LOL Тинејџерско филмче, фино е за тепање време, не е класична тинејџерска комедија/романтика, од друга гледна точка е приказнава... 8/10 П.С. Не ја можам оваа Мајли, одвратна ми е, гадна ми е
Мене осумдесеттите ми се под кожа влезени, мислам дека нема филм што не го сакам од тој период. Плус боите во филмовите ми се ептен јаки а модата врв. Искам момак со тој стил. Да не забегувам St.Elmo's fire Од истиот режисер на The breakfast club. Одлично филмче, баш ме бендиса. 7 пријатели и нивните дешавки кога навлегуваат во светот на возрасните. Деми Мур ме воодушеви, затоа што во поновиве филмови не ја бендисувам баш. Супер дијалози и одлична атмосфера. И топ музика. Плус дечките се ај мамита 9/10 Class Делумно потсетува на The graduate. Интересна приказна за еден дечко што почнува афера со повозрасна жена, плус животот во кампус со цел куп машки. Џон Кјузак има споредна улога, ама ептен е срцка. И кога го видов Стујарт од Лудиот град на млади години умрев од смеење. Вреди да се види. 8/10
Tengo Ganas De Ti - еве конечно и јас го изгледав и морам да кажам дека уживав у секоја секунда 10/10
И јас овој, и го делам баш истото мислење со Елена, а сега ќе го гледам Три метри над небото.. да видам што толку филм за фалење ќе беше
Le concert Леле луѓе каков филм. Не, не филм филм и пол. Два саати од животов за кои сигурна сум дека вредеа. Приказната е следеча: поранешен диригент решава да го собере оркестарот и да свират во Париз претставувајќи се како рускиот оркестар. И уште 50 мали приказнички идат во пакет. Ненормално добар филм. Музика, ооо музиката. На крајот 5 минути бев наежена како никој. Морате да го гледате. Ако не ви се допадне, имате астма. 10/10
LOL- Со Мајли Сајрус и Деми Мур во главни улоги. Типичен тинејџерски филм. Се раскажува љубовна приказна меѓу Лола и Кајл нејзиниот најдобар другар кој подоцна ќе и биде дечко. Исто така не се избегнати кавгите со мајка и која ќе и го прочита дневникот и ќе дознае дека имала односи и дека има бакнато женско. Интересен филм
The Hunger Games Многу добар филм. Интересна приказна, добра музика, добар избор на актери. Сега го чекам следниот дел наредна година
Mr. Nobody Еден од најлошите филмови некогаш што сум ги гледала, потполно потрошени два часа на глупости. Постојано чекав да почне приказната и никако не почна, го гледав само поради Џаред Лето, ништо друго не ми го привлече вниманието. Немам објаснување за ова што го гледав. Spoiler Се збори за Немо кој е сто и нешто години стар и сега како демек се присетува на својот живот и постојано се врти околу тоа како пораснал, каде пораснал, со кого се оженил, што му се случувало. Нема објаснување за ликовите и зошто го прават тоа што го прават во филмов. Тапа е. И ќе ве замолам ако може да не ставате слики од imdb бидејќи не ги покажува некое време по испраќањето на мислењето, а сепак кога има и слика од насловната друг е првиот впечаток за филмот.
^ Финтата со филмот е што тој уствари ги разгледува можните варијанти на својот живот при одреден избор. Онаа точка кога мајка му и татко му се разделија, од еден аспект го следи неговиот живот ако останал со мајка му, од друг аспект ако останал со татко му. Така и при понатамошните раскрсници кога треба да донесе одлука. Филмов е всушност многу интересен и јас би го препорачала секому, прво на себеси еве, да си го гледам пак, да се потсетам он топик, последен филм го гледав пак Annie Hall со Даен Китон на тв (само серии глеам у задње време)
Tengo ganas de ti Се сеќавам колку само бев скептична за првиот дел. Сите девојчиња побудалеа по него, а јас велев дека никогаш нема да го гледам. И ете, си го погазив зборот но не жалам за изгледаните минути. Боже мој. Цело пакетче паломи потрошив. Точно на секоја сцена плачев. Посебно кога го гледав Хаче како плаче. Дефинитивно неможам да издржам на машки солзи. Многу е различен првиот од вториот дел, но љубовта остана. Ми идеше да влезам во компјутер и да ги прашам како толку се сакаат, а не се заедно!? И кога беше со Џин тој потсвесно мислеше на неа. Го уби таа љубов. Но сепак се виде дека заминувањето во Лондон го направи во вториот дел да биде посозреан. И колку само плачев на сцените кога одеше пред нејзината куќа. Џин е многу поразлична од Баби. Авантуристична, расположена, девојка која што и забранетото сака да го проба, и затоа Хаче се привлече толку за неа. И ми беше жал на крајот кога тотално се скрши. И плачев исто заедно со Катина. За колку краток период се привраза за дечко и, и на крај цел филм го плачеше. Неможеше да го преболи. И да, режисерите воопшто не жалеа во вториот дел да ни покажат ги покажат секс сцените. И алал да му е на глумецот. Колку добро ги изглуми сцените кога е бесен и лут, и кога е мек и плачко. Јас паднав на неговата харизма и шарм. Како успеа и со Баби а сега и со Џин на овој начин да ги натера да се заљубат во него. Можеби ние фановите сакавме да ги видиме во вториот дел Баби и Хаче, но на овој начин мислам дека подобро испадна. Таа љубов или сеќавање останува длабоко во нив. И сакав да прашам, дали ќе има трет дел или овде ни завршува приказната?
