21 Jump Street Channing Tatum се почесто го гледам и ми се допаѓа како глуми. Jonah Hill или Schmidt, како појава ми е смешен. Кастингот е одличен, а овие двајца ќе ве насмеат дефинитивно. Многу убаво филче. Комедија, акција, мераци . 8/10 Препорачувам!
Beyond Borders 8 / 10 Интересно филмче со Анџелина Џоли во улога на Сара, млада американка која живее во Лондон во брак со Хенри - син на богат индустријалец. Таа се соочува со Ник- лекар, кој се моли за помош, за поддршка во војната и на гладните во Африка. Како резултат на тоа Сара застанува на пат на одкривање кој води до опасност......
Српски филм.(така му е името ). Пакет од крв , изгубен осет за морал , педофилија , некрофилија , психопатија во сите облици. Ги помести границите на ненормалното , тоа е се што имам да кажам.
Очигледно дека и јас ќе се вбројам во девојките кои вчера вечер го гледале This means war Многу интересно филмче, смешни ситуации. Просечна романтична комедија нема некои страшни патетики, некои плачења. О мај гад! каков маж е овој Chris Pine кога ќе те погледне со неговите плави очи се топиш! 7.5/10 Пред некој ден го гледав V for Vendetta Ова е прав филм девојки.Еден од подобрите во последно време. Се зборува за човек кој сака да се одмазди на владата за тоа што му е направено, во меѓувреме се запознава со Иви. Топло ви го препорачувам ако сакате да видите нешто несекојдневно, ова е филмот. Не би зборувала повеќе зошто мора да се види и да се доживее филмот за да знаете за што зборувам. 10/10
The Last Sign Го даваа ноќеска на Телма и го загледавме. Уопште не е лош како оценчево што му го залепиле. http://www.imdb.com/title/tt0381361/
Horsemen Spoiler По неколку убиства извршени на речиси идентичен начин, инспекторот Бреслин ја следи оставената порака „Дојди и види“ за да се соочи со библиското учење за четирите јавачи на Апокалипсата и поднесувањето жртви. Имено, филмов накратко е поука за родителите кои ги запоставуваат децата.
^ И јас го гледав вчера. Арен е за тепање време, но ништо посебно. Сигурна сум дека ако беше некоја друга актерка многу подобра од Рис тогаш филмот ќе беше подобар.
И јас го гледав, и не ми се допадна затоа што Рис беше во главната женска улога. Инаку, не е лошо филмчето.
Ги изгледав. Хуух кои ефекти ... филмов е константно движечко моќен. Иако нешто не сум по ваквите филмови дефинитивно добра продукција е. Има и опасно комични моменти . А Халк, Капетан Америка, Ајрон мен итн. се ... што да се каже? Опасни и забавни. 9/10
Mirror Mirror Патетично очаен. Ниту беше интересен, ниту смешен, како што очигледно им била замислата. Греота е што така добри глумци се собрале на едно место (Џулија Робертс, Шон Бин, Лили Колинс) и решиле да прават циркус. Џуџињата беа антипатични и одвратни. Оваа адаптација и приказна мислам дека ќе им биде досадна и на малите деца. Ужасен филм. 3/10 - само заради убавината на главните актери.
Spoiler Колку што е смешен толку е и глуп. Сепак според мене Самрак е солиден филм за тинејџери. На моменти типката што ја глуми Бела (Бека) ми идеше на живец, јес да стварно Бела редовно правеше некоја гримаса со устата ама оваа го претера. Али па на некои моменти така се смеев што не знам...не можам ради тоа оценка да дадам.
This Means War НА секоја страна го имаше, па ај викам да видам што е толку посебен и не ми беше посебен Дечките се ок, ама зошто Рис? Ич некако не ми беа пар, ни со едниот ни со другиот тип. Содржина позната, крајот превидлив од мене 6-ица.
