The sunshine (http://www.imdb.com/title/tt0448134/) Како зависна од Сонце, филмов ме натера двапати да подразмислам колку го земаме здраво за готово. Што се случува на мисија на која астронаути одат до Сонцето кое умира за повторно да го запалат. Иако донекаде дејството е веќе видено, типично за вакви филмови, мене ми се допадна психолошкиот момент на кој е ставен прилично голем акцент. Тоа, во комбинација со можеби најдобар саундтрак (еве нека биде во топ ) што сум го слушнала досега, од мене добива солидно деветче. Препорачувам.
500 days of Summer многу интересен филм, романтичен, соодветен за женски http://www.imdb.com/title/tt1022603/
The invention of lying. Жива глупост филмов. Ни к од комедија немаше, целосно бесмислен, се обиделе од ништо нешто да направат. Главниот актер тотална утка, толку нехаризматичен, никаков, подпросечен... Џабе потрошено време, немојте да го гледате филмов.
The vow Па не бев нешто вау импресионирана (излеа баш и не ми е периодот за романтични филмови). Имаше убави дијалози и добар хумор во истите. Лесно филмче ми беше, ме релаксираше, ама ако беше целта да ме удри на емоциите, да ме расплаче или разнежни, тоа баш и не се случи. Незнам ни која оцена да му ја дадам на филмов, некако рамнодушна сум. Нит ме допре, а ниту пак беше нешто лош. Просек, има далеку подобри романтични филмови.
Расположена сум периодов за романси и комедија па барајќи по имб наидов на Waitress (2007) Ок е, ништо посебно, малку депресивно ми делуваат ликовите бидејќи сите се кој од кој полабилен, несреќен, загубен во времето и просторот...идиотски интересен...така некако би дошло
Hide and seek Добар трилер. Од почеток до крај ви го задржува вниманието. Де Ниро и Дакота Фенинг во главните улоги, одлични. Не ви давам податоци за што се работи во филмот, кој не го гледал да го гледа. 9/10
Project X Крајот на филмот и идејата се катастрофа-уништи ја куќата и колата на твоите, запали го цело маало, само за да имаш друштво и да си познат алал да им е на пораката што им ја даваат на тинејџерите. За останатото, да доловат атмосфера и забава, се потрудиле, не викам не, ама јас изгелда сум остарела па ми идеше да влезам во монитор и добро да ги исплескам на моменти Flawless Одамна не сум гледала филм што ми оставил толку добар впечаток. Жена од 60тите која никако не напредува на работа само зашто е жена, заедно со чистачот сакаат да украдат незабележлива количина дијаманти од фирмата во која работат. Интересното следи откако кражбата ќе се изврши. Препорачувам :up:
Michael Clayton Искрено очекував многу од филмот, гледајќи го само трејлерот. Но некако нема возбуда и интрига додека се гледа. Трае предолго, дејствието се одвива без многу душа, што е вистинска штета наспроти солидната актерска изведба на Џорџ Клуни и Тилда Свиндон. Клуни глуми mr.fix it, во голема адвокатска компанија. Буквално е - "ѓубреџијата", кога треба да се среди некој проблем. Проблем и ќе настане во тужба врзана со компанија вредна билиони долари. Интересно, но можело да се стори многу повеќе. Приказна за покварениот свет во кој живееме и идеалите кои ги има. И ги нема. 6/10 Bicentennial Man Ова е постар филм со Робин Вилијамс. Глуми андроид, односно робот кој почнува да развива чувства и карактерни особини типични за еден човек. Топла и интересна приказна. Иако филмот трае предолго, (2 часа и 10 минути), мене не ми беше досадна ни минутка. Има некоја пријатна атмосфера, многу љубов и емоции. Изведбата на Вилијамс е перфектна. Толку се соживеав со филмот, што на крајот пуштив некоја солза. Прекрасен, необичен и несекојдневен филм, за сите љубители на sci-fi и роботи, препорачувам. 8/10
The Age of Innocence http://www.imdb.com/title/tt0106226/ Одлична екранизација! Е вака се филмува книга, макар што филмот е долг поради тоа што Скорсезе сакал да го долови најважното. Режијата е повеќе од одлична, секој момент од филмот е фантастично доловен и ништо не е безначајно. Актерската екипа е одлична, глумат со погледи и гестови, не само со зборови. Омилен дел ми се вечерите. Винона Рајдер е одлична во улогата на "невин" манипулатор. Навидум странична личност во целата приказна, но всушност е таа која ги држи конците. Крајот остава многу простор за размислување: Кој бил во право, кој грешел? Всушност сите се на некој начин грешници, но секој од тројцата е воден од подлабоки пориви па може да се најде оправдување. Ако не сте гледале не отварајте спојлер. Spoiler Меј е единствената која знаела како да го исконтролира тоа и да го сврти во своја корист, па на крајот излегува како најголемиот негативец. Но дали е негативно тоа што се борела за своето семејство? Арчер сам ја одбра неа и сигурноста... Сите во филмов се егоисти, без разлика на тоа што Меј е најголемиот. Се’ можеше да биде поедноставно ако Арчер беше маж и одлучеше што сака пред да се ожени со неа. Секако, тука е и манипулативноста на Меј од самиот почеток што никако не може да се оправда... Како што реков, за сите може да се најде и обвинување и оправдување. Не сум ја читала книгата, но приказната е одлично склопена и ликовите се изградени беспрекорно. Препорачувам со десетка. Мастерпис!
