Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    [​IMG]

    Тинејџерски филм.Полн со емоции. 8/10
    Повеќе за филмот во спојлер :)
    Се зборува за неколку пријателки од средно училиште кои прават пакт да забременат во исто време.Тие мислат дека ќе биде интересно нивните деца да растат заедно,но со време се станува потешко.
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Dark Shadows
    9/10 Супер филмче уште да имаше добра снимка на нет...мераци :)
     
  3. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    165
    Gone (2012)
    [​IMG]
    Актерска екипа: Amanda Seyfried, Sebastian Stan, Wes Bentley, Katherine Moennig (L Word)....

    Кратка содржина:
    Кога сестра и исчезнува, Џил е убедена дека серискиот убиец кој ја киднапира минатата година е вратен да ја доврши работата.....

    Филмот е предобар, со доста интересна и непредвидлива приказна. Сето то пропратено со предобра актерска екипа и феноменална реализација :clap: ..... Препорачвам !

    Оцена: 10/10
     
    На Aneta97 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    И јас го изгледав ... Не знам како да го оценам?? Нит супер нит лош ... од мене 6/10

    Барнабас Колинс е проколнат т.е. му е фрлена магија за да стане вампир ... По 100 и кусур години го откопуваат и се враќа во својот дом каде живеаст неговите потомци ... Понатаму ако ве интересира гледајте го
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Arthur, филмот е солиден, комедија за еден разгален Артур кој е условен од мајка си дека ако не се ожени со таа и таа девојка ќе го загуби богатството.
    [​IMG]
     
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    И јас да ви се придружам. Јес да на лоша снимка го гледав, ама го гледав на мотање, не ми беше нешто посебно интересен. Очекував повеќе од впечатокот што го имав по првиот трејлер. Оцена исто, 6/10
     
  7. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Mystic River (2003)
    [​IMG]
    138 min - Crime | Drama | Mystery
    Филмов е правен според книга која јас ја немам прочитано, а верувам дека е многу подобра од филмот.
    Многу развлечен ми се виде. Непотребни работи има, можело бајаги да се скрати. Уште малку па да премине во досаден. Иначе не е лош. Интересна приказна за тројца другари од детството кои се среќаваат години подоцна..
    За глумата немам зборови, прекрасно одглумено од сите актери.
    6/10


    Rogue River (2012)
    [​IMG]
    81 min - Horror | Thriller
    Болен филм. Веќе видена приказна - киднапирање на девојка, само се додадени некои нови детали.
    Целото дејство се случува во и околу една куќа, па е ептен монотоно. Актерите се убедливи во улогите, не дека не се, ама многу ми беа антипатични. Не препорачувам!
    1/10


    One for the Money (2012)
    [​IMG]
    91 min - Action | Comedy | Crime
    И овој филм е правен според книга. Освен неколкуте интересни сцени кои ме засмеаја, ништо посебно. Би рекла дури и потпросечно накај лошо. Кетрин Хејгл првпат ја гледам како бринета. Иако отсекогаш ми била слатка, мислам дека не е погодена за улогава. И овој не го препорачувам, едвај го догледав.
    3/10
     
  8. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    Последен филм што го гледав беше The Human Centipede.
    Линзи и Џени одат во Германија. Првата вечер се повикани на забава. Но, по пат колата им се расипува во една шума....
    Филмов е премногу одвратен. Се прашувам дали навистина постојат вакви луѓе?!? :puke:
    ИМБД оценка 4.7
    Моја оценка 6
    http://www.imdb.com/title/tt1467304/
    Еве го и трејлерот
    http://www.youtube.com/watch?v=0piFZXT8Zxo

    Има и втор дел од филмов. Тој ми беше тапа.
    ИМБД оценка 4.1
    Моја оценка 3

    http://www.imdb.com/title/tt1530509/
     
  9. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    "Swept from the Sea"
    [​IMG]

    Одлична драма. Me воодушеви, приказната, музиката, глумците, целото одвивање на филмот... 10/10

    Се работи за руски емигрант, и единствениот преживеан од бродоломот, Јанко, и нивната љубов со Ејми. Кога Јанко се појавува на фармата, сите бегаат од него, се плашат, затоа што има долга коса и брада, и не зборува англиски. Сите го третираат како да е луд, дури и го заклучуваат во една штала. Само Ејми не се плаши, му дава храна и му помага. Колку ми стануваше жал на моменти за Јанко, сите го гледаа чудно, никој не го сакаше, а тој, мил, толку културен со нив, насмеан, од парите што ги заработи си купи дури и костум, сакајќи да изгледа убаво и да остави добар впечаток... ама попусто. Колку може народот да биде, ладен, безчувствителен..... На фармата Ејми сите ја третираат како чудна, луда девојка, затоа што таа е мирна и не зборува многу, живее во нејзин посебен свет... Многу убава љубовна приказна...
     
  10. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    I'm back! :)
    Можам еден каталог да направам од изгледани филмови оваа недела.
    Hey, what can I say, I took some time to relax. 8)

    The Prestige ( 2006)

    [​IMG]

    Ова британско-американско филмче сега за сега е најдобаро. Ќе видеме наредната недела кога ке направам еден up-to-date на каталогчето дали ќе стое на врвот.
    Можам само да кажам дека ми е криво шо не сум го гледала порано. :)
    Жанрчето е 3 в 1. мистерија/драма/трилер
    Номиниран за 2 Оскара.
    Глумците се перфекција, исто така сите љубители (јас не сум во нив) на Scarlett Johansson нека го гледат. Шетка таму во два-три кадра.

