Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Pirate Radio (2009)
    aka The Boat that rocked
    [​IMG]
    Мене многу ми се погоди филмчето, иако прочитав коментари од критичарите дека бил премногу долг (2 часа и 5 минути) за да го задржи вниманието.
    Ова е лесен, интересен, ненаметлив филм за илегална радио станица во 60-тите години од минатиот век на територијата на Англија, која оперира од брод среде океан, а нејзините водители имаат само една цел - музички да го образуваат британскиот народ за квалитетен поп и рокенрол, (додека властите очајно се обидуваат да ги затворат).
    Британски хумор, кастинг кој воодушевува - Филип Сејмур Хофман и Бил Најџи, многу интересни кадри, прекрасен избор на песни, совршен крај.
    Мене дури и солзи ми потекоа, едноставно ми создаде такво чувство на среќа и пријатност.
    7/10
     
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Derailed
    [​IMG]
    Ми се допадна филмот. Убава приказна, неочекуван пресврт и добар крај.
    Оцена 7/10
     
    На Shery и Trendafilka им се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    http://www.youtube.com/watch?v=j2ODMJsocoU

    Immortals Kој сака митолошки работи, борби-тогаш нека го гледа.добар е филмов 7/10

    http://www.youtube.com/watch?v=P4GxaTU98DQ&feature=fvst

    Mission: Impossible Ghost Protocol
    -
    Tом Kеуз е на задача да го најде такозваниот Kобалт, и да спречи нуклеана војна. Mногу акција, на моменти и досаден 7/10 бидејќи е многу долг

    THE RITE

    http://www.youtube.com/watch?v=Vb3gHG3b9pA&feature=fvst

    Mлад поп, кој не е сигурен дали сака да биде поп, е пратен во ватикан, кај отецот лукас, да си ги расчисти сомнежите. 8/10 јас сакам вакви филмови до егзорцизми :)

    http://www.youtube.com/watch?v=-J3HfllvXWE

    Captain America: The First Avenger -Mладо момче сака да оди во војска и да се бори против нацистите. Hа крај ќе успее во планот, ќе отиде во војска, и ќе го изберат него да биде херојот,кој ќе себори против злото

    7/10

    ете ја мојата маратонска листа :D
     
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Ghosts of Girlfriends Past (2009)
    Само што го изгледав. Супер филмче, негде пред крајот, како морничав ми беше. :tmi:
    Ама суперишка е. Препорачувам. :up:
    [​IMG]
     
  5. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    The River Wild

    [​IMG]


    Само што заврши на Сител. Филмче од 90-тите со Мерил Стрип и Кевин Бејкон. Не знам веќе по кој пат го даваат, ама во споредба со останатата програма ова беше супер.


    http://www.imdb.com/title/tt0110997/
     
  6. peperutka20

    peperutka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    По препорака на феминките го гледав Фостер!!! Леле значи многу голема плачка сум. Многу емотивен филм.Ме допре ептен. А детенцето е преслатко,душа. Ви препорачувам да го гледате!!!

    [​IMG]
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    [​IMG]

    Fragile или некаде е Fragiles

    Интересен трилер. 7.5/10

    Во детска болница се случуваат необјасниви случки ... Новата медицинска сестра ќе се заинтересира да открие што ... Ако ве интересира гледајте го
     
  8. Mameha

    Mameha Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    490
    ЗАДОЛЖИТЕЛНО
    No.1 August Rush 10 /10
    прекрасно дело :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На Bubbi, Nastjaaa4 и JuLleE им се допаѓа ова.
  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    29.332
    Пол:
    Женски
    Pretty in Pink(1986)
    [​IMG]

    Постаро филмче од типичните 80ти.Комедија/драма/романса.Ми го задржа вниманието и ми се допадна.7/10
    Сиромашна девојка се справува со школото, богатите и животот во главно.[​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  10. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    How to train your dragon

    [​IMG]

    Интересно цртанче.
    Приказна за млад викинг, задоен со омразата кон змејовите и уништување на истите, кој открива дека тоа се едни пријателски настроени суштества.

