Monte Carlo http://www.imdb.com/title/tt1067774/ За филмчево можам да кажам - симпатично. Не е некој предобар, нит па да речам го исклучив на пола.Онака, лајт, типично тинејџерско филмче.Иако оваа Селенава не можам органски да ја смислам, во филмов ми беше поднослива. 5/10 му давам. Spoiler Се работи за една девојка (Грејси) која решава да помине една недела во Париз со полусестра ѝ, и нејзината најдобра другарка, но имаат избрано многу лоша тура, ќе го пропуштат автобусот и ќе се изгубат во Париз.Случајно влетуваат во еден лукзузен хотел, во кој се наоѓа баш двојничката на Грејси која е славна богата наследничка.И, по грешка ќе отидат во Монте Карло, наместо оваа богатава.После видете што се случува...
Клип Драма за животот на Јасна, средношколка во Белград. Татко и е тешко болен, мајка и е окупирана со болниот човек и со опстанокот на семејството додека Јасна го користи невниманието од страна на родителите да живее нездрав живот. Филмот се вика клип бидејки девојката често прави снимки со својот мобилен телефон. Ке потенцирам дека филмот има експлицитни сцени на голотија. 8/10 бидејки ми се допадна идејата и сметам дека секој родител со деца тинејџери би требало да го погледне. Не ми се допаднаа премногу експлицитните сцени. Сметам дека ефектот можело да се постигне и без сцени на полови органи во крупен кадар. http://www.imdb.com/title/tt1900908/ http://www.filmovanje.com/movie/domaci-filmovi/item/klip
Memoirs of a Geisha Драма| Романса 10/10 Приказна за Chiyo Sakamoto,младо и сиромашно девојче кое заедно со сестра и ќе бидат продадени од страна на нивните родители.Chiyo е продадена на гејша куќа,додека сестра и е продадена на друга куќа во ''населба на задоволствата'' во Hanamachi.Hatsumomo е позната гејша која живее во гејша куќата и ја навредува и мачи Chiyо.Неколку години подоцна Chiyо станува гејша со помош на Mameha и го добива името Sayuri.Како позната гејша таа влегува во општество на богатство,привилегијата,но и политичките интриги... Прекрасен филм.Еден од најдобрите кои досега сум ги гледала.Дефинитивно треба да се погледне. Spoiler
The Horse Whisperer Не е последен кој сум го гледала но е најдобриот досега. Можеби е постар но според мене е одличен. Многу емоции, тажни сцени...дефинитивно допре до мене, сеуште памтам како плачев цела вечер и не се осмелувам повторно да го гледам бидејќи сигурно ќе направам вирче околу мене. Spoiler Имено приказната е за мало девојче ( толкувано од Скарлет Јохансон на мали години ) чиј татко има фарма со коњи, еден ден таа решава да оди сама да го јава својот омилен коњ но доживуваат несреќа кога камион ќе удри во нив, девојчето се спасува но коњот е во тешка состојба и родителите сакаат да го успијат но тоа по никоја цена нема да биде дозволено од страна на девојчето кое понатаму ќе се труди повторно да се зближи со коњот и да му ги оттргне траумите заедно со еден професионален слушач на шепотењето на коњите ( ваљда така се вика ), тука се едни од најтажните сцени. 10/10 http://www.youtube.com/watch?v=dwx4RFWp2lE
Ice Age 4: Continental Drift http://www.imdb.com/title/tt1667889/ Мало дете помалку се радува од мене на Ајс Ејџ, па и во 3Д. Мадафака Одлично, се пресмеав, си уживав. Секој кој може да отиде во кино да си го изгледа. Хуморот си е одличен, можеби за степен намалиле на смешни дијалози за разлика од останатите 3 дела, но затоа во овој дел повеќе внимание се обрнало на ефектите, затоа ќе кажам за вакви филмови кино си е кино. Евентуално ако дома имате 3Д телевизор и јак сараунд. Сид си е Сид, човек да го пресмее, љубичица ниедна 9/10
Project X И јас го гледав филмов, едноставно ништо посебно, типични американски размазени млади. Не би го гледала повторно како и да е... My Life in Ruins Филмов е снимен во Грција, интересна ми е самата приказна во филмов. Интересни ликови, интересен филм, романтична комедија
Елена од Троја-Супер филм, ја имам читано Илијадата и само пофални зборови можам за него да кажам Дримхаус-Не го догледав, на сред филм сум, ама почна да ме фаќа страв...
