Project X - стварно забеган филм ...не очекував дека тоа ке се деси.... Родителите на детето одат надвор од градот да слават годишнина а детето тогаш ке прави 17 години и еден негов другар го наговара да направат забава ионака им е празна куќата. детето не е популарно, повлешено е добро, и од мене на тебе кој нема да дознае за забавата и ке се соберат 200о души...... за останатото - во филмот
Sanctum Стварно не знам зошто филмов има 5.7 оценка на imdb, мене не ми беше толку лош. Дејствието се случува некаде во Папуа Нова Гвинеја, каде една експедиција ќе истражува пештера за која се претпоставува дека е најдлабоката во светот. Членовите на тимот нуркачи поминуваат повеќе и од десетина дена во пештерата без да видат сонце, и со посебна опрема ги истражуваат длабочините на пештерата за да откријат од каде водата се слева во морето. Но, откако во тој дел од земјата ќе надојде силно невреме, пештерата ќе почне да се полни со вода од поројните дождови, па тимот ќе мора да бара начин да се спаси. Интересен филм, мене на моменти ми беше многу језив, затоа што од секогаш сум се плашела од бесконечноста на морето, па и затоа не сакам да нуркам. А такви сцени во филмов има многу. Освен тоа, обидот за преживување нема да им успее на сите, па некои сцени ми беа малку морбидни. Инаку филмов е базиран врз вистински настани.
A tres metros sobre el cielo Значи никогаш не гледам филм кој моментално е актуелен. Ептен бев скептична за овој. Сите го фалеа, плачеа по него, но сега ниту јас останав рамнодушна. Колку и да си резистентен ќе ја погоди и најдлабоката емотивна жичка и ќе пуштиш макар една солза. Е затоа се мразам себеси кога гледам вакви филмови. Ми треба цела ролна тоалет. Како и да е, иако веќе видено, ми се допадна филмот. Башка и што беше на шпански. Не сум потресена од убавината на глумецот, туку од неговата харизма. Знаеше да ја натера да се заљуби во него.
This means war (2012) Агенти на CIA ќе се залетаат по иста девојка, притоа употребувајчи разни трикови и методи да ја освојат. Филмчето е за тепање време, кога навистина нема да имате што да гледате, зошто е крајно предвидлив, нереален и приглуп. Има неколку смешни сцени, а Рис сеуште не можам да сфатам дека ја декларираат како секс симбол. 5/10
Иако мислев дека нема никогаш да го изгледам претпоставувајќи дека станува збор за типична тинејџерска приказана-лош дечко, добра девојка, хормони, страст, лудило, лигавење...ама ете му дојде редот оваа досадна вечер...И веројатно ќе бев многу повоодушевена или потресена да го гледав пред десеттина години, сега поинаку гледам на вакви ствари и цело време си велев-бегај ма Баби, утре и тебе ќе те тепа Искрено има неколку сцени кои дури и за мене се ваууу да се растопиш бе ... Ок не е лош, ме потсети филмот на дел од мојата младост лудост Стара сум сега за вакви филмови
Chalet Girl Не е којзнае што, онака филмче за неделно попладне што би се рекло, исполнување на времето. Се работи за девојка,која по загубата на својата мајка,некако целосно се повлекува, сакајќи да помогне на татка си, оди да работи како слугинка во една куќа но таму покрај тоа што ќе се зањуби, повторно ќе и се роди желбата за спортување.....останатото поопширно и детално погледнете го сами.
The Immortals Приказната можела да добие и подобра екранизација. Старите цивилизации, начинот на живот и нивните верувања се богат извор на идеи за филмови. Ама не секој знае како што треба да ги преточи во приказна. Тезеј и Хиперион, битката помеѓу боговите од Олимп и нивните вечни противници Титаните - оставиле место за продолжение, ама не знам ни дали ќе го има. Се потрудиле недостатокот на приказна да го надоместат со уверливи, да не речам морбидни сцени на битки. Ако имате слаб стомак, не го препорачувам. Инаку, може да му дадете шанса. Моја оценка 6/10.
