The client list Убава реална приказна за жртвувањата на една мајка за да го извлече семејството од сиромаштија. Убаво се вклопила Џенифер Лав Хјуит во приказнава Има истоимена серија според филмов, нова ама лично јас го препорачувам филмов. 7/10
Breaking Wind -Пародија на Twilight Саат и некоја минута скоро залудно потрошено време,другата верзија Vampires Suck ми беше многу повеќе смешна,само на крајот имаше смешни сцени. Сума сумарум смотани глумци и смотан филм 4/10
Станува збор за акција, која и не ми е вообичаено во омилените жанрови, меѓутоа одредени сцени ме натераа да се смеам до солзи... Инаку, дејствието се случува на британско тло, каде настанува збрка помеѓу крупните риби од имигрантските криминално ориентирани структури и ситните рибчиња со голема желба за брзo обогатување... Мислам дека на мажите филмов далеку повеќе би им се допаднал отколку на женскиот пол... Оценка 6/10, иако на хуморот му давам и повисока оценка (да не се разбереме погрешно не станува збор за комедија ни за континуиран обид цело време да бидете анимирани, туку има неколку такви сцени и реплики кои мора да се видат, за да се разбере што зборувам)...
The Shunning Драма 9/10 Кејти одсекогаш чуствува дека нешто недостасува во нејзиниот амишки начин на живот. Се доека во местото кај што живее не дојде една жена која со себе ја носи и тајната од минатото помеѓу потполно различни света (начини на живот). Прекрасен фамилиарен филм на Hallmark. Одличен кастинг. Инаку филмов има и книга ама што читав некои коментари дека филмов и не ја следел баш книгата. Ви го препорачувам.
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/e ... Poster.jpg Интересен е лесен филм. Најмногу поради Катерин го изгледав, ама ми се допадна просечно. Малку акција и комедија.
Project X Типично тинејџерски филм. Добар за трошење на слободно време. Језда не е ништо посебно, всушност има и досадни моменти, неколку пати имав желба да отидам еднаш на таква забава. Во секој случај никогаш не би се нафатила да направам ниту слично толку голема забава, со толку многу непознати луѓе. 8.5/10
Trust Многу добар филм. Покажува колку е всушност наивно детското срце. Да сум на местото на девојкава не би постапила така, ама се е до домашно воспитување. Дадена и е преголема слобода и со само едно притискање на тастатурата прави грешка што доживотно ќе ја измачува. Ви го препорачувам на сите, особено на девојките со моја возраст, филмов не е на одмет да се погледне. 10/10
Навидум личи хистеричен, но за мене е премногу расистички настроен. Иако е направен за смешка, мислам дека содржи многу непотребни фрази... Исто така има и ГАДНИ сцени, не сакам да опишувам. Е сега, да не бидам негативна, има смешни сцени кои се добри за релаксација. Пишува 12+... Да знаете дека би требало да е 16+, според мене. Јас давам... 4-5/10
Mr. Popper's Penguins Јас си продолжив со филмчиња на Џим Кери. Овојпат игра бизнисмен кој од неговиот татко добива во наследство 6 пингвини. Оттогаш неговиот апартман станува вистинска ледина Интересно филмче, како за љубители на комедија и животни.
Пред 1 недела во Милениум Ептен бев возбудена за филмов и многу ми се допадна! Репликите и самата идеја на спојување на супер херои! Iron Man & Thor Има некои работи кои не ги обработиле убаво (на пример не е целосно снимен во 3D, зошто на Hulk некаде може да го исконтролира бесот, а некаде не (на крајот), зошто баш толку многу ги погоди на хероите смртта на помошникот од Nick Fury..) Сакам и друг дел! ________________________ Пред 3 дена: 107 min - Adventure | Sci-Fi | Thriller Spoiler Сонцето изумира, единствената надеж за нејзино обновување е препуштена на група научници кои ќе одат на мисија за да го запалат сонцето. Оваа мисија е втора по ред, предходната група не успеала да ја исполни задачата. Една грешка води кон друга... некои се излудуваат на психичка база, некои даваат се‘ од себе. Мене ме потресе филмов, крајните сцени се... ! Препорачувам!