Само што го изгледав ништо посебна содржина очекував повеке сцени со Alexander Skarsgård (во главно и ради него го симнав филмов) ама ми го утепаа уште на почеток. Научна фантастика Земја v.s Вонземјани, бродови на американската поморска флота се борат со нив. ОД мене 4/10 само ради ефектите. Глумци :Taylor Kitsch -Lieutenant Alex Hopper Alexander Skarsgård-Commander Stone Hopper Rihanna -Petty Officer Cora 'Weps' Raikes Liam Neeson-Admiral Shane
Hugo Толку топол, убав филм немам гледано веќе подолго време. Филм кој ќе ве стопи како мало детенце пред сините очи на Хуго, кој е толку сам и осамен. А најлошо и најтешко е да си осамен. Во филмот толку добро се доловени емоциите што се пренесуваат и на гледачот. Со солзи го гледав. Јас не сум ги гледала уште дел од филмовите кои беа номинирани за Оскар, но дефинитивно мислам дека Хуго требаше да го добие. Детето глуми одлично. Скорсезе е маестрален. Нема утка човекот. Допира со секој негов филм. Мојот омилен режисер. Уште сум под импресии, уште ми е Хуго пред очи. Оценка не 10 туку 11!
The Avengers Премногу долг, 2 часа и 15 минути, некои сцени беа непотребни, но во основа ок филм. Не е најдобар од класата адаптирани стрипови на Марвел, но го задржува вниманието. Ајрон Мен, Тор, Хулк, Капетан Америка и Црната вдовица ги здружуваат силите против братот на Тор, Локи, кој се заканува да го покори светот и човештвото, до негово уништување. Мене и Тор во принцип ми беше прилично лош и смешен филм, можеби и најслаб од Марвеловците, па затоа и не сум му наклонета на овој филм, што решиле приказната да се врти околу брат му. Мислам ајде. Солидна акција, одлични визуелни ефекти, кастингот е ок, ми недостигаше Едвард Нортон во улогата на Хулк, но и Марк Руфало добро се снајде. Единствена утка ми е Семјуел Л. Џексон, толку ми е станат антипатичен и тиквар во последниве години, тоа чудо едно. Плус, во оригиналниот стрип Ник Фјури е белец. И сега? Најблескав момент - Стен Ли (креаторот на Марвел стриповите, кој задолжително се појавува во секој филм, макар и на секунда), овојпат при крајот... Super heroes in NY? Give me a break. Добар, но не и најдобар. 7/10
The Happening Од режисерот на Шесто сетило и мислам дека се е јасно. А да, и морам да си најдам друга меродавна страница за филмски рецензии, овие од имдб за ништо не ги бива, колку јаки филмови сум пропуштила заради нивните ниски оценки... http://www.imdb.com/title/tt0949731/
Филмот не беше нешто посебен, освен што имаше некои смешни делови ( Нели со Вил Смит, секако дека ќе има) а од 3Д ме заболеа очите. Имаше некои ефекти ( како луѓето стојат по напред од цела слика и слично ) Сепак, заради некои ефекти, и смисла,и секако ради Вил му давам 10- /10
The Help Многу очекував од филмот, многу е фален башка номинации за Оскар, но воопшто не ми се допадна...Некако многу ми беа вештачки ликовите, не се сродив со ниту еден од нив, некоја бледа патетика, сцени кои треба да те расплачат кобајаги пренесуваат некоја длабока порака, али бледо, многу бледо...Слугинка си, не смееш да користиш туѓо wc, не смееш да крадиш или одиш во затвор, не смееш да упаѓаш дрско каде и кога ти е волја...што не е јасно? ...Разбирам што им е поентата ама барем да ставеле сцени каде вистина се гледа угнетеноста на црнците, а вака гледам само мобинг кој и денес го има, и нервозни и пречувствителни женишта...Имам гледано многу филмови со слична тематика кои биле далеку подобри, а овој едноставно не ме натера да застанам на страната на црнците...