The Piano (1993) Жена која одбива да зборува, пристигнува во Нов Зеланд со својата ќерка, за да стапи во договорен брак со земјопоседник. Со себе го носи единственото вредно нешто, нејзиното скапоцено пијано, преку кое ги изразува своите емоции. Неочекувано, ќе се вљуби во сосема друг човек... Вистинско мало ремек-дело, исполнето со чувства и прекрасна музика. Холи Хантер нема да проговори ниту збор, а ќе биде наградена со оскар за главната улога. Филм за една љубов, за музиката, за самопронаоѓањето... при средината бев малку поделена со мислењето за филмов, но крајот за мене го красеше делото. 8/10 Музиката е совршена. http://www.youtube.com/watch?v=9yiDyEcQAJ0 The Pianist (2002) Адриен Броди, исто така награден со оскар за оваа улога го портретира Владек Шпилман, евреин од Полска кој е затечен среде виорот на II Светска војна, заедно со своето семејство. Суров и драматичен филм, иако има бавно дејствие, за хоророт и ужасот кој го приредува војната, желбата да се преживее, за да се раскаже. Предобар филм, полн емоции. Ќе се остави замислени. 8/10
Meet Joe Black По совет на татко и да почека вистински да осети страст, една докторка навистина среќава таков човек кој веднаш и го привлекува вниманитето. Но, дали е возможно да биде долго со него? Малку поинаков тип на филм, ама интересен
What a girl wants Мене ми се допаѓа, Аманда ми е една од омилените глумици. Тука глуми Дафни, девојче кое живее со голема желба да го запознае својот татко. Но откако ќе го запознае, не е баш воодушевена од неговото семејство. Интересна приказна, за вредностите во животот, за работите кои ги ставаме на прво место. Типот е симпатичен, песните ми се допаднаа. Само незнам кај ги нашле тоа другарките на полусестрата, грди и глупи. Воопшто не ми се допаднаа. Главна улога : Amanda Bynes
Valentine`s day Многу време траеше филмот ... 2 саата. Али веројатно дека многу приказни се испреплетени, затоа требало толку време да трае за да се види се де, нели. Мене ми се допаѓаат вакви филмови, кои раскажуваат за повеќе луѓе, така да, добро потрошено време. Ептен лигави ми беа тие двајцата Тејлор-вци , едната анорексична, а другиот ко мајмун од 160 цм. Не ни биле потребни во филмов, 2 реченици не сврзаа како што треба. Другиве актери ми беа супер, најсладок пар - Ен Хатавеј и Тофер Грејс. Баш си одговараат. Оценка ... 8/10
Picture This Добар филм, тинејџерски. Се работи за Менди, непопуларно девојче чија симпатија е најпознатото машко во школото. По една, не баш пријатна средба, тој започнува да ја симпатизира. Но на патот им стои, неговата поранешна девојка Лиса, која е страшно љубоморна. Главна улога има Ashley Tisdale , срцка е, баш и лежи улогава. 8/10
Intruders Добар филм. Јас не би го класифицирала како хорор, повеќе како психолошки трилер со неколку језиви моменти, али нејсе, океј е. Клајв Овен е секако плус. http://www.imdb.com/title/tt1634121/
An American Crime Поморничав филм не сум гледала досега. Толку ми беше тежок за гледање и варење, буквално морав да стиснам пауза на некои сцени и да го отворам прозорецот. Базиран според вистинска приказна, во 1965 година двајца родители приморани да заработат пари, ќе ги остават своите две девојчиња на неколкумесечно чување кај сосетката. Тоа што на почетокот изгледа како семејна идила, делејќи куќа со уште неколку девојчиња на нивна возраст, ќе се претвори во вистински кошмар за постарото девојче, Силвија... Филмот е просто брутален. Бескрајно тажен, ќе ве потресе до сржта. Глумата е одлична, Елен Пејџ е една од најдобрите актерки на денешницата. Филм кој нема да ве остави рамнодушни, ќе ве исполни со гнев. И страв. 8.5/10
The Bounty Hunter (2010) http://www.imdb.com/title/tt1038919/ Интересно. Филмче за опуштање. Немам нешто посебно да кажам. Не е нешто којзнае што, меѓутоа не е ни промашај. На моменти смеење, на моменти онака.. Препорачувам.
