Titanic II Ужасен филм ужасен не го препорачувам.Лоши глумци,лоша глума лоши специјални ефекти ! 0/10
Milk money Постар филм со Мелани Грифит и Ед Харис. Нешто слично со Pretty woman е приказната, али далеку понепривлечна. 7/10 Slap her, she`s French Тинејџерски филм, не толку добар само. Има доста хумор и интересни моменти, али не нешто невидено, или нешто за паметење. Дури не знам ни дали е добар за тепање време само. Како и да е, за оние кои сакаат вакви филмчиња, слободно. 6/10
со hayden panettiere Spoiler таму во тоа школо сите ја одбегнуваа таа се закачи со капитенот на тоа школо и тие ја мислеа дека не може таа како нив да навива но таа им покажа дека ја бива во навивањето и нејзините др.во претходното школо и се налутија дека таа навивала за др.школо па се спријатели брини со овие девојки во новото школо и на крај бираа од сите училишта кој ќе биде 1 место и бритни се натпреваруваше со девојките од новото училиште со нејзините стари др.. и бритни победија..... и незнам дали сванавте нешто ама вреди да с еизгледа филмчето сеа јас како го раскажав ... Spoiler после таа оди во друго школо и им вели на другарките дека нема да навива повеќе Spoiler ова се нејзините другарки тие се навивачки а hayden (таму како бритни) е капитенот
Mission: Impossible - Ghost Protocol http://www.imdb.com/title/tt1229238/ Најдобро нешто од филмов е дефинитивно BMW i8 Има и позитивности и негативности на филмов. Добрите работи се што од 1ва до 133та минута има акција. Може навидум долго трае филмот, но мене лично не ми се здосади ни на секунда. Приказната реално што ја водат т.е. мисијата не е нешто презабавна, веќе видена во многу филмови. Oдма ме потсети на The Peacemaker Инаку Том Круз си е чиста 10ка. Совршен бре за овие невозможни мисии. И фин избор на актерска екипа. Ми се допадна и шеткањето низ светот за мисијава. 8/10
Се работи за девојка која самостојно живее во Чикаго и учи медицина. Но ќе дознае дека има леукемија и ќе се врати дома, во едно мало градче кај родителите за да им каже за болеста но ќе се соочи со тежок период од нејзиното минато. Прекрасен филм. Сум се изнаплакала. 9/10
The back-up plan Филмовиве со Џенифер Лопез ми се многу интересни. Ја бива за се женава, пее, глуми, облека, парфеми, што ти се не произведува, одлична бизнис вуман. Лопез глуми жена што оди на вештачко оплодување, бидејќи сака дете, а нема партнер. Истиот ден среќава случајно еден дечко, во кој подоцна се вљубува, и тој во неа, али дознава и дека е бремена уште од првиот обид од оплодувањето. Тука работите се заплеткуваат, дали овој ќе ја напушти ... Или ќе остане со неа? Интересен филм, романтична комедија е, добар за релаксација и малце смеа. 9/10
The Air I Breathe плеада на актери кои секако ке кажеш дека мора да е нешто мнн добро парче на уметност .... Kevin Bacon, Julie Delpy, Brendan Fraser, Andy Garcia, Sarah Michelle Gellar... неколку приказни поврзани во една или животоф како што ни е секојдневно зависен од овој или оној ... ПОчна добро ... заврши лошо! Од мене 5/10 Madagascar 3: Europe's Most Wanted (2012) http://www.youtube.com/watch?v=PlkWVkpP59U НЕма да додадам ништо плус освен дека пингнините се пак топ... дека Соња беше посебна ... и секако сите заслуги за Кејти Пери и песнана која ја отпеа за да може да направат супер циркуссс! Сепак 1виот дел за мене беше топ оф тхе топ секој после ми има некои минуси така да за 3јката 8/10 е мојата оценка
The Tall Man (2012) Ау, филмиште! Ретко нов филм да ми остави добар впечаток. Мразам кога се развлекува филмот до средина дури да дојде до главното, ама овој од самиот почеток, до самиот крај ме држеше без да трепнам. Трилер и мистерија во правата смисла на зборот. Колд Форк е мало место од кое жителите масовно се одселуваат поради тоа што во него без трага исчезнуваат мали деца кои никогаш повеќе не ги наоѓаат. Таму кружи легендата за Големиот Човек, кој наводно ги краде тие деца. Некои дури сметаат дека тоа е и самиот ѓавол. На Џулиа, единствената медицинска сестра во местото, и’ се менува животот кога ќе стане очевидец на киднапирањето на својот син Дејвид од страна на непозната фигура во црно. Понатаму нема да раскажувам бидејќи тука настанува пресвртот и целото сценарио се менува. Некако како да го насетив пресвртот, бидејќи имам изгледано многу филмови со слична тематика, но сепак вредеше, на крај пак те остава да се запрашаш кој бил вистинскиот негативец. Се` на се` одлично освежување 9/10
Confessions of a Teenage Drama Queen (2004) http://www.imdb.com/title/tt0361467/ На крајот сватив дека веќе сум гледала дел од филмот, па не ми беше многу интересен. 6/10 17 Again (2009) http://www.imdb.com/title/tt0974661/ интересна содржина со убава глума 9/10 13 Going on 30 (2004) http://www.imdb.com/title/tt0337563/ Ништо посебно, но ако имате слободно време може да се погледне. 7/10 Harry Potter and the Sorcerer's Stone (2001) http://www.imdb.com/title/tt0241527/ Многу интересен филм, друго немам што да кажам, веројатно сите го имате гледано 9/10
