Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.560
    Допаѓања:
    42.960
    Пол:
    Женски
    W.E

    По ваша препорака, нешто толку добро одамна немав погледнато, не се ни сомневав дека е добар штом видов дека на Трендафилка и се допаѓа(таа секогаш ми ги погодува филмовите) :)
    Прво морам да ја прокоментирам модата,колку само ја обожавам, одлична костимографија.
    Љубовта меѓу Едвард и Уалис како да ја доживеував јас.Мене таа ми беше префинета ептен, мила и доста грациозна, имаше шарм и убавина, ако велеа дека не била привлечна, ако наликува актерката на вистинската војводка, според мене била прекрасна.
    Обожавам жени како неа.Љубовта и вниманието на Едвард ме воодушеви, жртвите кои ги дадоа исто.Се за љубов, буквално.Актерската екипа е одлична.Ми се допаднаа и Воли од сегашноста со дечко и како пар, совршени беа.
    Значи накратко во филмот се раскажува за аферата помеѓу кралот Едвард осми и Уалис која е обична девојка.Тие започнуваат приказна која воодушевува, но која им донесува маки и страдања, тој се откажува од многу работи воедно и од престолот ради неа, но не се жртвува само тој туку и таа.Значи историска драма која се раскажува паралелно во минатото и сегашноста во која девојка со исто име како љубовницата на кралот ја проживеува нивната приказна следејки ги историските предмети од музејот посветен на нив двајца.
    Одличен филм јас му давам 10/10...убавина, префинетост, историја и љубов се скоцкано во една убава приказна, пријатна за очи и душа.Ќе ве разнежи, ќе ви предизвика бес можеби, тага секако, радост, ќе се соживеете со него, барем јас тоа го направив.
     

    Прикачени фајлови:

    • we.jpg
      we.jpg
      Големина на фајлот:
      74,6 KB
      Прегледи:
      317
    На DzingrlakaDzikica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    The Covenant

    [​IMG]

    Задолжително за сите љубители на Twilight. Нема да се разочарате, напротив. ;)

    http://www.imdb.com/title/tt0475944/
     
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    [​IMG]
    Under the tuscan sun

    Тип на филм за кој неможеш да донесеш објективна оцена и заклучок зашто премногу се заљубуваш во пејзажите.А ги сакам ваквите. Те носат на неверојатно патување низ малечки незнајни места во светот и ти отвараат огромна желба да бидеш дел од тоа.
    Приказната не е ништо невидено. Глумата е одлична, а ликовите се топли, шармантни, пријатни. Замерки неможам да му најдам, зашто за прв пат после мноооогу долго време (кога бев мала сакав да одам во Венеција) повторно ми се појави желба да ја посетам Италија...и тоа само заради филмов. Ама не Венеција, туку баш оваа Италија, секојдневна за нив, необична за нас, топла и љубовна.
     
  4. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Project :@2012)
    [​IMG]
    Тројца средношколци прават забава надевајќи се дека ќе станат популарни.Мене искрено ми беше глупости во боја.Drugs,Alcohol and Sex-мотото на американциве е прикажано во филмов.И ај да признаам и јас би сакала да идам на ваква забава :rofl: Од мене 5/10
     
  5. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Colombiana (2011)
    [​IMG]
    108 min - Action | Crime | Drama
    Добра акција каде за промена женска им ги крши кичмите на сите. Ама многу претеризам, бе мајката! |(
    7/10


    Going the Distance (2010)
    [​IMG]
    102 min - Comedy | Romance
    Романтична комедија за пар кој се обидува да одржи врска на далечина.
    На прв поглед паров ич не ми одговараше, после ми беа ок. Дру се излигави многу. Сестра и во филмов страшно антипатична. Предвидливо, на моменти досадно и со доста глупи и непотребни сцени.
    5/10


    The Orgasm Diaries (2010)
    Brilliantlove (original title)
    97 min - Drama | Romance
    Љубовна врска помеѓу двајца луди и безгрижни млади. Многу сексуални и експлицитни сцени. Многу гадни и одвратни сцени. Единствено нешто што ми се допадна е глумата на главните актери, многу убедливо.
    4/10
     
