Spoiler Се изнагледав филмови на HBO (а ниеден не пишав овде, срам да ми е), ама еве последниот ќе го пишам (не за друго, во невремето во четвртокот во Охрид „умре“ receiver-от за MaxTV, па не знам кога наредно ќе гледам некој филм) Water for elephants На денот на својот последен испит на колеџ, младиот Џејкоб ќе загуби сè, за него ќе исчезне оној живот што дотогаш го имал, сето она што го знаел и познавал. Ќе одлучи да замине во друг град, но ќе му се придружи на циркусот „Браќа Бензини„ и таму ќе ја запознае својата љубов. Но мора да ги победи препреките за да ја добие. Мене ми беше филм за одмор, романтична комедија. Книгата не сум ја читала, немам намера засега. Актерите не ми се нешто омилени, ама обрнав повеќе внимание на приказната. Давам 5/10.
По глупав и мутав филм немам гледано , сите сцени се толку неповрзани , за ништо не го бива 0/10 Не е лош само малку е развлечен , неочекуван крај , незнам зашто на на одреден дел од филмот заспав 8/10
Madagascar Escape 2 Africa! Прекрасен цртан, се изнасмеав. Препорачувам! 10/10 Spoiler Станува збор за Алике(лавче) кое како мало од Африка некако ќе иде во Њу Јорк. По многу години со своите пријатели неочекувано ќе се врати во Африка кај своите родители. И што ќе се случи понатаму видете сами. Тhe game plan! Од овој филм очекував сосем друга приказна, но ме изненади тоа што го видов. Филмот е многу добар, а и на некои сцени не можев да престанам да плачам. А и глумецот е.. уфф. 10/10 Spoiler Станува збор за еден познат фудбалер, кој живее луксузен живот. Еден ден на вратата му доаѓа неговата ќерка за која тој не знае дека постои. Таа ќе му го промени животот.
Liar, liar Случајно го фатив на телевизија, ми беше гледан од порано. Џим Кери е извонреден комичар, мислам не се споредува никој со него, па така и филмовиве му се гром. Нема филм којшто не ме насмеал и во кој не ги прави тие неговите препознатливи фацки, што искрено не знам како ги изведува и дали е можно тоа. Сепак, браво за човекот. Се на се, многу смешен и добар филм, има поента. 8/10
Конечно му дојде ред на фамозниот втор дел - Tengo ganas de ti Ми се допадна начинот на кој е снимен, многу убави сцени и кадри, модерен, со преубава музика. Што се однесува до приказната и развојот на настаните малку бев разочарана, но сепак не е лошо да се погледне. На долго и широко ќе се обратам во соодветната тема за филмот. 7/10 од мене.
Ова е клише-величење на американската храброст во последниве војни, предвидлива љубовна приказна. Но, ми се допадна. Мене дајте ми романтична приказна, симпатични глумци со прекрасни сини очи, куќичка на село, сцени со маѓични есенски пејсажи...и јас сум закована пред телевизор час и половина. И уште еден коментар. Момчево... преубав, храбар, чесен, романтичен, сака филозофија, чита, игра шах, свири пијано, истовара тон вреќи без око да му трепне...мислам
My super psyco sweet 16 ТРЕТ ДЕЛ Spoiler Хорор филм.. Се продолжува традицијата на секој 16 роденден на кој се појавува Скај ги убиваат нејзините другари овој пат сестра и е убиецот.. ГО ОБОЖАВААААМ!!