Конечно да најдам време за филм, па и од 2ипол часа Mystic River Тројца другари од детството повторно стапуваат во контакт откако едниот од нив ќе ја изгуби ќерката, но никој не може да ја заборави трагедијата што се случила додека биле мали. Препорачувам :up:
The Devil Inside Spoiler Тема: Егзорцизам. И сигурно многу подобар од оцената на имдб. Според мене 7/10. http://www.imdb.com/title/tt1560985/
И јас конечно седнав и го изгледав филмов.Ова ми е прв филм после едно две недели пауза и морам да кажам дека ме воодушеви и јас го препорачувам
Something's Gotta Give Јас малку бев напната периодов, па синоќа ми требаше некое релаксирачко филмче и го одбрав ова, иако сум го гледала. Дајан Китон ми е ептен срцка, а овојпат игра разведена писателка која живее во прекрасна куќа покрај морето. Пресврт во нејзиниот живот се случува кога нејзината 30 годишна ќерка, ќе го донесе нејзиниот 60 годишен дечко и ќе ги запознае. Интересно филмче, со многу убава комбинација на актери - млади и убави, постари и харизматични. Филмот изобилува со преубави сцени, како од ентериерот на куќата, така и од плажата и морето.
Gone Толку ука бука, а сосема просечен филм. Цело време очекуваш нешто да се деси и завршува. Многу блед, слаб филм. http://www.imdb.com/title/tt1838544/
Spoiler Lilo and Stitch (1) Всушност, ова е анимиран филм (цртан). Иако со голема фантазија - филмчево ме освои. Немам појма колку плачев. Филм за Лило, девојчето кое ќе биде одземено од нејзината сестра од страна на социјален работник. Таа ги губи пријателите, а ги има загубено и родителите. И кога оди да си купи куче - таму го наоѓа Ститч. И од тогаш се неразделни. Но, Ститч и донесува многу проблеми... за на крај приказната среќно да заврши. Барем овој (прв) дел. O'hana means family. Family means nobody gets left behind or.. forgotten. Spoiler Just go with it Просечно филмче. Ништо посебно, ама интересно е. Не се каам што го гледав, оти си сакам филмчиња со среќен крај. Spoiler 16 Wishes Типично тинејџерско, со големки примеси на фантазија, филмче. Но, сепак на крај ми се допадна пораката дека иако девојчево стана она што сакаше (возрасните да ја разбираат, популарна, сите да ја сакаат, да ги има најубавите алишта..) сепак, пак се врати на својот поранешен живот. Онаму каде што мислеше дека е губитничка. И ги поправи нештата. Барем сфати дека го сака најдобриот другар, повеќе од оној снобот. Spoiler Monster in law Интересно. Глумецот е „wow“ . Типично американско филмче со среќен крај, но ми се допадна. Не многу, но ми се допадна. Смешни ми беа деловите со Џенифер и свекрвата, кога останаа сами. Spoiler Wild child Конечно и јас го гледав. Ми се допаѓа. Тинејџерски просечен, ама ме расплака. Алекс ми е - , исто и Ема Робертс. Пак би го гледала.
Iron Man (200 Се чудам како до сега го немам гледано. Закон филм, ама ЕПТЕН закон!!! Ахх Тони Старк Ако сакате сајнс фикшн, тогаш филмов е задолжителен! Препорачувам 100/10 Spoiler Сега во план ми се да ги гледам и следните делови, Iron Man 2, The Incredible Hulk.... пред да го гледам последниот, The Avengers Одвај чекам
One day (2011) Романтична драма со малку комични елементи.Совршено е за тие што сакаат да гледаат како се развива една љубов, како два сосема различни карактери се спојуваат и разделуваат повеќе пати во текот на 20 години.Плачењето е обавезно... Јас бидејќи не сакам љубовни патетики (немојте да ме нападнете за ова), не би му дала висока оценка.Ама, ајде да бидам објективна...9/10 П.С.Глумецот е....лепота
I hope they serve beer in hell - Филмот е комедија и не е лош. Се работи за пријателство меѓу 3 мажи, и како секој од нив го разбира истото. Онака за тепање време е добар.
Spoiler John Tucker Must Die Се работи за еден многу популарен дечко по име Џон кој има навика да има повеќе девојки истовреме. За жал, тие ќе контактираат меѓу себе и ќе дознаат се. Решаваат да му се одмаздат. Глума на Џон : Добар е, не е лош. Оцена : 7/10 Еве ги јаките.
13 going on 30 Spoiler Се работи за едно девојче, кое не е популарно во училиштето, и ја искористуваат. На една забава, таа посакува да биде 30 години и тоа се остварува. Оцена : 4/10 Актерине кај ги нашле незнам. Врска си немаат.
Stuart Little Spoiler Се работи за маж и жена кои сакаат да посвојат дете, па во центарот за посвојување се запознаваат со малиот Стјуард. Но, за жал тој не е тоа што тие го бараат. Оцена : 10/10 Ме врати кога бев малечка, многу го сакав филмов, па ја терав мама ми посвои братче.