Hall Pass (2011) Од филмов очекував некоја добра комедија поради Овен Вилсон.....но сепак ако ништо друго има добра поука филмов. Spoiler Се работи за двајца пријатели....кои нон стоп се желни за некоја друга и си мислат дека можат да ја имаат туку така кога би биле слободни. По многу нервози со нивните жени, на жениве ќе им пукне филмот и ќе им дадат 1 слободна недела од бракот.....што се случува понатаму погледнете го филмот не е интересно ако цел го прераскажам А вчера уште еднаш го гледав BURLESQUE....боже колку добар филм
Step Up Прејак филмот, стварно незнам оти до сега немав седнато да го гледам 7.5/10 Step Up 2: The Streets Многу поќе ме бендиса од првиот....ептен јак филм ! *Најубо чупето од сите делој е * П.С. на Harry Shum Jr. МУ НЕМА МАЖ во играње 8/10 Step Up 3D Овај ми е дефинитивно најомилен од сите Step Up филмој, какви потези човече Исто така како шо Step Up 2 има најубо чупе, Step Up 3 има најубо дете Rick Malambri и Harry Shum Jr. заедно во филм -> Hotness overload 9.8/10 Street Dance Фаца, фаца, фаца.... 8/10 Ако ги немате гледано, гледајте ги !
Tropic Thunder- одлична комедија со Бен Стилер. Група актери, за да изгледа пореален филмот, ќе ги прата на остров каде се поставени камери и бомби. Но ни режисерот не знае дека на тој остров има група Јапонци кои работат илегално со дрога и постојано ги гонат. Јас се изнасмеав хахаха. Ви го препорачувам обавезно да го гледате A thousand words-фантастичен филм со Еди Марфи. Животот му е споен со едно дрво. При секое изговарање на збор паѓаат лисја од дрвото и животот му е се пократок и пократок со секој проговорен збор. ИНтересен филм, несекојдневен. Мене ми се допадна The kids are all right- Јас го гледав заради Џош Хатчерсон хаха. Интересен филм. Две посвоени деца кои живеат со лезбејки сакаат да го најдат донаторот на сперма и кога ќе го најдат ќе испадне дека тој е кул и сака да се дружи со нив, а тоа нема да му оди во прилог на едната мајка. Интересен
Duplex- 6/10 Интересно филмче т.е. боза филмче лесно за уживање. Шо се не направија, а бабата пак жива си остана Anne Frank:The Whole Story- 10/10 Е ова филмче ме потресе многу. Во околу 2 часа е опишан целиот терор кој им е правен на евреите за време на доаѓањето на Хитлер на власт за време ан втората светска војна. Предобар филм. Се опишува најпрвин нормалниот живот на семејството Франк, се додека како што напоменав Хитлер не дојде на власт, и почнуваат страдањата како за сите евреи така и за семејството Франк. Го препорачувам филмов нема да се покаете ако го изгледате.
Eurotrip Се превртев од смеа , одличен, ептен ме бендиса, одамна вака јако не сум се смеела. Со ретардираниот Купер се изнасмеав. 10/10
Tengo ganas de ti Незнам што да кажам, без коментар останав, воодушевена сум. Искрено одамна го чекав и од што неможев да дочекам го гледав со најлоша снимка, ама морам да кажам дека се исплатеше! Многу неочекувани работи и прекрасен пресврт на крајот. На една минута пред крајот го пцуев филмот, многу се изнервирав и после.. 15 секунди пред крајот се се смени, сосема неочекувано. Одличен филм и секому го препорачувам Незнам дали е поубав од првиот дел, ама сепак е преубав. Омилен ми е дефинитивно. 10/10
The lucky one Уште една љубовна сторија на Николас Спаркс. На филмското платно си имаат некоја посебна убавина. Логан е дечко кој во војната пронаоѓа слика од Бет. Останува жив и се враќа со цел да отиде и да ја пронајде девојката од сликата. Ја наоѓа и натаму се развива нивната романса. И Зек Ефрон во ваква улога повеќе ми се бендиса. Spoiler
Lockout....интересно филмче така. Има некои недефинирани делови на научна фантастика но мене всушност ми се допадна ироничната смисла за хумор на главниот лик....во стресни ситуации да исфрли некоја реченичка што во целост го сменува начинот на доживување на сцената. Вреди да се изгледа.
American Reunion Конечно го изгледав и јас. Дочекав добра снимка. И не бе не, не се нормални. Стифлер ко и секогаш нај! http://www.imdb.com/title/tt1605630/
Just go with it - Интересно филмче, онака за рекреација. Ми се допадна, ама не е тоа што го очекував, очекував многу повеќе, ама добро е и ова. 9/10
Spoiler Прекрасен филм навистина.Обавезно да се погледне. За вистинската љубов никогаш не е доцна...тоа е поуката од филмов...
убав е филмов гледајте го. за тие што сакаат да знаат за што се работи: Spoiler -се работи за девојка која во средно била грда и исмевана од богата и убава девојка која подоцна е девојка,идна сопруга на нејзиниот брат..
^вчера го гледав на НВО по незнам кој пат....дефинитивно филмче кое нема никогаш да стане досадно. Комедија во права смисла на зборот 10/10 ...денес сигурно ќе начекам барем уште едно 2 добри филма
Ми се допадна 10/10 Spoiler Таа е студентка која е на летовање на море, а тој војник кој има малку одмор и се враќа дома, кај татко му. Тие се среќаваат и се вљубуваат еден во друг. Но, за две недели таа треба да се врати на факултет, а тој на должност. Си ветуваат еден на друг дека секој ден ќе си пишуваат....
Ми се допадна филмот. Глумата ан Кристен беше доста солидна, а за Шарлиз немам зборови, прекрасна како и секогаш. Од мене филмов има 8/10 и го препорачувам.
Добра комедија,мислам веќе познато Spoiler Американски средношколци тргнуваат на авантура низ Европа,првенствено заради пронаоѓање на Мика-девојката од Берлин но по пат им се случуваат разни смешни случки
American Pie: Reunion Прослава на 12 години од матура на генерацијата ' 99 и тука започнуваат сите лудости на старите другари кои долго време не се виделе .Стифлер е урнебесно смешен како и секогаш хехехе
Step up 2 Се заразив со филмов.Го имам гледано само 1-от дел,сега го гледав и 2-риот.Каква енергија,атракција Spoiler Се зборува за 16-годишната Енди која по смртта на својата мајка,живее кај најдобрата пријателка на мајка и Сара.Енди често бега од училиште и го поминува времето со групата 410.Затоа Сара сака да ја испрати во Тексас...Но има голем преокрет! Препорачувам 10/10.