Little Miss Sunshine Интересен, по малку чукнат филм Се работи за едно семејство кое ја води својата ќерка на финалето на натпреварот за убавина. Долгото патување се претвара во интересно патешествие. Штосна комбинација на ликови и карактери. Го препорачувам.
Tengo ganas de ti И јас се приклучувам на групата на оние кои мислат дека првиот дел е подобар од вториов. Цел филм некако се влечеше и имаше многу флешбекс. Единствено крајот вредеше за да се пушти по некоја солзичка. 8/10 само заради глумата на Mario Casas, секоја сцена ја oдглуми како што треба.
The Dictator Се работи за еден диктатор кој ќе направи се само неговата држава да не стане демократија. Значи филмов е одличен, се утепав од смеење. Многу добра комедија 10/10 Препорачувам must see
Train Ист ко Хостел. На моменти поинтересен, малце повеќе "акција", само имаше некои пропусти у приказната кои ми сметаа... Уште еден филм каде Европа е претставена како едно развратно место, каде секој втор е убиец, а секоја втора е проститутка, а сите заедно се вмешани во трговија со органи...
New Year`s eve Далеку е Новата Година, али јас си гледам што сум си симнала. Последниот ден од старата година, 31 декември. Се организира како и секоја Нова година во Њујорк, на плоштад, паѓање на некоја огромна топка. Многу приказни се испреплетени, од најмладите до најстарите. Некому тукушто му почнува животот, некому му завршува. Некој го очекува првиот бакнеж. Некој самошто ја запознава љубовта на својот живот, некој повторно ја пронаоѓа, за некого таа е милиони километри далеку. За некој тоа е само време за забава, а за некој момент да го промени животот и да го направи тоа што го сакал одамна. Новата година е време за простување, за поставување нови цели, за почнување одново. Многу ми се допадна филмов, иако трае 2 саати. Valentine`s day е скоро ист, има и некои актери што глумат и во двата филма, али мене овој ми беше многу подобар. 9/10
Tengo Ganas De Ti Бидејќи ја читав книгата знаев што да очекувам, во главно ок ми беше.Искрено мене вториов дел ми се свиѓаше повеќе, ама многу ја исхејтав глумицата што ја глумеше Џин, некако ми беше антипатична и не ми беше погодена за улогата.И ако на првиот дел не пуштив солза, на вториов пуштив.Во главно просечен ми беше,ама многу ми беше недовршена приказнава. 6/10
Spoiler Психолошки трилер кој ги прикажува границите на љубомората ,љубовта и измамата ..Адријан е диригент во филхармониски оркестар во Богота и живее со својата девојка која се сомнева дека ја изневерува ..Набргу таа му остава порака и го напушта .Покрај музиката ,Адријан наоѓа утеха во убавата келнерка Фабијана ..Страста помеѓу нив е секој ден се поголема но присуството на поранешната девојка се чувствува секојдневно .. Доста моќен филм и можам да кажам дека одамна не сум гледала толку добар филм кој те држи во неизвеснот ...Одлична приказна која прикажува до каде може да оди женската љубомора но и човечката глупост ..До каде може да оди љубопитноста но и до каде да оди суровоста .. Чиста 10 -ка ..
BLUE LAGOON - THE AWAKENING Во училиштето во кое учат момчето и девојчето се организира патување на кое тие заминувват . Кога стигнуваат таму ги чека забава на брод . Така играјќи, случајно девојката ја турнуваат и таа паѓа во океанот . Кога момчето ја виде и тој се фрли по неа. И се одалечиа од бродот . А тие се наоѓаа на некое си мало бродче. Потоа неколку дена патуваа и најдоа остров. На тој остров се зближија и имаа секс . После тоа нивните родители ги бараа насекаде со хилихоптери , бродови .. се ! На крајот ги наоѓаат и тие остануваат заедно . П.С. Можеби некој ја гледал и старата верзија на овој филм THE BLUE LAGOON се вика
The Hunger Games (Игри на гладните) 6/10 Spoiler 16-годишнaта Katniss Everdeen, која живее во пост-апокалиптична нација на Панема. Капитол е високо напредна метропола, има хегемонија над остатокот на нацијата. Игри на гладните се годишен настан во кој едно момче и едно девојче на возраст од 12 до 18 од секоја од дванаесет области околу Капитол се избрани од страна на лотарија да се натпреварува во телевизиска битка до смрт додека само еден човек останува.
