Многу жална приказна за реалноста во САД. 10/10 Според кажувањата на сите и тоа што го имав слушнато очекував да биде нешто wow спектакуларно а ништо посебно не ми беше 6/10
The Collector Навистина не знам како да го објаснам филмов, мора да има продолжеток кој би го објаснил бар мотивот за се што се случи. Како и да е, ми се посреќи со убави филмови последниве неколку дена.. Овој конкретно, покрај тоа што воопшто не беше досаден, а беше напнат и занимлив, морам да го пофалам од аспект на ефекти, посебно едни две сцени, баш ми оставија впечаток, иако се работеше за дел од секунда. Многу сакам да има втор дел, а крајот богами ветува такво нешто. Се на се, ми се допадна, ептен многу. Солиден хорор/трилер. едит, Да редактирам додека можам, прочепкав низ imdb,и всушност завршен е вториот дел, излегува во ноември. Јеах!
Tengo Ganas De Ti Подобар беше првиот дел каде каде. И се надевам дека ќе има и трет дел бидејќи многу неразјаснети работи ми останаа на крајов. Дури и Марио Касас некако ја немаше таа харизма што ја имаше во првиот дел. Али добро филмов е правен според книга, така да очекувам уште една книга
Иастиот филм,и го делам мислењето со тебе дека првиот дел беше каде каде подобар.Но не велам дека не се расплакав и на овај дел,плачев ко будала додека го гледав.Се надевав дека Хуго ке остани со Баби а не со оваа новава.Каде исчезна таа голема љубов што е имаа тие двајца.За глупости тие раскинаа.
и јас изгледа само на филмој со солзи натеувам Ми се допадна Аче и новата Џин некако ми се супер таа луда и секако морам да кажам дека повеке ми одговараше него со БАБИ ... ме нервира како Баби го искористи пак ... деффф чекам 3 дел !!!! Другиот филммм со кродолилски солзи леење е I Give My First Love to You Here's one of the most amazing japanese movie-i give my first love to you. warning!!-box of tissue will be needed. го гледав на Ѕубе дел по дел со Англиски превод Spoiler ***http://www.youtube.com/watch?v=fAc4yVeo9Pk ете го линкчето да кажам дека е обавезно да се подготви марамче за солзи и она кое е плус доста е тажен филмов !!! 10/10
Лесен филм за опуштање и смеење. Ема Робертс ми е преубава 10/10 Ми се допадна овој филм ама крајот ми уништи се. Јас сакав на крај да се со Сара а не со Бриџет. 8/10
The count of Monte Cristo Еден од најдобрите филмови што воопшто сум ги гледала. Ова е веќе 3 пат мислам како го гледам. Другиве Монте Кристовци не ми се гледани, али сметам дека нема подобра верзија од оваа. Актериве се топ, приказната таа што е, али многу добро склопено. Актеркава (од Полска е инаку) ми е ПРЕУБАВА. 10/10
The Notebook очекував да биде нешто многу многу посебноо не велам дека не беше амаа сум гледала и поубави
The Dark Knight Го гледав по не знам кој пат, ама сакав убаво да си се потсетам на сите детали пред да го гледам The Dark Knight Rises. Уживав додека го гледав, посебно на деловите со Joker. Го обожавам Хит Леџер и неговата глума во филмов. The Dark Knight Rises Го гледав во кино и не сум баш задоволна од филмов. Очекував многу повеќе, ама што е тука е. Дефинитивно ми недостасуваше Joker во делов. Имаше напнати моменти, Ен Хатавеј добро си ја одглуми улогата, а крајот беше повеќе од очекуван. Можеше да биде и подобар.
Vanilla Sky Spoiler Режисер: Камерон Кроу Улоги: Том Круз, Камерон Дијаз, Пенелопе Крус Филм кој конечно најдов прилика да го изгледам од почеток до крај. Филм кој ме научи дека иако одговорот на 99 од 100 прашања можеби е пари, одговорот на стотото прашање е несреќа, којашто, кога еднаш ќе се случи, те тера да се запрашаш за вистинската вредност на парите. Моќта на парите делува однадвор, не однатре. Не може да ја смири нечистата совест, ниту пак може да влијае на било што кое произлегува од нашата психа. 9/10
Midnight in PARIS! ок, филмов е на Woody Allen и има уметнички моменти на фикција во негов стил, ама сепак интересен е и има убава приказна. Јас го гледав една недела откога се вратив од Париз, па можеби сум субјективна за филмов затоа што е сниман на најубавите места од градот, но сепак главни глумци се едни од моите омилени - Owen Wilson и Rachel McAdams.
