http://ia.media-imdb.com/images/M/M...cwMjcyNDIzMg@@._V1._SY317_CR21,0,214,317_.jpg добра и стара комедија,која малку има и акција посебно камерон од д-р хаус неможев да ја препознаам во филмов погледајте го
The Vow (2012) Spoiler A car accident puts Paige (McAdams) in a coma, and when she wakes up with severe memory loss, her husband Leo (Tatum) works to win her heart again. Преубав филм. Од мене има 10/10
16 Wishes Spoiler Филмот е блага верзија на 13 going on 30. Се работи за една девојка која има листа на желби за својот 16 роденден. Се се менува кога ќе ја посака желбата - да не ја третираат како дете. Филмот е ептен тинејџерски. Глумицата е слатка, а и нејзиниот најдобар другар. 7/10 би му дала. Фантазија, љубов, тинејџ - проблеми, ривалство ..
Па мене од трајлерот ми се згади Ова само болен ум може да го изрежира,дефинитивно нешто му фали на режисерот !! Како можете да гледате вакви филмови изветоперени ауууффф што ми требаше да гледам трајлер,пуста љубопитност Овој требало да се забрани! Извинете за офф ама јас се згрозив.
Hysteria (2011) Приказна за тоа како настанал првиот вибратор. Смешен, интересен и опуштачки. За смеа и релаксација, топло го препорачувам. Кастингот е супер, главните ликови се пријатни и квалитетни глумци. 8/10 Safe (2012) Џејсон Статам во бркотница со руската мафија, кинеската мафија и корумпирани полицајци. И едно девојче во средина, генијалец со вгнездено бројче во главичката, кое води до сеф со 30 милиони долари. Малку каша-попара, но дејствието е брзо, филмот започнува веднаш, нема трте-мрте кај Џејсона. Многу добри акциони, тепачки сцени. Ок филмче, ама на крај си реков - и да не го направеле филмов, немало да има штета и пропуст. Се живее и без него. 6.5/10
Sarah's Choice Драма Досаден филм! Цел филм е тоа дали Сара да абортира или да го задржи бебето, пропратено со три визии кој ќе и помогнат во одлуката. 2/10
За пополнување време и досада ... 6/10 Трилер, хорор и комедија ... Наводно девојка која работи во банка ќе ја проколне една старица зашто не може да и помогне да си ја зачува куќата со помош на издавање кредит ... Од тој ден девојкава доживува страшни ( ) ситуации ... Што даље, кој сака нека го гледа
21 Jump Street (2012) 109 min - Action | Comedy | Crime Се изнасмеав со комедијава. Двајца полицајци ги враќаат во средно да разрешат еден случај. Има неколку грозни и крвави моменти, иначе е добар. 7/10 Albert Nobbs (2011) 113 min - Drama Многу добар филм, ептен ми се допадна. Прикажана е ситуацијата во 19 век во Ирска, борбата на жените за подобар живот во машкиот свет. Кастингот е одличен, глумата на сите актери посебно на Glenn Close е фасцинантна. Добро осмислени и комплетни карактери. Се' е одлично спакувано и прикажано. Само крајот ме разочара малку, не очекував дека така ќе заврши. Ама ете испадна и непредвидлив. Препорачувам! 8/10 This Means War (2012) 99 min - Comedy | Action | Romance Не е лош, само наместо Рис и Том Харди да ставеле други актери би бил подобар. Барем според мене. Има и акција и романтични и комични моменти, добро уклопени. Има и претерани и нереални сцени, ама ајде. Сцената со Рис и Крис во кујна вредеше за цел филм. Каков е овој Крис, уф! 6/10
The descendants. 5/10 Најзалудно потрошени 2 часа од мојов живот. Џорџ Клуни ме разочара. Филмов е навистина преееееее досаден.
