добар филм
Oхооо еден куп филмови бидејќи сега се прибирам од кино, последни 2 филма што ги гледав се http://www.youtube.com/watch?v=1hPpG4s3-O4 3D уффф кои ефекти човече, дефинитивно и Cкарлет е троа секси на 3D убавка е, мрсничка бре, јас ја сметав за слаба 10/10 поради ефектите, инаку вака би му дала 6.5 21 Jump Street http://www.youtube.com/watch?v=ISJR4rVO0TQ сме се изнасмеале на филмов, интересен лесен, супер е за едно гледање, ако сакате убаво да се намсеете 8/10 се работи за 2 полицајци, кои ќе бидат пратени во средно школо за да најдат кој продава дрога A за другите деновиве, зашто искрено маратон направивме
Spoiler Добро филмче. Lauren почнува истовремено да се гледа со двајца момци, кои патем кажано, не најдобри пријатели и колеги, и никако не може да се одлучи со кого од нов да остане. Интересно е да се види како ќе го направи изборот Моја оцена 7.5/10
Fragile (2005) Frágiles (original title) Добар филм, со Калиста Флокхарт, девојката на Харисон Форд во приватен живот или што и да му е. Тоа е помалце битно, важно е дека е интересно филмче. http://www.imdb.com/title/tt0422272/