Филмот не ми остави некој впечаток,мислев дека би бидне подобро направен.Го имам гледано документарецот на investigation discovery и е многу подобар од него.Базиран е на вистинска приказна за сериски убиец,една од најголемите мистерии во светот на убиствата.Досието за Зодиак и ден денес е отворено во Америка. 6/10
How High Комедија е и верувајте нема шанси да ви се здосади додека го гледате . Филмот е со двајца црнци кои се запишуват на Hardware и прават 300 глупости ))
Eternal Sunshine of the spotless mind Spoiler Фино романтично филме со необична содржина. Првпат го гледам Џим Кери сериозен, ама улогата изгледаше ко створена за него. Тој се среќава со Клементина и во еден воз започнуваат разговор. Од тогаш стануваат неразделни и го оставаат позади себе самотничкиот живот. Ако тој е мирен, срамежлив и призејмен, таа е имплусивна, зборлива и секогаш ентузијастичи настроена. Таа нејзина брзоплетост ќе го донесе заплетот на филмот, односо кога ќе реши да го избрише од нејзината меморија... 7/10 поради интересните сцени плус The American Psycho Spoiler Крисијан ми е симпатија баш поради неговата чудна фаца и тој секогаш добива настрани улоги Живее навидум совршен, луксузен живот се додека болката и тагата не извршат доволно тензија на него па затоа станува садист. Болен и тажен ум во скап костум! Очекував искрено повеќе од филмот. Сепак репликите ми се допаѓаа 7/10
Клајв Овен е одличен. Џенифер ми е повеќе за комеди ама тука покажа дека ја бива. Одамна ми е гледан и пак сум го спуштила мислејќи е др филм, но пак го гледав затоа што е добар. 9/10 Препорачувам. И не ви кажувам што е сторијата, ќе се потрудите да го најдете и да го гледате.
Одличен филм. Го гледав пред некое време, а го симнав само зашто Анистон е една од главните улоги, а јас ја сакам како актерка. Не очекував многу од филмов, ама излезе дека е одличен трилер со интересна приказна кој вреди да се погледне. И јас би му дала оценка 9/10.
New Year's Eve Не сум фан на филмови со милион ликови каде се е измешано и немаш поима кој со кого е, што како се случува....и наместо да уживаш во филмот се напнињаш да сватиш што гледаш. Е ама филмов ме изненади позитивно ептен ми се допадна. Цело време ми го задржа вниманието и во ниеден момент не ми беше досаден ма со насмевка на лице го изгледав филмов. Посакав сега во моментов да е нова година и да сум во Њу Јорк. Дефинитивно ќе се потсетам пак на филмов за новогодишните празници.
Edward Scissorhands[1990] Love story што не завршува баш очекувано.Му се дивам на имагинацијата на Тим Бартон, ептен добра замисла, а и интересен е филмов. 6/10
Мене па премногу ми се свиѓаше филмов. Јес да е малце поразличен, и мило ми е што немаше некои лигави и патетични дешавки - ко у секој втор филм. Едино нешто што ме нервира во ваквите филмови општо, е што сите девојки ги прикажуваат како некои к*рвици. Додуша не ни знаеме какви се девојките таму али ипак. Добар филм за тепање време, не замара со размислување и одгатнување кој-што-како-зошто.
РИО .... одамна не сум гледала вакво убаво анимирано филмче се работи за мало папагалче кое е однесено од рио....станува домашно милениче,незнае да лета...но судбината го враќа во рио...за понатаму гледајте самите 9/10
Men in Black 3 Го гледав пред некое време во кино во 3Д и морам да кажам, овој филм ги исполни моите очекувања!Сите Мен ин Блек филмови секогаш ме фасцинирале, полни со акција, фантазија, на моменти смешни,на моменти тажни, прости ги обожавам! На почетокот ја видов Spoiler Никол Шерзингер и јас не очекував да ја видам! Незнаев дека е во филмов така да пријатно се изненадив. За информации за филмот видете си на википедиа, ама јас би само да го видите трејлерот. Јас на филмов му давам 10/10
Кој филм е ова? Можеш да ставиш линк? Да не бидам офф топик последен филм што го гледав е The time traveler's wife !! Интересен е! Оценка од мене 7/10.
What a Girl Wants (2003) Премногу си ја засакав Аманда, одлична е. Имам гледано неколку филмови каде што е главна улога и ме нема разочарано. Филмов е баш по мој вкус, ми се допаѓа. 10/10 .
Сенки- Мислам дека нема кој го нема гледано филмов, а еве јас прв пат го гледам и само пофални зборови имам за филмов. Македонија има глумци има се и треба почесто да се снимаат македонски филмови, а не глумците да ги позајмуваат гласовите во турски серии. Кога сме кај македонските филмови едвај чекам да излезе Трето Полувреме
In time Дефинитивно некому идејава за филмот му текнала од изреката - Времето е пари. Али кога времето, парите и животот се едно нешто, тогаш може многу повеќе да се изгуби. Тимберлејк ме изненади пријатно навистина. Го бивало и за глума покрај талентот што го има за пеење ко некој да го репнал во м*да. Аманда е супер исто, и на двајцата баш добро им легнале улогиве, подобар пар не би можела да издвојам за филмов. Приказна многу поразлична од се што сум гледала, интересна, го задржува вниманието, напната, неизвесна ... Од глума, актери, целокупна приказна, па и крај, нема нешто што не ми се допадна во филмов. 10/10