America's sweethearts Е зошто не сум го гледала филмов до сега? Вечно ми е во watchlist ама денес беше денот. Прво се изнасмеав како што не сум се изнасмеала одамна на филм. Ги обожавам сите глумци што глумеа освен Кетрин Зета Џонс, па така да нејзината улога и одговара. Смешно, роматично, Џон Кјузаковско и Џулија Робертовско. За пмс-но расположение совршено. 7/10
Little Miss Sunshine (2006) http://www.imdb.com/title/tt0449059/ Прекрасен филм. И ме насмеа, и ме расплака. Не е со некој предвидлив крај. Им се случуваа работи, што може да му се случат на секое семејство. Топло препорачувам. :up:
Fired Up Интересен, за сите оние кои сакаат типични тинејџерски филмови. Смешен е на поголемиот дел од сцените. Spoiler Двајца другари се најпопуларни во училиштето кај девојките, сакаат сите да можат да ги имаат. Едниот од нив не ги памти имињата на девојките со кој бил. Наместо во камп за фудбалери, тие сакајќи да фатат повеќе женски, ќе отидат на камп за навивачки. Останатото дознајте сами. И мојата оценка е како од IMDb, 6/10.
Les femmes du 6ème étage Дејствието се случува во Париз, 60тите години на минатиот век. Во една зграда, живеат француски семејства кои се припадници на високата класа. А на шестиот кат од таа зграда, живеат нивните куќни помошнички кои се од Шпанија. Интересно дејствие, збогатено со убава музика и пејсажи. Го препорачувам :up:
The Five-Year Engagement толку досаден филм, што не можев да го дочекам крајот и го прекинав пред половината
Elevator Боже мој, кај ми текна во овие доцни часови да гледам вакви клаустрофобични филмови. Мислам дека отсега нема никогаш да се качува во лифт. Девет луѓе се заглавуваат во лифт. Еден од нив е клаустрофобичен и многу нестрплив додека се во лифтот. Газдата на фирмата и неговата разгалена внука се заедно со него. Разгаленото детиште сакајќи да го исплаши човекот го заглавува лифтот и оттогаш неможат никако да се одглават. Баба која била инвеститор во неговата фирма, и која се наоѓа во лифтот, има на неа бомба сакајќи да го уништи него затоа што пропаднале заедно со маж и поради него. Таа пред да умре им кажува дека на неа има бомба. Сцените натаму, а и целиот филм е премногу неизвесен и напнат. Во еден момент се чувствував како да се наоѓам таму, и почна од самата соба и мене да ме фаќа паника. Нешто сличен со Buried и Phone Booth.
This Measn War 2012 Доста интересно филмче во кое има малку акција, малку комедија. Интересна приказна која мсилам дека на повеќето ви е позната. Од мене има 7/10, го препорачувам!
Последен филм што го гледав е „Never talk to strangers“. Се работи за психолог кој работи со луѓе кои имаат психичко пореметување. Во моментот работи со затвореник кој е осуден и кој има двојна личност. Во меѓувреме запознава странец во кој се заљубува. Има две три јаки секс сцени. Некој почнува да и' праќа смрдливи скапани цвеќиња, и' ја убиваат мачката .. Пријавува во полиција. Дознава сомнителни информации за странецот, плаќа детектив.. Наскоро настанува пресврт.. И веќе не раскажувам . Нема да е интересно Инаку во споредна улога т.е странецот е Антонио Бандерас, и е икслучително секси , млад мексиканец. :geek:
Dan in Real Life (2007) http://www.imdb.com/title/tt0480242/ Филмов, ми беше бонбона. Steve Carell, и Dane Cook, и така ми се едни од поомилените глумци. Фамилијарно филмче. Од време на време ме насмеа. И јас да сменам, а не само тинејџерски. Топло препорачувам. :up:
6? јас би 10 Инаку го гледав LOL со Мајли, не ми беше нешто многу интересна приказната ама Мајли ми е ептен типка во филмот. 6/10