Потпис на ова......веќе имам кажано,искрено мнооогу очекував од филмот заради глумците но испадна катастрофа НЕ ГО ГЛЕДАЈТЕ или ако сте го сватиле пишете FLIPPED.....досадноооооо, во цел фим се работи како она размислува и гледа на одредената случка, па потоа оди истата сцена ама од негова страна. Па пак нова сцена, со нејзини сваќања, па негова....и цело време како рингишпил во круг 2/10
Letters to Juliet Лесно филмче за губење време. Не ми остави некој голем впечаток. На почеток досаден беше, ама после малце се размрда 6.5/10
Еј Snow-Queen, зш не те бендиса Flipped??? Мене ептен ми се свиѓаше откако го гледав недела дена бев како во блажена состојба Туку да не забегувам, последно го гледав Burlesque Коментар за филмов: Ај, мамита!!! Калиенте, калиенте. Не, сериозно ептен ме бендиса. Прва работа леле како играа и пееја. Кристина Агилера отсекогаш сум ја почитувала, ама после филмов и споменик ќе и изградам (во наш стил нели). Кога ги видов сите затегнати, згодни моми кога сум фатила да возам орбитрек во 12 вечерта, среќа комшиите не ми се качија. Од мене 9/10 за филмов, супер беше. Може приказната е добро позната ама одлично обработена. Само една замерка имав. Кристина беше толку слаба што изгледаше дури и анорексично. Посебно во сцената каде бее соло во зелен фустан ми беше како девојка од насловна за проспект за food disorders.
Според мене не го бива ич. Толку лоша глума искрено во ниеден филм не сум видела досега. Воопшто не ми се допадна, за џабе потрошено време.
American reunion Интересно беше да се види старата екипа пак на дело Се изнасмеав на некои делови. Од мене има 10-ка Препорачувам! *** Инаку фала на препораките да не се гледа Нow do you know Верувале или не филмот ми е почнат 2-3 пати и се стигнувам до 30 минути и гасам од досада. Значи воопштo да не го гледам. ФАЛА И Сноу не се мисли за Burlesque . Пуштај го одма
The Other Boleyn Girl - Одлична драма направена според новелата на Phillippa Gregory,дејството е во 16ти век каде се опишани животите на аристократијата,на љубовниот триаголник помеѓу тогашниот крал Хенри VIII со неговата љубовница Мери Болејн и нејзината сестра,кралицата Ен Болејн.... 9/10
W.E. По препорака на некои од феминките го симнав пред некое време и сега самошто го изгледав. Страшно добар филм, го изгледав во еден здив и се ежев на секои 5 мин Им препорачувам на сите да го гледаат Spoiler војвотката ме потсетува во ликот на marama оцена: 10/10 П.С. Браво за Мадона, одлична работа завршила
Ептен интересно тинејџерско филмче , со позната содржина од почеток. Малку идеата за заплетот е лош , ама сепак многу добро тепање на време 9-10. Spoiler Џон, момчето во кое сите девојки од школото полудуваат се „забавува“ со три различни девојки,кои ќе сакаат да му се одмаздат. Џули, девојката која им дава совети како да им се одмаздат, на крај станува жртва, т.е. самата искача со Џон. Во меѓувреме, Џули се менува...... Дечково е совршен,да Анимирано филмче кое го гледав без да трепнам.Чиста 10ка! Имперсионирана сум Spoiler Hiccup, чие име неможам никако да го преведам , живее во селото Винкин,кое што сите жители се борат со змејови.Сите сакаат да убијат змеј за да станат попосакувани во селото. Hiccup,на почетокот, очигледно сака да добие подобар рејтинг,но не успева. Еден ден запознава змеј којшто ќе му го смени мислењето...