It's Kind of a Funny Story(2010) Солидна драма, интересна приказна, и реална доста. 8/10 Spoiler Приказната е за еден тинејџер со самоубиствени нагони и хронична депресија кој ќе се пријави во ментална болница и работите стануваат интересни.
What to Expect When You're Expecting Мислам дека 90% од популацијава не сака филмови со сите ликови споени меѓу себе, од типот на New Year's Eve, Valentine's Day, It's Kind of a Funny Story и сл. Епа јас очигледно спаѓам во останатите 10%. За овој филм не знаев дека тоа е финтата, и без тоа ми се свиѓаше и на крај кога сите испаднаа некако поврзани, ептен ми се наполни срценцето. Многу, многу убаво, забавно, смешно филмче, не може да сте жена а да не ви се свиѓа. http://www.imdb.com/title/tt1586265/
Nick and Norah's Infinite Playlist Оценката на IMDB 6.7 е реална за филмов. Интересен на моменти, дејствието се случува во една вечер така интересен за гледање
Project X.. Ништо посебно типичен американски филм, дечкото не е популарен во школо, прави журка дома,фрки и на крај станува популарен -.-
The Avengers Добро филмче, ги исполни сите мои очекувања.Роберт Дауни Џуниор како и секогаш...супер! Вреди да се гледа!( Само ако сакате стрип јунаци)
Pregnancy Pact Биографија | Драма Филм инспириран од вистинска приказна за тинејџери од едно училиште кои склучиле пакт да забременат во исто време. Можело подобар кастинг да направат особено на главниот лик Сара. Не ми се допадна во филмов што целата вина и буката околу настанот беше фрлена само на девојчињата. Па побогу сами ли си ги напумпале стомаците?! Моментот кога Џеси и се налути и ја остави Сара ми е тотално безвезе и моронски зошто тоа е и негова грешка исто колку и на Сара. Ептен машките некако ги направија тотално невини и светци, а девојките најголеми грешници. Инаку на нет читав дека не било толку страшно како што е прикажано во филмов, дека не е потврдено дали постои навистина тој пакт, а бременоста не ни била. Новинари ко новинари мора секогаш од мува да прават слон и ете некој го инспирирало тоа и си направил филм.
Journey 2 : The mysterious Island !! Интересен е- авантура. Овие ќе откријат таен остров и не ви кажувам гледај те сами хихихи!
Juno Почнува одјавната шпица и јас . Како 3 минути да траеше филмов. :up: :up: :up: http://www.imdb.com/title/tt0467406/
GRIDIRON GANG Spoiler Филм базиран на вистинска приказна за децата во еден малолетнички затвор во Калифорнија и иницијативите на нивните чувари во затворот да формираат рагби екипа, да им ја пренасочат енергијата кон спорт и развивање на многу квалитети кои ќе им помогнат да се извлечат од гетото и бандите. Во главната улога е Двејн Џонсон и неговата насмевка од милион долари . На крај на филмот има и вистински снимки од луѓето и настаните врз кои е базиран филмот. Има моја препорака. SHAME Spoiler Филм за тајните сексуални и психолошки девијации (for a lack of a better word) на Брендон Саливен и неговиот приватен живот, се додека сестра му не дојде на неограничена посета, при што се по очигледни стануваат растурените фамилијарни односи. Интересен филм за обожавателките на Мајкл Фасбендер, кој го глуми главниот лик и во неколку сцени се појавува пиштол гол. Прочитав дека доста галама се дигнала околу филмов. Ајде може за една препорака.
Little Women http://www.imdb.com/title/tt0110367/ Само што го изгледав, не сум ја гледала оваа верзија порано. Си поплакав малце. Винона Рајдер е прекрасна како Џо, мислам дека не би можеле да најдат подобра актерка за таа улога. Всушност целата актерска екипа е одлична. Ви го препорачувам ако сакате да се разнежните. Јас се растопив.