Armageddon http://www.imdb.com/title/tt0120591/ За филмов немам зборови. Верувам сите сте го гледале, нема потреба да објаснувам што се дешава...Го имам гледано еднаш како помала на тв, сега пак си го симнав да го гледам, да се потсетам. ПРЕКРАСЕН филм, еден од омилените ми стана, кој не го гледал да го гледа обавезно. 10/10 од мене! Spoiler Па и едно плачење што му го удрив. Немам плачено одамна на филм, ама сега за све паре се изнаплакав.
Ice Castles Не ми беше залудно времето поминато, многу ми се допадна : ) http://www.google.com/imgres?q=Ice+Cast ... 80&bih=710
Tamara Група тинејџери случајно ќе убијат една девојка,која всушност е вештерка,и нема да умре,туку ќе се врати да се одмазди,не само за убиството,туку и за психичкото малтретирање од нивна страна низ годините. Бла,бла. Глупо звучи, ама не беше лош...
Ќе кажам, симпатичен филм. Дејствието се случува во Индија ... пораката е, животот секогаш може да добие позитивен нов почеток па макар и во доцните години. 8/10
Се работи за богот Тор , син на Один кој ќе биде протеран од Азгард на планетата Земја .. 7/10 Филм за полскиот - евреин пијанист Владислав Шпилман и неговото преживување на Втората светска војна ..Филм кој ве остава без зборови ... 9/10
The Jane Austin Book Club (2007) .................................. Само што го догледав и некако ептен ми беше симпатичен. 6 жени од Калифорнија одлучуваат да создадат book club за да дискутираат околу делата на Џејн Остин. Интересното е тоа што сите успеваат да најдат некоја сличност помеѓу нив и ликовите од книгите. Еве ги и делата околу кои што се дискутира : Mansfield Park, Emma, Persuasion, Sense and Sensibility и Pride and Prejudice. Spoiler Она кое што јас успеав да го забележам е сличноста помеѓу ликот на Pruddie и Anne Elliot (Persuasion); Jocelyn и Emma; Bernadette и Mrs. Gardiner (Pride and Prejudice); И Grigg како сите несфатени машки ликови од книгите на Џејн. Не знам колку филмов ќе им се допадне на оние кои што не се многу големи обожавателки на Џејн, ама затоа гарантирам дека на оние кои што сакаат да ја читат ќе им се допадне и ова. ★ ★ ★ ★ ☆
Јуле, го симнав на твоја препорака и морам да признаам дека не го догледав . Ме изнамачи буквално, само гледав до која минута сум и на крај последните 15 минути не ги ни догледав. Мене филмот ми беше многу глуп и не го препорачувам.
^ Не ти се допадна? Зошто бре така, убав е филмот. Сеси ти најверојатно не си се нашла во таква ситуација, затоа . Среќлика си во љубовта, ти се погодиле мажите .
Елена од Неготино.. овајј од Троја де Филмот ми е навистина убав, вечер е вториот дел, ви го препорачувам
Абе една среќлика што сум, што да ти кажам Не знам, некако немаше некоја хемија меѓу актерите, немаше емоции, безврска ми беше целиот мотив за филмот, од една глупава кавга што настана, и ќе се правиме мали деца и ќе се провоцираме- можеби затоа што јас секогаш сакам да разговарам и до тогаш или ќе седнев да се дообјаснам или ќе си одев, а вака некако ептен детски ми беше целата кавга, а и луѓето околу нив, и ти викам на крај исклучив. А баш мислев дека е некој убав љубовен филм, и покрај тоа што се вика Раскинување. Туку кажете, го симна ли некој вториот дел од 3 метри над небото со убава снимка?
Trainspotting Океј филм, на еден момент ми беше језиво и ми падна жал за главниов актер што е. Добро го прикажува светот на наркоманите и на дилерите на дрога. Вреди да се погледне иако на моменти ми беше досаден. 7/10
И јас сум за разговор, но ете што прави неразговарањето и кога се нема компромис и за една ситница. Туку трите метра го чекам сеуште на убава снимка, уште е само камера, а не би го гледала на таква. Лоша е многу, а читнав дека накај 22 ќе го имало на подобра снимка. Ајде за некоја недела, па ќе плакнеме очи .
The Girl Next Door - или во превод, Комшиката Значи филмов го обожавам, прв пат го гледав со друштво пред 4,5 години и премногу ми се допадна. Се работи за еден матурант, примерен ученик, кој ке се заљуби во новата комшика... Мене многу ми се допадна, не е типичен тинејџерски филм, има интересна приказна. Дефинитивно го препорачувам, вреди да се погледне. :up:
Bring It On: Fight to the Finish (2009) Типичен тинајџерски, се е видено. Добрите победуваат бла-бла-бла, што е најважно чиллидерки има, како ли се викаат. Јас сакам тинчајџерски, ама нешто поразлично, не вака. Сто бринг ит он филмој напраја и едно исто.Појќе не гледа вакви колку и да нема попаметна работа, не фала. Kошаркарчето им вредит. = во секој филм има еден популарен што секогаш завршува со неславната и најсиромашната...
Tengo Ganas De Ti Ги надмина моите очекувања. Имаше повеќе заплети отколку што претпоставував. Кино снимката сама по себе беше катастрофална и не беше се јасно што се случува, но во главно многу работи ми привлекоа внимание. Не е баш типична љубовна приказна, има доста невообичаени работи, па затоа ми се допадна. Ликот на Уго е навистина фантастичен, а Марио Касас знае да го долови како да е навистина таков во вистинскиот живот, глумата е одлична. Оние кои го гледале првиот дел, сигурно ќе им се допадне и овој. Оние кои се големи рикли на романтични филмови (како мене), обавезно нека земат марамче до нив, ќе им треба. Spoiler Многу убави, трогателни сцени има. Исто така и сцени кај што ќе го видите гологузиот Марио Моја оценка, 8/10 Yours, Mine and Ours Интересна комедија, морам да признаам. Оние кои сакаат семејни драми, им го препорачувам да го гледаат
Пејџ и Лео се вљубени млади луѓе кои се во брак , но се случува сообраќајна несреќа во која Пејџ добива повреда на мозокот и паѓа во кома ... Пејџ се буди од кома со амнезија и не се сеќава на последните 5 години од животот ..Лео се обидува повторно да го добие нејзиното срце и да продолжат понатаму .... Србија по завршувањето на Првата светска војна се соочува буквално со малцинство на машка популација особено во селата . Во измисленото село Покрп останува само еден стар дедо кој набргу ќе почине по што сестрите Огњенка и Мала Богиња ќе бидат приморани да се заколнат во својата чукунбаба дека во рок од 3 дена ќе донесат маж во селото ...
Contraband http://www.imdb.com/title/tt1524137/ Одлична акција. Го задржува вниманието до последна минута. Иако при првите 20сетина минути си реков еј класична акција досадна со едно криумчарење и една акција, ама сепак ова не беше обично криумчарење, 100 сплетки се случија, многу непредвидливи ситуации, па дури и лажни пријателства и трагични моменти. Одлична филмска екипа, дури и предобра. 9/10
American reunion Не очекував ама ич од филмов, па ме изненади...позитивно. Добар беше за тепање време, на моменти забавен, ама во секој случај беше убаво да се види старата гарда на дело. Кога го гледав првиот дел, уште во основно бев и тогаш ми беше крајно безобразен (дете), па добро беше да се видиме со ликовиве пак, и јас порасната и тие (добро тие, не баш толку многу ) И јас, како повеќето, би му дала 7/10