Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    После неколку пати како го начекав во некои теми, се решив и јас да го глеам (став мушки, сигурно викам е сра*е филм)
    [​IMG]
    tres metros sobre el cielo

    Жени бре па, се отепав плачејќи, башка крај на пмс :tmi: се отепав со филмов :|
    Добро филмче, добри ликови, добро дејствие, смешен, тажен, напнат, исчекувачки, плачковски... :D
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    13
    Млад човек, кој работи како електричар, после смртта на еден муштерија се впушта во една опасна игра. Откако ќе украде едно плико, ги следи упатствата коишто се наложени, и се заплеткува во една „мрежа“ од богати луѓе, коишто се обложуваат во животите на други луѓе кои се принудени да играат модифицирана верзија на руски рулет.
    Филмот има необичен заплет, на мометни е брутален, суров, гаден за гледање, ама држи до незивесност до самиот крај. Во филмот се појавуваат Jason Statham, Mickey Rourke и 50 Cent, но Sam Riley е водечката улога и доста фино се снаоѓа во неа.
    Не знам на какви љубители на филмови би го препорачала, ама за тие што сакаат драма, трилер, и по малку пукање и крв, ќе помине солидно.
    7/10
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.643
    Допаѓања:
    22.144
    Пол:
    Женски
    The Firm (1993)
    [​IMG]

    Одамна неам глеано вака оригинално филмче.

    Млад адвокат добива работа во престижна фирма во Мемфис. На прв поглед условите изгледаат примамливи: 2000 работни часа годишно, висока плата, нов Мерцедес, куќа со минимална камата во која ќе живее со својата сопруга...Но, тој се` уште не знае за темната страна на оваа фирма
    поради која за 10 години, 4 адвокати (не постари од 25 години) го губат животот.
    Дали ќе успее да се спаси од опасната пајакова мрежа во која ќе се заплетка со самото влегување во фирмата? Која е цената која ја плаќа за наизглед совршената работа? Дали правдата сепак ќе победи?
    И можно ли да се разоткријат куп опасни адвокати, без притоа да го прекршиш законот?

    Трејлер
    http://www.youtube.com/watch?v=I8k4wZp6Wio
     
    На Hipster и Trendafilka им се допаѓа ова.
  4. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Ме заборавивте???? Еве ме!!!

    The Lovely Bones
    - Drama | Fantasy | Thriller

    [​IMG]

    Боже, Боже каков филм, ФИЛМИШТЕ!
    Прекрасна, значи читај буквално прекрасна драма/трилер која никој нема да оставе рамнодушен!
    Сценариото е според книга, која ја немам прочитано но верувам дека е брилијантна.
    Филмов е драма за топло и хармонично семејство, татко, мајка и 3 деца.
    Еден ден, едната од двете ќерки е убиена.
    Дејствието се одвива речиси во прво лице, убиената девојка раскажува, поттикнува и помага од нејзиниот нов свет да се открие убиецот, и на некој начин сеуште е присутна, се чвствува нејзиното присуство и после смртта.
    Сцените, глумата, самите глумци, моментите на болка...маестрално се изглумени и доловени.
    Луѓе, ви нередувам да го гледате!


    Trespass
    Crime | Drama | Thriller

    [​IMG]

    Исто така добра драма/трилер со Кејџ и Кидман.
    Заробени во својата куќа, заедно со својата ќерка, излезот очајно го бараат но некои глупаци постапки упорно назад ќе ги враќаат за на крај маестрално да се открие точно зошто е се така.


    Hostage
    - Crime | Drama | Mystery

    [​IMG]

    Брус Вилис во криминална драма, каде што мора да жртвува една фамилија (кои воедно се заложници во цел филм)за да ја спасе својата.
    Мене лично ми се допаѓа глумата на Брус, па и овој филм по втор пат за на дечко ми меракот го изгледав без проблем.


    Grown Ups
    - Comedy

    [​IMG]

    Сликата кажува се! Сите глумци кои ме смеат до солзи се тука. Нема утка, го гледав пред некој ден конечно, и си се насмеав како и што очекував.
     
