Интересен филм,не жалам што го гледав. Девојката магично ги заслепи момците. Баш ми е мило што на крајот испадна дека било вистинска љубов.А актерот....аххх лепотанче...
Последниот филм за денес, Awake Одлична драма за млад човек кој прави трансплатација на срце, анестезијата не му делува и во текот на операцијата е "буден". Браво за филмов, препорачувам :up:
Zodiac 2005- филмов ми беше интересен, случките, се но на крајот се се зафркна, ништо не се откри и филмот заврши туку така без да биде ништо објаснето, од мене има 5/10. Spoiler Се работи за сериски убиец во Сан Франциско кој тврдел дека убил 39 жртви но тоа никогаш не било докажано. Филмов буди многу прашања но не дава никакви одговори за нив, и тоа е она што не ми се допадна во него. Туку видов дека има и филм од 2007 година ќе го изгледам тој па ќе видам дали нешто ќе ми се разјасни.
Spoiler Доста интересен филм.Ми се допадна. Во минатото американка која го освоила срцето на кралот Едвард.Тој се откажува од престолот само за да се венча со неа.Нивната љубов е преголема.А додека во сегашноста девојка се откажува од својата посакувана работа за да остане со својот сопруг кој е познат доктор.Но нема среќен брак и немаат деца.Таа е опседната со љубовната приказна за кралот и девојката и почува да ја следи таа интуиција за љубов како нивната.Оди во аукциската куќа каде се наоѓаат предметите на тие.Таму го запознава дечкото од обезбедување.Се заљубува во него.Двете приказни се многу слични. Филмов патува низ времето напред назад,прикажувајќи колку се слични животите на двете девојки.
Spoiler Confessions of a Shopaholic is a 2009 American romantic comedy film based on the Shopaholic series of novels by Sophie Kinsella. Directed by P. J. Hogan, the film stars Isla Fisher as the shopaholic journalist and Hugh Dancy as her boss
Sid and Nancy (1986) 10/10 Spoiler Морбидна биографија за басистот на најпознатата панк група „Секс Пистолс“ - Сид Вишс. По распадот на групата, Сид сака да направи соло кариера. Ненси, неговата девојка го навлекува на хероин. Едно утро Ненси ја наоѓаат прободена со нож, а Сид е уапсен за нејзиното убиство. Мене многу ми се допадна. Приказна со трогателен крај, но во истовреме и многу реална. До каде може да оди љубовта на еден човек. Крајот многу ме потресе. Кога го поврзав со тоа дека Сид по излегувањето од затвор и` оставил писмо на мајка си дека доколку не е жива Ненси, нема потреба ниту тој да живее и дека сака да го закопаат во омилените фармерки, чизми и јакна, веднаш до неговата девојка. Тој умира од предозираност, меѓутоа никогаш не бил закопан до неа.
Немам што да кажам за филмов освен дека е предобар. Се работи за четворица најдобри другари кои својата авантура ја започнуваат кога тргнуваат да го најдат телото на нивниот одамна изгубен врсник. Вреди да се гледа филмов 10/10 Препорачувам!
Malena со Monica Bellucci Незнам зашто до сега не сум го гледала филмов, денес го изгледав и многу ми се допадна Мислам дека нема некој на форумов што не го гледал, нема потреба да коментирам
Gone 10/10 Многу добар филм, посебно глумата на Аманда, одлично.Одлична драма, мистерија и акција. И многу добра поука има филмот. Значи без обзир на се, не треба да се откажуваме. Вреди да се изгледа. 21 Jump Street 10/10 И овој одличен. Добра комедија, малку и во исто време и акција. Вреди да се изгледа и овој.
Unstoppable-98 min Action, Thriller Предобар филм, предобра акција, ве држи во неизвесност до самиот крај. Забрзано чукање на срцето, зголемување на адреналинот се само дел од чувствата кои ги буди филмов кај вас. 10/10. Препорачувам.
Spoiler Филмов на крајот не го сфатив. Девојката толку многу веруваше дека маж и нема да ја изневери ама ете не одолеа на исклушението.А она си имаше многу добра шанса тоа да го направи со бившиот што го сака а не продолжи.Затоа убаво викам јас не се верува слепо.Малку ме изнервира барем да беа квит и онака он не и призна.
Твити, сликите што ги постираш не се гледаат. Нешто погрешно правиш. Затоа пишувај го и насловот. Salmon fishing in the Yemen Драма и онака многу просечна ама сепак се проткајува некоја приказна. 6/10 Spoiler Се работи за некаков проект на создавање вештачки води полни со лосос. Финансира шеик од Јемен, а го проектира професор заедно со соработничка од Лондон ... И двајцата се во брак/врска ... Додека трае проектот несвесно или свесно се вљубуваат еден во друг.
Сликите од imdb не се појавуваат, или ако се појават ги снемува по некоја минута, затоа гледајте кога го постирате линкот да не е од имдб. Не постирајте вакви линкови. http://ia.media-imdb.com/images/M/MV5BN ... SY317_.jpg
Queen Margot (1994) Марго, единствената ќерка на Катерина Медичи, покрај нејзините тројца браќа, е вплеткана во интрига и договорен брак, со Хенри од Наваро, со цел да се спречи војната помеѓу католиците и протестантите. Она што за момент изгледа дека е договор за мир, се претвора во едно од најголемите крвопролевања и масакри во историјата. Изабела Аџани е прекрасна за улогата на кралицата Марго. Сите улоги се на место, приказната е потресна, режијата перфектна, глумата одлична, а музиката на Горан Бреговиќ. Овој филм го имам гледано како помала и бев воодушевена. Вчера случајно го фатив на тв, и сфатив дека уште толку по толку ми е прекрасен. За сите љубители на историски драми и европска кинематографија, го препорачувам. 9/10
matrix revolutions И еве конечно ја изгледав цела триологија, вредеа потрошените саати. Обработена е универзална тема (поврзување на: доброто против лошото, силната вербата во нешто, љубовта како најсилна емоција, пријателство, зависта и злобата кај луѓето...) на многу добар начин. Кои креативни умови се оние кои го измислиле филмов! Ја препорачувам триологијава бидејќи филмот во своето време бил револуционерен по новиот начин на снимање (оние slow motion сцени), самата тема е добра, глумците одлични, репликите исто така.
http://www.youtube.com/watch?v=e8PLpXvhtlc Значи ви го препорачувам со топло срце Можеби предвидливи сцени, но вреди да се погледне, мене многу ми се допадна