Bride wars Со Кејт Хадсон и Ен Хатавеј. И двете од мали си даваат ветување,откако ќе присуствуваат на свадба во хотелот Плаза,дека кога ќе пораснат ќе направат свадба ,заедничка и во истиот тој хотел. Тие се неразделни,се додека навистина не дојде денот Д ,и откако ќе ја закажат свадбата,ќе им се јават дека направиле грешка и дека имало само еден слободен термин,и едната од нив ќе мора да се откаже. Тука веќе се разнишува нивното пријателство,се додека на крај,не сфатат дека една без друга не можат. Бидејќи ја обожавам Кејт Хадсон,овој ми стана еден од моите омилени,а и баш е интересен за гледање
Batman Forever (1995) Трет од франшизата за Бетмен, и прв филм ма Џоел Шумахер. Дечко ми тврди дека потсетува на цртан филм на моменти и бил премногу шарен за еден Бетмен, ама јас го сакам од детството, најмногу заради актерската екипа, Вал Килмер тука е уште млад и неодоливо шармантен, Крис ОДонел е мал слаткиш, Никол Кидман открива некој студен сексапил, а Џим Кери е врвот, кој во улогата на Riddler е брилијантно налудничав. Освојува со изведбата и појавата, ем комичен, ем бизарен. Приказната сепак мора да се признае дека е малку детска и Готам не е доловен веродостојно како што му доликува од стриповите. И малку е претеризам со неон светлата и костумите. Од чисто сентиментални и субјективни причини - 8/10, иако филмот е троа полош. The Thirteenth Floor (1999) Приказната е заплеткана, но интригантна. Глумата е одлична. Што ќе се случи ако дознаете дека светот во кој живеете е само компјутерска програма? Вечната дилема - што е вистина, а што лага, што е реалност, а што фабрикувана фантазија? Овој брилијантен сај-фај трилер е во редот на Dark City и Matrix (обата ги препорачувам, посебно првиот бидејќи имаат слична тематика. Првиот е дури многу помрачен). Интересно и возбудливо. Го имав гледано пред десетина години, но воопшто не сум го сфатила. Предобар. 9/10
Joy Ride Абе се радувам ко мало дете кога ќе наидам на филм кој ги има сите елементи кои ги обожавам кај еден хорор, абе Возење низ западон у САД, по врелите прекрасни автопати низ дивина + мотел + напуштени бензински + психотичен камионџија = Значи вака.. Доказ дека никој не мора да умре на брутален начин, и да има бизарно крвави сцени за да е еден филм напнат и језив, ма да тоа не е правиот збор. И како глумеа сите до еден,браво. i loved it! 10/10.
лимонатче филм,ме врати во некои убави случки што ми се случуваа и на мене кога бев во тие средношколски денови 7 оценка за филмот ама за глумецот 10ка
When in Rome (2010) http://www.imdb.com/title/tt1185416/ Искрено, највеќе го гледав ради Џош. Барав во кој филм, освен во Life as We Know It, глуми. Ама онакви ко што гледам јас. Иначе многу убаво филче. Иако од почетокот се знаеше, како ќе заврши. Успеа да се насмее. Како се ѕвекаа по бандери.. И баш после тоа оној погледон... Јас така правам кога ќе се ѕвекнам во нешто, го гледам предметот, демек сум му љута. Иначе ме нервира вака во некои филмови, кога има малце повеќе познати глумци, и не ми текнуваат нивните имиња. Па го прекинувам на пола филмот, за да видам од кај ми е познат.. А овој манекенот, сегде глуми нарцис. Малце и го замрзев од Employee Of The Month. Отидов предалеку, кратко и јасно: Голем лајк. Препорачувам. :up:
Терминал (The Terminal) 2004 Режија: Стивен Спилберг Улоги: Том Хенкс, Кетрин Зета-Џонс... Филм што ме насмеа, ме расплака и наежи во исто време. Приказната на Виктор Наворски дефинитивно ме натера да размислам за значењето на можеби најупотребуваниот збор во филмот - „неприфатлив“. Што е неприфатливо во денешно време и кој диктира што е прифатливо а што не? Дали чесноста, истрајноста, лојалноста, љубовта кон татковината, искреното пријателство и бескомпромисната љубов се неприфатливи во едно модерно општество? Дали таквите луѓе сепак ги има, но се подалеку од нашите очи, заробени на некој терминал и не сме свесни дека постојат? Дали и во ова време овие вредности сепак победуваат? Одлична приказна, глумата на Том Хенкс ме воодушеви. Топло препорачувам (10/10)
The Intouchables (Intouchables) Comedy | Drama Богат човек ќе остане парализиран после несреќа и ќе ангажира сиромашно момче за да му помага. Прекрасен филм, повеке драма отколку комедија 10/10
Paranormal Activity 3 По 2 пат. И сеуште си стојам на ставот по првото гледање и одговорно тврдам дека е досега убедливо најдобриот дел. Дури и ако не сте ги гледале претходните два (првиот една страшна сцена, вториот ниедна), овој можете да го гледате посебно, неповрзано и пак ќе ве здрма. Според мене многу, многу јак хорор, а ги имам гледано илјадници. Се чека четвртиот дел во октомври... http://www.imdb.com/title/tt1778304/
Младата Луси и нејзината роднина Шарлот се на патување во Италија , но се незадоволни бидејќи им даваат соба без поглед .Г-дин Емерсон и неговиот син Џорџ љубезно се понудуваат да ги сменат собите а следните денови Луси и Џорџ се зближуваат. Кога ќе се вратат во Англија пак Луси се свршува , но набргу се се менува кога Емерсонови ќе дојдат во нивниот крај .. Убава историска драма сместена на почетокот на 19 век ... 8/10
The Chumscrubber http://en.wikipedia.org/wiki/The_Chumscrubber Филмов го фатив некаде од пола, ама џабе го гледав кога ништо не сфатив. Најверојатно е од оние филмови што сакаат да им посветиш повеќе внимание и да размислуваш, а мене баш тоа не ми се правеше. Повеќе накај глуп ми делуваше. Заплеткани и натрупани настани безвезе, ликовите апла мутљаци ги претставиле, без грам акал. Ко нетокму. 4/10
Incendies По препорака на Shana, дури сега му дојде редот за гледање. Историска (воена) драма, која паралелно не води низ животот на една мајка или 'Жената која пее' и потрагата на нејзините деца по нејзината смрт. Во филмот полека се местат деловите од сложувалката, за на крајот да се воочи шокантно откритие. Смртта не е крајот на приказната. Од аспект на уметничко дело филмот е одличен, но прочитав доста критики за прикажувањето на израелско-палестинската војна, бидејќи филмот е канадска продукција, ќе му дојде како Анџелина Џоли да снима филм за војната во Југославија. Како и да е, филмот вреди да се погледне.