  6. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.176
    Wild child


    Го немав гледано досега. Онака, баш интересно филмче, се смеев на многу моменти. :D
    И не знаев дека Ема Робертс била толку исушена, :o тие нозете ... ковчиња. :tmi:

    9/10
     

    Прикачени фајлови:

  7. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Thor (2011)

    [​IMG]

    Ептен ми се допадна филмов!! Си почнав ја да си гледам сајнс фикшн филмчиња, а немам нешто многу гледано до сега, али очигледно ме привлекуваат.
    Одличен филм, мислам дека од секој аспект ми се допаѓа, нема ама баш никаква утка. Одлични ефекти, приказна која го задржува вниманието до самиот крај, добра глума, актери, а Тор...ај нема потреба да зборувам..верувам нема женско што не го бендисала :lol:
    Сега одвај чекам да излезе Thor 2, ама баајги треба да си почекам за него. :D

    Препорачувам!
    10/10
     
  8. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    When in Rome

    [​IMG]
    Го имам гледано филмов и претходно, и исти ми е како и другиве романтични филмчиња, иако посебен шмек на филмов му дава Josh Duhamel :inlove:

    Mean Girls
    [​IMG]

    Ок, колку пати го имам гледано филмов незнам ни јас самата битно е го гледав во периодов на пмс иако ми се спиеше страшно и иако знаев како ќе заврши битно ми беше да го изгледам до крај :D
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.452
    Допаѓања:
    250.823
    This Means War
    Фино лимонадесто филмче.
    Натинг спешал. Ама добар е, за едно неделно попладне.
    Иако оваа Рис неможам да ја сварам, сепак филмот се трпи.
    Сепак ќе ве остави во добро расположение.

    Туку иам забелешка околку кастингот, во врска со изборот за Лорен. Можеле да најдат подобра актерка, Рис никако не ми е секс симбол по која ќе се попалат двајца мажи. Еден дали :^) .
    Може да не беше Рис во главна улога филмот би бил подобар.
    Вака 6/10.
     

    Прикачени фајлови:

  10. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Мислам дека пола од вас веќе го имат гледано. :D
    Интересно филмче :D
    Се изнасмеав :D
    [​IMG]
     
    На LilBaby и Srekicka им се допаѓа ова.
  11. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    22.836
    Пол:
    Женски
    Forgetting Sarah Marshall - по препорака на една страна од нет, демек фина комедија бла бла. Нема врска, ништо посебно не ми беше. Освен прекрасните пејзажи од Хаваите, другото не вреди. Слабо, не препорачувам :)
    Contraband - е овој филм ми се допадна навистина. Акција, драма, трилер - од се по нешто. Оценка - солидна 8ца :)
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Monty Python's Life of Brian
    [​IMG]
    Што да се каже... :D
    Ако сте обожаватели на Монти Пајтон, ќе ви се допадне филмов. :)
    Ако не сте, нема да му го посакате ни на најголемиот непријател. :D
    Јас сум во втората група, иако решив да му дадам шанса, и да изгледам неколку Монтипајтоновски филмчиња.
    Обожавател сум на британскиот хумор и имаше забегани и смешни сцени, ама исклучително мразам филмови правени без никаква поента и причина за постоење.
    Не ми имаат смисла.
     
    На figgiMK и Annath им се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Changeling
    [​IMG]
    Интересен трилер, направен според вистинска приказна.
    Дејствието се случува во Лос Анџелес, 1928та година. Кога синот на Кристин Колинс исчезнува, таа пријавува во полиција. После 5 месечно трагање, полицијата го наоѓа момчето. Но, Кристин тврди дека тоа не е нејзиниот син.