Chloe Кетрин (Julianne Moore) е успешна докторка, но со текот на годините станува несигурна пред се во себе, па во нејзиниот маж (Liam Neeson). Кетрин наивно ја најмува Клои (Amanda Seyfried) да го доведе во искушение нејзиниот маж. Ова е само вовед, а потоа продолжува невообичаен расплет на настаните. Мене ми се допадна филмот, имаше неколку добри еротски сцени, и приказна која ве држи во неизвесност. И посебно ми се допадна стајлингот на Клои. http://www.imdb.com/title/tt1352824/
Последен филм шо го гледав е August Rush.Предобар филм во кој се зборува за момчето Еван Тејлор(Аугуст Раш). Приказната почнува многу одамна кога Лелја и Луис се среќаваат на забава и веднаш се привлекуваат при што поминуваат незаборавна ноќ. Од таа ноќ тие повеќе нема да се видат поради таткото на Лелја кој ќе направи се за да ги раздели при што се селат во друг град незнаејќи дека таа е бремена. После следува заплетот кој нема да ви го кажам и ќе оставам самите да го видите филмот кој навистина е прекрасен 10/10.
Margin Call Иако е можеби малку монотон за мој вкус, ни во лудило не можам да се дрзнам да кажам дека не е добар трилер. Добар филм, пред се. http://www.imdb.com/title/tt1615147/
Mirror mirror http://www.youtube.com/watch?v=K3sOFuNCo7k интересен филм, современа верзија на Снежана и 7те џуџиња, 6/10 8 below http://www.youtube.com/watch?v=NXkoGlxVbLY е ова е веке филм, додека го гледав и се смеев и плачев, чудо е премногу емотивен филм, за кучињата оставени сами на себе на јужниот пол, се додека нивниот газда после 177 денови не се врати по нив, но ??? изгледајте го 10/10
Heathers http://www.imdb.com/title/tt0097493/ Ми тргна деновиве со Винона Рајдер. Аууу ама чукнат филм. Црна комедија која ја прикажува плиткоста на американските тинејџери во осумдесеттите, и општествени и семејни околности кои создаваат психопати. Секако, после неодамнешните случувања со убиства и напади во училишта со цел да се докаже некоја "виша поента", овој филм веќе не би можел да биде класифициран како комедија.
Ballet Shoes. Преубав филм! Навистина вреди да се погледне. 9/10 Spoiler Дејството се случува во првата половина од минатиот век. Се работи за три сирачиња, девојчиња донесени од различни краеви на светот. Кога ќе стигнат на тинејџерските години мора да почнат да настапуваат за да успеат да ја одржат старателката и да не ја продадат куќата. Секое девојче има различен талент. Филмот е за колку некој може да биде пожртвуван за блиските, за љубовта кон сцената. Толку, другото самите погледнете. Pan's Labyrinth. Па во ред беше филмов, ама не ме воодушеви многу. Некако сцените на кои требало да им се посвети внимание беа избрзани а некаде се одолговлекуваше. И како приказната да не беше доволно разработена. Сепак не беше толку лошо филмчево, а fairytale for grown ups. 7/10 Spoiler Се работи за девојче кое открива дека е принцеза од другиот свет и дадени и се три задачи кои мора да ги исполни ако сака да ја вратат меѓу своите. На втората задача прави грешка и билетот за месечината и е одземен...
WRATH OF THE TITANS Spoiler Многу симпатично филмче со елементи од Грчката митологија, со полубогот Персеј, па Зевс останатите богови, меѓусебното предавство и конфликтот со нивниот татко кој се враќа после илјадници години заробеништво, бесен ко рис. Лиан Нисон, Ралф Фајнс и Сем Вортингтон го издигнуваат филмчево малку над просечното сценарио. Има препорака од мене BATTLESHIP Spoiler A must see филм за љубителите на акциониот жанр. Приказната е инвазија на вонземјани и соочувањето со Американската Морнарица. Од читање звучи евтино, но филмот добива на содржина и со следењето на заедничкиот живот на двајца браќа и романтичната врска на едниот од нив со ќерката на адмирал од Морнарицата. Повторно се појавува Лиам Нисон, глумец со многу силно присуство на филмското платно, барем според мене, има eye candy девојките Spoiler eye candy за машките Spoiler Spoiler Да да, Ријана е. Енџој
13 Going on 30 (2010) Само што го изгледав. Убаво филмче. Топло го препорачувам. Само на моменти, и мене ме копкаше што се случило со неа, од каде она ваму-таму. А овој Матт, ми е ужасно познат од негде, а не знам од каде. Видов во кои филмови глумел, ама ниту еден од нив не сум изгледала. http://www.imdb.com/title/tt0337563/