Breakfast at Tiffany's (1961) Не не не,не верувам дека некој го нема гледано. Совршена класика. Знам дека звучи клише ама,Одри е преубава и многу талентирана жена,да не споменуваме she seemed like a very classy and elegant lady. Грациозна и женствена. Самиот филм е всушност многу добар. И за крај омилената фраза за филмот, this was the movie that made romantic comedy clichés.
The bounty hunter Овој Батлер не ми е многу симпатичен, али во комбинација со Анистон ми беше сосем добар во филмов. Може малце предолго траеше, али сепак, интересно филмче, колку за да си се релаксираш е погодено. Филмот со Кетрин Хејгл има слична тематика, и тој ми е гледан, али ми е далеееку полош од овој. 7/10
Death Proof По милионити пат. Имав на ум друг, ама не можев да му одолеам. Значи го обожавам, потврдено уште еднаш зошто ми е на прво место. Пред се ми се допаѓа снимката, тоа што е "излитена", живописните бои, начинот на кој е режирано, па дијалозите, женските ( втората група! ), ја обожавам Росарио Досон овде... За Квентин Тарантино не мора ни да коментирам.
The Five-Year Engagement Приказна за дечко и девојка и нивната врска до стапување во брак. Не ме воодушеви многу. Предолга романтичка комедија (2 саати), а не баш комична. Прикажано е нивното секојдневие, од моментот на запросувањето до бракот, случувањата помеѓу. Како и да е, очекував многу повеќе, но ако имате време за тепање - слободно 6/10
Young Adult (2011) глупав глупав глупав! Глуп, поглуп, најглуп! stupido, stupidní, blöd, Durak, Khabi, neumen...
Долго се чекаше на филмов... The Cabin in the Woods Мајндфакерско хорориште. Ко што немав гледано филм 100 години (несвојствено за мене) ова ми дојде ко шок терапија. http://www.imdb.com/title/tt1259521/
Релаксирачко филмче за опуштање од секојдневните напори. Изобилува со многу смешни сцени. Баш си се слатки заедно
The Cabin In The Woods [2012] Го чекав и го дочекав. Насловот и омотот ме примамија. Мислев дека ќе биде класично хорорче - друштво заминува во напуштена колиба која е опседната или во шумата живее некој психопат што сака да ги убие... но не! Далеку од тоа. Не беше баш по мој вкус и на крајот малку ја претераа, ама добро. 7/10
Bratz (2007) http://www.imdb.com/title/tt0804452/ Уште едно вакво филмче. Јас лајк ит. Само на моменти ми беше ептен детски. Со врискање.. шмизлање.. Ама ипак, ова е Брац. Ги гледав како мала, на тв. Уствари цртанот. Не го отупуваат многу, таманка е. За пуштање мозокот на пасење да речеме, добар е. :up: Spoiler Само нешто не сфатив.. Тој беше глув, или не?
Ух, и јас вчера го гледав овој. Би му дала еден убав дебел КЕЦ, со постоље и без можност за поправање на крај на полугодие. Ужасија од филм. Приказната ко прваче да ја смислило, толку беше нереален и глуп што не можам да кажам ни дека е хорор.
Да, Дилан беше навистина глув он топик - La Femme Nikita (1990) Уште еден француски филм. Јас кога ги заредив овие француските Јас во принцип не гледам акции, ама овој е навистина многу добар филм. Крајот беше многу глуп и тоа ми е единствена забелешка. Другото си беше се на место - и глума и се. Spoiler Девојка по име Мари извршува убиство, во одмазда за своите пријатели кои се жртви на една престрелка. Наместо да оди во затвор, и се дава нов идентитет и е обучена за таен агент. Кога е на мисија случајно запознава едно момче кое ќе и го промени животот. Трејлер - http://www.youtube.com/watch?v=167URLa-On0 9/10
И јас само што го изгледав, и стварно ... очекував повеќе, ако ништо друго не мораше толку да е расфрлана приказната. Се беше хаос, испомешано, имале добра идеја, ама реализацијава слаба. Ми се чини да се држеа до зомбите само, без овој "големиов план" ќе беше милион пати подобар, онака класика хорор, како што имаш пишано во болдираниот дел. Мислам, 90% од хорорите се нереални нели, но овој е глупо нереален, смешно дури...
My Rainy Days **Tenshi no Koi**2009 http://www.youtube.com/watch?v=SfqqAusX ... re=related деталите од ВИКи Spoiler http://en.wikipedia.org/wiki/Tenshi_no_Koi Романтична Драма но овој пат со ХАпу ендинг ... фала му на бога се затепаф јас со тоа тагава и солзиве ... Spoiler И после 3 филам гледани морам да кажам дека сега ми е јасно зошто ги цртаат така сите јапонски ЦРтани ... има многу сличности во реализамот.. 7/10 не ми се допадна делот со Проституцијата и начинот на кој ја атакуваа малата Томоко
Top gun Филмовиве од 80-90те години се многу поразлични од денес. Денеска акции, фрчат автомобили, еден врз друг се превртува додека се убиваат, овој рипа од 100 метри, па се фаќа за друга зграда ... Се тоа е многу поинтересно, али овие биле вистинските филмови, без некои компјутерски елементи. Се е во едноставноста и глумата. Прв пат го гледав Топ Ган, иако и порано го давале на телевизија, имав некако одбивност да седнам да го погледнам. Не го сакам многу Круз, па може затоа. По филмов, сфатив зошто го сметале Маверик за секс - симбол. Убаво детенце бил Том на времето, иако метро и желба за растење е човекот, сепак насмевката го прави доста симпатичен. Еден од подобрите актери, штета што се мрдна со тоа скиентологијата или како и да и е името. Песната ме нервираше многу, Земи ми го здивот. Инаку, на моменти ми беше малце досаден филмот, али се на се, прифатливо. 8/10
Го изгледав овој The hunger games само за да видам зошто толку се крева прашина околу него. Обично сум скептична кон новиве филмови, посебно вака што ги форсираат постојано, но морам да симнам капа за овој. Не знам зошто, но го замислував како некој сајанс фикшн или со некои супер херои блабла, па ме изненади. Иако не беше ни 2 грама реален сепак мене ме дрмна. Токму тоа - храброста, пожртвуваноста, сестринската љубов, проработувањето на инстинктот за преживување, мене ми го стоплија на некој начин срцето, па и солзичка си пуштив. Единствено од крајот очекував повеќе. Некако таа последната борба одеднаш ми заврши. Препорачувам од срце!
Spoiler Кејт е одличен готвач во еден ресторан на Менхетн, оди кај психолог на барање на својата шефица бидејќи не покажува чувства и е строго врзана за правила .Нејзиниот свет ќе се преврти кога ќе дознае дека нејзината сестра загинува во сообраќајка и нејзината внука треба да живее со нејзе .Додека таа се труди да биде родител , единствениот свет кој го управуваше - кујната во ресторанот е сменета со доаѓањето на нов готвач - Ник кој е целосна спротивност на Кејт.... Италијанска храна , опера и романса .....Одличен филм ...9/10
The other woman Емилија го запознава Џон на работното место. Тој е женет со дете но неговиот брак не е најсјаен. Започнува афера со Емилија, и на крај се женат. Таа останува бремена од него, но три дена по раѓањето на девојчето, тоа умира. Ја приземав како лик Емилија за себе и многу ми беше жал што тоа беше судбината на нејзината ќерка. Цело време тагуваше по неа, и на моменти ја исфрлаше тагата врз други, затоа што другите живеат а нејзината ќерка не. Интересен филм, а и Натали Портман не заостана зад улогата.