Shutter Island (2010) Филмов не да си поигра со мене, 2 саати може ми требаа да си разјаснам што како е откако заврши Си ставам мнооогу голем минус што го немав гледано претходно филмов! предобра приказна и многу јака глума. Повеќето од вас најверојатно го имате веќе гледано. 9/10 The Ides Of March (2011) Интересна драма , Стивен (рајан гослинг) е млад советник во политиката и активно вклучен во актуелната кампања за избори, кој ќе направи се што може за да ја задржи позицијата. 7.5/10 Drive (2011) Возачот (Ryan Gosling) работи како дублер во Холивуд а навечер е возач на крадци при грабежи. Интересен филм со предобра музика! Рајан на моменти со неговото не-зборување стварно иритира но тоа го правеше посебен 7/10
Ништо. Да, така се вика филмот. И уште не ми е јасно зошто го гледав. Најглупиот филм што постои. Дефинитивно, без конкуренција. Филмот е за двајца другари кои прават да исчезнуваат работите кои ги мразат и на крајот остануваат само нивните глави кои скокаат по ништото. Залудно потрошен час во секој случај.
Брус Вилис,Хелен Мирен,Морган Фримен-главните улоги. Сите се бивши агенти на ЦИА,кои на времето заедно оделе во акции и биле едни од најдобрите.Сега се спојуваат пак,во една многу јака операција. Главниот секако е Брус Вилис,или наречен РЕД. Филмот е акција,и го препорачувам за гледање.
LOL Spoiler филмчево е баш онака за опуштање, посебно во летниве горештини, интересно е и ви го препорачувам. Во главни улоги се Мајли Сајрус, Деми Мур и Ешли Грин. Имено, станува збор за тинејџерка, Лола и она си води дневник и си запишува се во него. Дознава дека момчето ја изневерило за време на летниот распуст, нејзините родители иако разведени сеуште се гледаат се додека мајка и не го запознае згодниот детектив. Потоа Лола се заљубува во најдобриот другар, па со него излегува, па он и посветува песна... Се на се, 9/10 мене ми беше интересно додека го гледав
Лелеее каков филм хахахаха. Сум се изнасмеала. Многу изреметен, пресмешен филм што дефинитивно не е за секого. Или ќе ви се свиѓа многу, или воопшто нема. Има повеќе ликови, Рајли, девојка што сака да се убие и е заљубена во Клаптон, Клаптон Дејвис (Josh Hutcherson, преубав еее ), хипстер кој е добро расположен и е другар со сите, Ајони, девојка на Клаптон и бивша најдобра другарка на Рајли, Сандерс, дечко кој сака да има секс со Рајли и Били, бившиот дечко на Ајони што цел филм сака да го истепа Клаптон. Во местото каде што живеат се појавува убиец кој ќе ја нападне Рајли ама никој нема да и верува. Во меѓувреме се случуваат милион пресмешни работи се додека на една забава Били не биде убиен. Тогаш директорот на школото ги става дечкиве во "detention", за време на матурската вечер, додека не открие кој го убил Били. Во меѓувреме се појавува еден мистериозен тип и им кажува дека бил под казна 19 години, од 1992 година и ја гледа Ајони и сфаќа дека му е многу позната. И тука се случува пресвртот, има патување во минатото, менување на иднината и октривање на убиецот, ама филмов ме изнасмеа за цел живот има многу "2012 шеги" што не би можеле баш сите генерации да ги разберат, ама за нас е супер. Го препорачувам, 8/10
Современа верзија на Снежана и седумте џуџиња за студенти кои не се совпаѓаат во отмената околина . 8/10
Posledan go gledav cinderella story so hilary duff... interesen bese kako za mene (za pomladata publika )
Mission impossible 3 Сношти го даваа на Канал 5 и таман не ми беше гледан, си го изгледав. Не ми беше нешто посебно, другите 2 дела, посебно вториот ми беа далеку подобри. Тука само плус ставам на актерската екипа, подобри беа, а и повеќе карактери воедно. Другото ... не ми беше нешто сјајно. 7/10
Решив да ги погледнам сите филмови од Бетмен франшизата, од самиот почеток до крајот. Некои ги имам гледано, некои не, па редно е да се започне со првиот Бетмен на Тим Бартон од 1989 година. Мајкл Китон во улогата на Бетмен, Џен Николсон како Џокерот и Ким Бесинџер во улогата на новинарката Вики Вејл. Коментиравме со дечко ми како Тим Бартон најуспешно ја доловил екранизацијата на Бетмен; има сцени кои потсетуваат на вистински сцени од стрипот, го има оној мистицизам на Готам сити, поголем дел од сцените се ноќе, некоја чудна и мрачна, бизарна атмосфера, каков што е самиот Бетмен. Да направи римејк Бартон на неговите две остварувања за Бетмен, мислам дека би биле вистински хит, има некоја појасна визија како треба да изгледа. Не дека Кристофер Нолан не е доволно добар, но стилот му е сосем различен, некако блокбастерски, помпезен и повеќе акционен со ефекти. Мајкл Китон не ми е совршен Бетмен, но одигра солидно. Џек Николсон е совршен Џокер, единствено што фацката му е малку преширока, Џокерот има сепак подолгнавеста форма на лицето. Во поглед на глумата е перфектен, заразен и интересен до крај. Дури и самиот Хит Леџер се поклонувал на изведбата на Џек Николсон како Џокер, и се плашел дека нема да ги исполни очекувањата. Приказната е солидна, и како за филм од тоа време - само пофалби. Добар почеток на Бетмен и браво за Тим Бартон, 8/10 И Бет-костимот е одличен, за разлика од гумениов на Бејл. Изгледа пострашно и пософистицирано 30 години порано отколку сега. Следна дестинација, Враќањето на Бетмен, исто на Бартон, со М.Китон и Мишел Фајфер како Кет воман.
