21 Jump Street И конечно го изгледав филмов. Интересна комедија, се утепав од смеење на некои сцени Ако има некој што не го гледал до сега, дефинитивно го препорачувам 7/10
Семоќниот Брус Леле смеење на кило. Ми требаше ова. Една од подобрите комедии некогаш изгледани. Со Џим Кери уствари што друго да се очекува? Малку повеќе фантазија, ама смеата е побитна
Филмот KITES ... Многу добар филм со руби.. таа е мексиканка која оди да живее во лас вегас.. прави лажен брак за државјанство, со индијанец кој веќе подолго време прави бизнис со лажни бракови за пари ... тој има девојка која е ќерка на најпознатиот човек во градот. оди кај неа на гости и таму ја сретнува руби, која е негова последна жена. дознава дека руби му е вереница на братот на неговата девојка.. но тие двајцата се заљубуваат и тука почнува заплетот на филмот.. крајот е посебен и многу тажен , нема сцена каде што не би пуштиле солза.. ВРЕДИ да се погледне. поздрав
Одличен филм со Аманда, таа во сите филмови глуми женско со машки манири, и и прилегаат тие улоги. Филмот се работи за Spoiler Сидни, која што оди на колеџ каде што одела мајка и, за да стане Коппа девојка како неа. (Мајка и починала кога имала 9 години) На колеџот не иде се како испланирано,и нема да биде изберена за Коппа девојка...
The fountain Ме побрка човекот. Ми навлезе во психа. Синоќа го изгледав, и цела вечер ми беше навлезен филмот во глава. Ми ги отвори сите келии, како да навлегов во некоја друга димензија заедно со нив. Значи немам зборови со кои би го опишала она што го видов. Тежок филм за гледање, ако го гледаш рамнодушно. За Аронофски треба да се даде посебен третман. Сите негови филмови имаат метафора, затоа и бара посебен третман. Музиката во филмот беше она што ме натера да навлезам уште подлабоко во филмот. Значи предобра! Аронофски секогаш знае добро да ги избере глумците, па ни овојпат не погреши. Hugh Jackman предобро си ја одигра улогата, а Rachel Weisz ми беше преубава. Јас уште сум под импресии, и уште милијарда пати ќе му симнам капа на Аронофски и неговиот ненормален мозок. Ова мора да се погледне!
A beautiful mind Еден од најдобрите филмови што сум ги гледала и дефинитивно мојата листа на најдобри филмови се менува. Уште сум под импресии од филмов и без зборови сум. Само знам дека сум воодушевена од глумата на Расел. И според мене најдобро е да се гледа филмов без пред тоа да имате гледано трејлер, бидејќи трејлерот оддава многу информации. Дефинитивно е подобро кога почнувате да го гледате и не знаете ништо за филмов.
Филмов ми се виде толку долг како 3 дена да го гледам .. Spoiler Париз 1913 година , на премиерата на новото дело на Igor Stravinsky присустувува и Coco Chanel која за разлика од дугите ќе биде воодушевена ..Новото дело е модерно и радикално и предизвикува немир во театарот ...Stravinsky е неутешлив. Седум години подоцна , сега веќе позната и многу успешна Coco Chanel повторно се сретнува со Stravinsky - сиромашен бегалец во егзил во Франција после Руската револуција .. Нивното привлекување е моментално и силно .. Coco му ја нуди на Stravinsky својата вила за да може да работи и да престојува со своето семејство ..Покрај својата болна жена , Stravinsky започнува афера со Coco која сеуште тагува за својот загинат љубовник ... Очекував повеќе а гледав ептен ''мртов '' филм ... 5/10
LOL Очекував многу повеќе од филмов. Кога го гледав мислев дека ќе биде некој вау филм, колку добро го склопиле трејлерот немам зборови . Мене ми беше ептен досаден, без никаков заклучок што те води на понатамошно размислување, ама без ништо. Се се вртеше околу разгалени средношколки што само мислат на секс и бунт. Единствена светла точка беше главниот глумец, поима неам како се вика ама ми беше ептен секси. 5/10 П.С. Каде е јаболкото на ајфонот на сликава?