LOL (2012) http://www.imdb.com/title/tt1592873/ Пола вчера, пола денес. Ова официјално, е прво тинејџерско филмче, што... Почнува со главната девојка во филмот, да има дечко. И после, со текот на настаните да се сменат некои нешта. Мене ми се допадна. Ама кога го пишуваше дневникот, незнам дали го имитираше гласот. Ама тоа страшно ме нервираше. Иритирачки ми беше. И устата никогаш не ја затвараше, мислев комарник да и ставам. Сè на сè, тие што се по тинејџерските, сигурно ќе им се допадне. Има еден лајк од мене. :up:
Tengo ganas de ti http://www.imdb.com/title/tt1797504/ За филмов рецензија имам пишано тука. Кој сака нека си погледне.
April Bride (Japanese Movie) - 2009 *** http://www.youtube.com/watch?v=t7TAEq00 ... =related** Јас и мојте Јапонски ЈубеtuBE филмови ... Значи марамчиња се малку ..не ми е јасно како мозхе да се толку тажни .. Класична приказна за 2 ца млади Љубав, Среќа и болест ,,, 10/10
Spoiler Филм според роман на Вук Драшковиќ кој преку судбината на главните ликови зборува за судбината на една нација , нејзините корени и злото што ги следи како проклетство од минатото .Главен лике Алија Османовиќ т.е Илија Југовиќ , кој се обидува да открие кој е и какви се неговите корени пришто открива голема тајна ..Го открива злото кое го следи во потрагата за сопствениот идентитет . На моменти конфузен филм но одговорот го најдов на нет каде што пишува дека има мали измени во сценариото од романот ...Одличен филм ,го одсликува балканското поднебје и долгата историја на омраза, борби и невини жртви .. 9/10 Spoiler Набргу по разводот , авторката Мавис се враќа во својот мал град каде се обидува да ја обнови својата средношколска љубов и покрај тоа што нејзиниот бивш дечко е оженет и има дете ..Иако е сместена како комедија според мене е драма , Мавис била позната и омразена во средно , била убава и имала познат дечко ,а сега е падната во депресија и си создава илузии за својата бивша љубов ..Ќе му дојде како приказна за изгубената можност ... 7/10 Spoiler Stephanie Plum е разведена и без работа па е принудена да се врати кај своите родители и да се вработи кај својот роднина како ловец на кауции ..Во потрага по повеќе пари таа ќе го земе случајот за бараниот полицаец кој е обвинет за убиство и е во бегство а кој воедно и е бивш дечко ..Интересно филмче ,глумицава ми е една од поомилените а и тука е преубава а и останатите глумци не се лоши 8/10
Band Baaja Baaraat (Организација на венчавки) Ladies vs. Ricky Bahl (Дамите против Рики Бајл) Бандини за играниве индиски филмови, да се слика со полароид и акварел техника. И двата се со истите главни актери, во првиот се заљубуваат по повод заедничката организација на свадби, додека во вториот филм, Рики е измамник кој ги ограбува жените, додека не налета на вистинската.
The Five-Year Engagement Благо речено ужасен. Нервите да си ги скине човек од што е глупав филмот. А очекував повеќе. Емили Блант ми е убава и привлечна, а во овој филм е како утепана, мрсна, како 10 години небањата и уморна во ликот. Овој Џејсон Сигал... карпа-човек, а кога го гледам секогаш имам чувство дека е тромав и помалку дебилен. Не почувствував никаква поврзаност и хемија помеѓу актерите. Дијалозите беа глупави, а некои сцени запрепастувачки лоши. Филмо е бавен, дооооооооолг, развлечен, глупав и досаден. Стиснав 16 пати пауза, едвај ама едвај го догледав. Млак, невпечатлив, пластичен филм. Не го препорачувам дури ни за тепање време. И како да му фалеше музика. Толку празен и монотон филм немам погледнато одамна.
Nine and a half weeks Ми се допаѓа начинот на кој работите се одвивале во 80-тите. Овој филм ми ја долови темата која порано била табу. Или не била, но работите ги правеле скришно. Како што кажа еднаш Ерика. Многу голема суровост помеѓу двајца личности. Елизабет се впушти во авантура која ја предводеше Џон. Се впушти, тотално непознавајќи го, незнаејќи ниту една информација за него, незнаејќи воопшто каков е. Со мала доза на страв го фати за рака, но сепак го фати. Тој и кажа дека ќе ја чува. Значи преубави ми беа како пар. И двајцата згодни, а Џон ми беше преубав со преубава насмевка. На момент харизматичен, но понекогаш строгоста и тоа што сакаше да доминира и да ја понижува на некој начин Елизабет, ми беше одбивен. Во исто време посакував да бидам на нејзино место, но и неќев. Го сакав и го мразев. Жал ми е што сега потполно се изменил, и воопшто не изгледа како што бил во младоста. Знаеше дека е створена за него, бидејќи и тој самиот и кажа дека кога ја виде, се пронашол во неа. Несакав вака да заврши приказната, но сепак реално и сурово. А сцените беа .