Joy Ride 2: Dead Ahead Побрутален и помалце интересен од првиот, но без разлика, ми го задржа вниманието. Друго, се што пишав вчера за првиот дел, важи и за овој.
Forgetting Sarah Marshall Добар интересен филм, има добра приказна, а и на убава локација е снимен филмов The Lake House Филмов го имам гледано повеќе пати и мислам дека и никогаш не би ми здосадил. Добар филмски пар се Сандра Булок и Киану Ривс од секогаш ми биле симпатични. Добар филм навистина.
Не очекував дека ова ќе го кажам. Реков дека е најглуп филм. Ама умирав од досада, и го гледав на ТВ. Moжеби и ми одмили, што сите ми кажуваа за него. Ваков бил, таков бил.. Интересен е, само без тој делот, со касање, вадење глави.. На повеќе моменти мижев. Не сум по филмовите со крвишта. Ама сакам некои со приказни. Како The Number 23. Само многу ми е страв од нив, па затоа си се држам стално до тинејџерските, и романтичните комедии. Интересна ми е приказната, ама на некои делови, ваква бев. Го препорачувам, до само тие што се љубители на овакви филмови.. Изгледав 2 дела, уште 2 ми останаа.. Twilight (200 http://www.imdb.com/title/tt1099212/ New Moon (2009) http://www.imdb.com/title/tt1259571/
Daredevil Не знам искрено зошто оваа екранизација има толку низок рејтинг и толку негативни критики. Го имам гледано еднаш претходно, овојпат directors cut и впечатокот ми е уште посилен и подобар. Минус лошиот фриз на Афлек, сите актери дадоа максимална и впечатлива изведба. Приказната е одлична, има смисла, има поука. Филмот има квалитетен вовед, заплет и расплет. И глумата е на нивоу. Не сфаќам зошто толку хејтеризам околу филмов, би му дала солидна 8.5/10 Откако ќе доживее несреќа со хемиски супстанци и ќе ослепи, младиот Мет Мурдок ќе открие дека за сметка на едно изгубено, добива 4 останати супер изострени сетила. Неговиот татко ќе биде убиен и Мет станува херој, кој им помага на несреќните и жртвите на криминалот кој владее во градот...
Добро познатата Лолита од Владимир Набоков ... Доста контроверзен филм како и самиот роман и затоа ми е тешко да оценам ваков филм ... Од една страна најразбирливо е тоа дека ја загубил првата љубов и затоа бара утеха но да се вљуби во 12 девојче кое уште си игра со кукли ми е гнасно ....
The Help http://www.imdb.com/title/tt1454029/ Секогаш во компјутер имам 50сетина филмови и кога ќе дојде ред да гледам ги избегнувам долгите филмови. Како на пример овој, трае цели 2 ипол часа. Дека гледам пред спиење и често заспивам па утредента ги догледувам филмовите. Ама синојка со една пауза, за пуканки го изгледав филмчево. Изборот на актерската екипа е феноменален, навистина феноменален. Од Ема Стоун, до Октавија и Виола кои беа совршени. А негативката Брус Далас е и повеќе од добра. Ме фасцинираше приказната, на моменти се воодушевував на речникот и однесувањето на слугинките, друг момент чуствував нагон на повраќање од богаташките на 60сетите години од Америка. Филм преполн со дијалози кои треба да се запаметат. Филм од кој може многу да се научи. Филм каде ќе ги видиме разликите кои искрени да бидеме и денес постојат. Може не постојат како во 60сетите години, ама постојат и денес тие огромни разлики меѓу богатите и сиромашните. Проблеми со кои и денес 50 години подоцна се среќаваме во секојдневието. На една страна глупи девојки кои ги чекаат мажите да донесат пари додека тие си ја виткаат косата и трачарат, а од друга страна сиромашни слугинки кои читаат, пишуваат, одгледуваат деца а се заборавени од општеството, не само заборавени, омаловажувани се, казнувани, затварани, убивани. Филм кој вреди да го погледне секој, пред се секоја жена. 10/10
Филмот е прекрасен мислам дека се заљубив во Пол Spoiler мислам дека нема потреба од тоа да објаснувам што и како се случува, оти посекако си има посебна тема на форумот за филмот