Јас не знам што е со IMDb, одлични филмови рангираат многу слабо, а оние кои немаат врска високо се рангирани, според мене оваа страна е лоша баш поради тоа. Муабетот ми е дека го гледав The Raven http://www.imdb.com/title/tt1486192/ Па според мене во последниве неколку години скоро ништо подобро нема излезено, а тие го рангирале со 6.4 Јас би му дала 9/10.Одлично е склопена приказната, иако според фактите не се знае од што умрел Едгар, во приказнава совршено се вклопува, љубовта и опсесијата поради која тој го губи животот. Одлични актери и костимите беа феноменални, по кој знае кој пат ќе кажам дека ја обожавам модата на тоа време. Jaс признавам, Гавранот ја мрзев кога ми беше за обработка, веројатно затоа што јас мразев се што морав да го прочитам или насликам, па и оваа поема страдала.Сега додека слушав како ја рецитира, кога се соживав со неговото творење, макар на филм, ја сфатив болката и тагата во песнава. Друго што гледав е La vie en Rose http://www.imdb.com/title/tt0450188/ Совршена биографска приказна за предобрата Едит Пјаф. Музиката во филмов е прекрасна, исто и актеркава, одлично си ја заврши задачата да го изглуми животот на една толку инзвонредна музичка икона и жена.Што друго да кажам, освен дека љубителите на француската музика мора да го погледнат филмот. 10/10 од мене.И кога ќе одам во Париз обавезно и оддавам почит на Пер Лашез.
И јас го гледав сношти Slap her she's french, интересен филм. Spoiler Во филмот се раскажува за девојче по име Женевив кое доага во Тексас со цел да и се одмазди на едно девојче по име Старла.Таа се прецтавува како французинка со лажно име и дека е сирак.Тие ја прифакаат да биде дел од нивното семејство.Старла е богато девојче и многу позната во училиштето.Женевив ќе стане многу позната и сите ќе ја засакаат.Но на крај Старла ќе дознае која е и пред сите ќе раскаже дека е дојдена со цел да се одмазди. 7/10
Gone Неизвесен и интересен до самиот крај. Го гледаш и незнаеш што всушност е вистината. Дали девојката е параноична, дали навистина постои убиецот, па сестрата. Си направив секакви можни сценарија. Филмот е предобар, а има мала оценка на ИМДБ. Во последно време никако да се усогласам со нив. Кастингот ми се допадна, пофалби за Аманда. Добар трилер, препорачувам. Оценка 8/10.
The Loved Ones Го видов на темава, го имаше гледано некоја феминка, ако памтам добро. Интересен ми беше, - психотичен и садистички, овие два збора го доловуваат во целост.
Скот е сингл и бара цимер .. Наместо цимер добива пар кој набргу ќе навлезе во сите аспекти од неговиот живот. 7/10
Го изгледав и дефинитивно препорачувам. 9/10 Џесика Бил ме изненади, се надминала себе со глумата. Приказната е навистина изненадувачка и ќе ве стави во размислување и расудување.
The Nanny Diaries Филмов го гледав, откако првин ја прочитав книгата. Факт е дека приказната во филмот е малку поразлична од приказната во книгата, и поинтересна ми беше книгата да, али ни филмов не е лош. Ми се допадна Ghosts of Girlfriends Past Не е лош филмов, али можел и подобар да биде. Како и да е за тепање време таман си е
Letters to Juliet Јас во принцип ги обожавам ваквите романтични филмчиња, па не беше исклучок и овој. Мислам, самиот факт што мојата омилена Аманда глуми во филмов беше причина плус да го изгледам. Ми се допадна, навидум плитка љубовна сторија за вистинската љубов, а всушност е приказна, поука за како никогаш да не се откажуваме толку лесно од нештата кои ги сакаме и да пробаме да веруваме во нештото кое нè сплотува - љубовта. И ајде признајте, би останале ли рамнодушни на слатките и заљубени бабичка и деденце? Убаво филмче, пофалби. :up:
God Bless America ... од фразата горе коса ми се крева , и јас како типичен америкомразач ќе кажам само конечно и на филм да си се снимат за тоа колку се глупи. Сериозно. Реален филм, кога на човек преку глава ќе му дојде од типот на емисии за Кардашијан и нивниот хумор, кој впрочем само нив им е смешен. Глупи се бре, цврсто стојам зад тоа и сето она што е измслено од нив е дело на некој Европеец. Или Азиец. Сеедно, сепак не е Американец. Филмот има добра поента и го препорачувам. Има некои моменти кои се вишок, но во целост фино спакувано и убаво реализирано. И да...God Bless America... и Ким Кардашиајн . Од сеа вака ќе се поздравувале . п.с. Премиерата на филмот била во Русија . Интересно .
Mareley and me Иако ми се чинеше дека некои сцени беа непотребни и дека на моменти се одолговлекуваше во глобала беше еден одличен филм. Имаше сцени од кои од срце се насмеав. 9/10 Ако не сте го гледале, не отварајте спојлер. Spoiler На крајот се изнаплакав ко дете. Многу беше тажна сцената со погребот. Шмрц.
10+/10 Јас обожавам вакви приказни.. Генијални умови, болни реалности Има и книга, после филмов одма решив да си ја земам