No Strings Attached Го гледав филмов по втор пат. Не е лош, сличен ми е со филмон Friends with Benefits али добро и двата си се интересни на свој начин
Jack and Jill (2011) http://www.imdb.com/title/tt0810913/ Покрај толкуте негативни критики, се решив да го изгледам. Члакнат филм. Не беше нешто посебно, ама не е ни лошо. На некои сцени се насмеав, а на некои.. Покрај Ал Пачино, Џони Дип во блуза од Џастин Бибер? Сепак, да не го дрвам, ми се допадна. :up:
Raise your voice Прекрасен филм.Ме наежи. Spoiler Се зборува за една многу талентирана девојка Тери која пее многу убаво,се пријавува во популарна летна музичка школа.Татко и не и дава,а брат и прави одлично видео и го испраќа.За жал во сообраќајна несреќа тој умира,таа останува жива. Топло препорачувам 10/10
Death at a Funeral (2007) http://www.imdb.com/title/tt0795368/ Ауу. Го симнав, британскиот, затоа што прочитав дека поновата верзија, била за никаде. И не згрешив! Филмов, ме насмеа, пресмеа, најсмеа. Валиумот, што се можел. Ама Сај-Моон, ми беше најјак, од сите. Повеќе се смеам на неговите фацки и делата, него ли на зборовите. Делот, кога он е во веце, и кога си го повторува името.. тука цркнав. На почетокот, сакав да го исклучам, ми изгледаше тапа. Ама ќе сум направела огромна грешка. Ме потсети на Викенд на мртовци.. Ќе го гледам и тој. Го препорачувам, ептен. :up:
http://www.movie2k.to/The-Amazing-Spide ... 79861.html се разочарав многу е сличен на првиот дел,скоро ист
Филм за почетоците на психоанализата , пријателството и разделувањето помеѓу Јунг и Фројд и за пациентката Сабрина Шпилрајн која ќе му биде љубовница на Јунг и ќе стане една од првите жени психоаналитичари . Одличен филм Чиста 10-ка Младо англиско девојче родено во Индија ги губи своите родители во земјотрес.Таа се враќа во Ангија каде треба да живее во замокот на својот тетин кој е во длабока жалост поради смррта на својата жена и постојано е отсутен .Оставена сама на себе , започнува да го истражува замокот и открива градина ,градината на својата тетка - близначка на својата мајка ..Започнува да ја обновува напуштената градина ..Секојдневно пак ќе слуша плач и ќе започне да ги истражува тајните одаи , за да открие дека има болен братучед ...Ќе ја обнови градината и ќе ја врати желбата за живот на своите роднини .. Интресно филмче
http://www.filmovizija.com/i-want-you/t ... aba94.html За сите што го бараат Tengo ganas de ti еве го online
Marley & Me (200 http://www.imdb.com/title/tt0822832/ Овие двајцава изгледа, никогаш нема да си сменат фрузури. Што видоа сите, толку убавини во филмов? Уште пред недела дена го гледав. Стигнав до саат и пол. Со сила го гледав. Влечи го, влечи го.. Мислев дека ќе го догледам. Ама нема шанси. Премногу долг, и досаден. Смешните случки, ги има. Но, тоа не значи дека е интересен. Целото тоа, може да се смести во саат време, а не во два саати. Не препорачувам. own:
Добар трилер, но ништо спектакуларно. Приказната е напната, возбудлива, одржува тензија, во типичен холивудски стил. Самата идеја за филмот-мистериозната смрт на Е.А.По носи голем потенцијал, кој според мене не е максимално искористен. Прво дејството ми се одвиваше пребрзо. Мислам дека на приказна за Едгар Алан По повеќе личи поспоро темпо со долги дијалози во кои можеш да се продлабочиш. Кјусак е добар, не дека не. Но, искрено очекував поинаков По, помрачен, позабеган. Вака ми изгледаше на некоја модернистичка верзија на славниот поет. Приказната нема логички дупки. Направен е добар спој на фактите и фикција. Но заборавен е еден битен податок што е тема на различни интерпретации и ја продлабочува мистеријата поврзана околу неговата смрт. Имено на клупата тој е пронајден во туѓи алишта, па кога решиле да работат ваква приказна можеле некако да го вклопат и овој битен детал.
A Few Best Men (2011) http://www.imdb.com/title/tt1640711/ Со предвиден крај е, но случувањата сигурно не се предвидени. Не е којзнае што, веќе видена приказна, но мислам вреди да се погледне. А овој со брките ко Хитлерчо, греота.. Што се направи. Додека, плавушанов.. уво не го боли.