Friends with benefits - одлично филмче. Џастин и Мила во филмот беа совршен пар бе. 10 -че чисто му давам. :up:
The Tall man Meне не ми се допадна филмов нешто посебно Очекував кој знае што, и не дочекав, барем не од мој вкус 6/10. Не ми се допадна приказната...
^ The Tall Man се спремам да го гледам вечер, не очекувам ни јас којзнае што, ама пуста радозналост. American Reunion (2012) Одлично шербет-ретардирано филмче. Ми се допаѓа што целата ама целата актерска екипа до еден се согласиле да се појават повторно во завршницата, изгледаше мошне веродостојно на оригиналот. Во духот на питата, ако ги сакате овие филмчиња, не е лош за тепање време и смеење. Имаше интересни сцени, иако нормално сите подостареле. Освен Стифлер, он во фацката си е вечно млад, во мозокот бетер. Добро сценарио и солидна егзекуција, минус фризурата на Мена Сувари, права теткица, прва братучетка на онаа од Брејди Банч серијалот во стилски поглед. 7/10 The Punisher (2004) Интересно филмче, препорачано од Лудото и Саја, фала патем базирано врз стрип. Ми се допадна, иако приказната е веќе одамна видена / чуена. Откако ќе му биде убиено целото семејство на Френк Касл ФБИ полицаец, тргнува во одмазда на сторителите, односно - казнување, како што милува да каже. Ептен ми направија мерак имињата на главните ликови - Castle, Saint, Glass. Главниот актер покажа солидна изведба, посебно сцената Spoiler кога крвнички ќе се убијам од тепање и мавање со Русинот... јаооо, каква насилна тепачка Сакам да го изгледам и оригиналниот со Долф Лундгрен. 6.5/10 Batman Returns (1992) Второто филмско остварување на Тим Бартон за Бетмен, со Мајкл Китон, Дени де Вито како Пингвин и Мишел Фајфер како Кетвоман. Овој дел е многу добар, но за разлика од првиот поседува некоја подруга атмосфера, помрачна, побизарна со некој чизи ефект, би рекла заштитниот знак на Бартон. Сепак останува доследен на стрипот, значи многу ми се допаѓа Бетмобилот во овие негови изданија, како и костумот на Бетмен. Пингвинот е главниот негативец, а Кетвоман е поделена, ем негативка, ем позитивка. Премногу ми се допадна Мишел Фајфер, како скроена за кет костумот, нејзината глума. Тоа што ја направил троа налудничава додава поени плус на нејзината листа. Многу секси лик, филмот е интересен, има многу шмек. Браво за Тим Бартон, одлични Бетмен изданија. 7.5/10
Love happens Очекував повеќе, али филмов е досадееееееен, тапа. Не знам дали беше до мене, општо онака, си поплачувам на некое филмче, има и тука тажни моменти доста, али мене ни око не ми трепна а камоли плачење. До мене изгледа беше, далеку ми е ПМС, иначе глумата беше солидна. Али сепак, не ми се допадна, некако ... едноставно ми беше глуп филмов. Арон Екхарт глуми тип којшто напишал некоја книга, од тие за помош што се познати во Америка де, за да не се самоубиеш, такви ствари. Неговата е како да ја преболиш смртта на некој близок. Иде во Сиетл, таму во еден хотел држи семинари, луѓето си ја кажуваат маката, си плачат ... Во хотелот ја среќава и Џенифер Анистон, која што има цвеќара и го снабдува хотелот со преубави цвеќиња. Е да, цвеќињата на Анистон и марамите што ги носеше ми беа најосвежувачко делче од филмот, за греота. 6/10
Harry Potter (2001–2011) Овие два дена ги изгледав сите и сите делови се прекрасни, а најмногу ми се допаднаа првиот и последниот дел. 10/10 за сите
Picture This (200 http://www.imdb.com/title/tt1076252/ Уште еден, во листата на тинејџерски филмчиња. Ај лајк ит, пуно, пуно. Интересен е, и смешен. :up:
и јас го гледав, мене не ми се свиѓаше ептен, ваљда зашто веќе не сум тинејџерка му давам 6/10, имаше некој лајт сцени, Како за тинејџери супер е
Јас овој филм веќе три дена го гледам по ред, секој ден по малку. Здравје догодина ќе го изгледам како што сум почнала. Инаку и на мене не ми е нешто посебно филмов, од малку гледаното ми е ептен тинејџерски
Identity (2003) 90 min - Mystery | Thriller Психолошки трилер кој бара внимание - баш такви филмови сакам во последно време. На прв поглед изгледаше дека ќе е уште еден од оние каде сите ќе се испоубијат меѓусебно, но не испадна таков. Има нешто повеќе, кое не можев ни да го замислам. Ептен се изненадив од пресвтрот на настаните, а најмногу од крајот. Дефинитивно не претпоставував дека така ќе заврши. Препорачувам! 8/10 Enter Nowhere (2011) 90 min - Horror | Mystery | Thriller Чуден трилер кој иако е категоризиран и како хорор немаше ниту една таква сцена. Тројца луѓе се наоѓаат заглавени во една колиба од која никако не можат да си заминат, сите патишта ги враќаат таму. За да се спасат мора да ја откријат причината зошто се нашле таму и поврзаноста меѓу нив. Во втората половина веќе беше досаден бидејќи се знаеше како ќе заврши, ама сепак не беше лош. 6.5/10 Burlesque (I) (2010) 119 min - Drama | Musical | Romance Не сум голем љубител на мјузикли, ама овој ми се допадна. Кристина е прекрасна. За пеењето не се ни сомневав, знам дека има гласиште туку ме изненади и со глумата. Интересни кореографии и костими. Шер ми беше малку одвратна. Женско филмче кој може да се гледа и повеќе пати, опуштачко и расположувачко е. 8/10
Not without my daughter http://www.imdb.com/title/tt0102555/ Приказна за една Американка, која се мажи за муслиман и оди во Иран...Таму раѓа две деца, многу е приврзана за ќерката и сака да избега од Иранскиот пекол назад во својот дома Америка, и невозможното го прави за да ја постигне својата цел. Прекрасна, потресна приказна, гледајте го за да видите како фукционира Иран и исламот, жената е угнетувана, девојчињата од 9 години се спремни за мажачка, и од малечки ги забрадуваат, како и тоа што децата припаѓаат на таткото. 10/10.
