Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. sis11

    sis11 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Последен стварно добар филм што сум гледал е The Man from Earth (2007)..
    Вероватно за половина од глумците никој не слушнал, а сепак одличен филм со многу интересна `приказна`... кратка рецензија: одгледајте барем 10мин, и нема да можете да се одвоите од екранот се додека не заврши... :)
    го имате овде со превод http://filmovi.infopult.net/film/sa-prevodom/12-239/The-Man-From-Earth-2007
     
  2. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Lovewrecked


    Позната рок ѕвезда оди во едно одморалиште на Карибите, каде преку летото работи Џени со нејзиниот најдобар другар. Таа му е голема обожавателка, го прати насекаде низ одморалиштето, па на едно крстарење тие двајцата ќе паднат во вода и ќе стигнат до еден остров. Всушност тој е истиот остров каде што е и одморалиштето, само што Џени тоа прва ќе го дознае, и со цел пејачов да се заљуби во неа, таа нема да му го каже тоа. :D

    Аманда Бајнс отсекогаш ми била најдобар избор за тинејџерскиве филмови, и лежат такви улоги. Овде е баш симпатична и интересна. :D

    .... 9/10
     

    Прикачени фајлови:

    • LW_big.jpg
      LW_big.jpg
      Големина на фајлот:
      41 KB
      Прегледи:
      296
    На xxx-ba и Adi888 им се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Before Sunset
    [​IMG]
    Го препорачувам на сите што го гледале Before Sunrise и им се допаднал. Ако не, почнете со првиот филм и не отворајте го спојлерот за вториов дел.
    Не ми се верува дека сум го испуштила филмов и не сум го гледала порано. Првиот дел, Before Sunrise, ми е еден од најубавите романтични филмови... барем мислев дека е романтичен, затоа што секогаш верував дека Џеси и Селин ќе го исполнат ветувањето и ќе се сретнат во Виена за 6 месеци. Епа не се сретнале. ;(
    Вториов дел се случува девет години подоцна, кога Џеси е познат писател кој напишал книга токму за незаборавната вечер помината со неа... Овој пат се среќаваат во Париз. Филмот е сличен на првиот дел - цело време е пренесен низ разговор кој начнува различни интелектуални теми. Мене ми беше тажен, болно реален. Тажно е како двата животи се развивале околу таа ноќ чие ветување никогаш не се исполнило. Првиот дел заврши со нишка надеж, за вториот дел да открие дека тие девет години биле празни за двајцата. Двајца луѓе обележани од една ноќ...
    Искрено се надевам дека за некоја година ќе излезе и трет дел, ова е филм кој едноставно завршува на начин што те прави да бараш да дознаеш што ќе се случи и сакаш уште. Официјално го молам режисерот и двајцата актери да направат уште едно продолжение. Се’ беше смислено прекрасно - точно девет години изминати од снимањето, истите актери кои се соодветно остарени за да ја доловат смислата и созревањето... истата приказна но созреана.

    Чиста, заслужена десетка од мене. :bow:
     
    На A-j-a и kravce им се допаѓа ова.
  4. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    The Perfect Man

    [​IMG]
    Лесно филмче, интересна приказна за тепање време :)

    John Tucker Must Die
    [​IMG]

    16 Wishes
    [​IMG]
    Ми тргна со тинејџерскиве филмови деновиве. И двата интересни лесни филмчиња таман погодни за овие летни денови :D
     
  5. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Friends with Benefits (2011)
    http://www.imdb.com/title/tt1632708/
    Досаден, досаден, досаден. Премногу очекував очигледно.
    Ни до пола не стигнав, ама претпоставувам дека и покрај тоа што заколнаа, ќе се заљубат, и ќе живеат среќно до крајот на животот. |(
    Барем да не беше толку провидлив, како ќе заврши..
    Не препорачувам! :shake: :Down:
    [​IMG]
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  6. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Женски
  7. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    A few best man.

    Интересно филмче, лесно, јака комедија, да четворица другари кои запаѓаат во невољи за венчавката од едниот и се извлекуваат од нив но тешко. Сепак е со среќен крај вообичаено.

    Препорачувам
     

    Прикачени фајлови:

  8. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Jeff, Who Lives at Home (2011)
    http://www.imdb.com/title/tt1588334/
    Само што го изгледав. Ми се допадна на мене.
    Малце чуден. Јас би го препорачала, ма да некои можеби би рекле досаден.
    Очекував некоја комедија или што знам.. А искочи нешто сосем друго. Мене сепак ми се допадна.
    [​IMG]
     
  9. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Aна Kаренина

    [​IMG]

    [​IMG]

    Tажна приказна за несрекно омажена жена (Aна) која се заљубува во шармантниот офицер

    Hе знам што да искоментирам повеке,сеуште сум под импресии од филмов,прекрасен е :x
    Cе растажив на крајот :sweat:
    10\10
     
    На 1209, bittersweet и LivingGlam им се допаѓа ова.
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    [​IMG]
    Burn after reading
    Ништо посебно, а јас многу очекував од филмов поради глумците.
    Глупав крај.