    Целио муабет се врти околу ривалството на 2ца илузионисти, кој од кој праве по фаца трик. И на крај желбата за " јас да бидам подобар" преминува во обсесија.

    Гледајте бе, ви гарантирам дека на крајот вашата реакција ќе биде : :o
     
    На 1209, Mini-Mouse, femina90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    ^^ Хах, баш сакав да постирам и да пишам нешто за филмов, вчера го изгледав. По препорака и од многу фалење ... Решив го гледав.
    Значи Prestige ... кажано е погоре што жанр е. Не е лош ако му ја сфатиш поентата, меѓутоа до толку добар мене не ми е. Можеби затоа што сум љубител на поинакви драма, трилери ... 7/10

    Се работи за двајца илузионисти ... кои после ненадејната смрт на девојката на едниот при опасна илузионистичка точка, ќе пробуваат да се саботираат еден со друг до крајност по цена и да се работи за смрт.
     
  12. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Филмов и јас го гледав и можам да кажам дека е ептен грозен :puke: , а на моменти и глуп. 2 од мене.НЕ ПРЕПОРАЧУВАМ!
     
  13. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Men in Black III

    [​IMG]

    Едноставно и кратко кажано: ЛУДИЛО!
    Кој ќе проба да му наоѓа маани, значи дека е цепидлака невидена. Исто ко за Avengers.
    A must see...

    http://www.imdb.com/title/tt1409024/
     
  14. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Just Visiting
    [​IMG]

    Филмoв ми е омилен од детството,вчера баш го земав и се изнасмеав.
    Eден витез и неговиот слуга одат кај еден волшебник за да ја поправат штетата што ја направиле,и тој пробува да ги врати во минатото,по грешка ги пушта во иднината :D
    Cмешен е доста,но француската верзија е мноогу поинтересна и посмешна,
    не знам на која програма порано кај нас го даваа,и овај слугата во превод го пишеа дека се вика Cмрдо Mаде :D
     
  15. Aries9

    Aries9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    43
    Премногу ми се допадна филмов,ми помогна да разберам некои работи.Многу се замислив после филмов.
    Оценка од мене 8/10. :) [​IMG]
     
    На plava.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Blow
    [​IMG]
    Животна драма, недиференцирана линија помеѓу вистинските вредности и парите.
    Џорџ во детството, гледајќи ја семејната финансиска состојба ветува дека ќе се бори да не живее во беда. Го избира најлесниот пат, продава дрога. Богатството кое ќе го има нема да му дозволи да ужива во него, ниту во благодетите што ги нуди едно семејство.

    Alpha and Omega
    [​IMG]
    Анимиран филм, за двајца припадници на различни класи на волци, алфа и омега. :lol: Се заљубуваат и покрај сите перипетии, успеваат да ги обединат чопорите и да ја овозможат љубовта помеѓу различните.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  17. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Safe House 2012
    [​IMG]

    Го ставам во филмови со препоорака !!!!
    Искрено има ли Дензел лоша улога?
    мислам памти ли некој !!!
    она на крајот кога се врати за да го спаси е непреценето !!!
    [url=http://www.imdb.com/title/tt1599348/]http://www.imdb.com/title/tt1599348/[/url]



    The Sleeping Voice (2011)
    La voz dormida

    [​IMG]
    го гледав вчера и да Ви кажам мнн ми е одличен !!
    Дејствието се случува во Шпанија и проблемите кои се случуваат за време на диктаторот ФРАНКО и секако КОМунисти и оние кои страдааат во затвор со тешки пресуди и уште потешки околности...
    Љубовта на сестрите ...
    Љубовта на мајката кон детето...
    Жртви на системот...
    Љубов од страна на ТЕТКА...
    и сите оние засегнати во системот...

    9ka
    не го препорачувам за оние со слабо срце има некој мнн тешки и насилни сцени - сепак да си кажам



    ко последен меѓу серијалите да го додадам
    We Bought a Zoo (2011) - http://www.imdb.com/title/tt1389137

    [​IMG]
    леле ама лигав ФИЛМ ич не ми се допадна
    овој Мет ми изгледа ко да има 100 години и ко да се помирил со судбината ... Фала богу на девојченцето па имаше нешто и за смеење за да не се заспие... Го ставам во ДетКИ филмовии
    3/10моја оценка
     
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.439
    Допаѓања:
    22.860
    Пол:
    Женски
    My girlfriend's boyfriend - Синоќа го гледав, онака не е лош за тепање време. Алиса Милано порано ми беше слатка, сега ми е некако лигава. Можеби подобро ќе било да е некоја друга на нејзино место, ама ок. :)
     
  19. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300

    ^^^^Душа таа - и мене не ми е јасно како никој не ја средува - МННН МНН ме нервира искрено колку е за никаде !!!
    ова го коментирав и на филмот со Волчето од Твиглаит
    ФИлмов освен 2-3 реплики на Џулија ништо нема посебно како гледам искрено кажано ако некој не ја знае вистинската и огринална приказна навистина ке мисли дека џуџињата и таткои и на Снежа биле онакви (крадци и живи-магепсани)!!!

    Сепак едно браво за Џулија друго ама апсолутно ништо ....скапана 2јка за Филмов
     
  20. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    На teddybear, Chocolate.me и Trendafilka им се допаѓа ова.