King Arthur Типичен историски филм за кралот Артур и неговите витези, мене ми се допадна, сакам вакви филмови. Не е ништо посебно, но не е ни лош.
Е добро де, малце поинаков мјузикл Dr. Horrible's Sing-Along Blog 3 кратки приказни за Д-р Хорибл и неговите обиди да влезе во лигата на злобните, истовремено обидувајќи се да го освои срцето на една добра девојка. Браво за тој што го осмислил сценариото, особено браво за музиката, ја имаше од различен тип и баш ми дојде убаво и пријатно и изненадно. Браво за Барни! Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=EQyNN2SfPwQ&feature=related http://www.youtube.com/watch?v=ILObfEzX92k Му се израдував на филмов како мало дете, 9/10, го препорачувам.
Man on a Ledge http://www.imdb.com/title/tt1568338/ Mногу фин трилер-акција. Приказна кога еден невин човек ќе плаќа ни крив ни должен. Приказ на полициска реалност гнасна да не речам, приказ на тоа колку е јака семејната љубов, колку е голема дволичноста на луѓето со кои секојдневно работиме, богаташи од кои никогаш доста, напнатост, акција, кражба, во секој случај интересни 90сетина минути со супер избор на актери. Препорачувам 8/10
Во 1973 William Miller со 15 години добива единствена можност да оди на турнеја со познат рокенрол бенд и да напише текст за Rolling Stone списанието . Баш добар филм .. 10 /10
You May Not Kiss the Bride (2011) http://www.imdb.com/title/tt1381418/ За младенце! Па уште кога слушнав: Честитам, прекрасни младенци. А мајката хрватка демек, кога збореше англиски, на почетокот.. Хјелоу. Ај ем хи-јр фор фо-то-граф оф кјаат. Само имаше една гадна сцена, со игли. Преубаво филмче. Шнајдер поготово, имал секогаш чакнати улоги. Си се насмеав убаво. Препорачувам. :up:
Jack Овој филм со Робин Вилијамс го немав гледано, па прееска надокнадив. Интересен и забавен, со погодена улога за Вилијамс, не можам да замислам друг на негово место. И Дајен Лејн се почесто ја сретнувам низ филмови, баш убав впечаток ми остава. Следен со неа ми е оној со Ноќите во Роданде мислам беше. А за Џек баш убава комедија за опуштање. 6/10 The Raven Да се разбереме однапред, јас сум луда и по Едгар Алан По и по Џон Кјузак. Прва фатална за грешка за филмов ми беше што го гледав со друштво. После го прегледав сама. И ми се допадна. Од една страна е доста комерцијализиран (ама што не е денес), но мило ми е што По не го направиле некој лик happy go lucky. Убава адаптација и склоп на повеќе негови дела. Џон Кјузак дури морничаво е колку личи на По и добро го претстави ликот. Ама онаа женската на нерви ми идеше, сакав да и ја залепам една цел филм. Пристојно, но не и спектакуларно. Искрено, не очекував повеќе. 7/10
A Beautiful Mind (2001) 135 min - Biography | Drama Уште еден постар, а добар филм кој сум го пропуштила. Интересна биографска драма за животот на математичарот Џон Неш. Негирањето на болеста, проблемите во семејството кои таа ги предизвикува и нивната заедничка борба за подобрување на ситуацијата. Расел Кроу е извонреден, ептен се соживев со главниот лик. Вреди да се погледне. 9/10 A Dangerous Method (2011) 99 min - Biography | Drama | Thriller Филм за Јунг и Фројд и за почетоците на психоанализата. Искрено очекував многу повеќе. Мал акцент се дава на Фројд, повеќе внимание е посветено на Јунг, јас лично се надевав дека ќе е обратно. Кира Најтли е ненормално добра, каква изведба, не можев да поверувам како успешно ја одглуми комплицираната улога. Сума сумарум, не ми беше тоа - тоа. Не сум воодушевена многу. 6/10 Mr. Nobody (2009) 141 min - Drama | Fantasy | Romance Многу комплексна и специфична драма со sci-fi елементи. Ептен е збунувачки, нон-стоп се менува временскиот период и се скока од една реалност во друга. Цело време се прашував што е точно, што не е, за на крај да сфатам дека ги опишува сите можни сценарија. Сите животни реалности кои се менуваат во зависност од изборот кој е направен. Не е некоја лимонатка лесна за гледање, па мислам дека не би можел секој да го изгледа. Мене ми се допадна. 8/10
Borderland Хорор според вистински настани, за наркодилери, кои се вушност во култ и жртвуваат луѓе. Досаден ми беше малце, али го изгледав некако.