Margin Call http://www.imdb.com/title/tt1615147/ 7,1 oценка? Не ме заебавај. Пукнав од досада. Додуше низа популарни холивудски ѕвезди и високата оценка е речиси загарантирана. Уште на првите 30 минути гледав уште колку има до крај филмов и чекав да заврши. Економски проблем на една фирма, којшто уште во старт не е објаснет на прост јазик да знаеш за што станува збор. Гледаш еден куп состаноци во трилеров каде некој паметњакович со скапо одело се труди да го реши проблемот, а ај што јас не се разбирам во тие економски проблеми, него мислам дека ни актериве не сватиле. Многу ми изгледаше површно приказнава прикажана, како да не се доловува вистинската приказна и кога би била на раб на банкрот една фирма не се прикажува тоа толку бесчуствително бе. А притоа истата приказна е базираната на вистината случка. Верувам на тие кои биле дел од вистинската приказна не им се допаѓа филмот Никакви дијалози, ни монолози ни ништо, една асална реченица немаше. Отекоа со тоа кој колку заработува, во една реално деликатна ситуација тие само дремат во канцеларија со нозе на стол, кажуваат колку заработуваат и го успиваат гледачот на филмов. Не го препорачувам. Подобро ќе гледам некоја патетична романтична комедија него од досаден подосаден трилер со фејмос глумци 2/10
A Little Bit of Heaven Филмот не би го класифицирала во комедија, далеку е од тоа. Иако има некои смешни реплики ама во суштина е доста тажен. Ми се допадна, не е лош. Глумата е ептен природна, доста реални настани и ликови. Кејт ми е како и секогаш ептен симпатична и шармантна глумица, сакам да гледам филмови со неа. А и глумецот имаше некој посебен шарм иако не е лепотан во права смисла на зборот. Би го препорачала ама да не очекувате нешто како типична комедија затоа што тоа не е. 13 Going on 30 Романтична комедија, nothing more, nothing less. Добро е филмчето за опуштање, лесно и малку предвидливо ама сепак е интересен.
Koга го извадив не ни претпоставував дека е толку добар филмот.Едноставно прекрасен , долго не сум гледала вака добар филм.Чиста 10 ка значи за тие што не го гледале се работи за дечко и девојка кои одат 5 години , но девојата е славна глумица и му раскинува.На момчето му е премногу тешко бидејки ја сака.Па така решава да оди на одмор на Хаваи , но таму ја среќава бившата девојка со нов дечкоо ее сега ќе ве оставам во неизвесност.Толку од мене .Погледнајте го.Препорачувам!
Million Dollar Baby Се работи за една девојка на која сонот и е да стане шампион во боксување. Убедува еден тренер да ја тренира и тргнува во поход по титулата... Одличен филм 10/10
Last Night со Keira Knightley. Добра љубовна драма. Вреди да се погледне. Истото важи и за Closer. Одлично парче!
Премногу ниска оценка за ваков добар филм на ИМДБ. Се прашувам зошто, кога се работи за одличен филм со доста реална и одлична содржина. Почнувајќи од кастингот, па до идеата и реализацијата. Ова е филм кој дефинитивно ќе ве натера да размислете за врската, ако не за сегашната, барем за претходната. Верувам дека секој се има доведено во ваква ситуација, сеедно дали е момент на криза или завршува со раскинување. Од секогаш сум тврдела дека долгите врски завршуваат навидуам заради ситници, ама проблемот е подлабок. Доста е поучен, компромисот и разговорот се пресудни за успехот на една врска. Вината кај нив е и во двајцата, ниеден од нив несакаше да остапи. Реалност. Би им го препорачала и на девојките во темите за љубовни проблеми. Некогаш решението лежи во нас, но често тоа го сфаќаме предоцна. Пак ќе споменам, преубав филм. Топло го препорачувам, и на девојки и на момчиња. Всушност овој филм се гледа во пар. Земете го дечкото и гледајте. Оценка 9/10.
Requiem for a Dream Аронофски, човеку ме уби во психа! Втор филм изгледан од него, мислам дека неможам да го издржам ова. А спуштив и други од него да гледам. Буквално ме хупнотизира! Ме залепи за кревет. Толку оргинален, толку суров, толку тежок, толку темен.. Немам зборови со кои би ги опишала четирите зависници, кои си имаат секој своја приказна и своја дупка во која што пропаѓа свесно или несвесно. Толку морбидно ни ја претставил таа наркоманска страна, којашто стварно боли. Мене ме заболе! По ова се прашувам како луѓето во реалниот свет се одлучуваат на ваков потег? Како се справуваат кога веќе длабоко навлезат во тие води? После ова што видов, несакам ни да помислам. А и музиката во позадина точно го опиша секој момент. Секој детал. Мислам дека таа повеќе ме удри во психа. Му се поклонувам на Аронофски.
Love and other drugs Го имав гледано ама нецелосно. Сега ми текна конечно да го изгледам до крај и ептен е убав. Веројатно повеќето ја знаете приказната. Романтичен е на некој начин иако има доста секс сцени ама сепак приказната е подлабока и емоционална, далеку е од типична лимонатка. Главните глумци ги обожавам.
Изгледав за релаксирање ... Што да се каже?? Одличен ... 10/10 Исто, интересно филмче со слатка приказна ... 10/10 Блесава комедија, но не е лоша ... 7/10
Dark Ride Филмов изобилува со језиви сцени, и би му дала 10/10, али многу некако брзо се случи се што се случи, очекував бар подраматичен расплет,затоа еве 9+/10. Али солиден хорор,како и да е. :up:
Ghosts of Girlfriends Past Ту мач научна фантастика, ама сепак добар. http://www.imdb.com/title/tt0821640/
The Vow Бла, бла, бла. Досаден филм, типично романтичен со малце поинаква содржина. Го вади тоа што е според вистинска приказна, инаку ќе беше ист ко другите. Не знам зошто воопшто и го симнав. 3/10
21 jump street - Добро и интересно филмче вреди да се погледне http://www.youtube.com/watch?v=ZirgAYBcOgo