Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Get Him to the Greek

    [​IMG]

    Што би се рекло Урнебесна комедија. :)
    Главен акцент би ставила на Расел Брент кој ми беше ужасно антипатичен лик од неговите јавни појавувања најчесто во друштво на Кети Пери нели, но откако го изгледав првиот филм со него Arthur (http://www.imdb.com/title/tt1334512/) ми стана страшно симпатичен и дефинитивно омилен комичар од помладата генерација. Во следниот филм Forgetting Sarah Marshall (http://www.imdb.com/title/tt0800039/) ми се потврди првичниот впечаток, за со овој филм да влезе во моите favourites како што веќе реков. Не им робувајте на предрасудите, дајте му шанса на дечково, има неверојатен талент, пријатно ќе ве изненади, и најважното насмее од се срце. ;)

    http://www.imdb.com/title/tt1226229/
     
    На Ann.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Clash of the Titans
    7/10
    [​IMG]
    Супер ефекти,морам да признаам.Инаку митот за Персеј е приказната.

    Wrath of the Titans
    8/10
    [​IMG]
    За нијанса подобар од првиот дел.Подобра приказна во секој случај,ама колку што сум упатена во Грчкава митологија-повеќе фикција него ли вистински митолошки настани.
     
  3. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    The Time Traveler's Wife
    [​IMG]

    Ептен ми се допадна филмов. Самата приказна, улогата на актерите, дејствието се на место склопено :)

    Click
    [​IMG]
    Филмов го имам гледано може едно 100 пати и веќе ги имам научено сите сцени и пак го гледав оти ми е еден од поинтересните филмови на Адам Сендлер ;)

    My Own Love Song

    Филмов од чуден почуден. Искрено едвај чекав да заврши да видам што ќе се случи на крајот и некако тапа цел филм ми беше. Само ми се свиѓаше глумата на главните актери Renée Zellweger и на Forest Whitaker.

    13 Going on 30
    [​IMG]
    И овој филм го изгледав може по 100 пат :D Интересна ми е самата приказна, секако малку тинејџерски ми е филмов али ете :D

    From Prada to Nada
    [​IMG]
    Филмов го изгледав по втор пат, не ми е нешто интересен филмов барем сега откако го изгледав по втор пат. Првиот пат кога го гледав поише го бендисав :D
     
  4. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Петок 13 (2009)
    Од Петок 13 ги имав изгледано сите делови освен последниот не. Денеска се решивме да го гледаме со другарки. Приказната како и во сите претходни делови, друштво одат на кампување во близина на одморалиштето Кристал Лејк и го вознемируваат Џејсон(Петок 13) и тој почнува да ги убива еден по еден на различни начини и без око да му трепне. Инаку од сите делови на Петок 13 овај најмногу ме бендиса досега. Од мене има 6/10.
     

    Прикачени фајлови:

  5. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Интересно филмче онака да ви мине време. 9/10 :D
     

    Прикачени фајлови:

  6. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    The Vow,романтично филмче,ме остави без зборови ...
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    This means war-двајца сексуални батиња и најдобри другари ќе се борат да го освојат срцето на една девојка. Таа и двата ќе ги сака но ќе мора да избере еден. Тие се агенти и во нејзината куќа поставуваат камери и го следат секој нејзин чекор. Меѓусебе си прават замки, а има една сцена каде се тепаат. Акција, романтика... добар филм :lol:


    My future boyfriend-Романтично и фантастично филмче. Дечко доаѓа од иднината за да се запознае со писателката на книга кога кај него остава еден куп неодговорени прашања, како на пример што е љубов, што е секс итн. За два дена ќе се заљуби во девојката но ќе мора да се врати во иднината. Што ќе испадне... гледајте и дознајте... мој тип на филм во секој случај премногу ми се допадна


    Just go with it- Се изнасмеав значи хахахаха Џенифер Анистон и Адам Сендлер каква комбинација :lol: . Адам е хирург и треба да се вери ама ќе ја излаже вереницата дека претходно бил во брак и има две деца. Тоа не е вистина. Ќе одат на одмор сите заедно и на тој одмор ќе сфати дека цело време ја сакал Џенифер. Убав филм, ако сте за смеење да го гледате.

    The hunger games- Со мојот омиле Џош Хатчерсон :inlove:. Се случува во иднината која е премногу сурова. Луѓето се гладни и бедни и во преголем број. Единствен начин да се намали бројот е одржување на игрите за глад, во кој има машки и женски учесници, распределени во парови и има вкупно 12 парови по двајца. Секој се бори сам за себе. Единствениот што ќе е жив ќе биде славен како победник и ќе живее раскошно и секогаш ќе има храна крај себе. Меѓутоа на овие игри за прв пат ќе се случи љубовта да спои две души и да има двајца победници од исти круг, од кругот 12.Необичен и суров филм, многу ме натера да мислам и ми се допадна. :)


    The Dictator- Комедија, на некој начин исмевање на сите терористи кои и се закунавале на Америка со уништување и многу жртви преку ликот на еден диктатор. Тој смета дека не треба да биде воведена демократија во местото каде тој владее, но откако ќе му ја сечат брадата и ќе се заљуби во една девојка ќе одобри и ќе ја смени состојбата, заради што ќе биде почитуван од граѓаните на Америка. Гледајте го и смејте се. :lol:

    Friends with benefits-очигледно само мене не ми се допадна. Глупости како прво не е реален и не знам кое женско ќе се осуди на секс без чувства. Многу глупав филм. Ќе спие со еден па со друг и глупости ми е цел |(
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Waitress (2007)
    Келнерка, со талент за правење пити, ужасен сопруг и штотуку забременета пробува да го најде патот далеку од родното место и да почне од почеток. Ќе се исфрустрирате од ликот на нејзиниот сопруг и од нејзната потчинетост кон него, па токму затоа сака да побегне од него. Мислејќи дека бебето ќе и го замрси животот се впушта во афера со докторот....
    Приказната и не е нешто возбудливо и ново, ама ликот на Keri Russell е многу симпатичен и мил.
    7/10




