my girl.. 1961 стар е филмов ама многу е добар ако некој не го гледал а му се плаче нека го гледа а ако некој го гледал пак нека го гледа го имам гледано 1000 пати и пак плачам...
Филм од 2006 со Едвард Нортон и Наоми Вотс. Прекрасен, еден од најдобрите романтични драми кои сум ги гледала воопшто. Меѓудругото-и се изнаплакав. За љубопитните... Spoiler Дејството се одвива во дваесетите години на минатиот век. Кити е млада британка од богато семејство, разгалена, површна. Се мажи за Волтер, без љубов, само за да им удоволи на родителите. Волтер е затворен, резервиран научник-бактериолог. Иако се чиста спротивност со Кити, тој се вљубува во неа на прв поглед. Понатаму дејството на филмот продолжува во Кина каде Волтер е на служба. Таму тој е посветен на работата, а на Кити и недостасува забава, социјален живот. Брзо завршува во прегратките на Чарли- заменик конзул на Британија во Кина. Во него таа го наоѓа она што и недостасува, лудо се вљубува, па дури е и спремна на развод. Но Чарли кој исто така е женет, искусен заводник, не помислува на развод. Волтер дознава за неверството и за да ја казни неа (а можеби и себе) прифаќа служба во едно далечно кинеско село каде беснее колера..... Заминуваат заедно како странци. Експлозија од емоции, без непотребни патетики, совршена приказна пропратена со прекрасни пејсажи од недопрената природа во Кина. А Едвард Нортон-со совршен британски акцент, ладен, воздржан ... неодоливо секси.
И јас го препорачувам чисто да знаете што да не ви текне на памет да му правите на љубениот , да не биде после оф леле. Интересна приказна во секој случај. 8.5/10
High fidelity Иако го обожавам Џон Кјузак, филмов не ми беше изгледам. Каква грешка било тоа. Ми се допадна и тоа многу. Во многу моменти ме потсетуваше на некој филм од Вуди Ален. Приказната е за еден сопственик на продавница за музички плочи, касети и слично кој раскинува со девојката. Затоа решава да се наврати на сите претходни неуспешни врски. Ми се допадна топ 5 делот што цело време го спомнуваат. Музиката фантастична, Џон Кјузак одличен. Прв филм што го имам гледано со Џек Блек е Мачо-нешто, ама знам дека ми беше ужасно глуп. Тука има супер улога и фантастично глуми, си повлекувам се лошо што сум кажала за него. Препорачувам. 9/10 What's eating Gilbert Grape Филмов одамна го имам симнато ама никако да го изгледам. Пак, голема грешка. Иако Џони Деп има главна улога, и одлично ја глуми, бреее тој Леонардо Ди Каприо. На млади години таква улога, капа му симнувам. Ако не му дадат наскоро некој Оскар ас лично ќе му изрезбам. Гилберт живее во едно мало гратче со ментално нестабилен брат и дебела мајка. И тогаш доаѓа една девојка која од тука поминува со баба и. Толку ви кажувам, зашто толку пишува и на имдб. Гледајте го филмот. 9/10 Due Date Онака. Баш онака. Не беше лош, имаше некои смешни моменти и навистина не знам како Роберт Дауни издржа да биде озбилен цел филм со овој исчуканиов. Ама искрено не би го гледала пак. Премногу ме потсетува на еден филм со Стив Мартин, Авиони, возови и автомобили а тој филм во срце ми лежи. 4/10
Exam Е баш ваквите филмови ми го привлекуваам моето потполно внимание. Додека го гледав јадев пуканки и кога нешто озбилно разрешуваат со полна уста престанувам да џвакам за да сфатам подобро. Потполно му се посветив до последната секунда! Осум потенцијални кандидати за ново работно место. Се сретнуваат во една соба и таму се одвива дејството 80мин. За тоа време имаат пред нив лист и молив и само едно прашање и еден одговор, но многу строги правила по кои мораат да се држат, во спротивно би биле дисквалификувани. Го обраќаат листот и на него нема ништо. Од овде почнува правата мистерија. Филм во кој е претставен човекот до каде може да отиде имајќи само една цел. Некои ја посакуваа работата за нивните најблиски за да им помогнат, но некои само за себе со што и беа најголемите егоисти. Оваа цел ги натера да стигнат до самиот крај но губејќи го моралот. Деловите во кои разменуваа мислења и начини кое би можело да биде прашањето ме натера воопшто да не го свртам погледот на друга страна. Овој дел ми беше најинтересен затоа што се вклучуваат сите варијанти за тоа како би дошле до прашањето за да го дадат одговорот. Кое беше всушност прашањето? -Останува да дознаете.
The Three Stooges Како мала ги обожавав старите филмови и мислев ќе се умрам од смеење ама новава верзија некако слаба копија на старите филмови, глумците некако не ми одговараа за улогите, ја немаа потребната хемија, се ми делуваше усилено, извежбано. 4/10
Moonstruck На тв Одлично филмче, романтична комедија. Ми се допаѓаше хуморот, глумата на Шер, Николас Кејџ, дијалозите, посебно ликовите на таткото и мајката, Роза и Козмо Касторини. Филмчево вреди да се погледне
и овој го гледав на ТВ викендов мегу другите кој се гледаа.. Nacho Libre 2006 после милијарда години седење во ПЦ му дојде ред да се гледа да кажам просечно филмче кое има некој доста забавни моменти на смеење и класика на Jack Black е Ignacio/Nacho
Tengo ganas de ti А потоа Tres metros sobre el cielo ... за да се потсетам колку првиот дел беше подобар од вториот. Во вториот дел некако настаните ми беа нафрлени, нејасни и недовршени. Откако заврши филмот останав со прашалници, па проверував случајно да не сум симнала некоја скратена снимка. Јас разбирам дека не сакале баш се да ни сервираат на тацна, ама саат време настаните се влечат, а во послените 30 минути - бум! Пресврт! Пресврт со Хуго, со Џин, Баби, сестра и на Баби, мајка и и татко и на Баби, мајка му на Хуго, непријателите на Хуго... Се се реши за 2 минути. И друго - не можев да се соземам кога видов дека во преводот што ми го најде bsplayer-от, Баби ја превеле како Grandmothers Циркузи! Додека да најдам правилен превод се окозив...
Mannequin: On the Move Колку го даваа порано филмов на телевизија само, мислам дека го имам гледано 100 пати Инаку филмов има многу слаба оценка на IMDb 3.4...
Exam Богами вака би се борела за било која работа овде во Македонија Очекував поинтелигентна и софистицирана борба наместо насилство, а и сите ми изгледаа со многу краток фитиљ а не беа под којзнае каков притисок па да лесно се изгубат...Задржува внимание, не можеш да го оставиш на пола затоа што мора да го знаеш одговорот...Задоволително.
Sahara Нема некоја посебна приказна, нити нешто спектакуларно во филмов, така да, не можам да речам да не го пропуштите, оти и јас изгубив 2 саати за ништо. Многу неинтересна акција, некои работи од нигде-негде дофрлани, не ми се допадна многу. Дури и Пенелопе не ми е воопшто убава тука. 6/10
The House Bunny Многу добро осмислено, со многу смешни сцени, поразлична приказна од другите, едноставно супер филмче 8.5/10
Ете зошто не гледам романтични филмчиња...поштено си се изнаплакав. 10/10 http://www.youtube.com/watch?v=j8f8RHWM ... _embedded#!