    Parada
    [​IMG]
    Онака. Арчи пари.
    Филм по стандардна мостра од мултинационални размери, во која освен обид за глума и обид за комедија, достигнува размери на трагедија, барем од мое гледиште.
    На страната на заштита на правата на хомосексуалците, принуден е да застане и сопственикот на фирма за обезбедување, заедно со неговите другари од југословенските земји со кои порано се убивал на бојно поле, сите залагајќи се за ненасилна комуникација и бранење на хомосексуалците.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    И јас го изгледав вчера АUGUST RUSH, и ми се допадна многу. :)
    Приказната делува како некоја современа музичка бајка, прекрасни песни, многу емоции и љубов.
    Детенцето е преслатко, и кастингот е совршен, сите беа погодени во улогите и глумата.
    Си го симнав и санундтракот, прекрасна музика.
    8.5/10
     
    На Mameha и JuLleE им се допаѓа ова.
  12. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Frida ( 2002)

    [​IMG]

    За филмов уште не можам да најдам зборови со кои што ќе можам да ви доловам под какви импресии сум.
    Само ќе кажам : МАЕСТРАЛНО. Браво за Salma Hayek. :clap:
    100% сум сигурна дека долго време нема да ми излезе од глава.
    Изобилува со оригинални quotes, глумците се чиста 10ка, а музиката е црешката на шлагот, нема за џабе добиено два Оскара a богами и цурата шо ја гледате на аватар не е за џабе таму. :D
    Гледајте го, уживајте оти ова е баш вистински филм.

    10/10
     
  13. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    [​IMG]

    5/5 :clap:
    Ми стана еден од омилените анимирани филмови. Интересна е приказната, не е типична бајка како останатите, има добар хумор. Супер е! :D
     
    На Divinebutterfly и Annath им се допаѓа ова.
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    The Help

    Филмот е прекрасен, меѓутоа немаше некоја јака кулминација..
    инаку тажен и преубав со многу силна порака :)
    Оценка: 8/10
     
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    [​IMG]

    Си ја сакам Дајен Китон. Филмов содржи единствен хумор, а колку и да не го сакам Вуди Ален, морам да признаам дека секој филмот што му го имам гледано убаво ме изнасмеал.

    ќе им умре комшиката, ќе им биде сумљив мажот, па ќе почнат да си изиграваат детективи. Џабе да кажувам кратка сторија, кога текот не е толку битен колку дијалозите и глумата.
     
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.413
    Допаѓања:
    22.718
    Пол:
    Женски
    The things we lost in the fire - Синоќа го гледав на Канал 5, и се воодушевив. Филмот е прекрасен, силно го препорачувам. Во главни улоги се Хали Бери и Бенисио дел Торо, а филмот е чинам од 2006. Оценка 9.
    Приказната е многу емотивна, буди многу чувства кај гледачите и баш поради тоа и ми се допадна. Едноставно филмов те тера да размислиш за многу важни работи што се случуваат во животот.
     
  18. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Fright Night
    [​IMG]
    Демек хорор. Не видов ни Х од хорор овде.
    Малку преценато мислам..Би му дала 5/10.
     
  19. Ireney

    Ireney Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    11
    fight club-the best movie in the world..so najsranje trejler...mora da se glea za da se svati...da bese filmot decko kje se vljubev:) 100/100
     
    На FlowerPower му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    The Exorcism of Emily Rose
    - Crime | Drama | Horror

    Конечно. Дечко ми е крив! А се имав речиси заколнато дека никогаш нема да го гледам после Паранормал активити, ама ете, го изгледав, некои сцени ги премижав, некои со пола око...
    Се на се филмот е прекрасен. Верувам дека е така како што е, можеби не баш се но во главно верувам, затоа и одбивав да го гледам, зашто најголемиот страв ми е овој, демонскиов, негативните енергии и опседнатоста, егзорцизми и сите тие работи.

    Приказната убаво склопена, се скоцкано и успешно доловено.
    И...најстрашна сцена, која ја погледнав со едно око а после замижав, Емили на земја, цела превиткана кога му скокна на дечко си.

    [​IMG]