    [​IMG]
    The mask od Zorro
    Е, ова е веќе друго и иако верувам повеќето сте го гледале, препорачувам :)
     
  11. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Little Manhattan!
    Прекрасна љубовна приказна. Препорачувам.
    10/10
    Станува збор за момче од 10 години кое ќе се заљуби во девојче од 11 години. Тие се карате партнери, но почнуваат да се дружат и момчето се вљубува во неа. Што ќе се случи на крајот, откријте сами. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На xxx-ba и LilBaby им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.344
    Пол:
    Женски
    Tangled
    [​IMG]
    Јас сум вечно дете, и засекогаш ќе си останам навлечена на Дизниевите цртани. :$
    И овој не беше исклучок, а приказната верувам дека ви е позната - за принцезата Рапунзел.
    9/10
    Мене ми беше одлично филмчево. :D
     
    На Annath и Miss-Angie92 им се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Mr. Nobody
    [​IMG]
    Не знам зошто претходно не сум го гледала, навистина ми се допадна.
    Приказната е сместена во временска рамка од крајот на 20тиот век, до почетокот на 21виот и го опфаќа животот на главниот лик Немо.
    Поентата не ви е сервирана на тацна, треба самите да ја откриете, па затоа не е некој филм за опуштање, туку бара целосно внимание.

    Го препорачувам :up:
     
    На bittersweet и Trendafilka им се допаѓа ова.
  14. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Snow White and the Huntsman
    [​IMG]
    Пред некој ден го гледав во кино.и многу ми се допадна.Интересно направен е филмот и воопшто не е досаден.
    А голем плус е што ја обожавам Шарлиз Терон
    10/10
    http://www.imdb.com/title/tt1735898/
     
  15. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    The Avengers



    Мене ми се допадна ептен филмот. Го гледав во Милениум, 3D. Незаборавно искуство. Е сега филмот како филм ми е некаде просечен. Убав е, ама сум видела и подобри. Ако не го гледате во 3D не препорачувам да го гледате, не е тоа тоа.

    8/10
     

    Прикачени фајлови:

  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    http://www.youtube.com/watch?v=cYplvwBvGA4

    :^) ... XM,епа вака значи, веќе никогаш, ама никогаш нема да се залетувам по филмови од типот на уау, јак е јак е, префорсирани, уште и пред да излезат.
    истото беше со AVANGERS, да не го гледав на 3д, да го гледав на обична снимка ќе си каснев од газот, зашто реално, ама реално нема и некоја посебна сторија во него...

    филмов е смешен, има неколку сцени смешни, ама, далеку од тоа што очекував, поради нели, преголемата форсираност... |(
    Hе е лош да му се фрли поглед, ама сепак, моите очекувања беа повисоки :)
     
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Не знаев дека има и втор дел од Before sunrise, срам да ми е а многу го сакав првиот дел, фала Ливинг...
    Веројатно ќе има следен дел, и ако има значи пак се разделиле...детето болно, морал да се врати, после таа се одселила, заминала во некоја држава од третиот свет преку нејзината работа и...оп, после 10 години пак исто :D Оставен е завршетокот на нашата имагинација, па ете ја мојата...
    Добар е, само не ми се допадна тоа што немаше ниту еден единствен бакнеж...малку барем страст да видевме...Препорачувам.
    Before sunset
    [​IMG]
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Liebe.Love

    Liebe.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    24
    Love at first Hiccup, срцка е Виктор, колку само ја сака Аnya :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
    Исто така и Twilight сите делови излезени до сега :D :$ :* :*
     
  19. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    August Rush 10/10

    Прекрасен филм за едно дете, сираче, музичко чудо што покрај многу препреки успева да искомпонира музика на чуден начин и да ја претставува во Њујоршката филхармонија. Неговите родители се исто така музичари кој од нивното прво видување се до тој ден се немаа видено поради таткото на Лајла (мајката на Август). Препорачувам. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На mysterious му/ѝ се допаѓа ова.
  20. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Runaway bride


    Ричард Гир и Џулија Робертс ми се совршени ко пар. Тие го прават целиов филм тоа што е.

    Не знам што повеќе да напишам, оти немам никаква критика за филмов, а ако не го погледнете, џабе ќе ви пишувам дека е добар. :)

    Не сум луда по реплики, не ги запишувам, али оваа им беше страшно добра :D
    I guaranteе that we`ll have tough times. And I guarantee that in some point, one of both of us will wanna get out. But I also guarantee, that if I don`t ask you to be mine, I`ll regreted it for the rest of my life, `cos I know in my heart, you are the only one for me ...

    Најдоброто побарување од се што сум чула по филмовиве :clap:

    Иначе, без размислување, 10/10
     

    Прикачени фајлови:

    • runaway_bride.jpg
      runaway_bride.jpg
      Големина на фајлот:
      80,1 KB
      Прегледи:
      349
    На Chivas му/ѝ се допаѓа ова.