    [​IMG]

    Tanner Hall (2009)
    Навидум плитка приказна, но е многу повеќе од тоа. Животот на четири ученички, во женско училиште, далеку од сите општестевни настани и приказни. Додека едната се справува со првите љубовни јадови, друга пробува да избегне длабока психолошка депресија поради односот на својата мајка, а останатите на свој начин се носат со своите проблеми.
    Мене ми беше интересен, на моменти развлечен, но со убава нарација и убави ликови.
    7/10
     
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    A Dangerous Method
    [​IMG]
    :yawn: Досаден. Очекував далеку поинтересна сторија, подлабоки разговори и поенти, сепак Фројд и Јунг ни се прикажани, а оно да си умреш од досада, многу обично и просто се претставени...А Кeira Кnightley е
    ЈЕ-ЗИ-ВА, не ми доаѓа природно лудилото нејзино, тешка за гледање...5/10
     
  10. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Dear John

    Прекрасна драма-романса на Николас Спаркс, во која е опишан животот на еден повлечен човек, оддалечен од своето семејство, кој се менува со среќавањето на девојката од своите соништа, Савана. Со запознавањето, се менува и нејзиниот живот. Створени се еден за друг, но нивната љубов има пречка. Џон претходно бил пријавен во армијата, па сега чувствува должност пак да се пријави. Дали ниванта љубов ќе издржи 6 месечно негледање и осаменост или сепак ќе биде крајот на нивното се, видете во филмот. Преубав филм, во кој освен љубовта прикажан е и односот на таткото и синот, кои се два различни карактери. Мајката го оставила кога бил мал, па тој е оставен со човек кој како да не го познава. Многу ми се допадна, си пуштив солзички, море река солзи. 10/10

    [​IMG]

    “No matter where you are in the world, the moon is never bigger than your thumb.”
    — John Tyree, ‘Dear John’ by Nicholas Sparks
     
    На Bunny2 и Adi888 им се допаѓа ова.
  11. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    The strangers
    [​IMG]
    Очекував повеќе од филмот, а беше досаден, бааги досаден за мене. Плус крајот ми беше некако безврска. Како и да е, не ми се допадна, можев подобар филм да гледам за тоа време. 4/10
     
  12. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Mean Girls 2.. премногу интересен филм..:)
     
  13. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Spread
    7/10
    Добар за релаксација + Еден од најубавите глумци во главната улога :inlove:
    Се работи за едне класичен женкар кој знае како и добро му оди со жените... :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На Bunny2 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    17.174
    Jack and Jill, ми се допадна филмот се изнасмеав баш убаво ем здраво, ем исфрлив негативна енергија. Ви препорачувам да го гледате.
    [​IMG]
    10/10
     
  15. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Ништо посебно не е филмов,не ми остави некаков впечаток.Ама добар е за досадно време...
     
  16. someone2

    someone2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    58
    [​IMG]
    Преубав филм, значи му давам 10/10! :)
    Се раскажува за вистинска случка, која им се случило на некои луѓе, па некој автор бил инспириран и направил филм.
    Филмот е прекрасен и навистина вреди да се гледа :)
    Романтичен е, и тажен помалку :P
     
  17. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    American reunion

    [​IMG]

    Интересен филм. Сум се изнасмеала на некои сцени. Интересно беше што по 10 години пак се собираат сите ликови :D
     
  18. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    I am Number Four(2011)
    [​IMG]

    Занимливо sci-fi филмче, со доста акција, интересна приказна, солидни ефекти,а и ми се допадна изборот на глумците. 7/10
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    THE WARLORDS
    (Tau ming chong)
    [​IMG]

    Не можам да најдам зборови за да го опишам филмов.
    Кинезите не престануваат да ме изненадуваат со историските филмови, а Такеши Канеширо ми останува омилен актер. :)
    Цела вечер бев под импресии, мислам дека војната и нејзиниот ужас се најдобро претставени во азиските филмови.
    Реалистичен, без да се оправдува ниедна страна од спротивставените затоа што кога станува збор за војна - нема невини. Ми се стегаше срцето на некои сцени, посебно кога одлучија да убијат многу невооружани запленети војници и покрај тоа што ветија дека ќе ги ослободат. :x
    Политиката е најлошото нешто што му се случило на човештвото.

    Моја најтопла препорака за квалитетно поминато време.
    10/10

    А, уште ова, мислам дека во една прилика истото го спомнав: Џет Ли треба да престане да си го троши талентот во американски продукции што му се далеку под нивото.
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    The Ugly Truth (2009)

    [​IMG]

    Супер е филмчето. Романтична комедија. :) Доста предвидливо, но сепак е интересно до сам крај.

    Препорачувам
    10/10


    How To Train Your Dragon (2010)

    [​IMG]

    Одличен!!! Незнам зошто толку долго го одбегнував, веројатно пошто не ми се сфиѓаа како се нацртани карактерите, грдички ми се :lol: Но пријатно се изненадив, филмот е супер!

    Препорачувам
    10/10


    Cruel Intentions (1999)

    [​IMG]

    Верувам нема кој не го гледал, го имав гледано од поодамна ама скоро и целосно го имав заборавено па еве вчера се потсетив :lol: Одличен филм, и поучен, како тоа се може да изгледа искрено и невино, а во позадина што се има..затоа внимателно со одлуките.

    Препорачувам
    10/10
     
    На igreeneyes и DigY им се допаѓа ова.