Six days,seven nights. Филм романса,со комедични сцени кои ме смееја до солзи. Се работи за една модна дизајнерка Робин Монро,која заедно со својот дечко Френк оди на одмор во Макатеа (Хаваи). Кога ќе појдат таму одма следниот ден и се јавува нејзината шефица и и кажува дека мора да замине на фото сесија на Тахити. Заминува со еден пилот кој има прилично старо авионче но тоа и е единствен превоз,и мора да прифати и да оди.Нејзиниот дечко останува на Макатеа.За време на патувањето,иди невреме и гром удира во авионот и тој мора да слета на непознат остров.Таму следат авантурите на Робин и пилотот.Тие се заљубуваат еден во друг,а нејзиниот дечко ќе ја изневери со девојката на пилотот.И кога сите ги мислат мртви тие се враќаат на Макатеа.А како успеваат со расипаниот авион погледнете сами,повеќе не ви кажувам Во секој случај интересно филмче,на сител го гледав
Battleship Филмов го гледав заради Ријана, да ја видам како се снаоѓа во глумата. Како за нејзин прв филм во кој има улога на војник, добра е. Филмот како филм не ми беше нешто посебно. Изгледа поради тоа што не сум обожавател на филмови од овој жанр. Имено земјата е нападната од вонземјани и е препуштена на војник кој дотогаш не се покажал како успешен. 6/10
Интересно филмче, доста забавно. Сара прекрасно ми глуми тука. Добра приказна, само крајот ми беше малку смотан псоебно тоа во кафетеријата. Инаку лесно филмче онака баш за опуштање кое го препорачувам. 6/10
The Dark Knight Rises Одличен филм. Ептен ми се допаднаа и музиката, изборот на актерите, дејствието во филмот. Иако приказната во претходниот дел беше малку позаплеткана, и овој дел не испадна лош
The ROAD (2009) Секој и еден напишан збор би бил премал за да го опише она што овој филм го буди кај гледачите. Не изобилува со празни реплики, ниту со разнолики бои, уште помалку со ликови и статисти. Навидум е се’ толку малку, толку едноставно, толку монотоно, еднолико. Како што е и во Животот! Нам секогаш ни е малку, сакаме повеќе. Мечтаеме за повеќе! Рацете ни се ширум отворени за повеќе. Срцето го држиме затворено – се плашиме некој да не не’ повреди, да не го скрши, па после да се прашуваме што да правиме. Што да правиме?! Што да правиме?! Не да правиме, само да бидеме! Да бидеме луѓе! Да не го забораваме и притајуваме Човекот во нас. Само така ќе се спасиме. Не може постојано да размислуваме како да ќе сме вечни, дека сме посилни од Природата. За секое и едно нешто, има почеток и крај. Сите ние некогаш Добиваме, а некогаш Губиме. Ниту во еден момент не треба да заборавиме Кои сме и Што сме затоа што всушност тогаш ќе се изгубиме на Патот. Како што е и во Животот! Навидум се’ е толку обично, а всушност секое и едно нешто во себе го крие Огнот! Пламен кој ќе ти помогне да Преживееш. Искра која ќе ти ја врати изгубената Надеж. И ќе продолжиш... Ќе продолжиш понатаму, по својот Пат затоа што само ако Се обидеш, ќе дознаеш! Всушност се' она што овој филм го нуди и како идеја, и како порака е моќно и силно. Не е ова само уште една приказна за што кога ќе дојде Тој ден, Апокалипса, Крај на светот, Судниот ден?! Со рамнодушност гледаме на некои претстојни настани, а всушност не сме свесни за пресвртите на кои сме секојдневно изложени. Време е да погледнеме малку подлабоко и во самите себе, но и на се' друго околу нас! Во спротивно, ќе бидеме само уште едни талкачи, кои се изгубиле на сопствениот Пат. Да тргнеме кон Југ, со Таткото и малото Дете (јунаците на оваа приказна)! http://www.youtube.com/watch?v=hbLgszfXTAY
Приказна веќе позната : Снежана ,лошата кралица ,7 џуџиња и принц ( уффф ) ...Костимите се прекрасни , на глумицата што ја глуми Снежана баш и одговара улогата , Џ. Робертс како да не старее и принцот е преубав пак да потенцирам ..Ок е само што е со индинскана песна на крај некако не ми иде со приказната ... 8/10
Sweet November http://en.wikipedia.org/wiki/Sweet_November_(2001_film) Можам да кажам дека ваков убав филм одамна не сум гледала. Ме пленија сите сцени и ми го задржаа вниманието. Немаше ниту еден сувишен детал, доволно долг да ти биде интересно и доволно краток да не ти се здосади и укочи целото тело. Глумата, глумците и приказната - прекрасни. Иако сепак мразам филмови што завршуваат како што не сакам. И да - тажен е, а поемотивните душички ќе плачат. Како што јас плачев. 10/10
