Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    A Thousand Words
    [​IMG]

    Еди Марфи, Адам Сендлер и Бен Стилер играат оро во собата за ретардирани човечиња in my book.
    Значи одбегнувам филмови со овие тројца, на A Thousand Words му дадов шанса, зашто нарочито барав лесен, со надеж смешен и по малку ретардиран филм и добив џек пот.
    Филмот е токму тоа. Носи добра порака и има поента, која секако е блесаво-бизарно претставена.
    Филм кој говори за универзалната вистина - дела, а не зборови.
    Ова зачинето со фацките кои може да ги долови само Еди Марфи, рака на срце, ветува лесна и ретардирана комедија во времетраење од 1 час и 30 минутки. За мерак ако сте во мутаво расположение.
    5/10
     
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.479
    Допаѓања:
    251.097
    Има и книга, Двојната Лота :) .
    И ја имам прочитано околу 5 пати.
    Омилена книга од детството.
    Ако ти се допаднал филмот, прочитај ја и книгата.
    Ќе го гледам и филмот, за да видам како се претставени ликовите, бидејќи додека ја читав си создавав слики, а Лота и сестра и ги замислував како девојчиња со руси коси, бидејќи според книгата се Германки :) .
    Офф сум, ама филмот ме наврати во детството :) .
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    The Princess Diaries

    На ова жешко време ми требаше така некое интересно чик филмче, овој го немав гледано а ретко пропуштам филмови со Ен Хетавеј па конечно го изгледав :). Одличен е за опуштање, на моменти смешен и доста е интересен. Ен ми е совршена, и како глуми и има некој шарм. Уште од помала си ја бивало за глума. Од филмчето не очекувајте којзнае што, можеби е и помалку детско :wasntme: ама ете, за опуштање е сосема добар.

    [​IMG]
     
  4. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    The Best Exotic Marigold Hotel

    [​IMG]

    Слободно можам да кажам најубав филм што сум го гледала во последно време. Сигурно ќе ве освои.

    http://www.imdb.com/title/tt1412386/
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Се глупи филмови почнувам и кога ќе ги догледам си се чудам на паметот.
    [​IMG]
    Just go with it
    Онака. И тоа не би го гледала пак. Си набив комплекс како Анистон изгледа на 40 и кусур години. И пекав да ме носат на Хаваи да пливам под водопад. Воопшто некреативна приказна, се сакаат ама не знаат дека се сакаат, не се сакаат, еј колку се сакаат. И тоа децата одвратни ми беа, кај го нашле девојчето такво никакво.

    [​IMG]
    How do you know
    Ако ми верувате уште не го сфаќам филмов. Го гледав вчера вечер и уште на пола филм се ми беше нејасно. До крај на филмот не ми се расчисти. Уште еднаш не. А се супер глумци туриле Рис Винтерспун, Џек Николсон, Овен Вилсон. Филмот катастрофа. Само стан сакам како тој на Овен Вилсон.
    Ако сте го гледале, жал ми е, ако не сте го гледале, не го гледајте.
     
  6. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Wanderlust
    [​IMG]
    Сакам да гледам филмови со Џенифер,лесни и романтични ми се,но за овој е ова е мојата рецензија |( :headbang: Многу е глуп,ама ептен дури гаден на моменти.
    Млад брачен пар купува студио во Њу Јорк но по извесно време ги губат работните места,така да пак го продаваат студиото.Одат да живеат кај братот на момакот ама не се сложуваат и така случајно се наоѓаат во една хипичка заедница каде сите се сакаат и спијат меѓусебно.Чисто онака од љубав на све стране.
    Џенифер одма ќе го испроба начинот на живот(ќе спие со еден тип)мажот и ќе се налути и ќе си отиде.НОРМАЛНО на крај се враќа пошто многу ја сака и така пак ќе си бидат заедно.
    На крај отвараат издавачка куќа што го носи името на филмот и СИТЕ ликови од филмов книги издаваат.Ете така топ е |(
     
    На femina90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    http://www.imdb.com/title/tt1791658/
    мене лични ми се бендиса филмот, авантуристички, кученцата го даваат ефектот. 8/10
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    АCT OF VALOR
    За љубителите на воени филмови...дефинитивно им го препорачувам......8/10
    Нема да го објаснувам,бидејќи ова е акција....употребени се доста разновидни оружја, ја имаат прикажано и најновата дикитална униформа...се е тип топ
    [​IMG]
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Hide and seek
    [​IMG]
    Филмов е демек хорор, но не е воопшто страшен, ниту пак гаден. Доста интересен и јас не очекував на тој начин да заврши. 7/10
    Се работи за семејство, па откако мајката ќе умре, таткото и ќерката бидејќи имаат прилично турбулентен однос, тој сакајќи да го подобрат се преселуваат во близината на Њу Јорк. Со нивното пристигнување Емили (ќерката) си создава нејзин имагинарен пријател, Чарли, со кој си ја играат играта hide and seek. Со текот на времето Чарли ќе почне да им создава проблеми, а остатокот не ви го откривам.
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Cruel Intentions(1999)
    Незнам дали има некој што го нема гледано филмов. Јас го имав малку позаборавено и решив да се потсетам. Содржината на филмот сите ја знаете и нема потреба да ви ја раскажувам. прекрасен филм, предобра глума посебно од Sarah Michelle Gellar(Кетрин) која е прекрасна во филмов. 10/10
    http://www.imdb.com/title/tt0139134/
     

