The vow Овај филм покажува колку човек е спремен да истрпи во име на љубовта, што се еден човек би направил за да ја задржи жената што ја сака. Колку е еден подготвен да жртвува за личноста која го поседува неговото срце да биди среќна. The vow е еден од најубавите љубовни драми кои ги имам гледано и со сигурност можам да кажам дека воопшто не е некоја лигава љубовна приказна инспирирана од женските фантазии за совршена љубов или пак совршен маж, туку е базиран на вистинска приказна. Вреди да се гледа.
Филмов е една морбидно прикажана снимка за животот на Сид Вишс,басистот на Секс Пистолс.Интересен е,според мене.Само филмов е за луѓе со јако срце и јак стомак,дефинитивно И да,12 + е Се раскажува за животот на Сид,и неговата девојка Ненси.Прават се што е потребно за да преживеат,да најдат живеалиште,и дрога.На крај Сид ја убива Ненси и самиот умира.Еве вака на кратко
Rest Stop 2: Don't Look Back Откако пред некој ден го изгледав првиот дел,одма го спуштив и овој. Важи истото што го пишав тогаш,со тоа што овој дел има за нијанса повеќе акција и некои работи од претходно беа објаснети,но и покрај тоа првиот дел ми се допадна повеќе.
Се согласувам. Филмот е преубав, актерите исто така. А ми се допадна тоа што на крајот го дадоа и семејството според кое се снимал филмот. 10/10
Хаха, и јас го гледав прееска . Онака интересна комедија Инаку, сега само што го изгледав овој Not without my daughter 1991 година Драма | Трилер Уф, уште сум под импресии од филмов Постар филм, базиран на вистинска приказна, во кој станува за збор за една американка, заробена во Иран заедно со нејзината ќерка, од страна на нејзиниот маж (иранец), и нејзините обиди како да се врати повторно во Америка... Моја оцена 9/10
Zeitgeist Moving Forward - Документарец за општеството и човештвото, за општествените проблеми и што треба да се направи за да се решат. Многу добар филм кој ја претствува реалноста онаква каква што е. Сметам дека сите треба да го гледаат. http://www.youtube.com/watch?v=4Z9WVZddH9w
THE KING'S SPEECH 10/10 Ле ле ! Филмов е врв! Colin Firth и одличната приказна не ми го тргнаа 2 саати погледот од монитор. Дефинитивно еден од најдобрите филмови што сум ги гледала. Препорачувам!
Turistas На група туристи у Бразил ќе им се случи мала незгода со превозот,и ќе заглават на една дива плажа. И од тука ќе им почнат проблемите, прво ќе ги ограбат, а после ... Не е лош. Страшното у филмов е тоа што ова навистина се случува низ светов...
POSEIDON http://www.imdb.com/title/tt0409182/ одличен филм, мене ми се допадна и го препорачувам изгледајте го 8/10 Spoiler голем луксузен брод полн со богаташи, си плови мирно, а тие внатре си ја чекаат нова година, и се е прекрасно се додека еден голем бран изгледа е цунами не го погоди бродот...
"Butterfly on a wheel" Филмов дефинитивно ме остави без зборови,просто се воодушевив,а богами и ме замисли... Приказната во филмот зборува за тоа колку е жената спремна да му врати дупло ма мажот што и нанесол болка да го боли баш онака како што ја болело незе ! го препорачувам на сите филм кој вреди да се изгледа
The manchurian candidate Дензел Вашингтон и се е кажано. Нема филм со човеков којшто не ми се допаднал. Додај ја и Мерил Стрип и добиваш не одличен, спектакуларен филм. Освен тие лимонатките што постојано си ги гледам, топлите, романтични филмчиња, вакви трилери исто обожавам. Ваквите само ме тераат да чекам, и да чекам да видам каков ќе биде крајот, без да размислувам дека филмот трае 2 саати и колку време поминало. Филмов е предобар. Иако од 2004 досега не го бев гледала. Отпрвин е се забркано, хаотичен почеток и средина, али последниот пола саат се добива смисла. Извонредно склопен филм со преболно испревтена тема. Не сакам да верувам дека вакви работи се можни во светов, али со напредокот на технологијава се е можно. 10/10
Очекував по лигав да ми биде ZAC но добро си ја сносил улогата, инаку филмот е, не многу поразличен од сите до сега на NIKOLAS SPARKS
Ice age dawn of the dinosaurs Анимираниот филм е комедија, многу пати го имам гледано и никогаш не ми е досаден. 10/10
Changeling Очекував голема неизвесност уште од почетокот, но не ми привлече внимание и заспав. Настаните започнаа да се одвиваат многу брзо, како плитка содржина да има. Анџелина Џоли ме изненади овојпат, глумата не ми се допадна ни малку, изгледаше многу вештачки и нападно. 1/10
Ауу предобра акција-мистерија. Филмов ќе ве држи во неизвеснот до самиот крај. Почнува ептен досадно се до 20 минута од филмот кате почнува акцијата, и наместо се да се расплеткува се се заплеткува се до крајот. 9/10 http://www.imdb.com/title/tt1599348/
Hallowed Ground Значи се пресмеав со филмов, ко пародија ми беше. Го изгледав до крај само заради убавата локација, широките полиња со пченка, неасфалтирани улички, инаааакууу.. Не го препорачувам, досада жива.
Because I said so Оваа Менди Мур жими се, ми е многу лигава. Да ја гледаш вака е океј, али кога ќе почне да збори ... Филмчево е доста интересно, иако на прв поглед кога го вртев не ми се допадна многу. Се работи за една мајка и нејзините три ќерки, од кои двете се мажени, а третата сеуште нема ни дечко. Нормално мајка и се заангажирува за своето дете на тој начин што дава оглас за дечко на ќерка и. Некој микс е меѓу љубовта и мајчинството и колку е спремна мајката да стори за своето дете. Има и доста комични моменти, Китон е брилијантна, така да, ви препорачувам да го погледнете ако уште не сте го гледале. 8/10
Последно го гледав The Vow. Прекрасен филм, навистина. Дечкото и девојкава премногу се сакаат и еден ден доживуваат сообраќајна несреќа и девојката го губи помнењето. Ги препознава само родителите а на нејзиниот свршеник воопшто не се сеќава. Заборава што работи, кај живее... На крајот, после сите препреки..... Spoiler Видете и сами што се случува!
The Three Stooges Ме изнасмеало филмчево, толку глупости на едно место не сум видела оддамна Fool's Gold Го имам гледано дфилмов повеќе пати, ми се допаѓа самата приказна, посебно местото каде што е сниман филмов, ах што сакам и јас да сум таму Инаку совршен пар ми се овие Matthew McConaughey и Kate Hudson за во филм заедно Wedding Crashers Интересен забавен филм, таман за летново време е. И доста познати актери има во филмов Bewitched Филмов и така и така. Интересен на моменти, на моменти досаден али за тепање време таман си е