  6. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Donnie Darko
    [​IMG]
    Филмов е навистина прекрасен психолошки филм кој вреди да се погледне. Не верувам дека има некој што не слушнал за филмов.
    10/10
    [​IMG][​IMG]
     
    На xxx-ba му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Откако почна распустот јас растур правам со филмовите, тоа ми е како традиција :lol:

    One day
    Момче и девојка се среќаваат само во еден ден од годината секоја година така се додека ..
    Оценка 8/10
    Повеќето го знаете овој филм:)

    Nine dead
    9мина се киднапирани и врзани со лисици во една соба во која што киднаперот им дава одредено време да размислат сите поради која причина се киднапирани, ако погодат ќе ги пушти сите и сам ќе се пријави во полиција,ако не ..
    Оценка 8/10

    Red eye
    Еден човек ја принудува сопственичката на хотелот да ја смени собата на политичарот Киф со цел да биде полесна мета на убиство.
    Оценка 9/10

    Post grad
    Откако нема да ја примат на работа кадешто таа толку многу посакува да работи, таа продолжува со барање работа и за тоа време ќе се случат неколку случки.
    Оценка 7/10

    One for the money
    Овој баш незнам да го раскажам, пред една недела го гледав. Само ќе ви кажам дека е интересен и гледајте го :)
    Оценка 9/10

    Tres metros sobre el cielo
    Одбегнував да го гледам зашто мислев дека е многу досаден,ама сепак спротивно било.Преинтересен е филмов,одвај го чекам вториот дел
    Оценка 10/10
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    [​IMG]

    Wanderlust

    Џенифер имала каде, каде подобри романтични комедии ... Ова испадна промашена. 6/10

    После останување без работа во Њу Јорк на пат за Атланта случајно налетуваат во една комуна каде се живее наводно природен и многу обичен, хармоничен живот. Таму почнуваат сите блесави и по мене тупави моменти ...
     
  9. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    This means war


    Двајца агенти, најдобри пријатели почнуваат да излегуваат со иста девојка случајно, па кога ќе дознаат и двајцата се борат да ја освојат. Позната ви е приказната на сите колку-толку. :D

    Прво за кастингот. За машкиве-агенти, немам зборови. Одбрале баш добри актери, згодни и симпатични какви што и доликува на сценариото. Богами, и јас цел филм се мислев кој ми е поубав, прво целев на Британецот, али ништо, и Крис Пејн не е за фрлање. :D
    Додека, Рис ... Кај ја нашле нејзе жити се, не ми се верува вакви типци за неа оти ќе се тепаат. Ниска е и со 20ка штикла, нема тело за wow, фацата просек ... Што знам, можеле многу подобар избор да направат.

    Иначе, ми се допадна бркањето, ова она, се на се, добар филм, промашена главната актерка. :D

    Од мене, 9/10
     

    Прикачени фајлови:

  10. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    It's kind of a funny story
    [​IMG]
    Просечен тинејџерски филм, за да се утепа време. Не е ништо посебно. 6/10
    Се работи за тинејџер кој е депресивен и откако сам ќе се пријави во психијатриска болница за возрасни, ќе се запознае со една девојка и животот ќе му се смени. Всушност како што влегува во болницата така сфаќа дека него местото не му е таму и посакува да си оди уште истиот ден.
    [​IMG][​IMG]
     
  11. someone2

    someone2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    58
    the vow :)
    многу убав романтичен филм♥
    нема да го раскажам затоа што вреди да се изгледа.
     
  12. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    [​IMG]

    Mногу интересен филм, навистина и доста поучен за ПРИЈАТЕЛСТВОТО.. :)

    10/10 ;)
     
  13. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Now and Then
    [​IMG]

    Колку само пораснавме со филмчево да ти е мерак да го гледаш по толку години. Никогаш не би ми здосадил :)

    Blast From the Past
    [​IMG]
    Еден од моите омилени филмови. Многу убава приказна, лесно романтично филмче.
     
