0/10 глуп, ефтин филм. мразам вакви комедии. 6.5/10 Action | Crime | Mystery Интересен, до некаде и напнат (напади, бркотници...). Добар крај.
До пред крајот на филмот, девојчето сакав да го фатам за косата и да го акнам од ѕид. Толку да се немало памет (многу добра поента, бај д веј, татковата љубов.. Неописливо нешто.. ) Само крајот некако.. На брзинка ми заврши, немаше расплет од заплетот. 8/10 Spoiler Малолетното девојчето Ени,се допишува со Чарли, којшто прво ја лаже за годините,и се постепено повеќе ја лаже. Ени и Чарли се запознаваат во Трговскиот каде што Ени увидува дека Чарли е многу постар , но тој ја убедува дека никој неможе да им ја сруши нивната љубов, па не па годините.Со текот на настаните, таткото се повеќе сака да го убие..
Jason Statham ... How you doin? The Bank Job (200 http://www.imdb.com/title/tt0200465/ Ептен ме бендисаа, прво местото на дејствието и тоа што се случува во 70сетите години, колку лесно било да ограбиш банка значи А посебно што е по вистинит настан. Заплети, акција, љубов во умерена доза, сето тоа зачинето со акцентот и шармот на Статхам 9/10 Safe (2012) http://www.imdb.com/title/tt1656190/ Јас најпрво мора да се пофалам дека филмов го гледав 3 пати по 30 минути. Што да правам заспивав, не сум јас крива Инаку еден од понеинтересните филмови на Статхам. Не е за фрлање, ама акција која е нелогична. Се испоубија зашто им се може? Абе ај, типично полицајско американско срање сценарио. Статхам го вади само филмот, само он, со друг актер филмов ни во кино не би го прикажувале. 6/10
500 Days of summer Мислам дека сите го знаете филмов. A boy meets girl. But Its not a love story. Its a story about love. Прекрасен филм, топло препорачувам. 10/10 Spoiler
Epic Movie Страшно добар филм, го препорачувам на сите! Пародија е на голем број филмови, одлично поврзани. Се пресмеав. Глумците на извонреден начин го пренесуваат хуморот, максимално посветени на карактерите кои им биле дадени. Се` нај нај би кажала за филмов ама да не ја одолговлекувам работава.. Давам стотка од десет!! Лесно филмче, за тепање време и смеење саат ипол. 10/10
Piranha 3D - катастрофа. филмот многу ме разочара... очекував многу повеќе мистерии, истражување, разрешување, а во филмот се прикажани само цицки и крв. воопшто не ми се допадна.
Six Degrees of Separation (1993) Вил Смит, Доналд Сатерленд и Стокард Ченинг во главните улоги. Вил Смит е сиромашно, но бистро момче, кое сака да се инфилтрира во неколку богати фамилии во Њујорк. Оперира од сосема нематеријални побуди. Во меѓувреме се дознава неговиот план, на сосем случаен начин... Интересен, одржува внимание, но крајот некако беше блед и се изгуби поентата. Глумата беше на нивоу. 5/10 Philadelphia (1993) Том Хенкс е брилијантен млад адвокат кој ќе биде неправедно отпуштен од голема и моќна адвокатска компанија, само затоа што конзервативните партнери ќе дознаат дека боледува од SIDA и е хомосексуалец. Kога се решава да ја тужи компанијата, ќе биде одбиен од многумина, се додека неговиот ривал од судницата Дензел Вашингтон (кој патем е невиден хомофоб) не го прифати неговиот случај... Добра глума, но многу слаба режија. На неколку моменти ко да подзаспал режисерот. Интересна приказна, но фалеа емоции. 6/10
Sleepover (2004) http://www.imdb.com/title/tt0368975/ Пак јас со моите тинејџерски филмчиња. Не ни очекував пред крај дека ќе ме расплаче. За оној кој што сака тинејџерски филмчиња, нека го гледа, нема да се покае.
Memoirs of a Geisha Историска, романтична приказна, ни помалку ни повеќе мистерија, на која ретко кој останува рамнодушен. Претставена е јапонската култура и традиција со најистакнатите обележја - гејшите. Се работи за девојка по име Сајури, која со напорна работа, станува една од најбараните гејши во светот. Но не е само тоа, тука е претставен сјајот и бедата на еден далечен свет, темелите врз кои се градат сфаќањата на луѓето и вредностите на една култура. Филмот е навистина долг, но вреди да се погледне. 10/10 Geisha are not courtesans, and we are not wives. We sell our skills, not our bodies. We create another secret world, a place only of beauty. The very word ‘Geisha’ means artist and to be a geisha is to be judged as a moving work of art” - Mameha, Memoirs of a Geisha
Последениот филм што го гледав е „Игрите на гладните“, снимен според истоимената книга. Ми се допадна филмот меѓутоа очекував многу повеќе, некако како да ми недостигаа делови од книгата како и ефекти, но затоа пак ликовите според мене беа совршено избрани, во ниту еден лик немаше грешка, баш така ги замислував кои исто така совршено не амо сто изгледаа физицки туку и одлицно глумеа, мислам дека оние кои ја процитале книгата и оние кои го гледале филмот ке се согласат со мене.
Rio (2011) Ми тргна со анимираниве филмчиња, ама што да правам омилени ми се. Супер позитивно интересно филмче. Се зборува за птицата блу која уште од како мала ќе биде најдена од едно девојче и заедно ќе живеат 15 години се додека не отидат во Рио де Женеиро бидејќи блу е единствена птица од нејзин вид, и најдена е уште една женска, последна, па ќе идат таму за да го размножат видот. Потоа следуваат авантурите.. Препорачувам 10/10
Троја. Самото име кажува се. Иако го имав гледано решив да го изгледам пак и не зажалив. Најдобар историски филм кој е снимен некогаш. Приказната сите ја знаете, ретко кој го нема гледано филмот, а за тие што уште го немаат(а мислам дека нема таков ) веднаш нека го погледнат и нема да зажалат.
Aquamarine Сирена која бега од океанот и од татко и, бидејќи не сака да се омажи за тој што семејството и го одбрал, туку верува во вистинска љубов, ја пронаоѓаат две девојчиња во нивниот базен и решаваат да и помогнат во нејзината потрага по љубовта. За возврат, таа ќе им исполни една желба, а тоа би било едно од девојчињата да не се пресели од градот. Детско, тинејџерско филмче, со многу примеси на фантазија и нереалност , но на најдобар можен начин е опишана една стварно важна и ретка работа во животот - вистинското пријателство. Од мене има филмов - 10/10
Филмот е за едно малку повеќе од обично семејство, две лезбејки кои имаат син и ќерка. Немаат никакви проблеми и семејството функционира во ред и покрај тоа што децата имаат две мајки, меѓутоа кога ќе решат да го запознаат донаторот на сперма, работите ќе се сменат и ќе настанат некои проблеми. Мене ми се допаѓа филмов, не е прикажан на некаков тажен, патетичен начин туку е баш интересен.
The Rite Не знам дали зато шо имав преголеми очекувања за филмот (пошто е со Ентони Хопкинс), али филмот стварно ме разочара ! Толку катастрофичен, не интересен, без поента....абе еби ветар Џабе си потрошив време да го гледам. Оцена: 1/10