The Family Stone Можда малце утнат термин пошто е Божиќен филм, сепак убав. http://www.imdb.com/title/tt0356680/
Bridget Jones's Diary (2001) ................. Доста форумџики напишаа по нешто за Елена од Троја па дека и овој го даваа на tv еве ме мене. Секогаш кога го гледам ми е интересен. Женски филм. Оваа фантастична тројка секогаш успева да ме насмее. Hugh Grant е бомбона. Палец и за Renée Zellweger која што специјално за овој филм има + 20kg. Е она што не го знаев е дека била номинирана за најдобра актерка токму за него. Препорачувам на сите што не го гледале досега да го гледат. ★★★★★ Bridget Jones: The Edge of Reason (2004) ................. Истата тројка. Дилемата на Bridget е иста. Ми се допаѓа насловот. Anyway за нијанса е послаб од првиот дел. Но пак изобилува со смешни-Bridget-сцени и романтики до бесвест. ★★★★☆ Soundtrack
Научна фантастика ,комедија и драма и ок филмче .. Малку подсеќа на Back to the future .. Јуни 1991 година. Последните денови од мирот во Југославија. Ратко, дечко од Босна, комплетен далтонист, по напуштањето на Mardelja, само од забава (патолошка љубов кон камиони!) краде камион. Сузана, една девојка од Белград, дознава дека е бремена и одлучува да оди во Дубровник за да заработи пари за абортус. Додека стопира на автопат, Ратко за малку ќе ја прегази , ќе ја земе со него и патувањето ќе го продолжат заедно . Комедија со веќе докажани глумци Срѓан Тодоровиќ ,Драган Бјелогрлиќ , Милорад Мандиќ итн.. Ако ви текне на : Ти мала да шутиш ,мислам дека повеќе нема што да се зборува . Приказна за Ева и нејзината слепа братучедка Софија кои биле нераздвојни како деца .Ева извршува самоубиство и не остава никави траги за мотивот но Софија не се откажува ..Како што Софија ги открива тајните на својата братучедка , се повеќе сфаќа дека нејзиното детство било исполнето со вознемирувачки тајни .. Приказна која ве натажи и остави со подзината уста
My Best Friend's Girl Онака, интересен е. Само што јас си мислев дека целосно филмот е повеќе за пријатели кои се караат за девојка или ватевар...некако подруга поента имаше. Ама ми се допадна, солидна романтична комедија.
Unfaithful Еден од подобрите филмови што ги имам гледано во последно време. Се работи за едно семејство кое делува и функционира совршено се додека жената случајно не запознае еден странец (продавач на книги). Полека но сигурно се заладуваат односите меѓу неа и сопругот па така тој почнува да се сомнева дека постои друга личност... Препорачувам понатаму да погледнете што се случува... 9/10
21 Jump Street Од групата шербет-ретардирани комедии, оваа е една од подобрите. Ми се допадна, се смеев како чукната, и за разлика од други комедии, оваа не изобилуваше со толку многу клише-сцени. Глумата беше солидна, посебно ми се допадна Чејнинг Тејтум (ептен го фураат оваа година, мило ми е што доби толку многу различни улоги) и Ајс Кјуб. Имаше 2-3 сцени за кои реално и немаше потреба, ама сепак... кој е жанрот? Шербет-ретардирана комедија! Висока 7/10
Flypaper Многу интересно филмче, многу хумор, сплетки, малце мистерија, и ептен малце романтика. Патрик Демпси си е баш добар за улогава, се пресмеав додека го гледав. И другиве ликови се супер, а и кратко трае, едвај 80 минути, не тупи многу. 9/10
Ова е последниот филм што го гледав..Оваа беше научно-фантастичен филм со многу авантури,и навистина беше многу интересен