Project X Мене многу ми се допадна. Се работи за тинејџер кој останува сам дома за викендот, а воедно му е и роденден. Тука е неговиот другар Коста која го напнува да направат забава за неговиот роденден со образложение дека тоа ќе биде мала забава со околу 50 души. Но една работа води до друга и на забавата доаѓаат 1500 луѓе. Тотален хаос, куќата е демолирана, пијани тинејџери... Интересна комедија. 8/10 моја оцена.
Unknown (2011) 113 min - Drama | Mystery | Thriller Понепредвидлив филм немам гледано досега. Таман си помислев дека е готово и се решава ситуацијата следеше нов пресврт. Го препорачувам на љубителите на мистерии. 7/10 Chloe (2009) 96 min - Drama | Thriller Очекував многу повеќе од тоа што го видов. Филмот е приглуп, лоша приказна која не е површна, има нешто во позадина за размислување - што, како, зошто, ама сепак ми немаше многу логика. Единствено кастингот и глумата се добри, ама џабе кога не е интересно. Не препорачувам! 3/10 Frozen (I) (2010) 93 min - Drama | Thriller После толку добри препораки решив да го гледам. И се покајав. Првиот пола саат чекав да почне, воведот беше тапа. Кога почна пак беше тапа. Глумата очајна до немај каде, превртував очи цело време. Неколку одвратни сцени и тоа беше тоа. Воопшто не е непредвидлив како што мислев, имав неколку можни сценарија како ќе заврши и едното се покажа како точно. И овој не го препорачувам. 2/10 Eternal Sunshine of the Spotless Mind (2004) 108 min - Drama | Romance | Sci-Fi Првпат го гледам Џим Кери во филм што не е комедија, па малку ми беше чудно. Приказната е несекојдневна и малку sci-fi, досега невидена. На моменти беше досаден и монотон. Мислам дека Џим Кери и Кејт Винслет го прават филмов добар. Многу добро одглумено, успешно доловена секоја емоција. 5/10
The Double Филм акција, интересен. Ќе бараат убиец и интересно кој ќе испадне убиецот неочекувано. Супер филмче. Оценка 7/10
Двајца полицајци почетници се на мисија во локалното средно училиште , треба да се вклопат и да го најдат изворот на една синтетичка дрога која бргу се шири .. Одличен филм 9/10
Hostel Го имав гледано само вториот дел многу одамна, не ми се допадна, па затоа и кецов само го скокав и одложував гледање, и еве денеска конечно се решив. Подобар е од вториот дел, поинтересен и ми се допадна крајот. Има гадни сцени, тешки и за мојов желудник. Но, како и да е, сосема просечен филм, не обожавам баш хорори со ваква тематика, малтретирање, садизам и слично...
И оти се расприкажав(ме) во темана за филмови базирани на стрипови, решив да си направам вечерва маратон од superhero филмови кои ги немам изгледано. Прв на рапорт: Daredevil (2003) За љубителите на овој, ако можам да го наречам, жанр, филмов е медењак. Го опишува животот на Мет кој како момче ослепува, но за „возврат“ добива неверојатно изострување на сите други сетила. По смртта на татко си, тој си ветува себеси дека ќе спроведува правда без оглед на се`. И понатака веќе е јасно. Одлично одглумено и одлична актерска екипа: Бен Афлек, Џенифер Гарнер и Колин Фарел на едно место. Малку има непотребни развлекувања, ама ок. 9/10 Нареден ми е Hellboy, а со режисер ко Гиљермо дел Торо, не се ни сомневам дека ќе има утка.
Last Night Многу добар. Искушенијата низ кои поминува брачен пар, само една ноќ или потиснати чувства од минатото. Неверност, што е поизмачувачко – душевна или телесна. Многу реален. Препорачувам. :up:
The Flintstones Ах филмов ми буди стари спомени. Колку порано го даваа на телевизија обавезно секогаш го гледав.
Филм за последната година од животот на Толстој ...Додека тој се обидува да живее живот без материјални нешта , неговата сопруга се спротиставува на неговата намера да ги остави своите дела и својот имот на рускиот народ.На една страна се наоѓаат неговата ќерка Саша и уредникот на неговите дела Владимир Чертков кои се приврзаници на Толстојевото движење , додека на друга страна се неговата сопруга грофицата Софија која се обидува да го разубеди и да остави наследство за нивните 13 деца и неговиот личен секретар Валентин Булгаков кој верува во искрената љубов на Софија кон Толстој. Премногу е емотивна сцената каде по долго чекање Софија ќе го види Толстој на смртната постела ... Фанстастичен филм !!! Чиста 10 -ка ..
Zookeeper (2011) http://www.imdb.com/title/tt1222817/ Па интересно филмче е. Само со ептен предвидлив крај. Малце „ту мач лајт“ ми беше.. Но, добро. :up:
Prince of Persia: The Sands of Time (2010) Одличен филм! Многу повеќе од тоа што очекував да гледам Леле овој Џејк Гиленхал... предобар е! мене ми е ептен згоден 10/10