    Филмот има две мани: трае околу 2ипол часа и во него главната улога ја има Анџелина Џоли (која никогаш не сум ја сакала како актерка).
    Интересен е, иако можеле да го направам малку повеќе тензичен и напнат.
    Суров е, особено кога ќе се сетите дека настаните навистина се случиле.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.559
    Допаѓања:
    201.695
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Sherlock Holmes: A game of shadows

    Уф... не го ни догледав. Почнавме да го гледаме минатата недела... заспавме после првите 15 минути. Следниот ден пак го пуштивме од каде што застанавме... пак изгледавме само 15 минути.
    Трет пат, трета среќа - ништо... е сега се думам дали и четврти пат да го пуштам...
    не ми е верен на ликот на Шерлок Холмс каков што јас го знам и замислувам. Приказната е добра, екранизацијата добра, глумата маестрална - ама нема напнатост каква што би требало кога е на репертоар Шерлок Холмс. Или можеби до мене е? (после Benedict Cumberbatch, ниеден не ми е доволно добар :wasntme: ).
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.787
    [​IMG]

    Се’ што сте сакале да прашате за сексот, а сте се плашеле да прашате. Вуди Аленовска лудорија, многу се смеев.
    Ја препорачувам за луѓе со висока интелектуална смисла за хумор! :rofl: :rofl: :rofl: Инаку ќе ви биде само бизарен ;)
     
  16. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    8/10
    Се работи за девојка која е пистаел,добива задача да влезе во бизнисменскиот свет,да излегува со бизнисмени и за тоа да напише приказна..Се вработува во една фирма,и што и се дешава понатаму видете сами :)
     

    Прикачени фајлови:

  17. Belieber15

    Belieber15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    88
    Многу се мислев дали да го гледам филм. И не згрешив што го погледнав. Добар е , и однапред се знае што ќе се случи :) Но е многу убаво снимен. Прекрасни места , квалитетна слика , убави луѓе :) А Chris Pine е ПРЕУБАВ! Би можела одново и одново да го гледам филмот само заради него :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    The Lincoln Lawyer (2011)

    Метју во улога на адвокат, кој за многу малку ќе паднеше во стапицата на еден свој клиент. Рајан Филипе е во улогата на клиентот, убиец, кој откатко се спасил од едно судење, го бара за свој адвокат, знаејќи дека може повторно да ја спаси главата. Но адвокатот ќе го поврзе случајот со еден од минтатото и ќе го изигра пред тој самиот да биде изигран.
    Филм по мој вкус, не само заради мојата струка, и самиот тип на филм, и приказната ми се допаѓа. А и Метју има нешто јебозовно во него, особено кога е во костум. :lol:
    Препорачувам.
     
    На JuLleE и Annath им се допаѓа ова.
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    [​IMG]

    Видов трејлер, го очекував и гледам излезен го симнав ... Очекував добар филм, ама некако се разочарав. Млитав, има дејствие ама многу штуро ... Патинсон некако во филмов не ми се уклапа баш ...

    Глуми некој млад дон жуан, во смисла од интерес на секој начин гледа добро да се ожени за да се ситуира. Меѓутоа од икс причини тој ќе влета во интимни односи со трите жени кои се пријателки и се движат во ист круг на луѓе ...
    Хмм има приказна ама некако многу развлечена и за мене штура, не е моќна.
    7/10

    [​IMG]

    А овој филм верувам добар дел го гледале ... Приказна која за жал е реалност ...

    Колку може и до каде да оди безусловната љубов на родителот за да го спаси своето дете од сигурна смрт ...
    Дензел одличен како и во секој филм. 9/10
     
  20. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Hachiko:A dog's story

    [​IMG]


    После овој филм,друго не гледам.Не ми се верува кој впечаток го остави во мене.Стварно допре до моето срце,сите тие солзи пролеани не беа за џабе.Најубавиот,најреалниот,како и најтажниот филм што го имам некогаш гледано.Евр евр афтр. I can't believe it.


    Да пишувам рецензија неможам,верувајте ми дека неможам.И до тука е доста што напишав.

    Ова не е филм,ова е некое чудо. И ако се одлучите да го гледате,да знаете дека очите ќе ви бидат 2 дена потечени како балони. Нема решение.
     
    На Masnickaaa и Mini-Mouse им се допаѓа ова.