The Outsiders - Млади момчиња кои припаѓаат на две банди не се поднесуваат меѓу себе. Во една тепачка членот на едната банда го убива членот на другата. Видете што се случува понатаму... Добар филм 7/10 American Reunion - Доаѓа денот кога старите другари повторно се собираат. Многу работи се изменети откако тие биле средношколци но желбата за забава е сеуште присутна. Одлична комедија која добро ќе ве насмее... 8/10
На популарниот и бунтовен Ландон му се заканува исклучување од школото. Негова казна е задолжително учество во различни активности после часовите, како што е драмскиот клуб, каде е приморан да е во интеракција со тивката Џејми Суливан. Кога Ландон има проблеми со учењето, бара помош од Џејми. Тое почнуваат со вежбање и учење кај нив дома после школо. Прво Ландон ја користи Џејми само за учењето и со неа се однесува ладно кога неговите другари се во близина. Но, како што поминуваат повеќе време заедно тој се изненадува колку е таа поинаква од тоа што ја замислувал и се обидува на различни начини да ја импресионира. Излегуваат заедно, мајка му го учи да танцува.... Spoiler Но, Џејми е болна. Пред две години престанала да реагира на терапиите против леукемијата. Нема уште многу време за живот. Нејзина желба е да се омажи во истата црква каде што се омажила и мајка и. По некое време Ландон и предложува брак и таа прифаќа. Ги венчава татко и на Џејми во таа црква. По неколку месеци Џејми умира...
The Interpreter Не трепнав, ни мрднав цели два саати Преведувачка во ООН случајно ќе слушне дека се спрема атентат на еден претседател. Препорачувам. Proof Ќерки на докажан математичар кој во староста има ментални проблеми се соочуваат со неговата смрт и можноста да гo наследат пореметувањето. The Recruit Кандидат за вработување во ЦИА од својот ментор добива тајна задача. Интересно е како ги тренираат потенцијалните вработени за да бидат спремни за работа. Blitz Сериски убиец на мета има полицајци од една станица и се работи на неговото апсење.
Bend it like Beckham Spoiler Се работи за индијанка Џеси која многу сака да игра фудбал.Но нејзините родители не се согласуваат со тоа.Сепак има добар завршеток... Добар филм 8/10.
После толку време, конечно седнав да го гледам Man on Fire. Мислам дека нема некој што не го гледал, филмот по жанр е драма, криминалистика... Се работи за телохранител на едно девојче, па девојчето ке биде киднапирано итн итн, да не откривам детали можеби некој сеуште не го гледал Предобар филм, ми се насолзија очите на крај не останав рамнодушна. :up:
Black Swan Како бе, како бе досега не го изгледав. Ќе бидам дефинитивно неколку денови под импресии. Многу ретко некој филм ваков впечаток да ми остави. Ме хипнотизира од почеток до крај. Само можам да се восхитувам за идеата на Аронофски, и за прекрасната глума на Натали Портман. Човече, како го одглуми својот дел, немам коментар. Просто ја обожавам. Толку нежна, толку кревка, а сепак црна. Останаа многу двоумици, но прашања ќе средувам по импресиите.
Coffin Добар филм, на почетокот ми изгледаше како досаден и ништо посебно ама крајот ме остави со отворена уста. Дефинитивно ми го привлече вниманието и го препорачувам. Се работи за жена која со нејзиниот љубовник ке се разбудат во кутија од која мораат да искочат за 2 часа, или ќе ја платат највисоката цена - животот
Spoiler Психолошки , не толку тежок хорор филм .Се зборува за Mike Enslin , кој се занимава со проучување на проколнати куќи и докажување дека такви не постојат , но одеднаш добива анонимна честитка да ја посети соба 1408 во хотелот Делфин и одлучува да помини една ноќ во таа соба и покрај предупредувањата на менаџерот на хотелот да не влегува во неа.
138 min - Action | Adventure | Sci-Fi Spoiler Neo and the rebel leaders estimate that they have 72 hours until 250,000 probes discover Zion and destroy it and its inhabitants. During this, Neo must decide how he can save Trinity from a dark fate in his dreams. Втор дел. Ми се допадна, едвај чекам да го изгледам и третиот дел!
Филмов мене ми беше супер, имаше и поука во него која за да ја дознаете треба да го изгледате филмот. 7/10
Eве ви и линк да го гледате онлајн,ако не ви се симнуваат 1ипол гига http://peliculas69.com/pelicula/587/ten ... -2012.html
И јас го изгледав Првиот дел како поубав ми беше . Како да очекував нешто повеќе во овој. Како и да е, добар беше
Spoiler Не би го гледала пак...го препорачувам на тој што му се плаче. Не ми се допаѓаше многу бидејќи се сакаа а никако не успеаа да бидат заедно и на крајот кога тоа се случи...уфф ме расплака!
Le Fabuleux destin d'Amélie Poulain Сите љубители на романтични филмови, мораат барем неколку пати да ја изгледаат приказната за слатката и шармантна Амели. Со помош на нејзиното чувство за праведност, таа решава да им го промени животот на луѓето кои ја опкружуваат. Да им помогне да ја најдат својата љубов и да го добијат она што го заслужиле. А во меѓувреме, таа е во потрага по момчето со кое на чуден начин судбината ги спојува. Интересна приказна, комично претставена. Одри е како створена за улогата на Амели и е просто неодолива. Францускиот јазик му дава особен шмек на филмот, а музиката е едноставно прекрасна. Го препорачувам!
You Got Served: Beat the World Spoiler Три екипи се подготвуваат за интернационалното Beat the World натпреварување во Детроит, во кое учествуват врвни танчерски екипи од целиот свет. Во конечната пресметка за кој да стане светски првак животни соништа, надежи па дури и животи се ставаат во ризик.... На филмот налетав сосема случајно, и немав некој преголеми очекувања, а сепак доста позитивно ме изненади.... Толку добри танчери, кореографии и толку голема енергија на едно место - алал да му е ! Препорачвам Оцена 8/10
Candy Не сакам романтични филмови, ама овој дефинитивно ми се допаѓа. 9/10 Spoiler Се работи за еден пар кој е навлечен на хероин и спремни се да направат сè и сешто само за да земат дрога. Не би сакала да давам повеќе информации за филмот. Гледајте го.
The Oxford Murders Филмов го гледам на рати, некако не ми го привлече многу вниманието... Добар е, има добра приказна, се работи за Мартин-млад математичар од Аргентина кој оди во Велика Британија да се запише на Оксфорд, но сопственичката на куќата во која е сместен ќе биде убиена и Мартин почнува да и помага на полицијата... Треба да се спречат потенцијални сериски убијства, додека убиецот на местото на злосторството остава шифрирани пораки во вид на математички симболи.