Женски, извинете за офф топик, ама ај кога ставате слика од филмот, пишете го и насловот на филмот, затоа што во последно време, не ги покажува сликите, и не се гледа за кој филм станува збор
Ги гледав еден по друг филмовиве Triple Dog Девојкиве се на роденден кај една и ќе играат една игра, нешто како вистина или предизвик ама имаат само предизвици. И во текот на играта ќе почнат да откриваат работи за смртта на едно девојче. Многу чуден, но интересен филм. Нека не ве лаже само сликава, не е типичен женски филм, трилер/драма е. 7/10 Journey to the centre of the Earth Мислам дека повеќето го имаат гледано.. По десети пат го гледав филмов хаха, мене ми е многу интересен, плус Џош Хачерсон е...
The Hangover 10/10+! Дечко ми го немаше гледано,и морав да му го пуштам. Мислам кој го нема гледано, ВЕДНАШ да го пушти. Комедија која тотално го објаснува мотото What happens in Vegas,stays in Vegas. Spoiler Тројца другари одат на моминска вечер во Лас Вегас. Но,таму им се случува нешто не предвидливо. Сабајлето не знаат ништо од претходната вечер
Think Like a Man Интересен е филмов, не е лоша приказната, само што некако долго трае и малку е развлечена целата приказна. Али добар е за гледање
Darkness Трилер. Некако Ана Пакин не ми се вклопува, воопшто не ми е солидна глумица ... но приказната во филмот е ок. 7/10
Memoirs of a geisha Да, по прв пат го гледав филмов. Морам да признаам оти беше одличен, баш ме интересираше што се тоа гејши и каков им бил животот во тоа време, па ете, дознав. Имаше реченица дека тие не биле проститутки или куртизани, не го продавале телото, туку само нивните вештини. Мижи асан да ти баам работава. Овие гејшиве или биле во заблуда некоја, или си се тешеле дека не се ку*ви. А биле. Секој што си ја продава невиноста, фактички си го продава телото, фактички е ку*ва. Уметност жими оваквото. Која го има гледано филмот Dangerous beauty со куртизаната и овој, може да воочи дека всушност исти се филмовите, овој со западната култура, со куртизана, а овој со истичната култура, со гејши. И таа куртизаната учеше да оди, да танцува, да збори, да се шминка, и гејшиве исто. Така да, многу лицемерна ми беше реченицата погоре. 8/10
The Expendables 2 Комедии е филмов. Акции, пукање, сите најфаци од времето, ептен ќефски е филмов. Али нема добра снимка ја колку што знам, глејте си го во кино, нема да зажалите. http://www.imdb.com/title/tt1764651/
Morning Glory (2010) http://www.imdb.com/title/tt1126618/ Предобар! Па зар е можно, волку долго да траел? Оп, цуп, на калуп. Летна времето. На Рејчел, совршено и стои улогата. Само многу брзо збореше. Неколку пати стопирав, за да прочитам убаво. А Харисон, беше многу интересен, со ладнокрвност, и репликите. А Дајан, е секогаш позитивна. Spoiler
Какви тела луѓе.....wow Просечен филм со среќен крај се разбира во последен момент како и секој сличен ваков. Незнам зошто ама овие приказки веќе ми стануваат излишени се едно па едно. 7/10
Man on the Moon (1999) Вистинска приказна за Енди Кауфман, ексцентричен и авангарден комичар. Во режија на Милош Форман, со Џим Кери и Дени де Вито во главните улоги. Џим Кери е сјаен, да не кажам брилијантен во улогата на Енди. Малку се заинтересирав за животот на кауфман и читкав, гледав видеа и го скинал од глава до пети ликот. Инаку самиот бил многу бизарен и чукнат. И филмот е таков, те држи во неизвесност, те нервира, те иритира, но не запираш со гледање. На моменти и си помислуваш дека е крајно глупав филм, но сметам дека таков и требало да биде, за да го доловат вистинскиот Енди Кауфман. Многу многу чукнат филм. Не би го гледала во вторпат, иако остава впечаток бидејќи е несекојдневен. ~ По којзнае којпат се убедувам дека американците имаат убедливо дебилна смисла за хумор. ~
Trust Многу поучен филм, покажува дека на интернет има секакви манијаци, препорачувам (посебно за младите како мене). 9/10 Spoiler Се работи за едно девојче Ени кое ке се допишува со еден човек кој ке ја лаже дека 16, после 20, па 25 па на крај кога ке се запознаат во трговскиот центар да испадне дека има повеќе од 35години. На крај од средбата ќе ја силува и после продолжува со истрагата по тој што ја силувал, со негирањето на Ени, со грижата на родителите...
Марио Касас СОООНН човече а и ми се допадна што беше со Џин преубав пар ми се си одговараат премногу а не со онаа лигавата Баби. Пуштив и некоја солза, најмногу за сцената кога ја силуваа девојката ептен жално ми беше, а глупакот со глупавата Баби да видела дали она има сеуште чувства да цркнеш мори. А и секс сцените...ммм... Можам да кажам и дека овој дел за нијанса ми беше поубав од првиот, неизвесен беше и незнам можеби сум го заборавила првиот, ќе го гледам деновиве пак. 9/10
My Sister's Keeper Ептен солидна приказна, непредвидлива до крај, мислев дека на крајот чупето ќе се излечи али ништо ептен, ама ептен ме трогна филмот, се убив дома од плачење, Препорачувам за оние шо го немат гледано, обавезно да го гледат. 10/10
Expendables 2 100/10! Hенормална акција. Cмејте ми се колку сакате, ама јас ги обожавам Cталоне, чак норис,шварценегер, ван дам, мене ми се измислени овие луѓе за акција, плус сите во еден филм.... приказната, на кој му е битна нели, добрите вс лошите, битна е акцијата. Cите љубители на јаки акции- филмов ви го препорачувам
The Cabin In The Woods Мене филмов ми се допадна, беше добар, имаше некои страшни моменти. Единствено нешто што не ми се допадна во филмов е ''големиот план'' , да останеле на првичната идеја а тоа се зомињата филмов ќе бил каде каде подобар, ама и вака ен беше лош. Од мене има 7/10.
The Lovely Bones(2009) Ме дрмна.На почетокот се изгубив во филмот,ама со тек на траење полека се одгатнуваат работите.Предобар трилер и поучен за многу млади, вреди да се погледне.7/10
Лајт хорор, погоден за вакви температури затоа што ако ништо друго барем изобилува со убави сцени од еден прекрасен ,,напуштен'' остров - место кое треба на почеток да претставува совршено место за одмор на еден пар. Филмот е снимен според вистински настани... Uninhabited