When in Rome Многу лоооош филм. Најглуп во последно време што сум го гледала, мизерија. На листата на најлоши филмови ќе оди дефинитивно. Нереално, али ептен. Не вреди ни време да се тепа за ова. 2/10, и само ради тоа што е сниман во Рим.
Coco Before Chanel (2009) ...................... Се токмев да го гледам уште пред неколку дена ама конечно денес дојде на ред. Многу ми се допадна. Audrey Tautou во улогата на Коко беше фантастична. Но она што ме остави без здив беше ликот на Boy Capel. Wow.. Кој поглед може само да го мавне. Инстантно добиваш пеперутки во стомак. Која сексотија.. ц ц ц.. Spoiler Без него филмот би добил 9ка, ама вака..10. ★★★★★
Killing me softly Девојка е во депресија бидејќи ракина со дечкото. Поради тоа се впушта во секс авантури со непознат човек.. Кој го нема гледано, веднаш да го симне. Оцена 10.
LOL 2012 Супер тинејџерско филмче. Незнам зошто ама некако ми се разликува од останатите тинејџерски лимонатки. Ја сакам Мајли но не и нејзината глума, али во овој филм ми е за милиметар подобра од во претходните Незнам, но кога ја гледам неа како глуми некако баш ко да ја гледам како глуми буквално, не се внесувам во филмот, и во ликот, туку ја гледам ко да се преправа, нормално глуми нели незнам колку ме сфативте ама тоа е. Сепак, ми се допадна филмот. И машките исто. Мора да се убави нели..неможе без тоа.. Препорачувам 9/10
Everything Must Go (2010) http://www.imdb.com/title/tt1531663/ Не го догледав. А има доста солидна оцена на имдб. А баш и глумецов не ми е омилен.. Има некоја приказна, држи вода. Ама ептен ми е депресивен.. Ништо посебно не се случува..
Spoiler Поранешен војник се враќа во својот град каде се соочува со криминал и корупција ...После неколку напади на неговото семејство и на него , се кандидира за шериф и успева во намерата да го исчисти својот град од зликовците. Акција & The Rock[ ...10 - ка ..
Bachelorette Три несозреани, ненормални, лигави глупави кокошки ќе бидат деверуши на свадбата на четвртата дебела другарка која ја исмевале во средно, поради нејзиниот физички изглед. Ноќта пред венчавката работите тртнуваат наопаку кога триве кокошки ќе се издрогираат и начукаат и ќе го упропастат невестинскиот фустан на идната невеста. Очекував повеќе и очекував комедија, приказната е бајаги глупава. Глумата на Кирстен Данст беше ОДЛИЧНА, многу ме изненади, улоги на невротична и злобна кучка ѝ одговараат најмногу. Остатокот од филмот е нереален и без поента. 5/10 The Losers Солидна акција и приказна, која е базирана на стрип. Одмазда и пресметка на главниот тим со негативец кој е чукнат и бизарен. Зои Салдана како и секогаш - kick ass bitch и како и секогаш - ѝ фалат поголеми цицки. 6/10
Think like a man Долго време го чекав да излезе на солидна снимка. Можеби очекував мааалце подобар да биде, но сепак воопшто не е лош. 9/10
21 Jump Street 2012 Одличен филм, не ни ги осетив тие 1h и 50 минути. Ми се допадна се од глума, приказна баш се. Го препорачувам! 8/10
Elevator (2011) Интересен трилер, на моменти доста ме потсеќаше на Devil, па ако ви се допаднал тој филм ќе ви се допадне и овој. На некои моменти, а особени при крајот, покажува на што се се способни луѓето за да преживеат. Spoiler Alert ! Spoiler Ептен ми падна жал за тој на крајот Па можеа да ја извадат бабата и да ја џитнат што подалеку од нив, а не да го остават само така 7/10
State of play Расел Кроу, Бен Афлек, Рејчел МекАдамс, Хелен Мирен и Робин Рајт Пен. Мислам дека нема потреба од имињава да зборувам каква беше глумата. Филмот е трилер, се работи за љубовницата на еден сенатор која ќе биде убиена во метро. Нејзиното убиство е поврзано со убиството на еден уличен наркоман. Има и еден новинар со неговата колешка коишто ќе истражуваат за овој случај и ќе стигнат подалеку и од полицијата. Два саати трае, али вреди за секоја минута. 10/10
Laid to Rest Одамна не сум гледала нискобуџетно хорорче, фино ми дојде. http://www.imdb.com/title/tt1228933/
The Whistleblower Кети е полицајка во нејзината држава. Од таму ја испраќаат службено во Босна да работи заедно со International Police. Некое време работејќи таму таа дознава за трговијата која ја прават таму. Имено сите вработени кои се задолжени за бранење на луѓето се вмешани во трговија со жени. Преголемо злосторување на жени кои ги донесуваат од други држави, прават трговија со нив и добиваат голем профит. Тие се измачувани физички, психички и емоционално. Кети се умешува во таа организација со цел сето тоа да го спречи, но премногу е слаба бидејќи нема кој да и застане зад грб. Но која ќе биде стратегијата, вреди да се погледне. Rachel Weisz и во улога на полицајка, и цел филм облечена во одело, мене ми беше преубава. И многу добро ја одигра улогата. Настаните кои ги видов како се одвиваат таму, и начинот на кој се злосторуваат девојките, ми дојде да заплачам. А свесна сум дека постојат такви организации во реалноста, и незнам како некој ова би го издржал психички. Ради овие работи понекогаш ми доаѓа мисла, лоша среќа или несреќа што си девојка.
Monte Carlo 2011 Пред да го гледам филмов не очекував многу од него, но затоа пријатно ме изненади. Баш типично тинејџерско филмче, со интересна приказна. 6/10.
Before Sunrise(1995) Филм со предобри дијалози, занимлива приказна, прекрасни сцени од Виена.Морам да кажам дека високата оценка што ја држи на imdb стварно е заслужена.Иако го гледав со прекинување, ми го задржа вниманието и многу quotes ќе ми останат во сеќавање.Дефинитивно ќе го погледнам и вториот дел.
10 Things I Hate About You (1999) Како е можно до сега да го немав гледано ? Ама ете, конечно го изгледав и многу интересен филм Од овие тинејџерски филмови на ваков калап дефинитивно ми е омилен. И изгледа јас на сите филмови иста оцена им давам, случајно така се погоди 7/10