High crimes Значи, ја обожавам женава! Прекрасна ми е, филмов го симнав ради неа што се вика. Добро трилерче е, 2 саати трае, кај ги погодувам се по 2 саати во последно време не знам ... Али доста интересно и има голем пресврт во приказната. 8/10
Филмов треба да е наводен хорор нели? Ама верувајте ја се изнасмеав Не дека не се гледа, ама промашена приказна, од која на делови посебно при крајот може желудник да ви се стегне, да ви се згади. Ол д најтмерс анд ол д фиарс ар хиар, даун стеарс. Од мене 5.5/10
Wanderlust (2012) И баш кога очекуваш америчка лимонадка, те изненадува тотално чукнат филм како овој. Многу неочекувана содржина. Млад брачен пар од Менхетен, заминува од градот поради останување без работа, и одлучува да живее во една заедница, со малку чудни навики и принципи, навидум хипици. ДОста смешни моменти, а и чудни исто така. Анистон сјае во вакви улоги. Ако сте расположени, препорачувам.
The lovely bones Предобар филм. Многу ме потресе. Ме тера да размислувам како навистина во овој момент сум тука, а во другиот... којзнае? Толку работи ги оставаме, недоискажани, недонаправени. Ги правиме да се чувствуваат лошо луѓето што најмногу ги сакаме. Животот е навистина едно тркало, кое треба да го оставиме да се врти по својот тек. Исто така филмов ме натера да размислувам, како има такви луѓе, кои можат да ги одземаат животите на невини девојчиња поради... ништо?! На крајот уште еднаш се докажа дека навистина секој плаќа за своите грешки на најнеочекуваниот начин. 10/10
Филмов е прекрасен ии не е баш тинејџерски иако од почетокот кога почна мислев е таков ии е мн смешен
The sure thing Осеќам ја одамна, дека во погрешно време сум родена. Ги обожавам значи филмовиве од 80тите и раните 90ти. Вечерва на репертоар имам уште еден Кјузаков за после полноќ, па да можам да си сонувам убавини
Soul surfer Филм според вистинска приказна за девојка за која сурфањето и е се и нејзиниот живот откако ајкула ќе и ја одгризе едната рака. Ме воодушеви и филмот и приказната, а и глумците многу добро се снашле. Верувам дека не е лесно да бидеш во филм кој всушност му се случил на некого, ама ова беше одлично. Само еден дел не ми беше јасен, како направиле на глумицата да и ја нема едната рака, навистина ја нема или јас фотошоп??? Не ми се верува дека пак ќе го гледам, ама и еднаш е доволно. Препорачувам. 8/10
He`s just not that into you Пак филм со испреплетени приказни, али добро е, овој пат немаше по 20 личности, овде сите си беа некако поврзани. Најслатки ми беа Анистон и Афлек дефинитивно, многу убав пар. Најзаникаде Јохансон со овој од Мамурлак, жими се, ги мразев овде, посебно неа, ко право пикало беше. Се на се, интересно филмче, прикажана е љубовта од сите аспекти и така. 6/10
TED Интересна комедија за тепање време.Се работи за мало дете кое тешко се вклопува и тешко стекнува пријателства.Ќе посака неговото мече да оживее
One day(2011) Spoiler Многу добар филм, од 1988 па се до 2011 се случува дејството во филмот.Препорачувам зошто е прекрасен!
Го гледав 21. Студенти, учење на броење и крадење во Лас Вегас. Доста интересно за разлика од се друго што гледав.
Kiss the girls Добро криминалистичко филмче. Постар, ама доста квалитетен, секако Морган е одличен. Се зборува за киднапер и убиец на девојки, претежно убави, си прави колекција, ги собира и потоа една по една ги убива.Морган е во илога на психијатар кој работи во полза на полицијата, поточно е и детектив.Откако една од девојките ќе успее да избега, тој ќе се здружи со неа за да го пронајдат злосторникот. Јас би го препорачала со 8/10.
^ Јас ги сакам сите на Морган, поготово постарите криминални, со мистериозни убиства...штета денес што се поретки. И да, гејшите се далеку од проститутки. Гејшата е уметник, поседувале знаење што во тој период жените не ни требало да го имаат, биле прекрасно друштво, за тоа и биле платени, за тоа и толку тешко било да се стане гејша (а курва може секој да стане) Иначе, како што реков вчера Better off dead Е ова ти е романтична комедија веќе...сеуште се смеам на неговите обиди за самоубиство
Jack and Jill Станува збор за брат и сестра близнаци, сестрата доваѓа на гости поради празник но потоа одбива да си оди а тоа ужасно многу му пречи на братот, а и плус таа си има направено листа на желби и работи кои сака да ги направи додека е на гости, а некои од нив се невозможни поради нејзината тежина и години. Многу повеќе очекував од филмот но не успеав ни да го догледам до крај, ниту беше смешен како што го преувеличуваа дека е, а и и Адам ми е ептен одвратен кога е преоблечен во женската улога дури ми се гадеше. Оцена 2/10
Spoiler Во Blue Bay, Florida зад луксузните зидови се крие приказна за секс ,одмазда и убиство.Богатата тинејџерка Kelly Van Ryan се заљубува во својот школски советник Sam Lombard . Но потоа го обвинува за силување .Но да бидат уште полоши работите обвинувања за силување доаѓаат и од аутсајдерката Suzie Toller . Детективот Ray Duquette ќе открие завера вредна за насловна страница , лавиринти со шокантини настани , неочекувани сплетки и задкулисни тајни . Покрај големиот број на секс сцени поради кој мислев дека е порнич , сепак добар филм ...Добра приказна која ве држи во неизвеснот . 8/10
Заспаната Убавица- 1959 Мојата малечка братучеда сакаше да гледаме цртан филм, но беше многу неодлучна. На крај се одлучи за Заспаната Убавица. Супер филмче, кое го гледав прв пат после многу години Прекрасно беше да се потсетам и јас како дете кога го гледав. Иако мислам дека нема кој го нема гледано цртаниов, сепак го препорачувам.
Mystic River Многу , многу добар филм.Се токмам одамна да го гледам и конечно решив и ќе кажам дека е еден од подобрите кои ги имам гледано во последно време. Се работи за тројца другари од детството, кои се погодени од случка која му се случува на едниот од нив како дете.Потоа секој тргнува на различна страна, додека една трагедија не ги спојува повторно и тогаш ќе сфатат дека денот во минатото им ги обележал животите на секој од нив.Филмот е полн со емоции, јас плачев од првата до последната сцена.Многу добра приказна одглумена од одлични актери.А крајот, не можете ни да си претпоставите. Го препорачувам 9/10, на ИМДБ е рангиран дури со 8мица.
The Truman Show Иако го имам гледано филмов повеќе пати секогаш ми е интересен. Мислам дека овој филм му е еден од подобрите на Џим Кери кој има навистина добра приказна и мислам дека филмов никогаш и не би ми здосадил...