    На Srekicka, Miss-Angie92, SimonLimon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.474
    Допаѓања:
    251.041
    One Day
    Го знаев крајот и несакав да го гледам филмот, ама сепак го изгледав, пред се поради добрите критики и препораки. Плус ПМС, кој патем ме уби, плачев ко мало дете пола филм, а и сама не знам зошто.
    Утрово, со подуени очи појдов на работа :) .
    Филмот е убав, иако мислам дека сепак подобар е кастингот отколку приказната.
    Ен ја сакам многу, а Џим дефинитивно се наоѓа на мојата листа на посакувани мажи. Во секоја трансформација беше се поубав. Да го грабнеш и да бегаш :$ .
    А дејствието, ќе користам споилер, иако мислам дека не остана некој што не го гледаше филмот.
    Бавно и развлечено, на нерви ми одеше тоа развлекување со признавањето на чуства. Од авион се гледаше дека Ема е лудо вљубена во Декстер, а и овој во нејзе, кој патем глумеше бед бој, кој спие со секоја. И на крај им требаше 15 години за конечно да сфатат дека треба да се заедно. Во ред, имаше поента, исто така добар дел беше и успехот и падот на Декстер, неговата промена, созревањето, ама сеуште неможам да сфатам што сакаше да каже режисерот со смртта на Ема?!
    Пологично ќе беше да беше болна, иако и тоа би било клише, веќе видено, јас очекував дека ќе умре од болест, ама во моментот кога Декстер се промени, она умре.
    Не, немаше поента.
    Ај да не беа заедно, или пак овој да беше уште истиот да сфатам, ама вака не.
    Или само сакаше режисерот да каже дека сепак не требало толку да чекаат за да бидат заедно, дека го немаат целото време само за нив.
    Штознам, крајот ми беше блед, како без идеја, односно имаше идеја, поента, ама не ми беше целосна. Подобро ќе беше да се фокусират на заедничкото бебе, во смисла дека Ем неможе да остане трудна или само да завршеше со хепи енд. Вака не.
    Широка рецензија, ама баш размислував, лош крај, не оти не е среќен, ама според мене немаше смисла.
    И да сумирам, добар е филмот, се изјаснив за дејствието, и што му фалеше според мене. Доколку имате трпение за вакви љубовни приказни, кои чекаат да си ги искажат чуствата, и јас не знам зошто, ќе ви се допадне многу.
    Оценка 7/10.
     

    Прикачени фајлови:

    • One Day.jpg
      One Day.jpg
      Големина на фајлот:
      17,1 KB
      Прегледи:
      267
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Life as We Know It (2010)
    http://www.imdb.com/title/tt1055292/
    Преубаво филмче. Ова бебчево какво е. :inlove:
    А и доста убави глумци има.. мислам глумец. :wasntme:
    Можеби долго трае. Ама у тие 2 саати, на моменти плачев, на моменти се пресмеав.
    Препорачувам! :rofl:
    [​IMG]
     
    На Srekicka, leptir1 и SimonLimon им се допаѓа ова.
  16. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Снимен според една книга. Предобар филм. Приказна за едно Еврејче од логорот, и син на еден од војниците на Хитлер, за нивното пријателство, за тоа низ која призма детското срце ги доживува работите. Прекрасен филм. Ви го препорачувам!!!
     
    На Srekicka, Cynthia, Chocolate.me и 2 други им се допаѓа ова.
  17. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    A Princess for Christmas
    Фамилијарен | Комедија | Драма

    На покана на роднина, една млада жена патува со нејзината внука и внук во еден замок во Европа за Божиќ.

    Онака веќе видено слатко романтично божиќно филмче.

    [​IMG]
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    [​IMG]
    Everybody`s Fine
    Емотивен филм. Татко-вдовец живее сам и откако сите 4 деца кои живеат на различни скроз различни страни ќе откажат посета, тој ќе реши да ги посети нив ненајавено.

    [​IMG]
    W.E.
    Колку ќе пропуштев ако не го препорачавте во темава. Одличен :clap:

    [​IMG]
    Malena
    И на овој конечно му дојде редот, сите знаете што, како :)
     
    На 1209 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  19. Mameha

    Mameha Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    490
    This Means War одлично филмче 9/10
    Прво на самиот почеток ко почнав да гледам си реков дека е некој трилер ама на крај испадна штосна комедија
     

    Прикачени фајлови:

  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.111
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    One for the money, two for the show, three to get ready...
    Ич не ме бендиса филмчево, Кетрин не ми е убава со ваква коса, башка што воопшто не и прилегаше улогата. Филмов ми беше како некој лош вестерн. Па вади некаков си глас таму |(