You, me and Dupree Случајно го најдов филмов, ми се гледаше лимонатка да се опуштам и си го пуштив. Ама леле луѓе, колку беше досаден. Страшно, не знам како ги издржав тие 1 саат и 40 и нешто минути. Не го препорачувам, ич. Spoiler Скоро два саата се врти за овој Дупри кој го губи станот и работното место и додека да застане на нозе оди да живее кај најдобриот другар кој штотуку се венчал. Ќе прави некои бељи, куќата ќе им ја запали и тие ситуации треба да се смешни (ама ич не се). На крај ќе се изнервираат, ќе го истераат. И кога ќе помислите дека ќе си оди o не, тој повторно се враќа. 3/10 (заради глумците е трочјево)
W.E. Одамна некој филм не ме допрел вака. Девојката од минатото не ми беше убава ама ми беше шармантна премногу. Какви очи, усни, став имаше, права жена. Девојката од сегашноста ми беше преубава, толку природна и мила. Убава глума, ептен. Би го гледала уште најмалку 3,4 пати.
An American Crime По препорака на Трендафилка. Она кажа се што требаше да се каже за филмов. Јас само ќе дополнам дека ова е многу, многу потресна приказна, и дефинитвно не за некој со слаб стомак што се вика. Шокантно! Да не му се верува на човек какви болни луѓе и умови постојат. Страшно! http://www.imdb.com/title/tt0802948/
Филмов ми остави впечаток.Цело време мислев дека се случува едно а тоа всушност сосем друго испаѓа на крајот. Крајот баш и не ми беше којзнае што бидејќи очекував друго.Сепак е многу убав филм.
Spring, Summer, Fall, Winter... and Spring (2003) 103 min - Drama Целото дејствие во филмот се одвива на едно изолирано езеро, каде живее стар монах. Како што поминуваат годишните времиња и годините, тој учи едно мало момче да стане монах.. Судејќи според описот, мислев дека ќе е досаден. Ама воопшто не беше и покрај тоа што има многу малку дијалог. Остава простор гледачот сам да го толкува, ништо не е сервирано па бара внимание. Поучни моменти, спиритуалност, будизам, љубов, губење на љубовта.. Сето тоа прикажано преку прекрасни пејсажи за време на сите годишни времиња. Доста убедлива глума. Малку нејасен крај, никако не можам да си го протолкувам.. Мене ми се допадна! 7/10
Прекрасен филм,.....кога двајца другари ќе си ги заменат животните улоги дефинитивно ви го препорачувам
The Mechanic Конечно да го изгледам филмот. Очекував повеќе акција, сакам повеќе тепачки . Џејсон Статхам е одличен . И филмот исто така. Оценка 7/10.
Чиста десетка, филмот е феноменален. И воопшто не треба да се гледа со претходно читана содржина или било каков и најмал спојлер, поентата е гледачот да си ги бара симболите низ филмот и да поврзува едно со друго. Не е неопходно да се имаат гледано останатите делови зашто не е ова продолжение. Не е лесен и не е за секој, добро, ама си ги вреди сите пари. Четири очи на филмов, за мене бар нема поубаво чувство при гледање филм од тоа да си ги склопувам деловите. Не е типичен армагедон/матрикс/било што со брод филм во стилот, тројца од посадата ќе умрат, двајца се лоши, еден е предавник и слични веќе видени сценарија, секој од ликовите има поента и тоа ниедна улога не е згрешена. Дури и луѓе што неќат ванземаљци, ко што и коментираше другарка, треба да го погледнат, зашто воопшто и не е акцентот на луѓе вс вонземјани пау пау, туку многу подлабоки и суштествени теми допира. Алал вера на режисерот.
Психолошки трилер. Тотално збунувачки, има да ви се измеша се но поентата се препознава ... Добро е да се погледне. 8.5/10 Се работи за соба 1408 во еден хотел во Њу Јорк. Главниот актер Џон Кјузак кој добро си ја одигра улогата е наводно колумнист пишува за опседнати хотели и сл места од духови ... Така и заглавува во оваа соба, а што се случува погледнете сами
This Means War Комедија која ми привлече многу внимание. Глумата на Reese Witherspoon многу ме изненади, не ми се допаѓа многу, но овојпат ме фасцинираше! 9/10