    Прикачени фајлови:

  11. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    This Means War

    [​IMG]

    Не е лош ама сепак не ме импресионираше премногу или пак да се насмеам асално на некоја сцена. Онака, за едно гледање е добар ама крајот некако ми излезе безвезален. Рис како и во секоја улога не ми беше нешто симпатична. Единствената светла точка на филмот ми беше момакот, па каков глас има :inlove:.

    [​IMG]
     
    На EleMental и Elennaa им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.971
    Пол:
    Женски
    An education
    [​IMG]
    Добар филм, пред се многу реален.Приказната главно е свртена на тоа дека животот е најдобра школа.Дека секој може да згреши, но и дека секој заслижува втора шанса.Доста поучен филм
    Се зборува за девојче, паметно со амбиции да студира на Оксфорд, но сето тоа ќе се промени кога ќе се запознае со постар маж со кој ќе започне врска, за како ќе заврши погледнете го, вреди.
    Актерската екипа е одлична, исто и сценографијата и костимографијата, ги има во кадар и Париз и Оксфорд и по некој џез клуб...јас би му дала 7/10.
    Не е филм кој ќе те остави без зборови ама е доста реална и секојдневна приказна.
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Сум се згазила од смеење.. :rofl: :rofl:
    Па се работи за Семејството (за жива глава ме ми текнува презимето) кој ќе мислат дека се на одмор аа тие во реално шоу.. :rofl: :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

  14. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Добар филм.И актерката ми е една од омилените.Има и хумор и акција.
     
  15. iva.89

    iva.89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    18
    Само што го гледав "If only" ..филмот просто е прекрасен, завршува на начин на кој што не замислуваш дека може да заврши, а во текот на филмот се мешаат емоции со јак интензитет,а најважна е поентата на филмот да сакаме, почитуваме и да го живееме моментот зашто никогаш не знаеш што ке ти се случи.
     
  16. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    Само што го догледав.Интересен филм е, вреди да се гледа.Се пронајдов до некаде јас , а може да се извлече и поука за една врска .

    8/10
     

    Прикачени фајлови:

    • thebreakup.jpg
      thebreakup.jpg
      Големина на фајлот:
      50,6 KB
      Прегледи:
      138
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Role Models (2008)
    http://www.imdb.com/title/tt0430922/
    Досаден.
    Не го догледав до крај, стигнав до 43та минута.
    Има добра приказна, ама не ми е тоа тоа.
    Можеби е до моето расположение, незнам.
    Немав некоја желба да го догледам.
    [​IMG]
     
  18. TheScarletDandelion

    TheScarletDandelion Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    248
    In time- Доста добар филм и бев пријатно изненадена од глумата на Џастин Тимберлејк,а заедно и со Аманда Сејферд беа супер погодени двајцата...Инаку станува збор за акција со научна фантастика,каде после 25 година секој човек престанува да старее,и му е дадена уште една година живот,освен ако самиот не пронајде повеќе време,без разлика што се ќе направи за да го добие истото со што би си овозможил вечен живот.Филм кој носи порака дека секој момент,секоја минута ,па и секоја секунда е многу битна и може да промени многу. Сосема солиден 8/10 :)
     

    Прикачени фајлови:

  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Alfie


    Hешто како `Everybody loves Adam`.
    Tипот е женкариште, спие со мал милион жени, и пополека почнуваат да го забаталуваат кога ќе му текне да се скраси. Cи викам, имало надеж за момчево.

    Oцена: 5/10
     

    Прикачени фајлови:

    • ashajdad.jpg
      ashajdad.jpg
      Големина на фајлот:
      20 KB
      Прегледи:
      233
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    [​IMG]

    I know who killed me

    Онака, просечен трилер, крими филм ... 7/10

    I Know Who Killed Me (2007)
    R 105 min - Crime | Mystery | Thriller - 27 July 2007 (USA)
    3.6
    Your rating:
    -/10
    Ratings: 3.6/10 from 19,238 users Metascore: 16/100
    Reviews: 240 user | 127 critic | 16 from Metacritic.com

    A young girl who was missing reappears, but she claims to be someone else entirely.

    Director:
    Chris Sivertson
    Writer:
    Jeff Hammond
    Stars:
    Lindsay Lohan, Julia Ormond and Neal McDonough | See full cast and crew