Waitress За сите гурмани сладокусци. И љубители на животни драми. http://www.imdb.com/title/tt0473308/
Rio http://www.imdb.com/title/tt1436562/ Пак јас цртан филм Фино интересно релаксирачно баш цртано филмче. Кој не би сакал да оди во Рио на карневал и плус да брка женска, мислам нели За секој со детско срце го препорачувам. Иако претходниот Мери&Макс ми е далеку поголем фаворит од цртаниве филмови The Lincoln Lawyer http://www.imdb.com/title/tt1189340/ Oдлично филмче од моја бранша. Како може еден правник да се уплетка е доказ ова. Интересно филмче, интересна кулминација и завршеток како што заслужуваше. Посебно го препорачувам на правничките на форумов, но и секој кој сака добар трилер. Метју е секси правник мхм
Не ми се гледани првите два дела така да не можам да кажам точно од каде почнува приказната и дали воопшто постои некоја тесна поврзаност меѓу одделните делови, туку можам само да коментирам за она што го разбрав од третиот дел на филмот. Станува збор за проклетство кое се раѓа (во Токио) како резултат на непромислена работа во рамките на една натприродна сила. Мајката на Кајако има моќ да ги исцелува луѓето од лоши работи (веројатно ), но потоа нивната крв ја дава на својата повозрасна ќерка, Кајако. После неколку години, Кајако до смрт е измачувана од страна на својот сопруг кој откако ги убива неа и нивното дете, се убива самиот. Проклетството продолжува со крвната одмазда на Кајако, која не запира пред никого и ништо. Крајот едноставно не постои, како што се вели и во самиот трејлер: No matter what you hear, no matter what you see, It won't stop!
"The ward" Не е лош. На почетокот ми беше глуп и некако ми немаше логика, Spoiler моментите кога духот ги бркаше, и кога го убија духот , но, на крајот се’ се расчистува, и целиот филм доби своја смисла.. 7/10 http://www.imdb.com/title/tt1369706/ "Your highness" Не ми се допадна Имаше некои комични елементи, ама ништо посебно. Многу ми го препорачуваа, ама не гледам зошто ? http://www.imdb.com/title/tt1240982/ Од мене 4/10 (Само за Натали) "The Lincoln lawyer" Се согласувам со Росоњерка за филмов, одличен е, особено за нас правниците Треба да учиме финти од Мики Халер http://www.imdb.com/title/tt1189340/ 8/10
Dead Poets Society Одамна го немав гледано... еден од најубавите филмови. Тежок ми е за гледање и секогаш ме потресува, но пак му се навраќам... Се пронаоѓам многу во ликот на Андерсон, само штета што јас немав таков професор. Претпоставувам дека повеќето од вас знаат што од прилика се работи во филмот, но да не остане без кратка рецензија: машко училиште во кое се собрани деца од кои се очекува многу, но тие очекувања ги ограничуваат во нивните вистински желби и таленти. Професорот Китинг ќе се обиде да го смени тоа и да ги научат да го "зграпчат денот", да живеат во моментот и да направат нешто од својот живот за кое ќе бидат горди, бидејќи самите го сакале... Прекрасен е филмот, кој не го гледал пропуштил многу.
Ко демек пародија, ко демек комедија, а мене само една сцена ме насмеа, се остало глупо ко грав. Нацисти од месечината прават заговор и ја напаѓаат планетата. 2/10 Онака, не е лошо, јез да стварно ја прикажува онаа психичката страна на Мерлинка, и дека не била толку совршена колку што луѓето ја доживувале туку дека си имала жената и жути минути. Млад дечко кој сака да се занимава со филмска продукција добива шанса да работи на филм во кој Мерлинка е во главните улоги, и ја опишува неделата во која соработувале. 7/10 Класична лимонатка, за тепање време, приказната веќе позната лошата маќеа и добрата Снежана, со некои модернистички нитки. И девојкава е баш слатка, баш и стојат дебеливе веѓи. 5/10
Tangled Spoiler Се работи за една мала принцеза која ќе биде украден од страна на една лоша вештерка. Девојката пораснува со прекрасна долга златна коса која е магична. Цртан е. Многу топол, пријатен, интересен за гледање. Убави анимации. 10/10 Топло го препорачувам.
This Means War Ај си викам и јас да не останам покуса да го гледам филмов. Интересен филм, ми се допаѓаат ептен типциве во филмов посебно Крис Пеин, ептен му стои улогава, само не ми се допаѓа Рис за оваа улога
Unfaithful 10/10 прекрасен филм, мора да се гледа, секоја секунда од филмов ми е прекрасна Cекогаш велат, забранетото е најслатко, ама дали вреди ... го препорачувам филмов