Само што го изгледав This means war со Chris Pine и Tom Hardy , плакнење очи типците се УаУ вредеше секоја секунда што ја поминав гледајки ги , нема да зажалите филмчето е екстра , романтична комедија што ке ве насмее и опушти
Пред некој ден 3 филма сме изгледале со друштво Од HBO on Demand. Првиот: 127 Hours http://www.youtube.com/watch?v=OlhLOWTnVoQ Што е најтрогателно, филмов е според вистинска приказна за Aron Ralston. Се работи за човек, авантурист чиј втор дом му се кањоните. Еден ден ќе му се случи несреќа, ќе падне и раката ќе му се заглави, една карпа ќе му ја притисне. Тој не може да мрдне од таму, а никој не знае каде е бидејќи никому не ни кажувал каде оди. Интересно е тоа што всушност скоро целиот филм е како тој е заглавен и пробува да преживее. Целиот живот му се навраќа пред очи, се губи, почнува да халуцинира. Сфаќа колку не ги ценел своите родители, девојката која ја сакал. Иако околу тоа се врти целиот филм, ниту за момент не ми беше досаден, вниманието постојано ми беше во филмот. Многу ми се допадна. Вториот: The last house on the left http://www.youtube.com/watch?v=sl2lmFPBGN8 Мислевме дека е некој хорор. А ова испадна кољање, вриштење, голотии. Вака трејлерчево може да те примами да го гледаш, ама филмов мене ич не ми се допадна. Добар е само за јадење гомна со друштво и смеење, а тоа ние го правевме. Третиот: Fast and furious првиот дел. http://www.youtube.com/watch?v=XG82JNkknTs По настојување на другар ни кој иако го има гледано пак сакаше да го гледа Што да кажам, типично мушко филмче. Коли, женцки, пари
BURLESQUE aaaaa девојки, фала ви многу за препораката филмов е лудница без здив останва, 10/10 а тек Кристина....wowwww, кое играње кореографии божее боже
Blonde Ambition Stars: Jessica Simpson, Luke Wilson and Rachael Leigh Cook Воопшто не ми се допадна. Го гледав колку да тепам време, ама за тоа време можев нешто попаметно да направам. Ни глумата не ми се допадна. 1/10
Inglourious Basterds (2009) Тарантино ко Тарантино, ненормален лудак кој сигурно нема женска според мене, со посебен акцент и фетиш кон насилие, крвишта и по малку грознички сцени. Аферим, филмов ме бендиса тотално. Приказната е брилијантна. Сцените се доооолги, но има одличен дијалог кој не заморува воопшто, туку ве влече да гледате што ќе се случи понатаму до крајот. Во секоја секвенца се чувствува таа типична Тарантиновска атмосфера, дури и преку хуморот кој се употребува и изборот на музиката. Приказна која ја илустрира одмаздата на Неславните копилиња - група Евреи кои успеале да се спасат од нацистите и одмаздата на Шошана, еврејче кое успеа да се провлече низ масакрот на кој беше подложено целото нејзино семејство. Глумата на Бред Пит и Дајан Кругер беше вознемирувачки добра, но Christoph Waltz го украде моментот. Каков глумец значи! На листата на омилени. И ова типче го сакам, треба да го експлоатираат во подобри и поквалитетни филмови. 8/10 за филмчето. Michael Fassbender
50 First Dates Ама ми тргна со филмовиве . Интересно филмче, го имав гледано порано ама на сред филм ми текна. Будала, што да правиш . Немам некој посебен коментар. Не ме повлече нешто многу, многу. 7/10
Collateral Том Круз во филмов е преубав, дури и не го препознав на почеток, со побелена коса е многу секси Глуми убиец кој во една вечер треба да изврши неколку убиства и во сето тоа го вплеткува и таксистот на кој случајно налетува. Не е лош Wanderlust Филмов е очаен, не знам како некому му текнале вакви глупости во само еден филм. Сакале да се многу интересни, а само се изглупирале J.Edgar Прикажан е приватниот и професионалниот живот на Едгар кој со децении бил главен на ФБИ.
Butterfly on a wheel-едноставно не смеете да не го гледате !!! брачен пар ја оставаат својата ќерка дома изнајмуваќи дадилка за еден ден да ја чува и тие одат на пат...некаде на средината од патот од задното седиште се појавува човек...и ги ремети до крајот на филмот но филмов носи навистина добра приказна особено за машките
Sex is zero 10/10 Филмов е корејски (јас искрено незнам како се решив да го гледам пошо неможам да ги поднесам тие очите закосени). Но задолжително препорачувам да се гледа. Урнебесна комедија јас се прпелав од смеење( , а и поучен е на крајот.
Gothika Почнав да го гледам без големи очекувања, но искрено излезе многу подобар од она што мислев дека е. Ме заинтересира уште на самиот почеток. Добар почеток, со интересен крај. 8,5/10 Spoiler Се работи за Миранда која е психијатар во душевна болница, но еден ден се буди позади решетки во истата болница во која работи под обвинение дека го убила својот сопруг. Никој не и верува и сите ја сметаат за луда, дури и оние најблиските кои работеле со неа. Таа пробува на секој начин да ја разреши мистеријата.