The Vow 5/10 Хм, незнам што да кажам. Spoiler Се работи за среќно заљубен пар, им се случува сообраќајна несреќа, девојката се буди од кома и не се сеќава на предходните пет години, воедно и на нејзиниот сопруг, кој низ целиот филм ќе се обидува да си ја врати својата жена назад, и да ја натера да се сети на нивниот живот заедно. Крајот малку ме изненади, но сепак не беше доволно за поголема оценка од 5/10 Очекував нешто поинтересно, веројатно поради тоа што одамна немав гледано романса. И ете, се потсетив зошто сум прекинала да ги гледам. Како луѓево да пресушиле со идеи и инспирации за да направат добра романса. Секогаш нешто фали, океј приказна - лоша глума, лоша приказна - океј глума, лоша приказна - лоша глума. Филмов спаѓа во првиот тип. И тоа приказната не беше нешто wow, му дадов петка само поради фактот дека е инспириран од вистинска случка. Многу клише фрази, реченици, кадри. Се на се досаден филм, просечен. Дефинитивно можев да го потрошам тоа време не некој троа подобар филм. И да не заборавам да искоментирам за глумата, пошто тоа беше едно од главните нешта што ме иритираше во филмов. Многу лошо. Рејчел, многу лошо изглумено, многу. Не ја љубам глумицава, единствено добро ми глумеше во "Жената на патувачот низ времето". И да, тоа е тоа, не го препорачувам, има тон други подобри романси, со подобри приказни, постарички, но сепак по вредни за гледање.
1. American Pie Reunion Мене ми се допадна. Пореален ми е од другите делови. Тоа е тажната вистина. Еден ден сите ќе се уозбилиме, ќе најдеме работа, ќе оформиме фамилија, ќе имаме деца, ќе станеме досадни. А можеби и не, но ... Барем овој дел ја покажува реалната страна. После се, едноставно сакаш да имаш некој кој ќе те пречека кога ќе си дојдиш дома. Ми се допадна и изборот на глумци и реченицата на стариот во која веле дека треба да се биде мајка и татко, но во бракот битно е и да не се заборави и да се биде сопруг и сопруга. 8/10 2. Tengo ganas de ti Го симнав од тука, од некоја од вас девојки и беше со руска синхронизација. Многу ми удараше на нервот тоа рускиот и си реков кога ќе испадне салам верзија на шпански, пак ќе го симнам да го гледам. Вака неможам да го доловам. Јас повеќе сакам Хуго да остане со новава како и да се викаше. Јас таму гледам голема љубов. Можеби бидејќи мислам дека после голема љубов доаѓа уште некоја поголема. Дека е Баби е кучка, тоа одамна го установивме. Некако, овој вториот дел ми немаше смисла у глобала, како да го направиле колку да не остане само на еден дел или затоа што публиката бараше втор. И тоа за на Баби сестра и, убаво прочитав некаде - како демек сакале нешто ново да стават, како идеја, но баш и не функционираше. 10/10 3. Save the last dance По ваша препорака. Мене филмов ми беше предвидлив. Ако сакале да направат некоја приказна ослободена од предрасуди, како што е оваа, можеле на мноогу поубав начин. Мене некако се ми беше предвидливо, и зборовите, и сцените. И за смртта на мајка и, некако многу одма го открија тоа. Можеби не требаше одма толку. И сценариото некако, што знам. Абе се беше предвиливо, баш така би го опишала филмов. ПРЕДВИДЛИВ. 6/10
Bring it on, Fight to the Finish Типично тинејџерско филмче, за мажоретките во училиштето, едната е добра, едната е лоша, ептен ме бендиса, а Лина и Еван се двата преубај и се преубав пар . Препорачувам, мене ми е беше многу интересен и неизвесен до крајот 10/10
The Skeleton Key Просечен филм, демек хорор ама според мене си нема врска со хорор. Не дека ми беше досадно додека го гледав, имаше доста интересни моменти, ама не е тоа тоа. Најмногу ме изненади завршниот дел, навистина не очекував така да заврши. Тоа е најдобриот дел според мене. 6,5/10
Mother's Day Го гледав по препорака на лудото, и што да кажам, фантастичен филм, фала и још један пут На кратко... фамилија лунатици навраќаат во нивната стара куќа,која патем веќе не е нивна, си има таму други луѓенца што живеат и баш во тој момент си прават забава со уште неколку пријатели, и овие психопативе, ќе ги малтретираат додека да добијат тоа што им треба. 10/10