Денoви посветени на Sacha Baron Cohen Borat - 2006 http://www.imdb.com/title/tt0443453/ Brüno - 2009 http://www.imdb.com/title/tt0889583/ The Dictator - 2012 http://www.imdb.com/title/tt1645170/ Саша Барон Коен е одличен комичар. Пред се неговата трансформација од еден во друг лик е фантастична. Се труди човекот нема што. Беше одличен новинар од Казахстан, потоа геј водител од Австрија и предобар диктатор. Најлош филм дефинитивно Бруно, многу досадна ми беше приказната, се одоговлекуваше. Иако одлично ја одглуми оваа геј улога, ама сепак недостасуваа многу работи во филмов. Хуморот доста црн морам да признам. Иако се изненадив од крајот и од песната, прифатиле голем број ѕвезди да пејат со него, браво. Борат од Казахстан вистински ме изнасмеа, од самата приказна во Казахстан, до неснаоѓањето во Америка, па се неговото заљубување во Памела. Сеуште не ми се верува дека сакаше на традиционален начин да ја земе за жена Moже биле лути казахстанците на Борат, ама одлична туристичка реклама им е. Додека Диктатор ми е најдобриот филм на Саша. Приказната е супер смислена и трае најдолго филмов, и го ставам пред Борат бидејки Борат на моменти изгледаше како документарец. Во однос на глумата би го ставила секаде со највисока оценка. И како диктатор беше одличен и како изгубен казахстанец и како педерче Си го бива човекот нема што. Има доста црн хумор, доста се фатени ѕвезди на тапет од него, ама освен тоа и неколку холивудски ѕвезди се појавуваат во филмовиве во блиц улоги. А зад секоја негова глума се крие некој скриен лик, па може многу да научиме и од неговите филмови, кои и доста реални се, реалност која често се сокрива. Се на се изгледав 2 одлични и 1 просечен филм, каде се изнасмеав од се срце и се воодушевував на трансформациите на Саша Барон Коен.
Fracture ... Did he or did not kill his wife?? И ноrмално, незаменливиот Ентони Хопкинс во улогата на опасен ум кој признава но и не признава вина. А Рајанчо треба да докаже која е вистината. Дали ќе успее овој добро закомплициран случај да се разреши вo вистинската насока, гледајте го филмов. Must see. 9/10
American Pie Reunion После 10 години пак се заедно, луѓе не сте свесни колку сум се смеела и колку глупости има, ако сакате добра комедија мора да го изгледате, Џим и Мишел се земени имат и дете, Кевин е оженет со друга, и Вики ја има пак, Хедер има нов дечко од болницата кај шо работи, Финч ќе си најди друга, другарка на Мишел мислам, мајка му на Џим е умрена во овај дел, татко му мислам дека ќе матка нешто со мајка му на Финч, Стифлер е најголемата будала како и во другите делој во филмот. Одлична комедија, Топло препорачувам. :up: 10/10
Jас ваљда сум некој феномен за филмови Hит диктаторов ни 2ката од 3мсц, нит последнава пита ми се допаднаа нешто многу Kој знае што е. да не сум офф топик последниот филм што го гледав е Sherlock Holmes: A Game of Shadows Hавистина добро филмче и првиот дел ми е гледан, поготово колку ја обожавам Pејчел, ту ту ту, Spoiler ептен ми беше криво кога ја отру .... 9/10 Hајвеќе ми се свиѓа куќата на шерлок, абре права зоолошка градина е тоа, пусто куче, колку пати го умре, и го врати назад во живот
American Pie Presents Band Camp (2005) http://www.imdb.com/title/tt0436058/ Т.е. 4тиот дел. Филмов ми стоел уште од 4ти декември. Не го гледав највеќе, ради новите глумци. Се работи, за малиот брат на Стифлер, Мет. Кога он ќе порасне, и кога е во средно. И познатиот „бенд кемп“. Има некои слични фаци како Стифлер, ама пак не е тоа-тоа. Сите се нови глумци, освен таткото, и Шерманатор, како и да го викаат. Мене ми се допадна. Не е досаден. Си се насмеав, слатко. :up:
И јас да ви се придружам Tengo ganas de ti Ми се згади од филмов, озбилно. Покрај толку тинејџерски и љубовен прв дел, овде стварите ми беа сите за никаде. Spoiler Од таа голема нивна љубов, еден секс на плажа без два реда муабет (кога некој толку си сакал, затреперуваш бре), дроги, силувања, секс секој со секого...Без врска. Оваа Џин као мене у пмс се понаша, еден момент хепи, другиот веќе свената ко кајсија во априлски изненаден студ. Не требаше да го глеам филмов, вака барем после првиот, сама во мисли си го продолжив дејствието. Пу бре одам ја пак на сериите
Charlie St. Cloud (2010) Во филмов имаше многу тажни сцени, ама заради глумата и целата приказна многу ми се допадна. 10/10
The Resident (2011) http://www.imdb.com/title/tt1334102/ Трилерче добро, мистерично, психопатско За некој кој мрази хорори како мене дури овој е и на граница со хорор. Во секој случај многу добра приказна со стапица каде може секоја девојка да се фати. Совет не го гледајте филмов со гласно пуштен звук, ќе скокате од кревет на моменти. Почетокот на филмот е одличен, како иде приказнава мислиш срцепарателна романтична филмска вечер ќе имаш, а завршува со вирови на крв. Погледнете и добра глума на фантастичната и сексипилна Хилари Свонк и одличниот Морган. Има недостаток што трае доста кратко за ваков тип на филм и дефинитивно завршува предвреме, би сакала после таков крај на случувањата и ликот жртва да биде прикажан бар на некоја минута како го објаснува дејствието, а не одма пау пау и гледаш the end. A оценката е сепак висока заради пресвртите. 7/10